Friday, July 29, 2011

Како се преговарало во Букурешт за поделбата на Македонија во 1913 г.

Во 1913 г. во Букурешт се преговараше за Македонија. Навистина, името Македонија не се ни споменува, но во суштина, се се' врти околу нејзината територија. Што се случувало во тие 12 дена на преговорите од 17 до 28 јули 1913 година (според стариот календар) кога Македонија е поделена и кога Грција го стекна три милениумското право врз оваа земја? Каква била улогата на Русија, Франција, Италија и Австрија?
Да се обидеме да ја опишеме атмосферата во текот на тие 12 дена исполнети со дипломатски замки и надмудрувања, не само меѓу Грција, Србија и Бугарија, туку и меѓу големите сили кои ги расчистувале своите сметки преку грбот на помалите земји.
Втората балканска војна започнала со судирите меѓу Бугарија, Грција и Србија во јуни 1913 година во врска со различните сфаќања за тоа на која држава колкав дел од Македонија треба да и припадне. Подоцнежните анализи покажале дека е многу веројатно оти Бугарија ќе успеела да извојува победа и на двата фронта, доколку таквата ситуација не ја искористела Романија, која поттикната од Франција и Велика Британија, и објавила војна на Софија. Со оглед на тоа што северниот дел на Бугарија бил речиси без војска, романските одреди на почетокот на јули едноставно се прошетале низ бугарската земја и стигнале пред капијата на бугарскиот главен град. Истото го искористила и Турција, која отворила четврт фронт против бугарската војска. По ова поразот на Бугарија бил неминовен, па таа побарала прекин на непријателствата и преговори.
На 14 јули 1913 година, недела, со српски брод на кој се вееле српското, црногорското, грчкото и романското знаме, во Турну Северин заедно пристигнале српската, грчката и црногорската делегација. Биле пречекани од Треанеа Гречеано, шеф на романскиот дворски протокол. Оттука, со воз заминале за Букурешт. Во разговорот со еден дописник на романски весник, претседателот на српската Влада и шеф на српската делегација, Никола Пашиќ, веднаш по пристигнувањето изјавил: 'По прашањето за Гевгелија, меѓу нас и Грците нема никакво несогласување. Ако и Бугарите ја покажат истата добра волја, преговорите бргу ќе завршат'.
На тоа се надоврзал и грчкиот делегат Димитар Панас: 'Меѓу нас и Србите нема несогласувања. Гевгелија нема да ни прави проблем.'
Во меѓувреме, на пат кон Букурешт била и бугарската делегација, предводена од министерот за финансии и претседател на Либералната партија Димитар Тончев. 
17 ЈУЛИ 1913 ГОДИНА

Преговорите започнале на 17 јули 1913 година во 16 часот со седница на делегатите на завојуваните земји во романското Министерство за надворешни работи. Први пристигнале Србите и Црногорците, потоа Бугарите, Грците и на крај романските делегати. За претседавач на седницата бил избран претседателот на романската Влада, Титу Мајореску. Тоа бил прв ден кога делегатите се запознавале меѓу себе, но и со содржината на нивните полномоштва. Било констатирано дека сите, освен претставниците на Црна Гора имаат неограничени овластувања за водење преговори и за склучување мир. Првите сигнали биле дека помеѓу Романија и Бугарија и Србија и Бугарија бргу ќе биде постигнат договор. Се навестувало дека сериозен проблем може да има во преговорите меѓу Бугарија и Грција поради пристаништето Кавала.
Но, и покрај најавите дека работите можеби ќе одат лесно, уште пред да започнат преговорите односите меѓу Србија и Бугарија дополнително се заостриле поради тоа што Бугарите побарале од Романците да го заштитат населението од градот Видин, тврдејќи дека ако во него прва влезе српската војска, која се наоѓала на три километри од градот, ќе се случи масакр. Во Србија тоа е протолкувано како дипломатски обид на бугарската делегација да внесе раздор во добрите односи меѓу Романија и Србија и како интрига на Бугарите. Подоцна се дознало дека на ваков чекор Бугарија била советувана од Италија, која поради своите интереси во Албанија и егејските острови, не била наклонета кон Грција и Србија.
На истиот состанок, по предлог на грчкиот премиер Елефтерос Венизелос кој ја предводел грчката делегацијата, било договорено од 18 јули во 17 часот, да започне примирје на сите боишта. Целосното примирје требало да се воспостави во рок од пет дена, односно до 23 јули. Доколку до тој датум не се постигнел договор или доколку не биле дадени гаранции дека ќе биде постигнат договор под услови прифатливи за сите страни, непријателствата ќе продолжеле.


