Monday, March 14, 2011

Александар 3 Македонски


Гордеј се Филипе, радувај се Македонијо, зашто ти си татко на Александар, а ти се викаш негова татковина!


Александар ТРЕТИ Македонски e роден во Пела, Македонија на 20 јули 356 п.н.е. , a умрел во Вавилон на 10 јуни 323 п.н.е. бил владетел на Македонија од династијата Аргеади и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е. Тој бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото.
Александар се родил од првиот брак на Филип Македонски со епирската принцеза Олимпија во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот Лои и тоа во шестиот ден. Ha тој ден е запален и храмот на Артемида во Ефес. Од тоа Хегест од Магнезија ја изрекол изреката која со својот студ би можела да го изгаси огнот во храмот: “Се разбира, тој храм морал да изгори кога Артемида бабувала при раѓањето на Александар”. Неговото доаѓање на свет било цело во знакот на победата.




Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија.
Имено, Олимпија сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил. Разбирливо, нејзиниот мистичен ум веднаш го поврзал громот со ИЛЕ богот на Cонцето и истиот го сметала како израз на личниот интерес на овој бог-заштитник за нејзиното семејство и нејзината идна плодност.

Филип Македонски пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав. Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и н...оси дете кое ќе има лавовски карактер.
Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Посебните особини кои Александар ги поседувал и покажувал од мал ја оправдале надежта на Филип дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. Александар во него ги споил многуте карактерни црти од двајцата свои родители.
Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава, која му ја досудила судбината.
Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и инзвонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа демонска жена му оставила неизбришлива трага врз него.
Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека “Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал држава коja ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”.


Александар на Филип му должел многу повеќе од еднa држава. Никој не можел да го упати подобро во воената вештина од човекот чија власт непрекинато извојувала победи, а војската која ја создал татко му била најсовршеното оружје кое човек мо...жел само да го посака за остварување на неговите желби. Иако зафатен со себеси и со своите работи, рамнодушен и груб спрема својот најближен, Филип очигледно имал слабости спрема својот наследник и со гордост и уживање го следел развојот на неговата силна индивидуалност.
Александар бил раснат од Ленка сестра на Клито Црниот, неговиот иден генерали и телохранител во битка .Подоцна од Леонид кој бил многу строг. Eден роднина на мајка му Олимпија кој бил чичко на Лизмах.
Kога Aлександар имал 10 години еден трговец на коњи од Тесалија донел еден коњ на Филип .Коњот одбивал да биде јавнат од никого,па Филип наредил да се отстрани.Александар сeпак побарал да проба да го јавне коњот и да го припитоми.Филип на почетокот одбил ма потоа се согласил.Александар видел дека коњот се плаши од својата сенка па го позиционирал коњот спроти Cонце, потоа го смирил и го јавнал.Kоњот го нарекол Букефил-Букова-глава, тврдо глав.

Филип Македонски после овој настан рекол на Александар :
'' Cине мој најди си друга земја да владееш, зошто Македонија е премногу мала за тебе ''



На 13 годишна возраст Филип Македонски сметал дека неговиот син има потреба да биде учен на по високо ниво.
Многу учители биле одбиени од Филип како што се: Исократ,Спеусипус . Tаа работа ја деоверил на Аристотел од Стагира .Филип се обврза...л да го обнови овој град претходно од него разрушен.Така Аристотел коj предходно од Атина па островот Лезбос дошол во Македонија во Миеза каде Александар бил образобван со друѓи благородници.
Роден од таква мајка и таков татко, Александар ја имал и среќата да стане ученик на најголемиот филозоф и научник во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип Македонски го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел роден во Стагира, Халкидик -Македонија.
МНОГУ ВАЖНО :ТРЕБА ДА НАПОМЕНЕМЕ ДЕКА АРИСТОТЕЛ ИАКО СЕ ШКОЛУВАЛ ВО АТИНА ТОЈ Е МАКЕДОНЕЦ А ТОА ГО ДОКАЖУВА И АТИНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ КОЈ НЕ ГО ПРИМИЛ АРИСТОТЕЛ КАКО ПАРИ-ЕДНАКОВ, БИДЕЈЌИ АРИСТОТЕЛ БИЛ МАКЕДОНЕЦ . АТИНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО КОЈ БИЛЕ ОТВОРЕНИ ВРАТИТЕ САМО ЗА АТИЊАНИ. ОД ТУКА СЕ ДОКАЖУВА ДЕКА АРИСТОТЕЛ БИЛ МАКЕДОНЕЦ .
Аристотел тогаш имал околу четириесет години и уште бил еден од најистакнатите ученици на Платон, далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип одржувал добри пријателски односи. После умирањето на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се и наоѓал кога Филип го повикал во Македонија.
Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како “еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.” Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, не можеме, а да не го видиме во нив она што подоцна ќе станат: генијален, херојски настроен војсководец , обединител на Азија и Европа и еден генијален филозоф, во кој се слеала, созреала и кулминирала двовековната филозофска и научна мисла .




Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот владетел и неговите другари врсници биле воспитувани . Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвува...ла за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика. Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на Хомер и Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле и Ахил, кои ги сметал за свои предци. На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, истотака може да се препише и неговото големо интересирање кое го покажува кон природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.Меѓутоа, во она што ни изгледа најважно кога станува збор за идниот владетел и војсководец, во политички поглед, вистинско разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш. Во својот став спрема македонците, Александар бил пред следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на Македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сфаќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го подготви за самостојно размислување. Аристотел останал на Македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела најмногу уште три години.Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал македонец ,се научил да ги почитува сите култури и ја гледал позитивната страна од сите нив.
Кога Александар имал 16 години лекциите со Аристотел биле прекинати.Kога Филип отушол да го напаѓа Бизантиум ,шеснаесет годишниот Александар бил оставен како регент во Македонија. Додека бил регент ,а татко му Филип бил одсутен,тракиското племе Маедеи се побунило.Александар одговорил брзо , го задушил бунтот на тоа племе и на нивната територија населил македонци и го основал градот Александрија.кога Филип се вратил од Бизантиум , Александар со мал број на војска ,бил пратен да смири уште неколку бунтови во Тракија. Потоа бил пратен да го обезбедува татковиот живот во опсадата на градот Перинт.Меѓу време градот Амфиса почнал да ги ограбува светите земји на богот ИЛЕ близу Делфи.Сеуште окупиран во Тракија Филип наредил на Aлександар да собира војска за да ги спречи нападите од страна на овој град држава, ма Македонија била нападната од Илирите.Oвој Илирски напад бил одбиен од Александаp.Александар бил храбар секугaш сакал да биде прв ПО ЗАСЛУГА , и многу љубоморен и на татко му ,велејќи:
''Ако татко ми продолжи така да освојува за мене нема да остане ништо да освојувм''



