Tuesday, December 17, 2013

Наум Туфекчиев


Наум Туфекчиев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на неколку македонски емигрански друштва и организации, учествувал во дејноста на Младата македонска книжевна дружина, Братскиот сојуз и Македонскиот комитет. Неговото име се поврзува со трговијата на оружје како и со неколку атентати меѓу коe е и убиството на бугарскиот премиер Стефан Стамболов.

Во Белград заедно со Димитар Ризов, Крсто Ножаров, Михаил Ставрев (Хаљо) и со своите браќа Никола и Димитар (Денчо) Туфекчиеви го организирал убиството на Стефан Стамболов.
Но на 15 (27) март 1891 година наместо Стамболов бил убиен министерот за финансии Христо Белчев, а Димитар Туфекчиев бил уапсен и подоцна убиен.

Телото на Белчев по атентатот

По убиството Туфекчиев избегал во Одеса, каде со знаење на руските власти го подготвувал убиството на дипломатскиот претставник на Бугарија во Османлиската империја, доктор Георги Влкович. Туфекчиев подготвил два терориста, кои го убиле докторот на 12 февруари 1892 во Цариград.Потоа Наум и Никола Туфекчиеви биле осудени во Русија како потикнувачи на атентатот, на по 15 години затвор, но пресудата не им е извршена.
Туфекчиев на кратко бил испратен во заточеништво во Симбирск и користел месечна плата од руската држава.Туфекчиев потоа се вратил во Бугарија и се вклучил во дејноста на Младата македонска книжевна дружина.На 27 декември 1894 Туфекчиев заедно с Димитар Ризов, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Никола Наумов и Трајко Китанчев го основаат Братскиот сојуз, а подоцна влегол во Македонскиот комитет.
На І македонски конгрес Туфекчиев е избран за потпредседател на Македонскиот комитет, а додека ја извршува оваа дејност во Македонија доаѓа до Мелничкото востание.
Мелничкото востание од страна на бугарската влада било искористено за признавање на Фердинанд I за кнез на Бугарија, а во годишната протурка на весникот Право од јануари 1896 година, Туфекчиев бил посочен како владин агент, во протурката меѓу другото било истакнато:

"Додека беше жив Китанчев, ние не само што не се посомневавме во ништо, но дури не допуштавме мисла дека идеалниот Китанчев ќе допушти нашето свето дело да го експлатираат нечистите раце на денешните управници... и покрај строгото внимание на Китанчев делото да се држи подалеку од партизанските гнасотии, денешната влада успеала да има во делото еден свој ревносен агент... имено Н. Туфекчиев."

Меѓутоа, треба да се истакне дека не е јасно зошто тоа било објавено во весникот Право, дали поради тоа што Туфекчиев бил владин агент или поради дневнополитички цели, бидејќи тој застанал на чело оцепениот комитет. Вистина е дека Туфекчиев имал врски со бугарската влада, но имало и други.

"Повеќе македонски политиканти од МК, подоцна играле видна улога во бугарската политика, како трговски агенти, пратеници, дипломатски преставници, министри, премиери итн. Интересна е кариерата на Д. Ризов, Т. Карајовов, А. Љапчев и други."

Во текот на ІІ македонски конгрес дошло до поделба на Комитетот од кој се одвоиле офицерите на чело со Туфекчиев и формирале друг комитет, а го задржале и старото име Македонски комитет.Туфекчиев имал редовни средби и контакти со бугарскиот премиер Константин Стоилов. Бугарската влада за да ги држи конците во своите раце давала подршка за отцепениот комитет и Туфекчиев.Во Софија создал бомболеарница, каде ги произведувал гранатите македонки, а со нив ја снабдува Македонската револуционерна организација. Во текот на аферата со Дончо Штипјанчето биле пронајдени токму овие бомби.Откако владата оценила дека не и е потребна нова акција за 1896 година, ја откажале поддршката по што следела наредба за растурање на Туфекчиевата бомболеарница, а офицерите биле поставени на нови служби и отцепениот комитет постепено згаснал.На 6 јули 1895 година е извршен атентатот врз Стефан Стамболов, кој починал по три дена од задобиените рани, а неговото убиство се смета за едно од најбруталните политички убиства во Бугарија.