18 ЈУЛИ

Втор ден од разговорите кои повторно започнале во 16 часот. Состанокот траел половина час при што било договорено дека спротивставените страни треба меѓусебно, на посебни и одвоени средби да ги решат спорните прашања, а на конференцијата да ги изнесуваат само тие во врска со кои не била постигната согласност. Потоа, во вечерните часови се воделе посебни разговори меѓу српскиот премиер Пашиќ и бугарскиот шеф на делегацијата Тончев, по што следела средба и разговор меѓу Тончев и Венизелос. Претходниот ден Венизелос изјавил дека Кавала мора да остане грчка и уште еднаш потврдил дека проблемот со Гевгелија нема да се појави и дека градот најверојатно ќе и припадне на Србија.
Истовремено, внимателно се слушале пораките што доаѓаат од големите сили, пред се Велика Британија, Франција, Русија и Австро-Унгарија. Дента владеело уверување дека ниту една од нив нема ништо против Србија да ја добие Македонија од десната и од левата страна на реката Вардар, се' до Гевгелија. Извесен немир внеле написите во некои австриски весници дека сепак, заради рамнотежа на Балканот, на Србија треба да и припадне само територијата од десната страна на Вардар, а на Бугарија левата страна и пристаништето Кавала.

На 18 јули се појавила и веста дека Бугарите можат да го истакнат прашањето за автономија на Македонија, како последна шанса да ги спречат аспирациите на Србија и Грција. Веднаш стигнала и реакцијата на дописниците на некои балкански весници од Париз кои известиле дека Франција смета оти тоа прашање е решено и потсетиле дека на преговорите во Лондон по завршувањето на Првата балканска војна, истиот предлог го понудила и Турција. Тогаш, токму од Бугарија било одговорено дека Турција заборавила на резултите од војната и дека предлогот за автономна Македонија не може да се прифати. Пораката била јасна: ако сега Бугарија го постави истото прашање, таа фактички се однесува како и Турција, зошто не зема предвид дека е поразена во војната, но ќе го добие истиот одговор што и самата му го дала на турскиот претставник на преговорите во Лондон. Тоа се денови кога Грција и Србија уживале огромна поддршка од Франција и Велика Британија кои во двете земји гледале брана против ширењето на австриското и руското влијание на Балканот.


19 ЈУЛИ

Од 10 часот се воделе разговори меѓу српската, грчката и црногорската делегација од една страна и бугарската од друга. Во текот на разговорите на Бугарија и биле испорачани барањата на сојузниците. Претходно, бугарската и романската делегација постигнале договор со кој Бугарија и ја отстапила Добруџа на Романија. Бугарите експресно се договориле со Романците, надевајќи се дека на тој начин ќе успеат во натамошниот тек од разговорите Романија да се однесува како неутрална страна бидејќи интересот веќе и е задоволен.
Официјалната конференција под претседателство на Мајореску започнала во 16 часот, но била прекината откако било констатирано дека сојузниците и Бугарите се уште не постигнале договор.
Дента била видлива нервозата поради турското освојување на Едрене и извештаите дека населението излегло да прославува упатувајќи му благодарност на султанот. Поради тоа, рускиот амбасадор во Букурешт им советувал на Грција и Србија што поскоро да постигнат договор со Бугарија за да се избегнат кавгите и за да може Русија да и го гарантира Едрене на Софија. Два дена подоцна, станала јасна нервозата на Русија: токму на 19 јули турската власт на неколку часа го затворила преминот преку Босфор за трговски бродови. Подоцна, преминот бил отворен, но пораката била доволно силна за да се крене паника во Русија, односно во Санкт Петерсбург. Кога ќе посака, Турција може да ја блокира Русија и ако таа, преку Бугарија не најде друг излез кон море, се наоѓа во прилично незгодна положба. Токму затоа, Русија од позадина ќе ја поддржува Бугарија во нејзиното барање да го добие пристаништето Кавала и тоа било едно од клучните прашања околу кое се 'кршеле' преговорите. 
20 ЈУЛИ