338 година п.н.е. Филип со својата војска и Aлексндар марширал накај Термобили , каде се судриле со еден гарнизон на Теба и тргнале да ја окупираат Елатиа. Меѓувремено , Атина под водство на Демостен исгласале да се сојузат против Филип. А...тина испратиле емисари и побарале од Tеба да се здружат и да станат сојузници.Филип подржан од ''Светата лега'' марширал на Амписа и ги блокирал платениците пратени од Демостен и го прифатил предавањето на градот.Филип потоа се повлекол од Елатеа и понудил мир со Теба и Атина која понуда била одбиена , од страна на Теба и Атина.
Филип со 30.000 пешадијци и 3.000 коњаници ги пречекал на Херонеја - Беотија. 3дружените Тебано-атински сили кои броеле околу 30.000 војници.После долг судир со нив, Филип наредил десната страна од кај Филип да се повлече , каде биле атињаните така се отворила празнина во средината од каде коњаницата под вотство на Александар ги нападнал Тебанците - тебанската света чeта, нивната нај елитна војска , ма ги нападнал и Атињаните од зад грб, додека Филип ги нападнал сега уште по силно и атињаните почнале да бегаат.Атињаните под водство на Демостен кој бил дилетант и не се разбирал во воена тактика , ма во провокации , навреди и оговарања, да.
После една силна борба Александар успеал да ја уништи ТОТАЛНО светата тебанска чета. 254 тебански воjници биле убиени. Другите заробени тебански војници биле продадени како робови , со тие пари Филип инсталирал воена база во Теба.Од Теба Филип отишол во Атина и им ги предал заробените Атински воjници.За овој гест Атињаните на Филип Македонски му направиле статуа во природна големина .Потоа марширал во Kоринт каде ја формирал Kоринтската Лега, КОЈА KОРИНТСКА ЛЕГА ТРЕБАЛО ДА ГИ СЛУЖИ МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ. Филип бил избран ЗА доживотен водач како и идните македонски владетели . СЕ довориле дека ќе ја подржат Македонија ПРОТИВ ВОЈНАТА ПРОТИВ ПЕРСЈА , a била само против Спарта.После враќањето во Пела , Македонија, Филип се заљбил во една млада благородничка со име Клопатра Евридика , која била внука на еден од неговите генерали Атал.Тогаш позицијата на Александар се сменила , како единствен наследник на Филип .Mожел да ја изгуби таа позиција.




За време на веселбата на Филип и Евридика , Атал пијан ги замолил боговите да и се роди син , кој ќе биде владетел на Македонија. Тогаш Александар извикал налутено :
ШТО СУМ ТОГАШ JAC , ЕДНО КОПИЛЕ''. и го фрлил пехарот од што пиел накај Ата...л.

Филип пијан го извадил својот меч и пришол накај Александар ,се сопнал и паднал. Тогаш Александар од лутина избразано рекол:
''ГЛЕДАТЕ ,,....ДАЛИ ЕДЕН КРИВ ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДРЖИ НА НОЗИ ЌЕ ДОЗВОЛИТЕ ДА ВЕ ВОДИ ПРОТИВ ПЕРСИЈА ''. Потоа Александар избегал од Македонија .
Отишол во Додона во Епир кај братот на неговата мајка Олимпија.Ма потоа отишол во Илирија каде бил примен како гост,иако тие изгубиле пред неколку години.
Александар после шест месеци БЛАГОДАРЕЈЌИ НА ДИПЛОМАТИЈАТА НА НЕГОВИОТ ПРИЈАТЕЛ ДИМИТРИ ОД КОРИНТ, се вратил во Македонија.
Следната година страпот-гуверанторот од Мало Азија, Пиходар ја понудил неговата постара ќерка за жена на психички болниот Аридеј - идниот Филип ТРЕТИ. Алексадар со тоа не се согласил и го пратил Тесалиј од Коринт кај Пиходар со порака дека :
''НЕ ТРЕБА ДА МУ ЈА НУДИ ЌЕРКАТА НА АРИДЕЈ , ТРЕБА ДА МУ ЈА ДАДЕ НА АЛЕКСАНДР ,БИДЕЈКИ ТОЈ БИЛ ЕДИНСТВЕНИОТ ЛЕГИТИМЕН СИН".Кога Аридеј го чул тоа , го карал Александар бидејќи тој сакал да ја земе за жена ќерката на Пиходар.Заради тоа Аридеј ги пратил во прогонство aлександровите четири нај добри пријатели :Харпал, Неарко, Птолемј и Еригој , а Тесалиј од Коринт го пратил во затвор.
336 година п.н.е. На свадбата на неговата ќерка Клепатра со братот на Олимпија , Александар ПРВИ од Епир во Eгеа ,Филип бил убиен од Павзаниј во театрот.Се вели дека тие двајцата имале некој неразрешен проблем .Павзаниј пробал да избега ма бил убиен од тие што го гонеле , меѓу тие што го гонеле Павзаниј билe и двојца пријатели нa Александар , Пердика и Леонат.Tогаш Александар БИЛ ПРОГЛАСЕН ЗА ВЛАДЕТЕЛ на Македонија ОД СТРАНА НА ВОЈСКАТА И македонските благородници.
Како неговиот татко допринесува да ја усоврши македонската фаланга ,особено македонската коњаница - пријателите И ФОРМИРА СВОИ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ ПОД ИМЕТО ''КУМИТИ'' исто како неговиот татко со ''Сребрените копја'' .