Телото на Стамболов по атентатот

Таа вечер Стефан Стамболов излегол во 19:50 часот од Јунион клуб со Димитар Петков (друг политичар, премиер и идна жртва на атентат).
Ги качил пајтонџијата Мирчо Ацов и го терал пајтонот бавно по ул. Раковски. Меѓутоа кон пајтонот се нафрлиле тројца души и едниот почнал да стрела, а коњите тогаш застанале. Од десната страна седел Стамболов. Кон него се насочил човек со јатаган, но Стамболов успеал да скокне и да се упати кон улицата Стефан Караџа.
Стамболов извадил револверот, но пред да го насочи еден од атентаторите му ја пресекол раката со јатаган. Во меѓувреме го пристигнале и другите двајца кој започнале да му ги сечат рацете, со кои тој се обидувал да се заштити.
По нападот, Стамболов се уште бил жив, иако тешко повреден со исечени раце и глава. Брзо го пренесле во неговиот дом, лекарите му ги ампутирале двете раце, но сепак не можеле да го спасат. Додека се уштее бил при свест, ги изговорил имињата на тие што мислел дека го ликвидирале. Убијците се Туфекчиев и Хаљо... Кнезот ме уби, Белчев, Белчев! ... Принц Кобург, принц Кобург!, биле неговите последни зборови.
По атентатот, била поведена истрага која траела цела година. Врз основа на сознанијата било поднесено обвинение, Наум Туфекчиев бил посочен како организатор на атентатот, а директни извршители Боне Георгиев и Михаил Ставрев – Хаљо со учество на Атанас Цветанов – Таљо и Мирчо Ацов, кој го возел пајтонот во кој се качил Стамболов.
По завршување на судскиот процес на 1 февруари 1897 година, Туфекчиев бил осуден на три години затвор за помош и превоз на оружје. Една година подоцна пресудата била преразгледана и изменета, а Туфекчиев бил ослободен.
Кој го нарачал убиството и кој го платил Туфекчиев за атентатот не се утврдило. Дали дворецот учествувал во егзекуцијата? Дента кога бил извршен атентатот, Фердинанд бил надвор од Бугарија и се вратил во Софија, потресен и гневен.
Со посредство на Димитар Љапов, Туфекчиев влегол во контакт со Ерменците Бедрос Паренјан и Армен Гаро, а тие со неговото оружје се подготвувале да ја нападнат Отоман банката во Цариград.Во 1900 година Туфекчиев и Спас Шангов го издаваат весникот Вечерна пошта, а подоцна со Борис Сарафов подготвил план за киднапирање на синот на богатиот политичар Иван Евстатиев Гешов, но до реализација на киднапирањето не дошло.Во текот на 1905 година Туфекчиев влекол во контакт со болшевиците на кој им продавал бомби, а во 1906 година Туфекчиев бил вмешан во меѓународен скандал при пренесување на оружје за Русија.
По Младотурската револуција се вратил во Македонија и се зближил со водачите на младотурците Нијази-бег и Енвер бег.Тајната турска полиција се поврзала со Туфекчиев со цел тој да организира атентат во Бугарија. Атентатот бил извршен во градското казино во Софија, спроти новата 1915 година, кога од подметната експлозија загинале ќерката на воениот министер, синот на началникот на Штабот на армијата и уште неколкумина. Тогаш биле тешко повредени и осум лица. Неколку минути пред експлозијата бил забележан Туфекчиев  во една од ложите.Подоцна е утврдено дека е користена иста бомба како и бомбите со кои била снабдувана бугарската армија со негово посредство. Уапсени биле три лица, еден од нив познат терорист и член на организацијата Црвени браќа што ја формирал Туфекчиев.

Некролог за Наум Туфекчиев

По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна, Наум во името на неговиот син Александар Туфекчиев дал дарение од 5.000 златни лева за возбновување на Бугарската егзархија во Македонија.
Судбината на Туфекчиев не му била благонаклонета. Тој го загубил единствениот син Александар, а на 25 февруари 1916 година бил ликвидиран на една софиска улица од луѓе на ВМРО, а по наредба од Тодор Александров.

Friday, December 13, 2013

Панчо Михајлов


Панчо Михајлов, познат како Чавдар, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, публицист, книжевник, еден од најзначајните интелектуалци во ВМРО на Тодор Александров. Бил учител во Кочани, Виница, Ќустендилско, се вклучил во ВМРО во 1921 година и станал еден од најблиските соработници на Александров, со својата чета имал повеќе вооружени судири со полициските и воени формации на Кралството на СХС, автор е на збирката раскази „Во земјата на солзите“ и збирката „Бугарски народни песни од Македонија“.Панчо Михајлов е роден во 1891 година во Штип, тогаш во Отоманската империја. Завршил средно образование во егзархиското педагошко училиште во Скопје. Во Балканските војни служел како доброволец во бугарската армија. По 1913 година се населил во Бугарија, каде што завршил школа за резервни офицери. Во Првата светска војна бил командант на чета при 53-от пешадиски полк во бугарската арамија. По војната бил демобилизиран и работел како главен сметководител во „Перник“.


Се приклучил во ВМРО на Тодор Александров и во 1921 година бил назначен за војвода во Кочанско . Во 1921 година кочанската чета на Панчо Михајлов заедно со штипската на Иван Брло, води борба со српските сили во близина на селото Спанчево, во која загинале 8 Срби. Панчо Михајлов учествува во Ќустендилската акција на 4 - 6 декември 1922 година, заедно со Иван Брло и селските милиции и чети на ВМРО од околиите на Цареви село, Кратово, Виница и Кочани. На централниот плоштад во Ќустендил Панчо Михајлов одржал говор во кој меѓу другото истакнал:

... Таму во Македонија, ние со успех водиме борба на живот и смрт со онаа бесна власт, која го носи валканото име "српска", со онаа византиска управа, која се нарекува "грчка" и со многуте други непријатели на македонската слобода. Нашите позиции таму се непробојни зашто сето население застана под знамето на В. М. Р. Организацијата, која што единствено војува за слободата на Македонија, бидејќи тежината и солзите ни се заеднички. Борбата за слободата на Македонија ќе ја водиме до тогаш, додека зората на слободата не огрее и над таа колку измачена, толку чудесно убава земја... Никој не може да ја задуши националната гордост на Македонецот, бидејќи синовите на еден народ голем во својата саможртвуваност и тага, овој народ, кој ги запишал светлите страници во својата историја, како Илинденското востание никогаш немаше да умре, и покрај изјавите на разни политичари од бугарското општествено поле... А сега, сега напред кон снежните наноси на планините, каде што ќе изградиме своите бели куќи со весели комитски огнови, за да го чекаме спроведувањето на дадениот ни чесен збор. Да живее независна Македонија!

Совет на војводи: Панчо Михајлов во средината, над него Григор Хаџикимов, а оддесно на него Лазар Велков. Шести во третиот ред - Шабан Облешевски.