Денот започнал со изјавата на бугарскиот премиер Радосавов за весникот 'Цајт' дека 'веќе сега може да се смета оти мирот е постигнат' и дека 'што се однесува до поделбата на Македонија, нема да има несовладливи пречки затоа што големите сили го задржаа правото да го имаат последниот збор'. Изјавата покажува дека Бугарите се обидувале со помош на дипломатски средства да издејствуваат што поголем дел од Македонија за себе, но дури и во случај на неповолен развој на настаните, се надевале на помош од Русија и Австро-Унгарија по завршување на преговорите. Прашањето за автономија на Македонија по францускиот неофицијален сигнал веќе не било споменувано.
Во текот на денот Србија и Грција повеќе биле ангажирани на дипломатски план во врска со проблемот на влегувањето на Турција во Едрене, истакнувајќи дека тоа прашање, кое се обидува да го наметне Русија, нема врска со преговорите во Букурешт. Ако Бугарија има проблем со Турција, нека се обрати кај големите сили за тоа, бил заедничкиот став на српската и грчката делегација. .
На 20 јули обелоденети се барањата на сојузниците поставени два дена пред тоа. Од Бугарија било побарано границата да се повлече по реката Струма, и линијата да оди се до Егејско Море, потоа Бугарија да се откаже од сите предлози поврзани со островите во Егејското Море, да прифати плаќање на отштета и да даде гаранции за населението во Тракија за слобода, училишта и црква во општините означени како грчки. Се повеќе се кристализирал и ставот на големите сили за Кавала. Весниците пренсуваат дека зад идејата пристаништето да и припадне на Бугарија застанале не само Русија, туку и Австрија и Италија, додека Франција, Велика Британија и Германија инсистирале тоа да и припадне на Грција. Дента се чекал сигнал од Бугарија за тоа дали ги прифаќа барањата на сојузниците, за да може да се продолжи примирјето кое завршувало на 23 јули.
Пропагандата била активна и за време на преговорите. Така, на 21 јули српските и грчките весници биле преплавени со извештаи за масакрите што бугарската војска ги извршила во Серес. Во белградска 'Политика' било објавено и некое писмо од здружение на грчки жени, кои навеле дека во едно село во близината на Серес, Бугарите им закачиле ѕвончиња на жените и ги терале голи да играат околу огнот во кој живи ги фрлале нивните деца. Подоцна, Карнегиевата комисија ги истражувала сите наводи за злосторствата во Серес (и не само таму) и утврдила дека во нјаголем број случаи всушност станувало збор за лаги на Грците и Србите. Било утврдено дека по нападот на грчката војска на Серес, бугарските единици почнале да се повлекуваат во безредие, по што биле убиени некои затвореници во затворот, но како што смета Комисијата, тоа било сторено самоволно од чуварите. Еден од грчките затвореници кој немал пари да го поткупи чуварот, бил буквално закован за подот со бајонет. Но, покрај овој пример, Комисијата утврдила дека повеќето наводи за бугарските злодела се измислени и дека нивната цел е пропагандна. Така, на пример, во еден грчки извештај се наведувало дека е убиен и директорот на Отоман банката во Серес, но членови на Комисијата имале можност да се видат и поразговараат со него. Не му фалело ниту влакно од главата.
Наспроти тоа, истата Комисија утврдила дека грчката војска систематски вршела злосторства врз негрчкото насление во Серес. Голем дел од убиствата биле извршени на 1 јули, кога една бугарска регуларна единица успеала да ја порази грчката милиција надвор од Серес и напладне почнала да влегува во градот. Најмалку 60 или 70 затвореници, наведува Комисијата, се уште биле живи, а нивните чувари - Грци решиле брзо да ја завршат својата работа. Двајца затвореници (Ангелов и Лимонов) успеале да избегаат, а другите, премногу ослабени за да се спасат, биле заврзани. Ги носеле на колење по четворица или петмина, но убивањето било неефикасно, па десетина успеала да преживеат, како што запишал еден член на Комисијата, 'со рани што биле такви какви што нанесува месар кога се обидува да коле луѓе како што би заклал овца'.
Сепак, извештајот на Карниегиевата комисија е правен подоцна, а во тие денови на преговори во Букурешт, пропагандата на победниците во војната работите ги прикажувала многу поинаку.


21 ЈУЛИ

Денот минал во дипломатски обиди на бугарската делегација да добие уште малку време, надевајќи се дека големите сили ќе и го остават делот од Македонија на левата страна на Вардар до Гевгелија. Србија останала непопустлива барајќи ги Крива Паланка, Кратово Штип, Радовиш, Кочани, Струмица и Гевгелија. Сите делегации, освен романската, имале меѓусебни средби и во врска со Кавала, но договор не бил постигнат поради тоа што Бугарија се уште се надевала дека може да го добие пристаништето. Наспроти тоа, францускиот, британскиот и германскиот став бил дека на Бугарија и е доволен излезот на Егејско Море источно од Кавала. Последен предлог на Бугарите бил дека за Кавала е потребно уште да се преговара, а дека се откажуваат од сите приговори во врска со српските предлози за територијата од левата страна на Вардар, но бараат да им останат Штип и Кочани. Доколку ја добијат Кавала, Бугарите истакнале дека се подготвени да се откажат од двата града. Српската делегација го завршила денот со убедување дека ситуацијата е таква што Бугарија ќе мора да попушти и по однос на ова барање.
Притисокот на времето бил се' поочигледен, а Грција и Србија, уверени во својата воена надмоќ, почнале по кулоарите да шират гласини дека е можно сите делегации да ги напуштат преговорите, што би значело обнова на војната со оглед на тоа што примирјето истекувало на 23 јули во 17 часот попладне. Романскиот весник 'Виторил' веќе најавил дека грчката и српската војска имаат план за нова заедничка акција против Бугарија. Спротивно на тоа дипломатска порака, а во рамки на војната што се водела преку весниците, австрискиот 'Винер Алгемајне Цајтунг', повикувајќи се на дипломатски извори во Виена напишал дека во Австрија се смета оти грчките и српските барања се претерани и дека не била земена предвид волјата на големите сили.


