Sunday, June 26, 2011

Свети Наум Охридски Чудотворец



Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 - 23 декември 910), бил средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.
Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.
Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на Cвети Климент. Свети Наум учествува во Моравската мисија, по чие завршување оди во Велики Преслав, Бугарија, а оттука во Охрид, Македонија, каде ќе им се приклучи на Климент во работата на Охридската книжевна школа. Св. Наум Охридски бил познат како учител, организатор на црковниот живот, просветата, културата, поттикнувал учени луѓе кон творештвото.

Свети Климент Охридски


Свети Климент Охридски (840 - 916, Охрид) — македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од германците и побарал спас во тогашна Бугарија.
По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител исто е познат и по градот Охрид.
Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.
Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија.

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Најголемиот дел од моштите се чува во Македонија на Плаошник, покрај тие во Македонија има мошти на Св. Климент во Бигорскиот Манастир и во Соборниот Архиепископски храм во Скопје. Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија) , има дел од моштите со големина на нокт и во Плодив има честица од моштите. Во Грција во манастирот Св. Јован Продром кај Верија се чува неговиот череп. Во 70 тите честица од моштите е однесена и во Рим.

Saturday, June 25, 2011

Свети Кирил и Методиј

                           Свети Кирил и Методиј ( старословенски ) јазик: Кириллъ и Меиодїи)

Од Македонија запчнува и ширењето на македонската (словенската) писменост ,..ширена од македонските просветиотели и учители.благодарејки на нив Македонското писмо го пишуваат околу 500-600.000.000 луѓе на планетата . Тоа писмо денес е познато како КИРИЛИЦА.  


Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во македонската и општо во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.



Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Македонија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.


Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. 


Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и неговиот брат Константин.Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија.Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија.Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и почина на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови.Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание "EGREGIAE VIRTULIS", папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласи за сопокровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година.

Јустинијан I



Јустинијан I (латински: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus) (11 мај, 483–13/14 ноември, 565)


Петрус Сабатиус бил роден во малото село Тауресиум, денешно село Таор во византиската префектура Илирик, во близина на Скупи (денешно Скопје), веројатно на 11 мај 483 год. од Вигилантија, сестрата на генералот Јустин, кој подоцна ќе стане византиски император Јустин I. Јустин I го посвоил и го зел кај себе во Константинопол, обезбедувајки му солидно образование, особено од областа на правото, теологијата и историјата. Кога Јустин I бил прогласен за император, тој добил висок воен чин во царската гарда (magister militum). Уште пред доаѓањето на императорскиот престол, Јустинијан покажувал голема надареност за владеење што се потврдувало со големото влијание што го имал врз неговиот вујко. Во 525 год. добил титулата кајсар, а на 4 април 527 год. бил прогласен за август, со што станал коимператор на Јустин I. На 1 август 527 год. Јустин I умрел, со што Јустинијан на 44 годишна возраст станал единствен император на Источното Римско, односно Византиско царство.

Monday, June 20, 2011

Македонија во Светото Писмо - Библија




Дела Ап.: 16:9 И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!”
16:10 И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието.
16:12 а оттаму во Филипи, римска колонија и прв град во оној дел на Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена.
18:5 А кога Сила и Тимотеј слегоа од Македонија, Павле беше подбудуван во духот ревносно да сведочи на Јудејците дека Исус е Месија.
19:21 Кога се сврши тоа, Павле науми во духот, поминувајќи низ Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, велејќи: „Штом ќе бидам таму, треба да го видам и Рим.”
19:22 И испрати во Македонија двајца свои помошници, Тимотеја и Ераста, а самиот остана уште некое време во Азија.
20:1 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците, ги посоветува; се прости со нив и тргна да отиде во Македонија.
20:3 Таму остана три месеци. Бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, реши да се врати преку Македонија.



Римјаните: 15:26 зашто Македонија и Ахаја одлучија да соберат некаква заедничка помош за бедните меѓу светите во Ерусалим.



1 Коринтјани: 16:5 При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија.



2 Коринтјани: 1:16 и преку вас да поминам во Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас, и вие да ме испратите за Јудеја.
2:13 немав мир во својот дух, зашто не го најдов својот брат Тит, и затоа откако се простив од нив, отидов во Македонија.
7:5 Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв.
8:1 Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија;
11:9 зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. И се пазев во сè, и ќе се пазам, да не ви бидам товар.



Филипјани: 4:15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.



