Tuesday, August 9, 2011

Диме поп Атанасов


Диме поп Атанасов е првата жртва на бунтовната Тиквешија, против најновата бугарска окупација од 1941 год. (загинува на 11 јуни 1941 год., на само месец и половина од окупацијата на Македонија).
Роден е во с. Страмашево - Кавадаречко во 1918 год. Родителиет му се преселуваат во Кавадарци каде тој завршува основно образование и граѓанско училиште до IV клас. Немајќи материјални можности за дошколување, првично е шивачки калфа а подоцна и писар во општината. Како писар доаѓа до различна литература која постојано ја чита и се надообразува постојано. Носител е и на прогресивни идеи во градот а љубовта кон знаењето и образованието го носат во иницијатива за формирање градска библиотека и читална. Ова ќе е форма подоцна за бунтовниот македонски патриот како да се организира младинскиот отпор кон српскиот хегемонистички апарат. Набргу по ова е веќе непожелен за власта која сега ги вклучува сите свои апарти па не само што е исфрлен од општината но и повеќе пати е приведуван и затваран во кавадаречкиот затвор.
По капитулацијата на кралска Југославија Диме како непомирлив Македонец, не чека ниту недела а веќе трга на организирање на македонскиот народ од Тиквешијата за вооружена борба против бугарскиот окупатор. На терен е постојано, меѓу интелектуалната младина во градот но и по селата. Врши собирање на оружје за востание против Бугарите, работи на организирање на народотр и подготовки за првиот одред. При една негова таква активност кога е во селото Горни Дисан заедно со неколку свои другари, при агитацијата кон мештаните за нужниот отпор кон бугарскиот окупатор, откриени се при што во пукањето што настанува Диме поп Атанасов паѓа смртно погоден. Така Диме падна уште во подготовките на Тиквешијата за одлучна борба против Бугарите и нивниот ментор Хитлер, што ниту ја уплаши Тиквешијата ниту ја спречи. Напротив и даде повеќе горчина да стане една од најжестоките непомирливи бугарски противници.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.