22 ЈУЛИ

Во врска со преговорите меѓу делегациите бил даден ден за пауза, а била свикана пленарна седница со цел да се продолжи примирјето. Тоа и било сторено, а молкот на оружјето бил продолжен за три дена. И покрај денот за одмор, делегациите сепак разговарале, па Бугарите истапиле со нов предлог: се откажале од Штип и Кочани, но сега го поставиле барањето за Радовиш и Струмица како градови од кои по ниту една цена не можат да се откажат. Во неформалниот дел од разговорите било забележано дека Бугарите се уште полагаат многу надеж во Австрија, Русија и Италија и дека се надеваат оти каква и да биде содржината на потпишаниот договор, тој ќе биде ревидиран од големите сили во нејзина полза. Грците уште еднаш истакнале дека немаат намера да ја отстапат Кавала. Романските претставници ја искористиле приликата да кажат дека преговорите меѓу нив и Бугарија се завршени, но дека романско-бугарската граница ќе ја сметаат за конечна дури откако ќе биде постигната целосна согласност меѓу сите делегации за сите прашања. Тоа делувало како еден вид шок за делегацијата на чело со Тончев која сметала дека маневрот за одвојување на Романија од Србија и Грција во првите два дена успеал. Наспроти тоа, зборовите на Мајореску биле сфатени како директна воена закана од Романија кон Бугарија во случај таа да продолжи да ги отфрла барањата на Грција и Србија. 
23 ЈУЛИ

Конференцијата започнала во 16 часот. Откако бил усвоен записникот од претходниот ден, збор побарал грчкиот премиер Венизелос кој истакнал дека добил писмо од кралот Константин со кое тој го известил дека на бугарско-грчката линија на разграничување на фронтот, воен бугарски претставник им рекол на предните грчки одделенија дека непријателствата ќе продолжат уште истиот ден. На тоа реагирале бугарскиот шеф на делегацијата Тончев, како и присутниот член Иван Фичев (началник на ГШ), кои рекле дека за тоа ништо не знаат и дека кралската депеша можеби е резултат на некаква заблуда. Потоа по започнување на разговорите, Бугарите истакнале намера да се откажат од барањата поврзани со Вардарска Македонија, но дека инсистираат на Кавала и Орфанскиот Залив. Одговорот на Венизелос бил дека во Грција ќе избие револуција ако пристаништето биде отстапено на Бугарија.
Денот минал и во знак на вестите за дипломатскиот притисок на Русија и Италија врз Грција во врска со Кавала. Целата игра околу ова пристаниште ја воделе на една страна Велика Британија и Франција, а на друга Австрија и Русија. Кон овие последните се придружила и Италија. На 22 јули 'Франкфуртер Цајтунг' напишал дека без оглед на тоа што ќе потпише Бугарија, не само во врска со Кавала, туку и воопшто, целиот договор ќе добие на значење дури откако ќе биде ревидиран од големите сили. Истиот ден Ројтерс јавил дека Бугарија сепак ќе попушти и ќе ги прифати сите барања на Грција и Србија, како и дека Турција се согласила да се повлече од Едрене, но за возврат бара финансиски концесии од Европа, истовремено инсистирајќи повлекувањето од градот да биде изведено на начин кој ќе го зачува достоинството и на војската и на државата.
Дента, романскиот министер за финансии Марголоман започнал со организирање ручеци во чест на делегациите, а првиот ручек бил во чест на српскиот премиер Никола Пашиќ.