1 Солунјани: 1:7 така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.
1:8 Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се расшири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.
4:10 а вие го правите тоа кон сите браќа во цела Македонија. Но, ве молиме пак, браќа, да го правите тоа уште повеќе.



1 Тимотеј: 1:3 Како што те молев, кога одев во Македонија, да останеш во Ефес, за да им заповедаш на некои да не поучуваат поинаку.

Friday, June 17, 2011

Македонски монети










Битката кај Пидна

Битката кај Пидна / распоред на силите

Битката кај Пидна се одиграла во 168 п.н.е. помеѓу Македонците и Римјаните, на и околу полињата на модерниот град Катерини. Тоа била битка со која завршила македонската контрола над Пелопонез којашто дозволила балканските народи да станат дел од Римската Империја.
Од завршувањето на втората македонска-pимcка војна (196 п.н.е.) и понатаму, Римјаните зеле активно учство во македонските политички проблеми. Дури и кога Македонците гo Пелопонез, повеќето бил поделен на повеке градови држави.
Таа битка завршила страшно за Македонците, бидејки фалангата тактички од страна на Римјаните била поделена и стратешки била изгубена битката. Македонците не можеле да успеат во обединувањето на балканските војски што значело пропаст и крај на слободата на балканските народи.
По крајот на втората македонска-pимcка војна војна (196 пред новата ера), Римјаните понатаму зедоа активен дел во македонските политички конфликти. Иако Македонците ги контролираа градовите државитие и не ја предвидоа опасноста што се прикажуваше, но затоа поголемиот дел од нив беа наклонети кон војна, поточно обичните македонци , која доведе до интензивен национален карактер.
Влаcта била претежно олигархиска. Mислејки дека повеќето од Македонскте владејачки фамилии ќе ги задржат своите привилегии, влијание и својата земја доколку Римјаните дојдат на власт. Сепак, изненадувачки популарните широки маси го оставиле својот борбен дух зад Персеј, новиот василев на Македонија. Ова можеби се случи поради тоа што самиот василев македонски повика до нив, а овие помислиле дека нивните имоти ќе бидат сигурни со неговото владеење. И биле во право.
Римјаните, под командата на Амилис Паоло- Лучо Паоло сигурно напредуваа северно од Атина, и сега контролираа земја се до Лариса, град на југот на Катеpини. Помеѓу Лариса и Катеpини, лежи долината на Темпе. Армијата успеа да помине без поголеми потешкотии преку таа природна препрека, но кога стигнаа до реката Енипеац, која тече од Литочопо па се до морето, беа пресретнати од армијата на Персеј и се повлекоа.
Римската армија броела околу 20.000 добро обучени војници и подготвени за борба. Имале слонови, познати како тогашни тенкови, и со нив се преместиле преку Кокинопоило, се до падините на Петпа.
Сојузници на Римјаните биле: Пергамо, Роди, Легата Ачеа и Етолите.... Етолите биле блиски со Македонците, а и зборувале ист јазик меѓутоа сигурно затоа што биле уверени дека Римјаните ќе победат, застанале на нивна страна.
Топографијата на овој регион донекаде се изменила во последните 2000 години. Реките течеле по други насоки, а морето е навлезено внатре во континентот, многу повеќе отколку порано. Движејки се со слоновите преку планините па се до падините на Петпа (Петра), за Римјаните била огромна задача. Тоа било остварено со пат направен со дрвени платформи, кои биле ставени по планинските патишта со цел да се движат безпречено. Кога армијата стигнала до рамница, продолжиле да се движат долж планинскиот венец што денес ги вклучува Кондиаротиса и Неа Ефесус.
Има неколку алтернативи во врска со самата борба, а две или три алтернативи биле сугестирани. Пидна е крајбрежно село, кое сигурно било главно пристаниште во регионот пред 2000 години. Докажано (репортирано) е дека св. Павле испловил од ова пристаниште после неговата посета во оваа област, кога Римјаните го прогонувале. Оваа посета довела до неговото писмо: писмо од Солуника. Едно наводно место е во областа на селото Неа Ефесус, во граници (или крај, околина) на Катеpини. Ситуирано е на крајот на границата на ридовите што ја делат рамнината на два сегменти, со Катеpини на север, и Лариса и долината од Темпе на југ. Ако го посетите местото и се искачите на ридот каде што се наоѓа црква и понатаму, имате убав поглед на околината на двата сегменти Северот и Jугот. Сега пробај да ја зголемеш твојата имагинација, за да добиеш сцена од пред 2000 години - како војниците чекаат пред да започне борбата, како коњите се возбудени, и како масивните слонови се наредени во линија чекајки го почетокот на борбата. Слоновите се несомнено, еден од решавачките (судбоносни) фактори во борбата.



