Thursday, August 11, 2011

Никола Парапунов

Никола Парапунов

Nikola Parapunov (1909-1943), the head organizer of the Antifascist movement and a fighter for the rights of the Macedonian people in the Pirin part of Macedonia; he was killed by the fascists.

Никола е првиот организатор на анти-фашистичкото движење во Пиринска Македонија.

Никола Парапунов (Разлог, 1 јули 1909 - Бараково, Горноџумајско, 9 декември 1943) бил македонски комунист од Пиринска Македонија.
Роден е во семејство на шивачки работник. Во 1924 година, по завршувањето на трети клас во месната седмолетка, продолжува да се школува во среднотехничкото училиште во Софија, градежна насока. Потоа работи во родниот град и активно соработува со тогашната Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.
Во 1931 година станува член на Бугарската комунистичка партија, а на почетокот на 1932 е член на окружното раководство на БКП во Петрич. Поради своето делување како комунист е уапсен и од 1933 до 1941 година е во затвор.
По излегувањето од затвор, преминува во илегала и на 26 јули 1941 година ја формира разлошката чета, првата вооружена партизанска формација во Бугарија. Пиринска Македонија како дел од Царството Бугарија, најрано ќе го крене својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на Македонија. На територијата на Пиринска Македонија уште во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под водството на македонскиот комунист од овој крај Никола Парапунов, а токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската војска и воопшто првата вооружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот.
На почетокот од 1943 година станува член на ЦК на БКП, но на крајот од истата година загинува кај месноста Сува Чешма, во близина на селото Бараково, Горноџумајско, во борба против бугарска полициска заседа.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.