24 ЈУЛИ

Ова е денот кога е постигнат договор меѓу сите страни. Србија ги добила Штип, Кочани, Радовиш и Гевгелија, а Грција - Кавала. Бугарија, а со тоа Русија и Австро-Унгарија, ја загубиле битката. Но, затоа Струмица и Ксанти биле оставени под власт на Софија (сепак, подоцна, првиот град ќе и биде даден на Србија, а вториот на Грција). Седницата траела од 16 до 20 часот, а било договорено наредниот ден да се започне со составување на финалниот договор за мир кој официјално би бил потпишан. Тоа е ден кога Србите се потсетиле на Букурешкиот договор од 1812 година кога поради потребата да се спротивстави на Наполеон, Русија ги повлекла своите војски од Балканот и ја оставила Србија на цедило по што Османлиите повторно ја воспоставиле власта над Белград. Овој пат, ликувале Србите велејќи дека неправдата стара 100 години е исправена.


25 ЈУЛИ

Состанокот започнал во 17 часот и 15 минути. Бил потпишан протоколот од претходниот ден кога е постигната согласноста меѓу преговарачките страни. Била формирана комисија што ќе го состави мировниот договор. Примирјето било продолжено на неодредено време, а биле започнати разговори за демобилизација на војските. Романската Влада, независно од тоа, веќе започнала со демобилизација. Голем немир кај сојузниците внела веста дека Австрија и Русија ќе бараат ревизија на постигнатиот договор.
Грчкиот премиер Венизелос прочитал писмо со кое се изразува жалење поради забуната која настанала во врска со информацијата од 23 јули дека бугарските претставници на фронтот искажале оти непријателствата ќе продолжат. Потоа, истапил претставникот на Црна Гора Матановиќ кој прочитал мемоар со барањата на оваа држава. Во Мемоарот истакнал дека кога Црна Гора стапила во војна не знаела дека псотои договор за поделба на територии меѓу Србија и Бугарија (од февруари 1912 година). Бидејќи во војната таа загубила 17.000 луѓе, што за земја коај во тоа време имала само 300.000 жители е екстремно многу, Матановиќ најавил дека и Црна Гора бара да добие територии кои би и овозможиле натамошен посигурен и побезбеден развој.
Потоа романскиот претседавач Мајореску ја прочитал официјалната нота од Австро-Унгарија и Русија со која двете сили најавиле дека ќе го ревидираат договорот. Веднаш следела и реакцијата на Франција која изјавила дека Париз не добил никакво барање за ревизија на договорот и дека во секој случај ќе биде против такво нешто.


26 ЈУЛИ

Изготвен е текстот на мировниот договор и најавено е негово потпишување за 28 јули, понеделник. Во договорот не биле внесена бугарската желба за негова ревизија. Со договорот се одредени границите меѓу Романија, Србија, Грција и Бугарија. Прашањето за Едрене е оставено за решавање од страна на големите сили што од Бугарија било прифатено зашто се надевала дека со тоа всушност се отвора можност за дополнително вмешување на Австрија и Русија во целиот процес и за ревизија на целиот договор. Било утврдено и дека финалниот договор нема да има никакви дополнителни клаузули и протоколи.
Во меѓувреме, поранешниот бугарски премиер Гешов веќе заминал за Санкт Петерсбург со идеа да издејствува од Русија ревизија на договорот. Рускиот став за Кавала бил објаснет преку романските весници, а се сведува на тоа дека излезот што Бугарија го добива на Егејско Море е без добри пристаништа, а дека единствено пристаниште кое ги задоволува потребите на Русија е токму Кавала. Наспроти ова, британскиот став бил дека договорот од Букурешт треба да се смета за конечен.
Во Грција веќе започнало славење. Кралот Константин наредил на сите тврдини од Дарданелите до Јанина од топовите да бидат испукани по 101 плотун. Весниците наведуваат дека грчките градови биле украсени и осветлени до доцна во ноќта, посебно во Атина каде секој дом имал закачено нешто во знак на општата радост.


27 ЈУЛИ

Недела. Делегациите биле во исчекување на наредниот ден кога требало да се стават потписите на договорот.


28 ЈУЛИ

Потпишан е Букурешкиот договор. Пред потпишувањето, грчкиот претставник Никола Политис, професор по меѓународно право на Парискиот универзитет, имал предлог членот 1 да гласи: За да се воспостави мир и хармонија меѓу договорните страни...', итн. Бугарскиот претставник Симеон Радев не се согласил со зборот хармонија, по што тој бил избришан, па се пристапило кон потпишување. Во круговите на делегациите ова живо се коментирало, а имало и такви кои во одбивањето на зборот 'хармонија' гледале лош знак.
Како и да било, следеле потписите со кои е завршена Втората балканска војна и е поделена македонската територија. Подоцна се вршени одредени измени, па, на пример, Струмица е припоена кон Србија, а Бугарија изгубила секаков излез кон Егејското Море, но во основа се запазил договорот што бил постигнат во романскиот главен град. Така завршило 12-дневното преговарање во Букурешт и потпишувањето на договорот кој денес кај Македонците се смета за еден од клучните моменти во поновата историја.
 