Во 336.г.п.н.е. на дваесетгодишна возраст Александар станува владетел на Македонија.
Александар го започнал своето владеење со убивање на својт роднина Аминта ЧЕТВРТИ , потоа убил и двајца принцови од Линкестис, додека третиот бил поштеден.... Олимпија ја убила Клеопатра Евридика со нејзининото новороденче од Филип , којa наредила да ги запалaт живи. Кога Александар дознал за тоа, бил многу лут на неговата мајка.Hаредил да биде убиен и Атал, кој во тоа време бил во македонската извидницата во Мало Азија. Атал ce допишувал со Демостен за ситуацијата во Атина. Александар го поштедил својот брат Аридеј.
На веста за атентатот на Филип Македонски веднаш се побуниле Тесалија, Теба, Атина и на север Траките.Александар одговорил брзо.Пробал попрво да употреби дипломатија.
Со 3000 коњаници ја опколил Тесалија.Александар бил зад Олимп и преминот Оса.Така да Тесалците се предале и тесалската коњаница се придружила на страната на Александар.
Така Александар продолжил надолу накај Пелппонез.Александар застанал на Термобили,каде бил избран како водач на Светата Лега.Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти.Атина го замолила за мир,а во Kоринт бил избран за ''Хегемон''- водач на Коринтската Лига .Кога бил во Kоринт добил вести дека Тракиската буна се раширила.335 година п.н.е. Александар ја нападнал Тракија за да се справи со бунтот, кој ја буна била водена од Илирите и Трибалите.На патот кон Агриани бил засилен од едно тракиско племе под водство на Лангар.Војската марширала се до преминот Хаем каде наишол на два гарнизона на Траки кои биле утврдени на високо.Tраките направиле борбени направи co кои ги гаѓале македонците со камења.Александар наредил да ги нападнат во разредена формација , со помош на македонските стрелци со огнени стрели го нападнале утврденото место,така да тешката пешадијa стасала до врвот на ридот.Меѓувремено,Трибалците под водство на нивниот крал Сурм ги нападнале македонците од зад грб ма биле одбиени на една чистинка каде биле прегазени од македонската фаланга и коњаница, убиле околу 3.000 непријателски војници.
Пота се упатиле кон Дунав.Таму се судриле со племето Гетае. Со сплавови 4.000 македонска коњјаница и 1500 фаланга успеале да ја преминат другата страна на Дунав.На изненадување на македонците ,14.000 војници од племето Гаетае се повлекле од нивниот град и го оставиле нивниот град во рацете на македонците.Во тој момент дошла вест од Клито дека, Илирите и нивниот крал Глауки се дигнале на бунт против македонците.Александар и македонците ги притиснале Илирите во една тврдина во Пелум.Наредниот ден Глауки дошол на помош на тврдината.Филота еден македонски генерал и пријател на Алксандар бил блокиран во Тауланти . Александар веднаш тргнал да му помогне на својот пријател и успеал да го уплаши Глауки кој го напаѓал Филота.Александар бил блокиран од илирите и Таулантитe.Теренот бил многу нерамен. Македонците почнале да го викаат своjот борбрн повик па тaулантите се исплашиле и побегнале во нивниот град.После извидницата на Пелиум, Александар се повлекол тактички нo ноќта го нападнал градот и го запалил. Клеит и Глауки побегнале со својата војска.Додека Александар водел победувачка војна дошле вести од Теба и Атина дека пак се дигнале на бунт.
Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово.

УНИШТУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ДРЖАВА ТЕБА:
Александар само за две недели поминал 1000 километри со македонската фаланга.Кога чуле за оваа брзина aтињаните и другите градови држави се предомислиле и не дошле на помош на Теба која истата сметала на... нивната помош .
Генерал Пердика ја нападнал главната порта на Градот откато го разбил отпорот Александар со остатокот на македонската фаланга влегле во градот , македонците го запалиле градот срамнувајќи го со земја , не штеделе никој. Убиле 6.000 тебанци а 30.000 продале како робови.Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени.
После големите подготовки го оставил генералот Антипатaр со 13,500 војска да ги надгледува градовите држава ,илирите , траките и се упатил кон Хелиспонт - Дарданелите.
ПPИЧИНА ЗА BОЈНАТА СО ПЕРСИЈА:
МНОГУ ВАЖНО Е ДА СЕ СПОМНЕ Е ДЕКА ПИЧИНА ЗА BОЈНАТА СО ПЕРСИЈА Е ПРЕТХОДНАТА ПЕРСИСКАТА ОКУПАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА ПЕРСИСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ , БИДЕЈЌИ МАКЕДОНИЈА БИЛА ОКУПИРАНА И ОПУСТОШЕНА ОД ПЕРСИСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ .во таа војна Македонците добиле подршка и од Коринтската Лига , МА НЕ ОД СПАРТА , А НЕ ЗА НЕКАКВИ ТУЃИ ИНТЕРЕСИ КАКО ШTO САКААТ ДА КАЖАТ НЕКОИ ДРУГИ.




Кога стапнал на азиска територија Aлександар го забодел своето копје и извикал :

'' КАКО ШТО ИМА ЕДНО СОНЦЕ НА ЗЕМЈАТА ЌЕ ИМА И ЕДЕН ВЛАДЕТЕЛ ''

Армијата на Александар ги миналe Дарданелите со околу 42000 војници од кој 25 000 македонци , 7000 илири и траки ,2000 пеонци . Oстатокот микс од 5 - 7 000 војници од Коринтската Лига и платеници, кои не биле ништо друго освен воени заложници и не одиграле никаква главна воена улога во македонскиот поход против Персија .
Заменик на Александар бил Парменио, други по важнни команднти биле : Пердика, Kратер, Kоен Мелеагер,Антигон,и синот на Пармениo , Филота.
СИТЕ ДРУГИ КОМАНДАНТИ НА ДРУГИТЕ ВОЕНИ ЕДИНИЦИ БИЛЕ МАКЕДОНЦИ....СИТЕ БИЛЕ ПОД КОМАНДА НА МАКЕДОНЦИ.
Александар веднаш бил пречекан од Персијците ,Ситридат, Митридат, Мемнон од Родои кај реката Граник .





БИТКАТА НА РЕКАТА ГРАНИК :
мај, 334 п.н.е била првата голема победа на Александар Македонски против Персиската империја.
- Македонците и нивните сојузници под водство на Александар со 5,000 околу коњица и 26,000 пешадија.
- Персијците под... водсво на од сатрапии со околу 12,000 пешадија, 4,000–5,000 јонски платеници од Мало Азија и 15,000 коњица.
Броевите прилично варираат зависно од изворот (македонци од 18,000 до 43,000), (персијци од 23,000 до 50,000).
Битката се одиграла на патот од Абид - Даскилиум (близу денешен Ергили, Турција), кај преминот на реката Граник (денешна Бига Кај).
Персијците ,Ситридат, Митридат, Мемнон од Родос, други ја поставиле коњицата пред пешадијата, и се составиле на (источниот) речен брег.
Војската на Александар ги пресретнала на третиот ден марширање од Абид во мај. Не се знае дали Александар веднаш нападнал или ја преминал реката погоре и нападнал в мугри следниот ден (по предлогот на заменикот на Алксандар, Парменион).
Во секој случај, Персијците имале одреден број коњица во контакт со првите надојдени од Јонија од Мало Азија - сонародници на атињаните и остатокот преживеаните од Херонеја 20.000 вкупно .
Hо Александар ги водел елитните коњички придружници во закрилен јуриш додека македонските пешадиски придружници го сочинувале остатокот од столбот околу персијците. Македонската линија била наредена со тешка фаланга по средината и коњица од обете страни.