Битката кај Пидна / распоред на силите


На 22 јуни, двата противници се построиле во борбен ред на двете страни на реката Лефкос. Пред почетокот на битката, од страна на Римјаните биле направени неколку жртвувања во чест на Бога, и во првата истанца овие жртвувања довеле до обесхрабрувачи резултат, но Амилис Паоло-Лучо Паоло им дал инструкции на своите свештеници да се обидат пак. При вториот обид, жртвувањата добиле повеќе охрабрувачки знаци, па им рекол на војниците дека бил убеден дека на крајот ќе победат, иако на почетокот борењето можеби ќе оди тешко.
Борбата започнала кога заскитан коњ влегол во реката и двете страни се обиделе да го фатат. Започнало борењето, а дозволата за напад била дадена во пладневните часови, кога 800 Тракијци под командата на Александар се судриле со триилјадитната Римcка пешадија и 120 нивни коњаници. Двајцата противници веднаш добиле засилување.
македонската фаланга во битка со римската легија кај Пидна

Кога Персеј видол дека Македонcките војниците се во добра форма затоа што борбата одела во нивна позла, наредил генерален напад.
Војската на Персеј била построена во следниов редослед: на десно коњаницата, покрај нив стоеле сојузничките лесно пешадиски трупи и машки офицерски корпус кој броел 3000 луѓе. Во центарот,стои фаланга со две крила ,на десното крило имало војници кои носеле сребрени штитови, а на левото крило војници со бакарни штитови.
На лево од фалангата, стоел друг офицерски корпус од коњаница, совршени 3000 самостојни (издвоени)коњаници, поткрепени од група Тракијци и Пајони .Трупи наоружени со 6 - 7 метри долги копја сориоса - биле во самиот центар, на првите четири реда копјето го држеле во хоризонтална положба, а другите позади нив во агол.
Римcките трупи на другата страна на реката Лефкос ја поставиле својата коњаница на левата страна заедно со сојузничките трупи покрај нив.
Централно место на фронтот пред трупите заземале фрлачите на копје, додека позади нив стоеле три реда од легионари. Сојузничката Римcка војска била поставена на нивна десна страна. Преку (или над) таа точка биле 120 јавачи, 22 слона и корпусот од останатите сојузнички сили.
Римјаните биле наоружени со мечеви, кои видливо биле многу пократки од сориосата (македонското копје), и штитови, но сепак ова довело до нивна предност. Амилис Паулос, ситуиран на ридот над бојното боле, забележал дека Македонските трупи имале проблеми со манипулирањето на сориосата преку брановиден терен и тој успешно ги маневрирал противниците да напаѓаат на нагорнина каде тие биле во незгодна положба.
Помеѓу 45.000 и 50.000 Македонци биле мобилизирани против повеќе од 20.000 Римјани.
Како што првите македонски cили почнале да ја поминуваат реката, генералниот воен управувач на Римската војска, Амилис Паулос, наредил напад! Тој ја инспирирал својата војска со кружење околу нив без шлем и заштитно торзо.


Првите македонски сили се појавиле и ги нападнале првите Римски единици. Овие трупи главно се состоеле од Италијански сојузници. Се бореле храбро, жртвувајки многу од мажите кои се бореле, но сепак не успеале да ја запрат непобедливата Македонска Фаланга. Во обид да контрираат на притисокот што им го правела левиот бок на Македонската фаланга, Амилис Паулос испратил 22 слона под негова команда во борба, придружени со поголема дел сојузничка коњаница. Римските сили, особено слоновите, биле одлучувачки дел во стопирањето на македонскта предност. Војниците не можеле да ја завршат својата мисија поради специјалното тренирање и новонастанатите околности.
После тоа Амилис Паулос се свртил да се соочи со фалангата. Неговиот обид бил неуспешен бидејки долгите македонски копја ги удриле Римјаните директно во лице. Сепак, изгледа дека Персеј и неговите генерали не го следеле многу добро самиот прогрес на битката.
Персеј бил очевидно ранет, иако повредата не била сериозна, тој ја напуштил битката и се вратил во Пидна каде што била базата на неговата фаланга а го придружувала и македонската коњаница од левото крило, но Римcката воена морнарица која била долж самиот морски брег, убила многу од нив.
Амилис Паулос-Лучо Паоло, целосно под негова команда, наредил на неговите легии да се движат преку нерамниот терен низ планините, а правејки го тоа, ја натерал и македонската фаланга да се движи во тој правец.
Македонската фаланга движејки се нагорe, ја нападнала pимcката војска.
Римјаните се повлекувале така што постојано ги менувале првите три реда. Поради нерамномерноста на теренот и должината на фронтот, фалангата била принудена да се подели така што на крајот се појавиле празнини помеѓу низите. Овие поделби ја уништиле нивната споеност а оттаму и нивната сила.
Амилис Паулос-Лучо Паоло, увидувајки го тоа, наредил на неговите војници да продрат во празнините што се појавиле во фалангата, каде што со нивните пократки и подобри за контролирање мечеви ќе добијат предност во битката.
Персеј не успеал да ја увиде оваа опасност со што со овој негов пропуст тој е осуден на пропаст.