Букурешки договор за мир

Нивните Величества: Кралот на Романија, Кралот на Грците, Кралот на Црна Гора и Кралот на Србија од една и Неговото Величество Кралот на Бугарите од друга страна, со желба да стават да стават крај на сегашната воена состојба во која што се најдуваат нивните земји и подготвени, во стремежот за ред, да воспостават мир меѓу своите народи, толку многу напатени, одлучиле да склучат дефинитивен мир.

Нивните Височества за таа цела наименувале свои помошници и тоа:

Неговата Екселенција кралот на Романија:
Господинот Тито Мајореску, својот претседател на Министерскиот совет и министер за надворешни работи, Неговата Екселенција господинот Александар Маргиломан, својот министер за финансии, Неговата Екселенција господинот Таке Јонеску, својот министер за внатрешни работи, Неговата Екселенција господинот Константин Дисеску, својот министер за просвета и црковни работи, дивизискиот генерал аѓутант К. Коанда - главен инспектор на артилеријата и полковникот К. Кристеску - заменик шеф на Генералштабот.

Неговот Височество Кралот на Елините:
еговата Екселенција господинот Елефтерос Венизелос, својот претседател на Министерскиот совет и воен министер, неговата Екселенција Димитри Панос, својот ополномоштен министер; господинот Николас Политос, професор по Меѓународно право на Парискиот универзитет; капетанот Ат. Егзадактилос и капетанот К. Пали.

Неговото Височество Кралот на Црна Гора:
Неговата Екселенција генералот сердар Јанко Вукотиќ, својот претседател на Министерскиот совет и воен министер и господинот Јован Матановиќ, поранешен вршител на работите на Црна Гора во Цариград.

Неговото Височество Кралот на Србија:
Неговата Екселенција господинот Никола Пашиќ, својот претседател на Министерсткиот совет и министер за надворешни работи; Неговата Екселенција господинот Михаило Г. Ристиќ, својот вонреден пратеник и оплномоштен министер во Букурешт; Неговата Екселенција господинот д-р Мирослав Спалајковиќ, својот вонреден пратеник и ополномоштен министер; полковникот К. Смиљаниќ и потполковникот Д. Калафатовиќ.

Неговото Височеств Кралот на Бугарите:
Неговата Екселенција господинот Димитар Тончев, својот министер за финансиси; генерал-мајорот Иван Фичев - шеф на Генералштабот на својата војска; господинот Сава Иванчов, доктор по право и поранешен потпретседател на Собранието; господинот Симеон Радев и генералштабниот полковник Константин Станчов.

Тие на предлог на Кралската Романска Влада, се состанале на Конференцијата во Букурешт, снабдени со свои полномоштва сосема во ред. По среќно постигната спогодба, ги договориле следните одредби.
Чл. 1

Од денот на размена на ратификациите на Договорот, ќе настапи мир и пријателство меѓу Неговот Височество Кралот на Романија, Неговото Височество Кралот на Бугарите, Неговото Височество Кралот на Елините, неговото Височество Кралот на Црна Гора и Неговото Височество Кралот на Србија, како и меѓу нивните наследници и законити следбенции на нивните држави и поданиците.

Чл. 2

Старата граница помеѓу Кралството Бугарија и Кралството Романија меѓу Дунав и Црно Море, согласно записникот на воените делегати на двете страни и дополнителниот протокол број 5 од 22 јули 1913 година на Букурешката конференција, е корегирана како следува:
Новата граница ќе поаѓа од Дунав, низводно од Туртукаја и ќе излезе на Црно Море јужно од Екрене. Помеѓу овие две крајни точки граничната линија ќе минува по трасата обележана на картата 1:100 000 на романскиот Генералштаб, а според описот даден во овој член. Јасно е договорено Бугарија, најдоцна во рок од две години, да ги сруши постоечките фортифкации и да не гради други во Рушчук, Шумла во областите меѓу нив и во зоната од 20 км околу Балчик. Мешана комисија составена од претставници на двете високи договорни страни, во еднаков број на едните и другите, ќе и биде ставено во задача да ја повлече трасата на новата граница, согласно горните одредби, во рок од 15 дена од потпишувањето на овој договор. Оваа комисија ќе претседава при поделбата на подвижниот имот и капиталот што досега биле заеднички имот на окрузите, општините или на здруженијата на жителите, а се разделени со новата граница. Во случај да не се постигне договор за трасата и за мерките за извршување, двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат на трета пријателска влада со молба да се определи арбитер чија што одлука за спорните прашања ќе се смета за дефинитивна.