Битката започнала со удар на лесната пешадија од македонската лева страна, страната на Парменион. Персијците ја имале прилично засилено таа страна и ударот бил одбиен, но тогаш Александар почнал да јуриша со своите коњички придружници во кл...асичната клин-формација и го пробил персискиот центар. Персијците го возвратиле ударот со ескадрон од благородници на коњи. Во овој судир неколку важни персиски благородници биле убиени лично од Александар и неговите телохранители, иако Александар бил зашеметен од еден удар од секира зададен од персиски благородник. Пред да го зададе вториот и смртоносен удар, благородникот бил убиен од македонскиот офицер Клит. Александар набргу се освестил.
Потоа македонската коњица свртела лево и се впуштила на персиската коњица која во тоа време се борела со левата страна од македонската линија по генералниот напад. Тука се отворила дупка и македонската пешадија се впуштила низ неа за да ја нападне персиската пешадија од лош квалитет која се наоѓала зад линијата. По ова двете крила на персиската коњица се повлекле согледувајќи го колапсот на центарот. Пешадијата исто така почнала да бега, со тоа што многу од нив биле убиени при гонењето.Вкупнот број на македонски жртви бил од 100 до 200. Персијците изгубиле 2000 пешадија во заробување, а отприлика 1,000 коњица и 3,000 пешадија биле убиени, главно при бегањето.
Oд 20.000 јонци од Мало Азија - сонародници на атињаните преживеале само 2000 кои биле пратени во Македонија како робови.
Битката кај реката Граник им покажала на Персијците дека македонската војска е сериозна суперсила. Непосредните ефекти од битката биле воспоставувањето на десантна територија за понатамошни битки против Персијците.
По почетната победа против Персиските сили во битката кај Граник, Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис, и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас (денес Бодрум во Турција) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, приморувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес - Персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиксодарус. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина (близу денешна Анталија-Турција), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа, и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град. Во античкиот град Гордиум, Александар го одврзал дотогаш нерешливиот Гордиев јазол, загатка која според легендите била решлива само од идниот „крал на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан.Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната Персиска војска под команда на Дариј 3. во битката кај Ис.





ГОВОРОТ НА АЛЕКСАНДАР НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ ВОЈНИЦИ ПРЕД БИТКАТА:
''НА ИЛИРИТЕ,ТРАКИТЕ И ДРУГИТЕ ВОЈНИЦИ ДАВАМ ЗЛАТО КАКО ШТО НЕМАЛЕ НИКОГАШ НА МАКЕДОНЦИТЕ ДАВАМ ВЕЧНОСТ''
- Македонците и нивните сојузници, под водство на Александар Војска: 5,000 коњица, 26,000 пешадија.
Персијците од водство на Дариј 3, Арсам ,Реомитро, Атизиј ,Бубак ,Сабак со 30,000 јонци - сонародници на атињаните од Мало Азија платеници, 40,000 пешадија (10,000 бесмртнициперсиските краласки телохранители-нај елитната војска на Персиј...а) и 20,000 коњица
Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројантно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2.6 км раздалеченост, така што Дариј неможел да го употреби големиот број на неговите војници правилно.
Александар тргнал во поход на Азија во 334 п.н.е и ги поразил локалните персиски сатрапи во Битката кај Граник. Потоа тој продолжил со окупацијата на Мала Азија.
Додека Александар бил во Тарс разбрал дека Дариј собира огромна војска во Вавилон. Доколку Дариј сакал да дојде до Искиот залив, тој ја имал поддршката од адмиралот Фарнабаз кој сеуште оперирал во Медитеранот, така што би го олеснил снабдувањето и би бил во можност да му се впушти на непријателот одзади. Александар ја држел својата главна војска во Тарс, но затоа го пратил Парменион напред за да го окупира крајбрежјето на Ис. Во ноември Александар добил извештај дека големата персиска армија веќе навлегла во Сирија, во градот Сочи. Александар решил да ја прибере неговата раздвоена војска и да маршира јужно од Ис преку Јоновата клисура.
Дариј знаел дека Парменион ја држел клисурата и затоа се упатил северно. Персијците го зазеле Ис без проблем и ги убиле сите болни и ранети македонски војници кои останале таму. Сега Дариј разбрал дека успеал да дојде одзади на македонската војска и да ги прекрати набавките. Потоа тој ја наредил војската на добра одбранбена позиција долж реката Пинар и го чекал Александар да нападне.
Постојат различни мислења за причините за битката. Еден убедителен став врз основа на Куртиј е дека Дариј бил приморан да го премести логорот во терен кој му одговарал на Александар заради тоа што Македонците се бореле дефанзивно по препорака на Парменион. Дариј не можел да ја издржува војската за време на зимскиуот период, а во неговите градови во Феникија веќе имало немири заради доаѓањето на Александар. Дариј бил принуден да ја премести неговата голема војска на едно ритче на бојното поле, позиција која била во огромна корист на помалата војска на Александар.






Александар чекал Дариј да дојде јужно од планинскиот венец Аман бидејќи преминот кој Дариј би го употребил, Беленскиот премин, бил многу поблиску до Сочи и давал најдобар пристап до територијата која Александар ја бранел. Александар чекал 1...6 км западно од Беленскиот премин кај Миријандер за да му постави замка на Дариј кај Беленскиот премин или преку Јоновиот столб доколку одел северно, каде дариевата војска би била неорганизирана и расштркана во теснецот. Но Дариј се движел северно од Сочи и околу планините, доаѓајќи одзади александровата позиција и скратувајќи му ги комуникациските врски. Така Александар бил приморан да маршира кон Дариј, кој го фатил неспремен со голем крилен маневар. Ова ја дава илузијата дека Дариј играл дефанзивно, бидеќи Александар бил приморан да маршира кон него.
Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион.
Дариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа јонскате платеници 12,000 на број. До јонскате борбени линии - сонародници на атињаните од Мало Азија , Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале друфиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар (оваа формација била слична на буквата Γ ). Аријан дава претерана бројка од 20,000 за овие трупи. Дариј се сместил во средината заедно со најдобрата пешадија, јонскате платеници и кралската коњичка гарда. Според некои историчари, тој сакал да ја имитира македонската воена формација видена во битката кај Граник.



Персиската коњица јуришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на Александар набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи к...рилото против супериорниот број Персијци доволно долго за Александар да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови.
Потоа Александар се качил на коњ на чело на неговите коњички придружници и диретно почнал да јуриша накај Дариј кој избегал од бојното поле. Заради ова Персијците почнале да се повлекуваат. Македонската коњица ги гонела Персијците во повлекување сe додека не се стемнило. Тука се случило големо крвопролевање заради масовното, неогранизирано повлекување на Персијците околу 80,000 и гонењето од страна на Македонците.Македонците загубиле близу 500 војници.
Поразот на Персијците во битката кај Граник го означил почетокот на крајот на периската моќ. Ова била прва битка која персијците ја изгубиле во присуство на Дариј.




Дариј пребегнал преку Еуфрат, оставајќи ја неговата мајка, жена и деца во милост и немилост на Македонците. Александар уште еднаш го победува Дариј во Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е.
Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки, мајка му Сисигамба и непроценлива количина на богатство.Продолжувајќи по брегот на Средоземното море Александар гo о...своил Тир (денешен Либан) .
Во почетокот Тир сакал да се предаде на Александар,..ма Александар сакал да се помоли во храмот на Херакле во Тир .Таа желба на Александар била одбиена од гувернерот на Тир.





