Tuesday, October 18, 2011

Nikola Karev Interview


Никола Карев за грчки весник "Акрополис"
Бугарија направила лоша смешка ако мисли да нè потчини. Нас единствено нè интересира нашата слобода.
Комитетот не е бугарски. И Грција да сакаше да ни помогне ќе ја прифатевме со цело срце.




Интервју со претседателот на Крушевската Република за грчкиот весник „Акрополис“ од 8 мај 1903 година
Јас сум Македонец!

- Македонец ли си? Го прашувам
- Да.
- И следователно Грк.
- За ова не знам, ми одговори, јас сум Македонец.
- Директен наследник на Александар Велики? Му велам иронично.
- Да.
- И Александар Македонски што беше, ве молам?
- Не знам, но историјата вели дека бил Грк.
- Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк.
- Не, ми одговори.
- Значи, тогаш го прашувам пак, зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку (со помош) на Бугарија?
- Која Бугарија, мислиш на Комитетот?
- Да.
- Ти одговарам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото наше срце.
- Бугарската заштита ја гледате само површински, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве (потчини) пороби.
- Хм! Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нè интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: „Си ја постигнуваме ли целта? Си ја добиваме ли нашата слобода?“ Не нè интересира дали ќе нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност.
- Добро, ако се ослободите, што сакате да бидете, автономија?
- Да, како што е во Швајцарија, во која три различни племиња живеат во крајна хармонија и љубов.
- Да, но, знаете дека на таков начин вршите услуга на интересите на Панславистичката Етерија, чиј огранок е и Комитетот?
- Каква услуга вршиме?
- Како што се изјасни погоре Македонија е грчка земја, а ако секоја грчка земја бара да биде автономна тогаш доаѓа до ослабнување на Грција, а тоа го бара Панславистичката Етерија.
- Зошто го бара?
- За еден ден да нè пороби и нас и вас и затоа сака да нè најде слаби за да го постигне тоа полесно. Карев за момент изгледаше замислен. Јас побрзав да го прекинам молчењето.
- Зошто не сакате да се обедините со Грција?
- Затоа што ако нè земе Мора (Грција) ќе стане една голема држава и следователно монархија. Во таков случај ќе произлезат многу зла – прво монархијата и тоа што произлегува од неа, а второ, Грција ќе нè натера да војуваме со Бугарија, нешто што (ние) не го сакаме.
- Вие што сакате?
Ми ја покажа капата:
- Сакаме република.
- Демократија и пријателство со Бугарија?
- Не само со Бугарија, туку со секој што ќе ни помогне да се ослободиме.
- Со Бугарија сакате да се обедините?
- Не! Не!
- И ова ви го проповеда (учи) Комитетот?
- Да.
- Тогаш овој Комитет кој толку многу се грижи за вашата независност зошто не бара заштита од Грција која има повеќе должности да ве ослободи, туку клоните кон варварите?
- Да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек кој паднал во морето и се наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве молам, овој човек за да се спаси ќе се фати ли за сè што ќе најде во тој момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабнеме со благодарност.
- Но, грчките првенци, свештеници и учители зошто ги убивате кога немате ништо посебно против никој?
- Ова се лаги. Комитетот не убива само Грци, туку и Бугари и Срби и Турци и секого кој предава.
- Ова се изговори за гревовите, уништивте многу грчки патриоти затоа што не даваа пари за вашиот Комитет.
- Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.
- Кои други?
- Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските атентати, б.м.).
Не можев да се воздржам и страшно се насмеав што предизвика љубопитност кај сопственикот Таску Квата, кој ми се приближи.
- Што ти вели?
Ме праша.
- Тоа и тоа.
- Хм! Ама како ќе се види дека е Бугарин дебелоглавец, ако не беше Бугарин не ќе кажуваше такви зборови, особено сега кога и ѕидовите имаат уши.
- Да, да ова што ви го велам јас повтори Карев – едно дрво кое ја проби земјата и изникна, зошто да не го вадат сите за да порасне?
- Да.
- Да, но знаете со што го вади Бугарија. Со отров на омраза кон грцизмот.
- Како и да е ова вадење (полевање), нè освежува и нè натера да ги завртиме гранките кон онаа страна кон која, признаваме дека ништо не нè поврзува и да бегаме од вас со кои немаме иста крв и иста историја; ова е на некој начин протест против грчкото интересирање (за нас).
- Ова што го велиш е резултат на бугарското вадење, зашто Грција никогаш не престанала да ве поддржува и со писменоста и со оружје.
И пак Карев не ми одговори.
- И сега, по последните настани што мислите да правите? - Го прашав. (се мисли на т.н. Горноџумајско востание од есента 1902 б.м.)
- Ништо друго освен да ја продолжиме борбата.
- Да, но зар не знаете дека зад таа борба се крие борба подла и нечесна?
- Тоа нас не нè интересира, доволно е да си ја постигнеме нашата цел.
- Значи и со убиства?
- Штом се вршат за доброто на еден народ.
- Имате право какви учители имавте такви лекции научивте...
Карев пак не ми одговори, само стана и полека тргна кон неговата соба, додека зад него сите гости на хотелот на разни начини ги коментираа неговите зборови.
С.Т. Стам.
(Акрополис, бр.7608, Библиотека - Стар Парламент)

