Tuesday, September 17, 2013

Добри Даскалов


Добри Даскалов (13 октомври 1882 - 20 јуни 1912) бил македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.


Добри Даскалов е роден во Кавадарци во свештеничко протестантско семејство. Основното образование и нижа трикласна гимназија завршил во Кавадарци, а потоа продолжил да учи во егзархиската гимназија во Солун. Од Солун своето образование го продолжил во Самоков, Бугарија, каде, во учебната 1896/1897 година, се запишал на протестантското Железарско училиште. Tаму ја започнува својата револуционерна дејност и станува член на револуционерниот кружок „Трајко Китинчев“.

Горе: Стефан Чавдаров, Добри Даскалов, Мише Анчев, Иван Караџов, Димитар Запранов, Михаил Дорев, Борис Мончев. Средина: Петар Ацев, Петар Кушев, Христо Матов, Тодор Лазаров, Тодор Александров. Долу: Стојан Мишев, Григор Илиев, Петко Пенчев, Георги Саракинов и Георги Занков.  

Даскалов станал член на ТМОРО во 1901 година и бил борец во четите на Јане Сандански и на Христо Чернопеев. Учествувал во грабнувањето на мис Стон, со која фамилијата Даскалови, како протестантска фамилија од порано имала добри пријателски и деловни врски.Бил избран за делегат на Солунскиот конгрес, но не учествувал на него. Во Илинденското востание се бори во Тиквешијата. Во 1904 година учествува на Прилепскиот конгрес на ТМОРО, а во 1905 година - на Рилскиот конгрес. Во 1908 година учествува на Ќустендилскиот конгрес на десницата на ВМОРО. По Младотурската револуција, во 1909 година бил еден од основачите на Народната федеративна партија и член на нејзиното централно раководство.

Четата на Добри Даскалов

Подмолно е убиен во Кавадарци на 20 јуни 1912 година по наредба на Тодор Александров. Убиен е од страна на Крсто Ристов, бивш четник во четата на Добри Даскалов, кој го убил во моментот кога пред портата на својата куќа ја земал во раце деветмесечната ќерка Невенка.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.