Sunday, September 9, 2018

Македонски скапоцености во Бугарските музеи 1 дел













Архиепископска митра
Подарок од Венеција изработен од тамошните златари за охридскиот архиепископ Јосиф (1719-1745), тежок 1,5 килограм чисто злато и украсен со 329 скапоцени камења. Оваа митра подоцна ја носеле сите охридски архиепископи, а се чувала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“.




Седумвековна плаштаница од „Света Софија“
Му била подарена на охридскиот архиепископ од императорот Андроник Втори Палеолг во 1298 година. Изработена е од двослојно платно, извезено со златни и сребрени конци. 




Плаштеница св. Евхаристија
Од црквата „Богородица Перивлепта“ Охрид.




Плаштеница од 1796г., од Манастир Св.Наум Охридски



Вратата на црквата „Свети Никола Болнички“ од 14 век
Двокрилна врата со резби и барелјефи на која се врежани ликови на повеќе животни кои во христијанството се сметаат за чувари. Некои делови се направени во 13-14 век. Се смета за најстар споменик на резбарството.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.