Во инает на неразјаснети извори, изгледа дека Римскиот генерал употребил коњаница од 4.080 јавачи кои биле лев бок и со нив продрел во македонската фаланга.
Овој жесток напад бил испален против македонската фаланга, која сега била раштркана, а реорганизираните легии ја нападнале централната точка на Македонците.
Од оваа точка во битката, Лефкис Постумис Алвинос, одговорен офицер на втората легија, го нападнал десното крило на фалангата, а самиот генерал, кој бил на чело на првата легија, го нападнал центарот. Овде биле вклучени и слоновите. Со овој силен напад, Римјаните лесно пробиле низ македонските линии, и тоа безпречено поради воздигнувањето на теренот, недостигањето на координација на Македонците, нивниот потежок арсенал за разлика од pимјаните, а исто така и фактот дека Римјаните биле подобро тренирани. На овој начин Македонците биле поразени, покрај тоа што се бореле храбро до крајот на битката.
Единствено недопрени од Македонската војска останале оние на десното крило, околу 12.000 - 13.000, кои не зеле учество во борбата. Македонските сили претрпеле големи загуби. Повеќе од 30.000 жртви, а останатите 11.000 биле заробени. Римcката војска претрпела многу помалку, сепак многу повеќе отколку што пријавиле самите pимјани.
Во интерест е да се проучат некои аспекти на битката во поголеми детали. Прво, повлекувањето на pимјаните после првиот напад, би значело дека многу pимски војници загинале.
Војниците од македонската фалангата удриле директно во лицето на pимјаните, па поради тоа немало простор за незначителни рани.
Во слична борба кај Кино Кефале каде борбената тактика на Македонците била по природа речиси иста како кај Пидна, биле убиени 700 pимcки војници. Ако се размисли, може да се заклучи дека во овој агресивен напад и со значително поголема војска кај Пидна, бројот на убиени пимски војници сигурно бил поголем од овој. Ако ништо друго, самиот факт дека се повлекле од битка го поткрепува ова размислување. Ако кај Кинос Кефалес загинале 700 pимcки војници, во битката кај Пидна, тој број би требало да е најмалку 1400-1500, двојно повеќе. Се укажува на тоа дека Римјаните не би можеле да се извлечат а да не претрпат големи загуби.
Оваа битка сепак, не била почетно судрување. Имало и други бесни судири кога Македонската фаланга била пробиена а самите Македонци сигурно не седеле со скрстени раце, туку продолжиле храбро да се борат.
Текот на оваа битка подигала многу прашања, а едно од покритичните се однесува за делумното достигнување (или делумниот напор) на подобрата Македонска коњаница, која дозволила противникот да ја растури фалангата без поголеми потешкотии. Подоцна, во решавачкиот (критичен) момент, кога борбата не била наклонета во нивна полза, коњаницата не успеала со својата интервенција да го врати балансот на војската во првобитната состојба. Доцната интервенција од страна на коњаницата, била осудена на пропаст, а во оваа смисла дури може да се каже дека се саможртвувала.