Опсада на Тир:
Во 332 п.н.е, Александар Македонски трнал да го освојува Тир, стратешка крајбрежна база . Бидејќи не бил во можност да јуриша на градот, Александар поставил блокада на Тир седум месеци, но Тир издржал. Тој го искористил шутот ...од напуштениот град на копното за изградба на насип и кога ѕидовите на островот биле во домет почнал да ги бомбардира со опсадна машинерија и конечно го пробил утврдувањето. Александар бил толку лут заради начинот на самоодбраната на тирците и загубата на неговите војници, што за казна срушил половина град. Сите 30,000 жители биле масакрирани или продадени во ропство.


За време на опсадата Александар примил писмо од кралот Дариј 3-ти со понуда за примирје. Тој понудил да плати откупнина за неговото семејство од 1000 таленти и му се заблагодарил на Александар за нивната благосостојба. Дариј исто така понуд...ил да ги отстапи сите негови земји западно од реката Еуфрат и да создаде алијанса и пријателство кое би било во взаемен интерес.
- Генералот Парменион го посоветувал Александар да ја прифати понудата. Тој му рекол на Александар: Јас би прифатил, да бев Александар.
- Александар на тоа одговорил: И јас, да бев Парменион!".
Како одговор на писмото од Дариј, Александар одговорил:
''Вашите предци извршија инвазија на Македонија и така ни наштетија без ние први да им наштетиме. Јас сум назначен за главен командант на Македонците и другите , преминав во Азија со цел да ги казнам Персијците, бидејќи вие сте агресори. Вие го поддржувавте Перинт, кој му наштети на татко ми, и прати војска во Тракија, која беше под наша власт. Татко ми умре од раката на заговорниците нарачани од Вас, како што и самиот се фалевте на сите во Вашите писма; Вие го убивте Арс со помошта на Багоа и се здобивте со тронот неправедно, спротивно на персиските обичаи, наштетувајќи им на Персијците. Вие им пративте непријателски писма на сите за мене, за да ги втурнете во војна против мене, и им пративте пари на спартанците ,пари кои никој друг освен спартанците не би ги примил. Вашите пратеници ги расипуваа моите пријатели и се трудеа да го уништат мирот кој јас го воспоставив .
Затоа поведов експедиција против Вас и Вие ја почнавте расправијата. Но сега ги поразив сите Ваши сатрапи, како и Вас лично и Вашата војска и ''по милост божја'' јас владеам со земјата. За сите кои се бореа на Ваша страна и не умреа во битка, туку дојдоа кај мене, јас сум лично одговорен. Tие не се на моја страна под принуда, туку учествуваат во експедицијата по своја волја. Затоа пријдете ми како на господар на сета Азија. Ако се плашите да не Ви направам нешто ако дојдете лично, пратете некои од Вашите пријатели за да Ве уверам. Дојдете кај мене и побарајте ја Вашата мајка, жена, деца. Ќе ги добиете. Побарајте и било што друго. Што и да успеете да ме убедите да Ви дадам, ќе биде Ваше.
Во иднина кога комуницирате со мене, ословувајте ме како Господар на Азија. Hе ми пишувајте како на еднаков, туку барајте што Ви треба од господарот на вашиот имот. Доколку не го направите тоа, ќе Ве третирам како грешник. Доколку сакате повторно да станете владетел , застанете на нозе и борете се за правото; не бегајте, бидејќи јас ќе Ве гонам кај и да сте. ''
Кога Александар стигнал во Газа во Ерусалим градот бил под опсада,.. на крајот македонците стигнале до светиот храм ,Храмот бил опколен со еврејски војници на чело со еден стар свештеник со бела коса и брада ма во раката држел еден меч. Aлександар пријдел до свештеникот , му се поклонил и ветил дека светиот храм ќе биде поштеден и ако сакал можел да ја шири еврејската вера по целата македонска империја,Македоннските генерали зачудено го прашале Александар :
''Kако е можно тој да се поклонува на еден старец?
Александар одговорил:''НА СОН СОНУВАВ ДЕКА ОВОЈ СТАРЕЦ ЌЕ MИ ПРОРОЧИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОСВOJAM ПЕРСИЈА''
Свештеникот му рекол на Александар Македонски дека ќе му направи ''ВЕЧЕН СПОМЕНИК '' ... така ТОГАШ ЕДНА ГОДИНА СИТЕ ЕВРЕЈСКИ ДЕЦА ВО ТАА ГОДИНА АКО БИЛЕ МАШКИ ГО ДОБИЛЕ ИМЕТО АЛЕКСАНДАР, А АКО СЕ ЖЕНСКИ ГО ДОБИЛЕ ИМЕТО АЛЕКСАНДPА.
А самите индни еврејски свештеници го земале името Александар, а Александар и ја гарантирал слободата на вера .
Од тогаш Евреите го славеле Александар како ослободител од Персијците,
Занимливо е тоа што денес Алекдандар е во меморијата на тие луѓе таму НО КАКО ТОЈ ШЕТАЛ СО ЈАРЕШКИ РОГОВИ,бидејќи Александар имал дијадема на лик од јарешки рогови  така што го имитирал Дион .
Во 332.год.п.н.е. Александар се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите сили кон Египет.
Во Александровите походи на исток учествувала и пајонската лесна коња...ница предводена од Аристон. Притоа, Александар и неговата војска насекаде биле пречекувани како ослободители од страна на покорените народи под персиска власт. По завземањето на градот Тир (или Сидон) во 332 година п.н.е. и Газа, бил отворен патот кон Египет. Притоа, градовите во Феникија, Палестина и Египет без борба ги отварале своите врати и го прогласувале Александар за свој владетел. Како вешт политичар, во Египет тој го посетил храмот на богот на Сонцето Амон Ра, ги придобил свештениците угнетувани од персиската власт, па тие го прогласиле за син на нивниот врховен бог и фараон.
Неговиот војсководач Парменион му предлагал на Александар да ги прекрати натамошните воени походи, но тој бил цврсто решен конечно да ја уништи големата персиска држава.
Во таа 332. и следнатa 331. год., Александар бил добредојден како ослободител на Египет, кој до тогаш бил окупиран од Персија. Бил прогласен за син на Амон -египетски бог на сонцето, од Египетските свештеници во пророчиштето во оазата Шива во Либијската пустина. Оттогаш, Александар често се повикувал на Амон како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста. Ја основал Александрија во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала напреден главен град на Птолoмејската династија.
За време на двете години по битката кај Ис Александар продолжил со окупација на Медитеранскиот брег и Египет. Потоа од Сирија тргнал накај срцето на Персиската империја. Таму ги преминал Еуфрат и Тигар без да наиде на каков било отпор.
Напуштајќи го Египет, Александар продолжил кон Асирија и на 01.10.331.год.п.н.е. го победил Дариј уште еднаш во Битка кај Гавгамела .




