Sunday, July 15, 2012

Милан Арсов


Милан Арсов е македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори.
Милан Арсов е роден во Ораовец, тогаш во рамките на Османлиската империја. Учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“  и Битолската машка егзархиска гимназија но не ги завршил .
Во Солун се запознал со анрахистичките идеи на Гемиџиите и станал дел од нив. Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година.
На 28 април (нов стил) Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.
Следниот ден Арсов фрлил бомба во летииот театар Алхамбра, крај морето. Иако намерно бил оставен подолг фитил, за да нема човечки жртви, загинал еден келнер.
Арсов е еден од четворицата преживеани гемиџии кој биле изведени пред специјален воен суд. Заедно со Павел Шатев, Георги Богданов и Марко Бошнаков е осуден на смрт, но казната била преиначена во доживотен затвор и тој, заедно со останатите атентатори, бил испратен на Фезан во Африка.
На 8 јули 1908 година во Мурзук починал од туберкулоза. Неговиот череп од страна на Павел Шатев и Георги Богданов бил вратен во Македонија.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.