Wanganui Herald

Wanganui Herald,Issue 11731,December 5 1905,Page 7

Evening Post

Evening Post,Issue 68,March 22 1905,Page 5

Evening Post

Evening Post,Issue 38,August 1895,Page 2

Thursday, October 13, 2011

Taranaki Herald

The Macedonian Insurrection , 1902 , 28 November , Taranaki Herald , Issue 12133

Evening Post Isssue

Evening Post , Isssue 73 , 23 September 1911 , page 10

Richfield Reaper

Richfield Reaper 1914-07-16 Mark Spots Where Heroes Fell

Целата страна од весникот Richfield Reaper

San Antonio Express

San Antonio Express,San Antonio,Texas,Sunday,December 03,year 1922,page 24

Целата страна од весникот San Antonio Express

The Times London

The Times,London Wednesday,September 07,1808

Целата страна од весникот The Times

Charleston Daily Mail

Charleston Daily Mail,West Virginia,Monday,May26,1930,Page6

Целата страна од весникот Charleston Daily Mail

Reno Evening Gazette

Reno Evening Gazette,Reno Nevada,Tuesday,June26,1934,Page5

Целата страна од весникот Reno Evening Gazette

Wednesday, October 12, 2011

The Edwardsville Intelligencer

The Edwardsville Intelligencer,Edwardsville,Illinois,Tuesday,February23,1915,Page9

Целата страна од весникот The Edwardsville Intelligencer

The Lethbridge Herald

The Lethbridge Herald,Lethbridge Alberta,Thursday,May04,year1916,page33

Целата страна од весникот The Lethbridge Herald

Star Anniston

Star Anniston Alabama,Thursday,May12,year1949,page4

Целата страна од весникот Star Anniston

Las Vegas Optic

Las Vegas Optic New Mexico,Friday,October 14,1938,page 46

Целата страна од весникот Las Vegas Optic

Tuesday, October 11, 2011

Kane County Standard

Kane County Standard 1941-01-10 Man's Struggle for Economic Security

Целата страна од весникот Kane County Standard

Monday, October 10, 2011

Albuquerque Morning Journal

Albuquerque Morning Journal October 28,1903

Целата страна од весникот Albuquerque Morning Journal

Council Bluffs

Council Bluffs Iowa Nonpareli,Friday,August 24,1945,page 9

Целата страна од весникот Council Bluffs

Sunday, October 9, 2011

Saturday, October 8, 2011

Wellsboro Agitator

Wellsboro Agitator Thursday, February 25, 1954 Wellsboro, Pennsylvania

Целата страна од весникот Wellsboro Agitator

Wellsboro Gazette

 Wellsboro Gazette  Thursday, September 03, 1914 Wellsboro, Pennsylvania  

Целата страна од весникот Wellsboro Gazette

Thursday, October 6, 2011

The Maritime Law of Europe

The Maritime Law of Europe in 1806 by Domenico Alberto Azuni, William Johnson

                                                           The Martime Law in Europe in 1806

The Critical Review Or Annals of Literature

The Critical Review Or Annals of Literature

The Critical Review, Or, Annals of Literature By Tobias George Smollett in 1770 - Page 249.

New York 1903

New York,October 21,year 1903

On the march with the Macedonians - The New York Times 1909

The New York Times,May 9 year 1909

The New York Times 1903

The New York Times,August 16 year 1903

The Washington Post

The Washington Post,August 08,year 1924

Letter by William Ewart Gladstone



Letter by William Ewart Gladstone was published in the Times newspaper on the 6th February 1897.

The Morning Record

The Morning Record,Sunday,April 23 year 1899

Целата страна од весникот "The Morning Record"

The San Francisco Call

The San Francisco Call,Monday,February 24,year 1903

Целата страна од весникот "The San Francisco Call"

New York Daily Tribune

New York Daily Tribune,September 7,year 1908

Целата страна од весникот "New York Daily Tribune"