По убиството на Тодор Александров, во 1924 година Панчо Михајлов, по предлог на Иван Михајлов, бил избран за член на организацискиот суд, заедно со Јордан Ѓурков и Петар Шанданов. Со нив учествува во Горноџумајските случувања. Според планот кој бил изготвен, Шанданов и Ѓурков истовремено требало да стрелаат во Георги Атанасов, а Панчо Михајлов и Дрангов во Алеко Василев-Пашата, се упатил кон куќата на Панајот Рајнов, каде требало да ги извршат убиствата. Биле проверени од обезбедувањето и во собата во почетокот останале сами Шанданов и нервозниот Дрангов. Настаните се одвивале со голема брзина: Шанданов и Дрангов истовремено пукале во грбот и во главата на Алеко, кој паднал мртов. По првите истрели, Панчо Михајлов и Јордан Ѓурков, изненадени од предвремениот почеток на нападот, со своите револвери почнале да пукаат преку прозорците во собата каде што бил Героги Атанасов со обезбедувањето. Атанасов успеал да избега. Во јули 1924 година четата на Михајлов води целодневна борба со српска потера кај селата Калиманци и Илиово.


Самоволието на Иван Михајлов и неговата амбиција за преземање на ВМРО во свој раце довеле до подвоеност во Организација. Првите знаци на расколот во Внатрешната македонска револуционерна организација се јавуваат со убиството на кочанскиот војводата Панчо Михајлов. Настаните пред убиството на Михајлов укажувале на тоа дека е можно тој и да се спаси од смртната казна. По наредба на ЦК на ВМРО биле фатени и Панчо Михајлов и војводата Ефтим Цеков, обвинети за предавство на Организацијата, поради наводната соработка со федералистите и со Тодор Паница, при што Цеков бил затворен во една куќа во Софија, а Панчо Михајлов во куќата на Михаил Шкартов, еден од повисоките раководители во ВМРО. Истрагата од ВМРО во случајот со војводата Цеков, која се водела без физичко малтретирање, според Петар Шанданов, покажала дека тој бил виновен за работите за кои се товарел, но откако ги признал обвинувањата побарал да биде рехабилитиран, за што се обрзувал да ја изврши било која задача од страна на Организацијата. Но по инсистирање на Иван Михајлов, мнозинството на членовите на ЦК и Задграничното претставништвго, се изјасниле за изречување на смртна пресуда.Во меѓувреме Панчо Михајлов успеал да избега од чуварите и се скрил во куќата на генералот Ќуркчиев, којшто му бил пријател од време на војната. Кога на Иван Михајлов му соопштиле за бегството, тој побарал без суд да биде егзекутирана стражата што го чувала затвореникот. И покрај противењето на Петар Шанданов, еден од обезбедувањето, Крум Зарков бил веднаш убиен. Иван Михајлов веднаш побарал од Шанданов да влезе во контакт со кочанскиот војвода и да го изведе пред судот на Организацијата, на што Шанданов се спротивставил и барал цврсти гаранции дека Панчо Михајлов нема да биде убиен. На тоа Михајлов му одговорил дека имал сигурни сознанија дека обвинетиот се подготвувал да замине во странство и да се поврзе со федералистите во Виена. Сепак по упорното инсистирање на Шанданов за невиноста на Панчо Михајлов, Иван Михајлов ветил дека по формалното судење, кочанскиот војвода ќе бил ослободен.
По ваквите гаранции од Иван Михајлов, Шанданов преку жената на Панчо и генералот Ќуркчиев успеал да стапи во контакт со обвинетиот од страна на ВМРО, при што од генералот постојано се нагласувало дека евентуалното убиство би предизвикало негативен ефект кај македонската емиграција, кај која Панчо Михајлов уживал голем углед. По сите овие разговори, Панчо Михајлов се предал на организациските власти и по судењето навистина бил ослободен, поради заслугите во минатото по однос на Македонија, при што пресудата била исклучување од редовите на ВМРО на неодредено време. По сите овие случувања Панчо Михајлов еден ден му се заблагодарил на Шанданов и му напоменал дека заради егзистенцијални причини сакал да почне со работа како сметководител во фабриката за шеќер во Горна Ораховица.
Меѓутоа набрзо на 15 јуни 1925 година во Софија бил убиен Панчо Михајлов. Неговото мртво тело лично го видел и Петар Шанданов, кој по настанот бил информиран од свои блиски луѓе дека убиството лично го наредил Иван Михајлов и покрај ветувањето и ослободителната пресуда.

Monday, December 9, 2013

Алексо Василев


Александар „Алексо“ Василев, или познат како Алеко Паша, Алеко Василев, Орфо или Орфански, бил македонски револуционер со влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, Серската група и Внатрешната македонска револуционерна организација. Во 1922 година е серски окружен војвода и раководител на ВМРО во Петричко, по 1924 година голем противник на Тодор Александров во внатреорганизационите борби и поделби, ги прифатил принципите на Мајскиот манифест.
Василев е роден во 1891 година во гратчето Долна Џумаја, денес Ираклија, Грција. Учи во Серското егзархиско педагошко училиште, кое го напушта во 1906 година и до Балканските војни е егзархиски учител во селото Ќуприја, Серско (денес Гефируди). Приврзаник е на крилото на Јане Сандански во ВМОРО.
За време на Првата балканска војна е во четата на Јане Сандански, која ги помага активностите на Седмата рилска дивизија. По Втората балканска војна се утврдува во Петрич и во 1914 година станува раководител на месната полиција. Во 1915 година за време на учеството на Бугарија во Првата светска војна е командант на партизански вод во Единаесеттата македонска дивизија, а во 1917-1918 година е на служба во Дирекцијата за стопански грижи и општествена предвидливост при генерал Александар Протогеров .
По војната, во Пиринска Македонија создава воена организација, која од почетокот на 1920 година се обединува со обновената ВМРО. Василев е окружен војвода и полномошник на Централниот комитет на ВМРО за Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ. Заедно со Георги Атанасов ја спроведуваат т.н Неврокопска акција на ВМРО во 1922 година.