Чл. 3

Границата помеѓу Кралството Бугарија и Кралството Србија ќе оди по трасата, согласно записникот на воените делегати приложен кон протоколот бр. 9 од 25 јули 1913 година, како што следува:
Граничната линија ќе поаѓа од врвот Патарица на старата граница и ќе оди по старата турско-бугарска граница и вододелницата меѓу Вардар и Струма, изземајќи го горниот дел на струмичката долина што ќе остане на српската територија, ќе излезе на на планината Беласица каде што ќе се спои со бугарско - грчката граница. Детален опис на оваа граница и на нејзината траса на картата 1:200.000 на австро-унгарскиот Генералштаб е даден кон овој член.
На мешовитата комисија составена од претставниците на двете високи договорни страни во еднаков број на едните и другите, ќе и биде ставено во задача, во рок од 15 дена од потпишувањето на овој Договор, да ја повлече трасата на новата граница согласно горните одредби. Оваа комисија ќе претседава со поделбата на подвижните имоти и капитал што досега биле заеднички имот на окрузите, општините или на здруженијата на жителите, а се разделени со новата граница. Во случај да не се постигне договор за трасата и за мерките за извршување, двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат на трета пријателска влада со молба да се определи арбитар чија што одлука за спорните прашања ќе се смета за дефинитивна.

Чл. 4

Прашањата што се однесуваат на старата српско-бугарска граница ќе бидат уредени согласно постигнатиот договор меѓу двете високи договорни страни и утврдени во протоколот придодаден кон овој член.

Чл. 5

Границата меѓу Кралстово Грција и Кралството Бугарија ќе оди по трасата согласно записникот од воените делегати со дополнителниот протокол бр. 9 од 25 јули 1913 година на Букурешката конференција, како следува:
Граничната линија ќе поаѓа од новата бугарско-српска граница на сртот на планината Беласица и ќе излезе на устието на реката Места во Егејското Море. Помеѓу овие две точки, граничната линија ќе оди по трасата одбележена на картата 1:200.000 на австро-унгарскиот Генералштаб, а според описот придодаден кон овој член.
На мешовитата комисија составена од претставниците на двете високи договорни страни во еднаков број на едните и другите, ќе и биде ставено во задача да ја повлече трасата на новата граница согласно горните одредби, во рок од 15 дена од потпишувањето на овој Договор,.
Оваа комисија ќе претседава со поделбата на подвижните имоти и капитал што досега биле заеднички имот на окрузите, општините или на здруженијата на жителите, а се разделени со новата граница. Во случај да не се постигне договор за трасата и за мерките за извршување, двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат на трета пријателска влада со молба да се определи арбитар чија што одлука за спорните прашања ќе се смета за дефинитивна.
Категорично е договорено дека Бугарија уште отсега се откажува од било какви претензии на островот Крит.

Чл. 6

За потпишувањето на овој договор веднаш ќе бидат известени врховните команданти на респективните армии. По добивањето на извештајот, наредниот ден, Владата на Бугарија ќе биде должна својата армија да ја преведе во мирновременска положба. Единиците ќе ги упати во нивните гарнизони каде што ќе се пристапи кон распуштање, во најкус рок, на резервниот состав за нивно заминување во своите домови.
Единиците чии што гарнизони се во окупационата зона на една од високите договорни страни, ќе бидат упатени во некое друго место на старата бугарска територија, а ќе можат да се вратат во своите постојани гарнизони дури по евакуцијата на окупационите зони за кои стана збор погоре.

Чл. 7

Евакуацијата на окупираните територии, старите и новите, ќе започне веднаш по демобилизацијата на бугарскјата армија и ќе биде завршена најдоцна за 15 дена.
За сето ова време за романската демаркациона војска демаркационата зона ќе биде одбележана со линијата: Шиштов - Ловча - Турски - Извор - Глозен - Златица - Мирково - Араба - Конак - Орханија - Мездра - Враца - Берковица - Лом - Дунав.

Чл. 8

За време на окупацијата окупационите војски ќе имаат право да спроведуваат реквизизија со плаќање во готови пари. На тие територии ќе можат слободно да ја користат железницата за пренос на единици за снабдување од секаков вид, без право на месните власти да им се даде надоместок.
Болните и ранетите на тие територии ќе бидат под заштита на тие војски.

Чл. 9

По размена на ратификациите на овој договор, колку е можно побргу ќе се изврши размена на заробениците. Владите на високите договорни страни ќе поднесат едната на другата што побргу, по предавањето на заробениците, сметка за директните трошоци што ги имале за згрижување и издршка на заробениците од денот на заробувањето или предавањето до денот на смртта или враќањето. Од износот што Бугарија би го должела на некоја од владите на високите договорни страни, ќе се одбие износот што таа би го должела на Бугарија, а разликата ќе биде платена на владата доверителка што побргу по размената на споменатите сметки за издатоците.

