Thursday, October 10, 2013

УСТАВ на Македонската Федеративна Револуционерна Организација

Табло со учесниците на конгресот од 1923 година

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организација или Македонска емигрантска федеративна организација била политичка и револуционерна организација на македонската емиграција во Бугарија. Со Уставот на МЕФО била определена целта за дејствување: легална борба за создавање автономна федеративна држава Македонија во нејзините географски и економски граници, независна од балканските држави.
Организацијата го издавала својот орган „Автономна Македонија“ под редакција на Иван Снегаров и Владислав Ковачев. Водечки личности во раководството на МЕФО биле: арх. Никола Јуруков, д-р Христо Далкалчев, д-р Филип Атанасов, Владислав Ковачев, Климент Размов, Никола Киров Мајски и др.
Основачкиот конгрес на МФО бил свикан на 4 декември 1921 година и на него биле формулирани основните цели на организацијата - независна федеративна Македонија во која треба да има целосна еднаквост на народности, за да послужи како алка помеѓу балканските држави за обединување во идната Балканска федерација.
Легално крило се нарекувало Македонска емигрантска федеративна организација (МЕФО), а илегалното Внатрешна федеративна македонска револуционерна организација (ВФРО).Во јануари 1923 година легална фракција се слеала во Сојузот на македонските братство, а печатените органи „Автономна Македонија“ и „Македонија“ се обединуваат и го сочинуваат весникот „Независна Македонија“. Потоа федералистите основале нов весник „Македонско сознание“, кој го издавале во Белград и ги истакнувале македонските позиции.
Тодор Паница се отцепил и основал сопствена МФО, а во 1924 година се зближува со автономистите, и заедно учествуваат во создавањето на Мајскиот манифест. Во 1925 година под водство на Тодор Паница и со помош на Грција и Кралството Југославија во трите дела на Македонија дејствуваат федералистички чети, чија цел е да ја уништат ВМРО.ВМРО успела да ја исчисти Пиринска Македонија од федералистичките дејци и чети, биле преземени неколку акции, како што е масакрот кај Дабница, Менча Крничева го убила Тодор Паница. МФО ја изгубила својата база во Пиринска Македонија по што дел од федералистите се приклучиле на Бугарската комунистичка партија и ВМРО (Обединета), во 1925 година МФО престанала да постои.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.