За време на Септемвриското востание на БКП во Бугарија во 1923 година, меѓу поголемиот број на убиени комунисти-Македонци од страна на ВМРО бил убиен и внукот од сестра на Гоце Делчев, Тодор Чопов, македонски деец од левицата и член на БКП. Во ова востание учество зеле комунисти и приврзаници на соборената Земјоделска партија на поранешниот премиер Александар Стамболиски. Тоа имало подршка и кај македонскиот народ во Пиринска Македонија, пред се кај членовите и симпатизерите на БКП.

Четата на Алексо Пашата
БКП пред почетокот на востанието се обидела да ја привлече на своја страна и ВМРО или ако тоа е невозможно, барем да ја неутрализира. Таквата можност се гледала во создавањето на едно лево течение, внатре во Организацијата, кое било предводено од бивши членови на Серскиот револуционерен округ, блиски до Јане Сандански, како и членови на ВМРО на кои им биле блиски комунистичките идеи. Во полза на тоа оделе и не толку добрите односи меѓу владата на Александар Цанков и раководството на ВМРО по прашањето за подобрување на односите меѓу Бугарија и Кралството на СХС. Сето тоа придонело ВМРО во преговорите со БКП да вети дека ќе остане неутрална за време на востанието и дека ако тоа успее, ќе ја признае новата комунистичка власт. Но како услов за својата неутралност раководителите на ВМРО го поставиле барањето во Пиринскиот дел на Македонија да нема востанички акции. Дури еден дел од левицата на Организацијата на чело со Алеко Василев, активно го помагале Септемвриското востание.
На 24 септември раководителите на востанието дознале дека во многу краеви на Бугарија востанието воопшто не било кренато, а таму каде што избувнало во поголем број случаи било задушено. Откако сфатиле дека нивната борба била изолирана и дека против нив се кренале и четите на ВМРО заедно со редовната бугарска војска, меѓу локалните раководители на востанието била донесена одлука да се влезе во преговори со раководството на ВМРО, при што последното да се обврзе дека ќе го поштеди животот на востаниците. Преговорите помеѓу востаниците и ВМРО започнале на 24 септември при што бил постигнат договор според кој востаниците го предале оружјето, со ветување дека нема да бидат убиени.
По овие настани започнало преследување од страна на власта врз учесниците во Септемвриското востание, во што се вклучиле и вооружените чети на ВМРО, при што им биле изречени смртни пресуди на поголемиот дел од водачите на востанието, но, благодарение на наклоноста на Алеко Василев, дел од нив се спасиле.

Четата на Алексо Василев

За време на истите настани од припадниците на ВМРО, Михаил Монев, Васил Мечкуевски и Иван Караџов во Горна Џумаја биле убиени комунистите: Димитар Ацев, Никола Лисичкови нотарот на градот Стефан Велинов. Тие биле обесени, а нивните тела биле оставени да висат неколку дена во градот. На нивното убивање претходеле ветувањата дека животите на поголемиот дел од останатите востаници ќе бил поштеден и тие ќе биле заштитени од Алеко Пашата.
На 31 август 1924 година кај селото Лопово на Пирин Планина бил убиен водачот на ВМРО, Тодор Александров. Верзијата на ВМРО, која најмногу се базирала на кажувањата на неколку лица, директни учесници во тие настани, а пред се исказот на Динчо Мицев Сугарски е следната: Алеко Василев, пред Гоце Манолев, Петар Говедаров, Гогата Полски и Никола Хаџиев, во куќата на Говедаров, му наредил нему да отиде од селото Горна Сушица, преку Мелник, во селото Деремислим за да пречека едно лице, коешто требало да го спроведе во селото Лопово. Во наведеното село со него дошле и војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров, коишто биле блиски со Алеко Василев. Вечерта на одреденото место пристигнале три лица и целата група заминала во селото Горна Сушица, каде што во куќата на Гоце Манолев пристигнал уште и Динчо Марков Балкански. Овде Вретенаров и Влахов го повикале Динчо Сугарски и Динчо Балкански надвор од куќата и под заклетва им соопштиле, дека дојдените лица биле Тодор Александров и Александар Протогеров, им објасниле кој е едниот, а кој другиот и им кажале дека по патот ќе го убијат Тодор Александров.


Според овој исказ, им било речено дека убиството требало да се изврши по наредба на Алеко Пашата. Околу 11 часот, претпладне групата во состав: Тодор Александров, Александар Протоѓеров, телохранителот на Александров, Панзо Зафиров, Штерју Влахов, Динчо Вретенаров, Динчо Балкански и Динчо Сугарски, на коњи се упатиле кон селото Лопово, каде што требало да се одржи Окружен конгрес на Серскиот револуционерен округ. По настојување на Вретенаров и Влахов се тргнало по потешкиот и пострмен пат кон селото, што веројатно било дел од заговорничкиот план. По патот атмосферата била весела и опуштена, при што Александров не претчувствувајќи ја опасноста, си разговарал со Протоѓеров и останатите. Во еден момент групата била престигната од едно момче, кое имало задача да донесе одморени коњи, но тоа незабележано од Александров било запрено од Штерју Влахов, којшто веднаш го вратил назад. На едно планинско изворче, групата застанала да ги освежи своите сили со храна. За цело време на ручекот се воделе разговори по однос на плановите на Организацијата и по однос на борбата на истата со претходната земјоделска влада на Бугарија, при што Александров бил љубезен со сите и на неколку пати ја делел храната со другите негови соборци. По јадењето групата го продолжила патувањето, при што Александров му ја дал на носење својата пушка на Динчо Сугарски, со што останал без оружје. По извесно време, тие пак застанале со цел да ги одморат коњите, а воедно и тие малку да отпочинат, што било искористено од страна на заговорниците, секавично да дејствуваат. Штерју Влахов и Динчо Вретенаров, застанале над Тодор Александров и стрелале со пушките во него, при што разбуден од истрелите неговиот телохранител Панзо Зафиров се обидел да ја дофати својата пушка, но и тој бил застрелан од страна на Динчо Балкански. Александар Протоѓеров изненаден од брзината на дејствијата се онесвестил и со таа своја постапка останала нејасна неговата улога во атентатот врз Тодор Александров. По убиството телата на двајцата убиени набрзина биле закопани во блиската шума.