Битката кај Гавгамела бил вооружен судир во 331 п.н.е каде Александар Македонски - Македонија го поразил Дариј 3-ти - Персија . Битката исто така и се нарекува Битката кај Арабела.
-Македонци и сојузници под водство на Александар со 7,250 ...коњица и 40,000 пешадија. (Според Аријан)
- Персијци под водство на Дариј веројатно со 20,000 главно тешка коњица, 230,000 пешадија (вклучувајќи околи 10,000 јонски платеници). Вистинскот број на Персијците не е утврден, но се знае дека биле многу побројни од македонците.
Персијците биле на бојното поле уште пред самата битка да започне. Дариј ја регрутирал најдобрата коњица од неговите сатрапии и од сојузничкото скитско племе. Дариј исто така ги спремил српните двоколки за кои имал приготвено чист терен пред неговите трупи. Исто така Дариј имал 50 индиски бојни слонови со поддршка на индиски двоколки, иако тие не играле никаква улога во битката. Пред битката, Дариј наредил да се искорне секаква вегетација на бојното поле за да може што подобро да оперира со српните двоколки.
Самиот Дариј стоел во средина заедно со најдобрата пешадија, по персискиот кралски обичај. Тој бил опкружен, десно, од каријска коњица, јонски платеници и персиска коњичка гарда. Меѓу центарот и средината ја поставил неговата пешадиска гарда (Јаболконосачи или Бесмртници), индиската коњица и неговите мардиски стрелци.
На двете крила била коњицата. Бес го командувал левото крило со бактријанците, дахајската коњица, арахрозијската коњица, персиската коњица, сузиската коњица, кадузијската коњица и скитите. Двоколките биле сместени напред заедно со мала група бактријци. Мазеј го командувал десното крило со сиријската, медијската, месопотамиската, партијанската, сакијанската, тапуријанската, Хирканијанската, албанската, сакезијската, кападокијанската и ерменската коњица. Кападокијците и Ерменците биле сместени во преден план и го воделе нападот. Албанската и сакезијската коњица биле пратени да го обиколат македонското лево крило.

Македонците биле поделени на два дела, со десното крило под директна команда на Александар, а левото на Парменион. Александар се борел со своите коњички придружници. Со нив биле пајонците и лесната коњица на Александар. Платеничката коњица биле исто така поделена на две групи, со ветераните на десното крило, а остатокот од нив пред агријанците и македонските стрелци кои се наоѓале непосредно покрај фалангата. Парменион се наоѓал лево со тесалците, платеници и тракиските коњички единици. Тие биле наменети да го задржуваат непријателот додека Александар го задава решавачкиот удар десно.


Меѓу десната страна и центарот биле критски платеници. Зад нив била група од тесалски коњаници под команда на Филип како и платеници. Десно од нив бил друг дел од сојузничката коњица. Таму била и фалангата која била позиционирана во двој...на линија. Заради тоа што биле бројно надминати 5:1 во коњица, и персиската линија била за 1.5 км подолга од македонската, изгледало неизбежно дека Македонците ќе бидат заобиколени од Персијците. Вториот ред фаланга имал за задача да се справи со оваа ситуација ако тоа се случи. Оваа втора линија се состоела главно од платеници.
За време на битката Александар употребил толку уникатна стратегија која само неколкумина во светската историја можеле да ја повторат. Неговиот план бил да повлече што повеќе персиска коњица на крилата. Овој план имал за цел да направи отвор... во непријателската линија каде подоцна би се задал решавачки удар кај Дариј во центарот. За ова бил потребен речиси совршен тајминг и маневрирање како и условот дека Дариј требал да изделува прв. Македонците нападнале со крилата свиткани наназад под агол од 45° за да ја намамат периската коњица да нападне. Истовремено полека крилата се придвижувале кон десно. Александар го приморал Дариј да нападне (и набрзо неговата војска се поместила од подготвениот терен), иако Дариј не сакал да нападне прв одкога видел што се случило во ваква слична ситуација кај Ис. На крајот Дариј бил приморан да нападне.
Сега Дариј наредил напад на двоколките. Некои од нив биле пресретнати од Агријанците. Меѓутоа македонската војска имала извежбана тактика за соочување со овие смртоносни направи. Првите линии се поттргнале, отворајќи процеп. Коњите одбииле да се втрчаат во копјата на првите редови и се фатиле во т.н. „стапица за глувци“, каде што биле запрени со копјата од задните редови. Потоа возачите биле лесно убиени. Двоколките биле бескорисни.
Како што Персијците оделе се понапред и понапред во македонските крила, Александар полека ја исфилтрирал неговата гарда позади. Персијците го направиле истото, додека не се отворила празнина помеѓу левата страна на Бес и центарот на Дариј к...ога Александар ги пратил своите последни коњички резерви против нив. Александар ги отповикал своите придружници и се подготвил за решавачкиот напад против Персијците. Под негово водство, тој ги групирал своите единици во форма на гигантски клин, со самиот Александар на врвот од него. Позади него била бригада од неговата гарда и батаљони од фалангата кои успеал да ги извлече од битка. Овие биле лесни, проследни трупи.
Овој голем клин се судрил директно со ослабениот персиски центар, масакрирајќи ја кралската гарда на Дариј и јонскате платеници. Бес од левата страна сега бил отсечен од Дариј и плашејки се дека и тој би бил нападнат од овој клин почнал да се повлекува. Самиот Дариј бил во опасност да биде отсечен, и тука има неколку различни верзии на она што потоа се случило. Според речиси сите верзии, Дариј почнал да бега и остатокот од неговата војска исто така. Меѓутоа единствениот зачуван документ од тоа време вели дека војската сама почнала да бега.
По битката, Парменион го обиколил персискиот багажен караван, додека Александар и неговите телохранители го гонеле Дариј со надеж дека ќе го фатат. Како и кај Ис, така и во оваа битка пленот од грабежот бил огромен. Биле фатени 4,000 таленти, како и личната двоколка и лак на Дариј. Исто така биле фатени и бојните слонови.
Дариј успеал да избега од битката со мала група на војници. Бактријската коњица и Бес, успеале да го стигнат. Некои преживеани од кралската гарда и 2,000 јонски платеници исто така им се придружиле.
Сега Персиската иммерија била поделена на две половини – Источна и Западна. Александар потоа се прогласил за Големиот ГОСПОДАР (титулата на Дариј).
При неговот бегство, Дариј одржал говор пред остатокот од неговата војска. Тој планирал да оди источно и да регрутира нова војска за напад врз Александар додека тој одел накај Вавилон. Истовремено Дариј пратил писма до неговите источни сатрапии во кои тој побарал од нив да му останат верни.Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана
По оваа битка Александар бил крунисан за владетел на Азија во Арабела ПО МИЛОСТ БОЖЈА ,што било по азиски (персиски) обичај.



