Thursday, February 6, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Изборни неделни евангелски и апостолски читања четврта четвртина на 14 век (петти дел)



Хартија: 20,5 х 13 см.; 209 листови. Ракописот има оригинална кирилска пагинација означена на првиот и последниот лист од кватернионот (кватернионот изнесува 8 листови), купно содржи 28 кватерниони. Во првите 3 кватерниони недостасуваат шест листа, во 11 два листа, во 15 еден лист (првиот), во 24 и 25 осум листа, во 26 и 27 два листа (осмите) и во 28 кватернион два листа на крајот. Првиот и последниот лист не се испишани и не се броени во кватернионите. Освен листовите што недостасуваат, останатите се добро зачувани.
Писмо: Во една колона по 18 реда. Убаво, уставно писмо од крајот на XIV и почетокот на XV век. Едноеров правопис - само малиот ер. Интерпункцијата е изразена со точка. Од надредните знаци употребени се акцентот и кендемата. Насловите и заглавните букви се испишани со црвено мастило.Во ракописот не се обележани зачалата, главите и песните. Кај некои текстови на горната маргина обележан е само евангелистот или апостолот. Водени знаци: „Ножици“
Орнаментика: Нема уметнички знаменца. Почетните букви се големи и црвени со извесна доза на иницијалност.
Повез: Оригинален. Штичка завиткана во темна кожа. Кожата е орнаментирана. На предната корица голем крст во рамки со розетки и палметки, а на задната корица розетки и палметки во орнаментирани рамки.
Содржина: Изборни неделни евангелски и апостолски читања.
Потекло: Ракописот е најден во 1988 година во с. Бенче - Поречие.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.