Покрај дирекните физички извршители на атентатот, кои се познати, како можни нарачатели се посочувале повеќе страни: групата во ВМРО околу Алеко Василев и Георги Атанасов, бугарските комунисти, Комунистичката Интернационала, Иван Михајлов, Александар Протогеров и неговите приврзаници во Организацијата, бугарската влада на Александар Цанков, но со сигурност не може да се утврди ниту еден од горенаведените.Според докази на ВМРО планот за убиството на Тодор Александров бил направен во дрводелската работилница на Георги Пенков во присуство на Алеко Василев-Пашата, Георги Атанасов, Георги Пенков, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров. За веродостојноста на ваквите планови потврдни изјави дале и дејците од левицата, Методи Алексиев и Стоју Хаџиев, со напомена дека изјавите е можно да биле изнудени под закана од употреба на сила во настаните што се случувале во редовите на македонското националноослободително движење по убиството на Тодор Александров.Кругот на заговорниците се стеснува околу Алеко Паша и Георги Атанасов, чие што сомнително држење во сите тие настани укажува на најголема веројатност дека тие биле запознаени со плановите за атентат врз Александров. Од гледна точка и на можните мотиви, сенката на сомнежот паѓа врз овие двајца од причина што тие без разлика на нивната идеолошка определеност, во периодот пред атентатот се наоѓале во непријателски односи со Александров и се обидувале да создадат силна опозиција, внатре во ВМРО, против првиот. Атанасов и Пашата, коишто за краток временски период успеале да натрупаат милиони левови на своите конта за сметка на угледот на Организацијата, исто така се плашеле дека на претстојниот Серски окружен конгрес би можеле да ги изгубат високите позиции во водечката хиерархија во ВМРО, а со тоа и стекнатите богатства.

Георги Атанасов, Александар Протогеров и Алеко Василев
На 12 и 13 септември 1924 година во Горна Џумаја биле извршени повеќе ликвидации како резултат на длабоката криза и поделбите во македонското револуционерно движење. Новиот член на ЦК на ВМРО, Иван Михајлов за убиството на Александров ги обвинил противниците на ВМРО и решил да се пресмета првенствено со левицата во Организацијата, предводена од Алеко Василев и Георги Атанасов и со раководството на Илинденската организација.По иницијатива на Петар Шанданов, бил изготвен план според кој Ванчо Михајлов телефонски ги известил Алеко Пашата и Атанасов како и раководителите на Илинденската организација да се одржи заедничка средба во Горна Џумаја, што од нивна страна било прифатено, а во последен момент Михајлов требало да ја откаже средбата и наместо него да заминат Шанданов, Панчо Михајлов и Јордан Ѓурков.На 11 септември во Горна Џумаја пристигнале луѓето на Михајлов, таму биле пречекани од Асен Даскалов и Борис Тиков. Следниот ден се одржала средба помеѓу Шанданов, Алеко Пашата, Атанасов и Протоѓеров. Средбата започнала со голема недоверба меѓу присутните од двете групи. Најпрвин зборувал членот на ЦК, Протоѓеров, кој со солзи соопштил дека оваа средба по убиството на Александров била со цел да се зачува единството на ВМРО и таа да се спаси од распаѓање. Откако зеле збор и Шанданов и Алеко Пашата, бил утврден дневниот ред на состанокот по однос на разни тековни прашања, при што и покрај тензиите, разговорите протекле многу мирно. Ноќта на 12 септември пристигнале раководителите на Илинденската организација и Кирил Дрангов кој по наредба на Михајлов го известил околискиот началник на ВМРО, Константин Алексиев за престојната акција.Според изработениот план, Шанданов и Ѓурков истовремено требало да стрелаат во Георги Атанасов, а Панчо Михајлов и Дрангов во Алеко Василев-Пашата, по што планирале заеднички да пукаат од револверите кон вратата за да го спречат обезбедувањете да влезе во просторијата.Четворката влегла во куќата, а набргу им се придружиле Александар Протоѓеров и Алеко, кои откако се ракувале ги започнале разговорите на тој начин што Протоѓеров, Панчо Михајлов и Ѓурков излегле на балконот, а во собата останале Алеко Пашата, Дрангов и Шанданов, додека Атанасов се наоѓал во соседната одаја. Во разговорот Алеко го повикал Дрангов да излезат надвор и во моментот кога стигнале до вратата, последниот се свртел и со поглед го прашал Шанданов што да прави, при што со знак добил потврден одговор за акција.Настаните се одвивале со голема брзина: Петар Шанданов и Дрангов исто-времено пукале во грбот и во главата на Алеко, кој паднал мртов. По првите истрели, Панчо Михајлов и Јордан Ѓурков, изненадени од предвремениот почеток на нападот, со своите револвери почнале да пукаат преку прозорците во собата каде што бил Атанасов со обезбедувањето. Протоѓеров, кој не знаел ништо за планираната акција, се скрил во едно ќоше. Во престрелката Атанасов со обезбедувањето се обидел да се пробие со активирање на бомба, но и покрај експлозијата, која не им наштетила на Шанданов и Дрангов, пресретнат од насочената стрелба кон вратата, не успеал. Ѓурков и Дрангов во сета таа мешаница ги насочиле револверите кон Протоѓеров и заповеднички го запрашале, зошто го убиле Александров, на што тој очајнички одговорил дека не знае ништо за убиството на Тодор. Луѓето на Атанасов успеале преку прозорец во соседната соба да побегнат на улица, иако таму излегле да ги пресретнат Ѓурков и Панчо Михајлов.