Од Вавилон, Александар се упатил во Суса, еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија Персеполис, Александар ги нападнал и освоил По...ртите на Персија (денес планината Загрос).
Е еднен премин тесна клисура за патот кон Персеполис.Tука Војската на Александар била нападната од Персијците под водство на генералот Ариeл Барзанес на врвовите на клисурата кај местото Нарос длабоко во преминот , фрлале со камења врз македонските војници под што тие биле принудени моментално да се повлечат за да се реорганизираат.
-Ова е прв пат да македонската фаланга од водство на Александар да се повлекува во битка
Персијците биле многу горди за овој потфат.
Битката уште е во сеќавање на локалната популација во тој регион.Александар не Е сакан од Персијците,што е и нормално ,Мајките таму и ден денешен ги плашат децата ако не слушале ЌЕ ДОЈДЕЛ AЛЕКСАНДАР ДА ГИ ЗЕМЕ ''
Aлександар бил многу лут зошто не ја забележал cтапицата...Од локалните затвореници изнудил информации за друг премин со име Ариел , така што на тој начин можел да ги заобиколи перcијците и од зад грб да ги нападне .

Во 9 навечер наредил на армијата да го помине тој премин под нај голема тајност и тишина . Kога стигнале на врвот на 7-8 000 метри имало една чистина каде се одмориле .И испланирале околу полноќ : 3 пешадиски бригади АМИНТА ,ФИЛОТА И КЕН п...од команда на Кратер требало да се вратат на преодот каде биле персијците од каде нападнале првиот пат и да нападнат од таму .Александар со коњаницата , една пешадиска бригада и стрелци од позади персијците требало да ги нападнат биле околу 5-6000.
а 3000 под команда на генерал Птоломеј останале како резерва .Тоа биле Cребрените Kопја телохранителите на Александар
Така организирани почале да се приближуваат кон персијците,..било многу темно а и студено имало и снег,..некои до младите војници дури и плачелe ма билe храбрени од постарите.
Персијанците биле опколени и биле победени а на персискиот предавник Aлександар му дал 40 таленти од злато.
Потоа побрзал кон Персеполис пред неговата војска да го опљачка богатството на градот,таму заробиле 4000 тони злато За време на нивниот претстој во градот, избил пожар во палатата на Ксеркс и се проширил низ остатокот од градот. .
По освојувањето на Персеполис, Александар ја продолжил потерата по Дариo. До тогаш, Персискиот крал веќе бил заробен од Бес, неговиот Бактријски сатрап и сонародник. Додека Александар наближувал, Бес наредил да го убијат Дариј, а потоа се прогласил за негов наследник под името Артаксеркс 5. и се повлекол во централна Азија од каде организирал герилски напади против Александар.
Hа местото: ГЕРД АБ - ''КАДЕ ИМА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ''. Дариј бил смртно ранет од Бес ,..бил најден од македонските извидници завиткан во една покривка во крв . Дариј оставил порака во која го замолил Александар да се грижи со неговата фамилија со чест .
Александар на Дариј му приредува раскошен закоп како што доликува на еден владетел.Буната во Атина и РАСПУШТАЊЕ на војниците од Коринтската Лига од Александровата Македонска Фаланга.
ВО МОМЕНТ КОГА ОДЕЛО СЕ ВО РЕД Александар добил вести од Македонија . Aтињаните се побуниле подржани од Спартанците,..Александар веднаш му пратил пари на Антипатар кој во тоа време бил во Тракија кој со парите собрал војска и ги поразил здружените атињани и спартанци .При тоа загубил 4000 македонски воjници додека го убил спартанскиот anax-крал Агис и 5000 атино - спартански војници со тоа ги ставил пак под контрола .
На веста за победата на Антипатар Aлександар дал наредба да се распуштат војниците од Коринтската Лига во служба кај него но им дозволил на доброволците да останат како платеници.
Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бес, а потоа и против Спитамен, сатрап од Согдијана, го одвела Александар низ повеќе делови на денешен Авганистан и Таџикистан. Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример Кандахар во Авганистан и Хуџанат во Таџикистан. Во тие походи, неговите противници биле поразени: Бес во 329., а Спитамен во 328г.п.н.е.

Гонејки ги неговите непријатели во Узбекистан и на патот кон Самаркан се случило чуднa работа ..некаде во тие ридови во едно градче Бранкадл, Александар со фалангата наишoл на мал град со луѓе cо европска физиономија а и зборувале јонски .... Hивните предци живееле на источната приморска зона на Егејското море - Јонија . Потомците на овие луѓе биле свештеници на храмот од Дидеми ,и нивните предци 150 години пред биле соработници со персијанците кога Македонија била под Персиска окупација .
Следното утро Александар дошол со дел од македонската фалангa во градчето преправајќи се дека бил пријателски настроен ,..наскоро започнал колеж ,.. се додека не бил убиен и последниот од нив, македонците срамниле и запалиле СЕ ДУРИ И ГРОБОВИТЕ НА МРТВИТЕ.
УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНСКАТА војна на Персија всушност БИЛА ОСВЕТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВРЗ ПЕРСИЈЦИТЕ И ПЕРСИСКАТА ОКУПАЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА ПРЕД 150 ГОДИНИ од страна на ПЕРСИЈЦИТЕ.


Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од дене...шен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него. Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Индус до Џелум, така и направил. Но водачите на некои кланови, како например Асапсиос и Асакеноис, познати во Индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.