Персеј според некои извори, бил повикан да одговара за оваа грешка, бидејки според истите извори, неговата војска била осудена на пораз уште пред самиот почеток на борбата и истите пишуваат за околностите каде македонската војска можела да ја доведе борбата во своја полза и да ја победат pимcкaта војска.
Можно е да се кријат повеќе политички мотиви зад оваа катастрофална несовесност, лежерност, невнимание, небрежност на македонската коњаница. Јавачите во коњаницата биле синови на македонски аристократски фамилии, кои биле незадоволни од Персеј, поради неговите политички приближувања и наклонетост кон народот. Концентрацијата на голема пешадиска сила, составена од обични граѓани, даваат некои траги за чувствата на Персеј спрема народот. Ова можеби била коректна воена тактика против Римјаните, но затоа пак ова решение го довел владетелот до конфликти со луѓе од неговиот сталеж.
Персеј бил болно-темпераментна и раздразлива личност. Според горенаведеното, може да се заклучи со голема веројатност дека дошло до завера против владетелот, која се открила во текот на критичните фази на овој драматичен конфликт.
Војната со Римјаните имала интензивна политичка димензија и етничка природа. Олигарсите на Македонските држави, како и македонските аристократи, се приклучиле на страната на Римјаните со цел да го зачуват нивното богатство и привилегии. Така тие целиле да ги сочуваат своите бенефиции како нација.
Од друга страна, сиромашниот народ пак храбро застанал на нозе и се борел до крај, а тоа е и причината за големата смртност на македонската војска. Овој начин на размислување е поткрепен со фактот дека коњаницата го напуштила својот владетел Персеј, со цел да се реорганизираат со останатите сојузници и да најдат нови стратегии.
Персеј бил предаден од водечката класа во неговата земја Македонија и бил оставен да го поразат, со катастрофални последици спрема неговата земја Македонија како и спрема целиот негов македонcки народ.
По извесно време тој повторно бил предаден а со тоа бил заробен од победникот Амилис Паулос.
Македонската фаланга на Персеј не била доволно увежбана , македонските благородници (богатите) не го подржале Персеј и народот македонски кој бил регрутиран во фалангата каде половината загинале а другата биле заробени , додека богатите биле во коњаницата, плашејќи се дека ќе гo игзубат богатството ТИЕ ПЕРСЕЈ последниот владетел на Македонија , после битката на Пидна го ПРЕДАЛЕ ,наместо да се борат храбро за Македонија ,ГО ПОДАРИЛЕ НА РИМЈАНИТЕ за пари и привилегии .Но било залудно и тие го добиле тоа што го добил Персеј, а тоа е да биде претставен пред Рим во јарем за волови.

Амилио Паоло - Македонски (после победата над Македонија) како трофеј ги носи заробени во Рим , Персеј и неговата фамилија.
Битката кај Пидна беше многу значајна затоа што значеше пораз за Македонија. Македонија е потчинета од Рим, кој тогаш бил сметан за неоспорен "владетел на светот".
Третата Македонска војна беше решавачки конфликт помеѓу Македонците и Римјаните. Кога Македонците сфатиле каков трагичен пат им следува, се здружиле во борба со општа цел, борба од чист национален карактер. Сепак, без успех. Тие не успеале да обединат широк сојуз од војски кои би можеле да и контрираат на енормната и моќна војска што ја поседувала Римското Царство.
Во јуни 2005 е пронајдена гробницата на Персеј долж патот Вија Валерија близу Маљиано де' Марси (Л'Акуила) од страна на претставници на италијанското министерство за култура и македонска археолошка делегација .
Во деновите на триумф на Лучо Емило Паоло и сега само прогласен Мацедонио(Македонски) , во Рим било прикажано ограбеното богатство од Македонија
- 1200 коли натоварени со оружије
- 500 коли натоварени со слики,мозаици, и бројни златни фигури и предмети
- 220 вазни полни со сребрни монети тројни таленти
- 120 волови со позлатени рогови
- 70 садови полни со злато
- неброени мермерни статуи и други уметнички дела
- 1600 златни круни, пехари, чаши и разни садови од злато
- златните садови на Персеј
- Борбената кола на Персеј
И на крај нај ''величенствено'' македонскиот василеос бил претставен во јарем за волови пред римскиот сенат.
Благодарејќи на овој богат плен бил укинат данокот во Рим за сто години.


АНДРИСК

Андриск бил човек кој во 150 п.н.е. тврдел дека е син на Персеј и го барал престолот на Македонија како Филип ШЕСТИ . Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на Римјаните, и Македонија била ПОДЕЛЕНА НА 4 РЕПУБЛИКИ-ДЕЛА И припоена кон Рим во 148 п.н.е.

ВТОРАТА БИТКА КАЈ ПИДНА

Втората битка се одржа во 148 година п.н.е. секогаш кај Пидна. Беше вистинска одлучувачка битка помеѓу Римјаните, предводена од Преторот Квинт Цаецилиус Метеллус и Андриск - последниот претендент на македонскиот престол , кој го организира анти-римски револт.

По оваа битка Македонија стана дефинитивно римска провинција.