Tuesday, December 3, 2013

Туше Делииванов


Петар Делииванов - Туше бил македонски револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација, задграничен преставник, учител, публицист.
Туше е роден е Кукуш, на 13 октомври 1869 година. Се школувал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа учителствувал во Кукуш.
Поради недостаток на изворна документација не се знае точно кога Делииванов станал член на ТМОРО. Имено Христо Татарчев истакнува дека меѓу првите членови на организацијата бил Туше Делииванов кој бил препорачан од Иван Хаџи Николов бидејќи:

"...бил почитуван во целиот Кукуш и околијата поради својата добрина, чесност и такт во училишно - општинските работи."

Треба да се истакне дека не јасна улогата на Туше при формирањето на Месниот комитет во Кукуш. Татарчев во своите спомени вели дека по Ресенското советување комитетот во Кукуш собрал големи финансиски средстава за организацијата и дека во таа работа учествувал и Туше.
Од друга страна Димитар Влахов во своите спомени истакнува дека Кукушкиот комитет бил формиран од страна на Туше Деливанов и Христо Влахов , а во споемните на Туше индирекно се дознава дека тој го познавал Дамјан Груев уште додека тој бил коректор во печатницата на Коне Самарџиев.
Врз основа на податоци дел од историчарите сметаат дека Туше учествувал во формирањето на комитетот во Кукуш и веројатно предходно се зачленил во ораганизацијата. Меѓутоа, Туше во своите спомени конкретни податоци за овие настани не кажува дури и има извенсни контардикторности во неговите изјави.
Тој кажува дека поради недоразбирања со учителската управа и поради здодевност во летото 1894 година поднел оставка на учителската фукција и без некоја посебна причина заминал во Софија каде имал случајна средба со Гоце Делчев. Тие двајца пота од Бугарија се вратиле во Македонија и во Штип сеуше не симанати од коњите биле пречекани од Дамјан Груев.
Делииванов истакнува дека тој тогаш заедно со Делчев не дал заклетва на организацијата поради некои императиви во Уставот.
Во ваквите спомени на Делииванов дел од историчаррите се сомневаат и мислења, иако не потврдени, дека средбата на Делииванов и Гоце Делчев во Софија не била случајна и дека таа била организирано до страна на Иван Хаџи Николов со цел да се внесе Делчев во организацијата овојпат преку кукушката линија.
По завршувањето на учебанта 1894/95 година околу 15 јули Туше Делииванов се нашол во Кукуш и се вработил повторно како учител и станал престедател на месниот комитет.
Тогаш организацијата во Кукуш преставувала масовно движење и речеиси сите биле дирекно или индирекно поврзани со неа со исклучок на неколку богати џорбаџии.
Во Кукуш тогаш егзистирала терористичака група како егзекутивен орган и членовите на организацијата биле поделени во десетки на чело со началник, а била спроведена и втората одлука од Ресенското советување односно парични средставе се собирале и од симпатизерите на револуционерното дело.
Понекогаш доѓало и до недоразбирања така што во отсуство на Туше еден од понеискусните раководители побарал пари од Тено Тодоров кој одбил да даде и затоа комитетот го покренал прашањето за негова егзекуција но кога Делииванов дознал за тоа заминал кај Тодоров и му кажал дека парите се за организацииата по што тој дал 40 лири.Туше Деливанов и Гоце Делчев во 1895 година преземаат една поголема обиколка низа Македонија. Тие ги посетиле Велес, Солун, Кукуш, Дојран, Гевгелија, Струмица и Радовиш и во текот на оваа обиколка биле формирани нови комитети, а воедно биле зацврстени постојните со што дошло до заврстување и проширување на организациската мрежа во Солунскиот вилает односно во Македонија.
Во приодот од средината на 1895 до средината на 1898 година Туше Делииванов раководел со комитетот во Кукуш но конкретни податоци за овој период во историската наука нема.
Историчарите претпоставуваат дека комитетот во Кукуш на чело со искусниот Туше Делииванов продолжил да дејствува како и порано но сега во духот на конгресните одлуки од 1896 година.
По почетокот на 1898 година положбата на Делииванов била неодржлива во Кукуш и затоа Иван Хаџи Николов побарал од Охридско - преспанскиот митрополит Методиј да му даде служба на Туше во неговата митрополија.
По враќањето од Битолскиот вилает во 1900 година Делииванов повторно бил раководител во Кукуш, а тој истата година имал средба со Христо Чернопеев кој малку подоцана во август со својата чета имал судир со аскерот при што бил ранет и морал да замине на лекување во Солун. Чернопеев на заминување со себе го зел и Михаил Герџиков, а неговото присуство во Кукушко било искористено од Делииванов да агитира меѓу населението истакнуваќи:

"...(Герџиков е б.н) образован момок, татко му директор на банка, има златна табакера, и дошол да не ослободува."