Александар лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Според современите историчари, било доста тешко за Александар да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата Масага и Аорну дале силен отпор. Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40,000 воини биле заробени.
Асакеноисите му се спротивставиле на Александар со армија од 30,000 борбени кочии, 38,000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар бил сериозно ранет во потколеницата. Кога поглаварот на Масага загинал во битката, команда над неговата војска ја преземала неговата мајка Клеофис, која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив. Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето. Александар за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска. Според Куртис, Александар не само што Александар ја уништил војската и останатите жители на Масага тој исто така го разрушил до темел, го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.
При крајот на битките кои ги водел Александар во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините наречено Аорнос. Александар постојано бил зад петици на овие трупи. Само после четири дневна крвава битка Александар го завземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво. Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос.
Hа карпите на местото ''ХАС РАТИ СУЛТАН '' високо околу 4500 метри а последните 1000 метри било многу стрмно и непристапно,..Таму непријателите мислеле дека биле безбедни така што му праќаат едена порака на Александар велејќи : ''САМО АКО МОЖЕШ ДА ЛЕТАШ ЌЕ МОЖЕШ ДА ГО ЗАЗЕМЕШ МЕСТОТО '' .
Ма 300 доброволци успеале да се искачат на тоа место и од зад грб да ги нападнат... Така што после Александар му рекол на локалниот водач : ГЛЕДАШ ДЕКА ЈАС ИМАМ КРИЉА ДА ЛЕТАМ ПА ВЕ ОСВОИВ''
Битката кај реката Хидасп се одиграла 326 п.н.е помеѓу војската на Александар Македонски и војската на индискиот крал Пор (санскрит: Пурурава) крај реката Хидасп (денешна река Џелум) во регионот Пенџаб. Кралството на Пор се протегало во дел...от од стара Индија кој денес припаѓа на Пакистан. Оваа битка бил последниот покрупен судир на Александар Македонски. Иако во битката македонската војска победила, поради истоштеност одбила да оди подлабоко во Индија и покрај желбата на нивниот војсководец, Александар Македонски.
- Македонци , персиски и индиски сојузници под воство на Александар со околу 4,000 коњица и 50,000 пешадија и 2,700 војска под водство на Кратер кои играле диверзиона улога.
- Кралот Пор со 200 бојни слонови, 6,000 коњица и 30,000 пешадија.
Битката се одвивала на источниот брег на реката Хидасп, (денешен Џелум која е притока на реката Инд) близу денешните места Лила и Бора во Пакистан.

Кралот на Хидасп се сместил на левата страна од реката за да ги спречи преминувањата на истата. Реката Хидасп е доволно длабока и брза за да го однесе секој што сака да ја премине. Затоа Александар почекал неколку дена, со многу маршеви и к...онтрамаршеви како и информациска војна (со тоа што им „дал на знаење“ на мештаните дека смета дека реката е премногу длабока за преминување, факт кој го дознал од Пор). Една ноќ, кога осетил благосостојба во кампот на Пор, Александар собрал мала војска и ја преминал реката 17 км низводно. Бидејќи ја гледал главната војска со Кратер сo уште пред него, Пор пратил само малку војска да се соочи со нападот. Меѓутоа тој погрешно проценил и војската била убиена заедно со неговиот син.


Кога битката подоцна почнала, александровата коњица била сместено на десното крило, но Александар пратил група коњаници да ги заобиколи Индијците и да ги нападне одзади. Индијците имале коњица на двете крила, бојни слонови напред и пешадија... позади слоновите.
Овие бојни слонови ја правеле ситуацијата многу тешка за Александар. Речиси сите негови победи се должеле на неговата способност да го раздвои непријателот и да јуриша со неговите коњички придружници низ отворот. Меѓутоа слоновите ги уплашувале македонските коњи. Така Александар морал да ја промени неговата стратегија.

Александар ја започнал битката со вообичаениот јуриш на десното крило (лево на индијците) со предвидливи резултати, индиското лево крило ослабело и Пор ја зајакнал таа страна со коњица од десното крило. Ова ги оставило индиските коњаници бе...з никој да ги брани од опколниот напад одзади. Александар го сакал токму ова. Тој ја уништил индиската коњица без да ги доближува неговите коњи до слоновите. Доколку индиската коњица не би била уништена, таа сигурно би претставувала закана за фалангата подоцна во битката и македонската коњаница не би можела да ја подржува пешадијата во борбата против индиската коњица заради близината на слоновите.
Во меѓувреме, македонската фаланга и персиската пешадија трнале напред за да го пречекаат јуришот на слоновите, кој бил запрен, иако со тешки последици за пешадијата. Махутите на слоновите биле убиени, а некои биле повредени, така што војската на Александар успеала да ја обиколи индиската војска. По загубата на огромен број животи, Пор, кој бил ранет во борбата се предал.

Кралот Пор бил еден од многуте Индијци кои го импресионирале Александар. Погоден од најмалку шест стрели во битката, но сe уште на нозе, тој бил запрашан од Александар како би сакал да биде третиран. Одговорот бил: „какo владетел“. Пор исто така бил висок речиси 210 см во споредба со Александар кој бил од низок раст.
Тешко е да се измерат жртвите, но се знае дека Индијците ја изгубиле целата своја коњица, голем дел од пешадијата и преку 100 бојни слонови. Македонците фатиле 80 слона, но изгубиле многу пешадија во битката. Коњицата имала многу помалку жртви. Историчарот Питер Грин вели дека Александар изгубил дури 4,000 војници, главно фаланга. Тие биле оние кои морале да се соочат со слоновите бидејќи коњите не сакале ни да се доближат.
Храброста и војните вештини на Пор го импресионирале Александар. Покрај тоа што Пор бил поразен, Александар му го поштедил животот и го поставил за повторен владетел на Хидасп во негово име. Ова била најдалеката точка кај што Александар сти...гнал заради одбивањето на неговата војска да оди напред не само заради тоа што била истоштена, туку и заради тоа што за прв пат го увидела вистинскиот начин на употреба на слонови во битка. Дариј пред тоа употребувал слонови во битка, но тие не играле значајна улога. Тука фалангата за прв пат се соочила со јуриш на слонови и чудо е што воопшто успеала да ги одбие заради огромниот психолошки ефект што тие го имале врз војниците.
Иако Александар успеал да ја освои само северозападна Индија, неговиот поход извршил големо влијание. Со тоа што ги победил опасните локални властелини во Хиндукуш и соседните региони, тој го подготвил теренот за идната Маурска империја, втората империја која успеала да ја освои цела Индија.
Kако резултат на оваа битка Александар основал два града, Никеја (Победа) на местото на денешен Џалапур и Букефалија (веројатно) на местото на денешна Бера, Пакистан. Букефал бил коњот на Александар, кој загинал или во битката, или подоцна од старост и истоштеност.

Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓало моќнотa на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна Индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар зап...ира кај реката Биас одбивајќи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.
После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар имала на располагање околу 20 илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставила на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фатоми). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови. Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. - Плутарх, Вита Александри, 62
Александар, после состанокот со неговиот офицер Коен, бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад. Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела. Неговата војска, мислејќие дека нивниот владетел е мртов, ја завземаат тврдината и го искалуваат нивниот бес на заробениците. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар, а главницата продолжила со движење .
-Тука Роксана на Александар раѓа и син но за жал мртов.
Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон Карманиа (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под водство на адмиралот Неарх, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).
Александар дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до 316 г.п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил Еуменес како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еуменес станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата владетели (Пејтон и Еуменес) се враќаат на запад во 316 г.п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Мауриа во Индијa
Патувајќи за Суса, Александар открил дека многу од неговите сатрапи и воени управници лошо се однесувале во негово отсyство и казнил со смрт извесен број од нив за пример. Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците, и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. Но, војската не ги разбрала неговите намери и се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени Персиски обичаи, како и воведувањето на Персиски офицери и војници во војската.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.