Saturday, August 31, 2013

Оружје и војска - Arms and men


Во врска со јачината на неговите сили, Александров вели дека само во Македонија можи да мобилизира 150,000 луѓе. Но нагласи дека голем дел од овие луѓе сега биле цивили и дека само неколку илјади Комити сега биле во воена состојба. Тој не спомна за Македонци надвор од границите, но се очекува во случај на востание повеќе илјади кои сега живеат во Бугарија ќе се приклучат на неговите бои. Запрашан за можната дата за револуција, одговори дека состојбите не биле доволно згодни. Со ова подразбирам дека Организацијата сеуште ги нема направено сите подготовки. Освен ова разбрав дека поголеми резерви на оружје и муниција ќе биле собрани. Александров продолжи да раскажува дека тој се надева Хрватите, Словенците и Црногорците евентуално ќе ги отфрлат законските со незаконски начини против Србија, можеби тогаш ќе има заедничко востание.

На прашањето дали компромис не е можен меѓу Организацијата и властите, тој одговори дека многу Срби сега населени во Македонија видоа дека сегашната ситуација е крајно неподнослива, но партијата на Пашиќ, главниот државник во Србија, изгледала непопустлива во нејзиното посакување да ја поништи Македонија. Но, тој објасни, “Турција проба да не поништи во безбројни години, ама не успеа и е важно да се запамти дека тогаш значителното турско население беше против Револуционерната Организација. Сега Турците се со нас и јас безпрекорно ви кажувам дека сме посилни од кога и да било претходно.” Александров призна дека има односи со Турција, но лесно се гледа дека не става многу доверба во надворешна помош. Неговото е Македонско движење, кое тој се надева да го здружи со другите народи кои сега се дел од Триуналното Кралство. Истовремено тој искажа волја од Организацијата да се покори на било која независна испитувачка мисија за ситуацијата во Македонија, од Големите Сили, Лигата на Нациите или група од независни журналисти. Додатно рече, ако не се успее да се добие автономија, Организацијата ќе го добредојде ставањето на Македонија под покровителство на Голема Сила, првенствено Англија.

За односите на Организацијата со Бугарија, се радуваше на падот на Стамболиски и неговите пратеници, кои, со цел да створат Федералистичко Македонско движење, беа првата Бугарска влада што отворено жестоко се спротистави на аспирациите на Македонскиот народ. Ги опиша Македонските Федералисти како група од две или три стотини луѓе платени од Србија, кои немаат влијание или важност. Нагласи дека македонското движење во никој случај не е упрвувано од Софија и категорично одби дека бил во Бугарија или да учествувал во Јунскиот “kуп д’Етат”.

Зборувајќи за смртта на Стамболиски, ја одби идејата дека неговата Организација е одговорна за неа, но додаде дека е можно неговата смрт била извршена од еден или повеќе Македонци кои имале жалби против него. Од друга страна, призна дека убиството на Даскалов, кого го опиша како демагог на демагозите, било работа на Организацијата. Во врска со ова ми покажа протестно писмо што Организацијата го адресирала до Чехославачката влада околу новото апсење на Николов, убиецот. Александров смета дека штом Николов бил еднаш ослободен од Чешкиот Правен Суд, немало случај против него, но бидејќи Српскиот печат завзел толку непријателски и претечки став, така што Чесите “нашле” причини за неговиот повторен притвор.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.