На 23.01.1901 година се разврзала една од најголемите провали со кој се соочила организацијта. Во Солун биле уапсени неколкумина, а истрагата бргу се проширила и во Кукушко.
Кон крајот на јануари во Солун бил донесен и Туше Делииванов но тој бил пуштен бидејќи според полицијата не се бараал Делииванов туку караиванов.
Меѓутоа Туше разбрал дека него го бараат и дека станува грешка во презимето и веднаш станал нелегален и се засолнил во четата на Чернопеев. Покрај Делииванов во оваа чета се засолниле голем број на легални организациони дејци така што бројот на душите се качил на 30 и затоа Чернопеев и Делииванов заминале во Гевгелиско каде се ослободиле од нив и четат се свела на 13 души. Христо Чернопеев и Туше Делииванов зедно со четата на 4.02.1901 година во селото Бајалци имале судир со турскиот аскер при првата престрелка загинале 7 комити но четата успеала да се повлече кон селото Калиново но таму од селаните разбрале дека доаѓа друга потера и дури третиот ден успеала да и избегаат на турската потера и кон крајот на март Чернопеев и Делииванов се нашле во Бугарија.
Во Бугарија Делииванов му се придружил на Гоце Делчев во борбата против тежнеењето на Иван Цончев за преземање на Врховниот комитет во свои раце.
Кон крајот на јули и почетокот на август 1901 година во Софија се одржал IX македонски конгрес на кој ТМОРО учествувал со своја листа во која бил и Делииванов но победила листата на Цончев и тој успеал индирекно преку Стојан Михајловски за го преземе Врховниот комитет во свои раце.
Иван Цончев веднаш по преземањето на комитетот во свој раце дошол во судир со Задграничното претставништво и тој организаирал средба на која како преставници на ТМОРО меѓу другите присуствувале Туше и Димитар Стефанов.
Тие двајца декларативно изјавиле дека ќе побараат од дотогашните преставници да не се мешаат во работите на Врховниот комитет и ќе побараат од нив да се вратат во Македонија.
Цончев вршел притисок врз Иван Гарванов за остарнување на Гоце Делчев и Ѓорче Петров од Бугарија и затоа на 23.09.1901 година Граванов издал окружно со кое Туше Делииванов и Димитар Стефанов биле поставени за Задграничното претставништво но остапката пред Цончев била привидна бидејќи Делииванов и Стефанов биле блиски соработници на Гоце Делчев.
Една од главните задачи на Туше Деливанов како задграничен преставник е да се спротистави на Иван Цончев кој сакал да керене востание во Македонија кое му било потребно на бугарскиот кнез.
Цончев веднач по преземањето на комитетот започнал со праќање на чети во Македонија и посегнал по пограничните пунктови на ТМОРО во Бугарија.
Затоа Делииванов и Димитар Стефанов од Врховниот комитет побарале 30 - километарска зона на бугарска територија, пари за издршка на здаграничните преставници, пунктовите и за еден весник за Македонија.
Меѓу другото било побарано остранување на Тодор Саев од Дупница кој наредил јавно тепање на Ефрем Чучков. Врховниот комитет ги одоговлекол преговорите и побарал основа за таквите барања. Делииванов и Стефанов истакнале дека ТМОРО е тајна и револуционерна, а дека Комитетот е легална организација која јавно работи и затоа пунктовите треба да бидат под контрола на ТМОРО.
Врховниот комитет го прифатил барањето но по десетина дена било побарано продолжување на преговорите и од своја страна Комитетот издал окружно до македонските друштва во кое било истаканто дека односите помеѓу девете организации се во хармонија.
Бидејќи ова окружно не соодејствувало со вистината, Туше и Димитар Стефанов на Врховниот комитет му поставиле рок од 48 часа да го повлече окружното и бидејќи тоа не било сторено здаграничните преставници на 14.12.1901 година ги известиле македонските друштва дека ТМОРО за секогаш ги прекинува контактите со овој состав на Врховниот комитет.
Во ноември, по спласнувањето на врховистичкото движење во Македонија, биле назначени нови задгранични преставници и сега едноо од главните прашања кое и било наметнато на ТМОРО е дали да се крене востание во Македонија. Во овие случувања активно дејствувал и Делииванов.
Кон крајот на јули 1902 година во Софија било одржано советување на кое покрај Гоце Делчев, Иван Гарванов, Тома Карајовов и други, присуствувал и Делииванов. На оваа советување било разгледало барањето на битолчани за кревање на востание и барањето било одбиено. На 24.12.1902 година било одржано ново советување и било разгледано повторно прашањето за востание во Македонија и мозинството повторно прдеводено од Делчев било против.
Треба да се истакне дека Делииванов долго не бил во Македонија и не ги познавал доволно условите за кревање на востание и од тука најверојатно е дека тој како долгогодишен пријател и соработник на Делчев го подражал во неговите напори за некревање на неподготвено востание.
Постепено Делииванов бил потиснаат од младите кадри во организацијата, а по смрта на Гоце Делчев тој останал доследен на Гоцевите идеали.
По расколт во Македонската револуционерна организација тој застанува на страната на Јане Сандански и по Младотурската револуција се вратил во родниот град и станал член на Народната федеративна партија. Меѓутоа оваа партија по една година го прекратила своето постоење и Делииванов се вратил во Бугарија.По враќањето во Бугарија, Делииванов се повлекол од револуционерната дејност и го посветил животот на пишување книги. Во нив ги запишал своите сеќавања за организацијата како и за другарството со Гоце Делчев.Туше Делииванов умира в 1950 година в Софиja.

Monday, December 2, 2013

Арсениј Јовков



Арсениј Јовков (25 март 1884 - 14 септември 1924) бил македонски револуционер и публицист.

Кадар од документарниот филм „Македонија“ го прикажува пренесувањето на останките на Гоце Делчев во црквата „Света Недела“

Роден е во селото Селци, струшко, на 25.03.1884 година. Своите духовни сили тој ги посветил на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката.

Ѓорче Петров, Јовков и Георги Поп Христов

Учествувал во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија“ во 1923 година.

Јовков со семејството

Автор е и на сценариото за игран филм „Илинден“. Бил убиен во познатите септемвриски горно-џумајски колежи.



Коста Шахов


Коста Шахов бил македонски деец, револуционер, публицист, член на Лозарското движење, ВМОК и општественик во Бугарија.Коста Шахов е роден на 6 јули 1862 година во градот Охрид, Македонија. Шахов дипломирал правни науки при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Бугарија. Најпрво работел во Русенскиот окружен совет и во Русенската околиска управа, а потоа бил назначен за службеник при Русенскиот судски истражител и Апелациониот суд во Русе.Коста Шахов на 21 октомври 1888 година во Русе, Бугарија започнал со издавање на весникот Македонија. Првите 25 броја излегле во Русе, потоа дошло до привремено стопирање, а од 14 јуни 1889 година весникот почнал да излегува во Софија сè до 1893 година . Во првиот број на весникот било истакното дека:

...ние Македонците  не смееме да си ја заборавиме татковината и должнисме да работиме за подобрување на нејзината положба, бидејќи како народ ќе бидеме одговорни пред нашето поколение.Задача на весникот Македонија е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците.

Низ своите страници весникот разгледувал и политички прашања, во смисла дека треба да дојде до организирање и обеднинување на македонските друштва во Бугарија и тоа во интерес на Македонија. Се повикале македонските друштва да се обединат на чело со еден Комитет, кој требало да ја кординира ниваната акција и да преземе дејности, најпрво по мирен дипломаски начин, а пота и да се преземат револуционерни средста . Според весникот Македонија, целата на Комитетот треба да биде Автономија на Македонија врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес . Автономијата би овозможила да се прекратат пропагандите на соседните држави и би овозможола да зе зачува територијалната целовитост на Македонија. Во тој контекс било истакнато дека во борбата за политички права на Македонија, треба да се обединат сите народности во Македонија. Прашањето за обединување на сите народности во Македонија било посебно разгледано во статијата: Мислење за решавање на македонското прашање,потпишана со псевдонимот: Еден Македонец.
Според овој автор, ослободувањето на Македонија треба да биде поставено врз неутрална македонска почва и истакнува дека:

Ние сме рекле и друг пат - не е време, ние, Македонците, да ја изразиме нашата желаба за соединување со извесна држава. Тоа е опасно најпрво за самите нас, Македонците, а после за целиот бугарски народ... Ослободувањето на Македонија и нејзиното присоединување со извесна земја се две прашања кои е незамисливо да се решат благопријатно во едно исто време.

Понатаму во стаијата било истакнато дека населението во Македонија трба да биде нарекувано исклуциво како Македонци, додека пак македонските друштва како македонски без префиксите бугаро, србо, елино и румуно. Оваа статија предизвикала реакции и полемика во кои се вклучила и самата редакција на весникот. Подоцна, в. Македонија еволуирал во правецот на ставовите на Еден Македонец.


Коста Шахов бил посебно заслужен за формирањето на МСД (Македонско студенско друштво). Негови по заначајни членови биле Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев и други. Целат на асоцијацијата меѓу другото било ослободување на Македонија и борба против пропагндите. Оваа асоцијација била самораспуштена во 1891 година. Но веќе по неколку месеци Коста Шахов се нашол меѓу основачите на Младата Македонска Книжевна Дружина и станал член на Лозарското движење, притоа ММКД започнала да издава и едно списание Лоза (весник), а К. Шахов учествувал во неговата подготовка. Во јули 1893 година Коста Шахов имал средба со Иван Хаџи Николов кој дошол од Солун и побарал да му биде препорачано авторитено лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов како таков го посочил Гоце Делчев кои тогаш учел во вoеното училиште во Софија. Иван Х. Николов тогаш на Коста Шахов и на Делчев им посочил дека:


1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србија и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да излезе ништо. При тоа таа треба да биде тајна 2. Основачите да се Македонци, чесни, да имаат добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат и тие изложени на истата опасност на каква што ќе бидат изложени нивните следбеници, со што полесно ќе ја спечалат и довербата на населението 3. Паролата треба да биде автономијата на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот договор, за да се надеваме на успех. Да постигнеме автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турците туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на автономна Македонија, Србија и Грците не ќе можат да бараат делови од неа, додека ако посакаме и тие делови од неа. Нашата задача треба да биде да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане само преку автономна Македонија 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна, да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади 5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална и материјална поддршка, без при тоа да ни се мешаат во работата.

По четиричасовниот разговор К. Шахов и Г. Делчев го прифатиле планот. Коста Шахов учествувал во работата на І македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија, при овој конгрес дошло до обединувањето на македонската емиграција во рамките на Македонскиот комитет, подоцна познат како (Врховен македонско-одрински комитет). Официјалната цел на оваа асоцијација е Автономија на Македонија. Коста Шахов учествувал до крајот на егзистирањето на оваа организација, а за време на IV македонски конгрес бил избаран за член на Комитетот, на местото на Гоце Делчев.Коста Шахов се залагал за решавање на Mакедонското прашање преку создавање на македонска самостојана држава, а тоа го дознаваме од извештајот на Кузман Дамјановиќ од 4.03.1899 година. Дамјановиќ се наоѓал во хотелот Батемберк во Софија и притоа таму се нашле и некој од дејците на МК, Коста Шахов, Андреј Љапчев и други, при што дошло до дискусија во која било истакнато дека:


Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија? Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде.Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме кон неа да се присоединат други провинции. Нас иинтелигенцијата, не школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари. Но, никој од нас не ќе постане слуга на ниту една по никоја цена, туку веднаш ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме.Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија - бугарска. Ние за тоа имаме шанса,во Бугарија на највисоки места денес се Македонци без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна Македонија ќе биде држава - републикансака, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така што биде силна држава.

Во весникот "Македонија" (број 4, Русе, 11. ХI.1888 година), во непотпишаниот уводник, секако од перото на самиот редактор - тогаш 26-годишниот Шахов, се повлекува мислата дека на пример:

Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост! 

По долгогодишна дејност во македонското националноослободително дело и македонската емиграција во Бугарија, Коста Шахов починал на 15 август 1917 година во Софија.