Чл. 10

Овој договор ќе биде ратификуван и ратификациите ќе бидат разменети во Букурешт, во рок од 15 дена или порано ако тоа биде можно.

Во потврда на тоа полномошинците го потпишаа и на истиот ги ставија своите печати.

Во Букурешт, на 28-от ден од месец јули (10-тиот ден од месец август) 1913 година.

Потписници:

За Романија:Т. Мајореску,
Ал. Маргиломан,
Таке Јонеску,
К.Г Дисеску,
генерал аѓутант Коанда,
полковник К. Кристеску

За Бугарија:
Д. Тончев,
Генерал Фичев,
др. С. Иванчов,
С. Радев,
потполковник Станчов

За Грција:

Е. К. Венизелос,
Д. Панас,
Н. Политис,
капатан Е. Егзодактилос,
капетан Пали

За Црна Гора
Генерал сердар Ј. Вукотиќ,
Јован Матановиќ

За Србија:
Ник. П. Пашиќ
М. Г. Ристиќ,
М. Спалајковиќ,
полковник Смиљаниќ,
потполковник Д. Калафатовиќ

АНТИДЕМОКРАТСКИОТ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР

Факсимил од првата страница на АНТИДЕМОКРАТСКИОТ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР


На 9 август 1913 година, Букурешката конференција на својата пленарна седница го усвоила текстот на договорот за мир.

Србија ги добила вардарскиот дел на Македонија, Косово, дел од Метохија и дел од Санџак. Со тоа била зголемена за 39.000 km2 и 1.290.000 жители. Црна Гора ја добила територијата Васоевиќи, дел од Метохија и дел од Санџак. Таа се зголемила за 7.000 km2 и за околу 260.000 жители.

Грција ги добила Северен Епир, егејскиот дел на Македонија, дел од западна Тракија, Халкидичкиот Полуостров со Солун и бројни острови во Егејското Море. Со тоа се зголемила за 51.300 km2 и за 1.624.000 жители. Бугарија го добила Пиринскиот дел на Македонија, Струмица со околијата и дел од западна и источна Тракија. Таа се зголемила за 21.000 km2 и со околу 600.000 жители. Излез на Егејското Море Бугарија добила од сливот на Места до сливот на Марица со пристаништето Дедеагач.

Граници на Македонија по Букурешкиот договор

Територијата на Македонија до Балканските војни го претставувала централниот и најзначајниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак и Рила. Западните граници се протегале преку планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот на реката Места. Во рамките на овие географски граници, Македонија зафаќала површина од 67.741,2 km2.
 
Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на тој начин:

Егејскиот дел, со површина од 34.356 km2 го окупирала Грција,
Вардарскиот дел со површина од 25.342 km2 го окупирала Србија,
Пиринскиот дел со 6.798 km2 ја окупирала Бугарија и
Јужниот брег од Охридското езеро - Мала Преспа со 1.115 km2 и биле доделени на Албанија.
Новата бугарско-српска граница започнувала од врвот на Патарица и одела по линијата на старата бугарско-турска граница до Диздарица, потоа одела по вододелницата меѓу Вардар и Струма минувајќи преку Луловиот Врв, кота 1297, Обел, Пољазни, кота 1458, кота 1495, кота 1415, Понорица, Кадиица, кота 1900, кота 1453, Чингино Кале, сртот Клепало, кота 1530, сртот на Малеш Планина (1445), тука свртува на запад кон котите 1515 и 1300, поминува преку сртот Драгнев-даг, Кади Мезар Тепе, Кале Тепе, ја поминува Новичанската Река јужно од село Рајанци, поминува меѓу селата Ословци и Сушево, па преку реката Струмешница меѓу Радичево и Владевци и се качува кон котата 850, а потоа по вододелницата на Вардар и Струма преку котите 957, 571, 750, 895, 850 по сртот на Беласица се спојува со бугарско-грчката граница.


БУКУРЕШКИ ДОГОВОР: ИМАЛ ЦЕЛ И ДА ЈА УНИШТИ СВЕСТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА НЕГОВА НАЦИОНАЛНА ПОСЕБНОСТ
Овој Договор во целост имал антимакедонски, антитурски, антиавстроунгарски и антиромански насоки, односно по сè бил антидемократски.


Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на Балканските земји.

Веднаш потоа започнало асимилирање на Македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војна македонското име не се споменувало, иако војната главно се водела во Македонија, Според извештаите, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе.

Поделбата на Македонија 1913 година со Букурешкиот договор

Букурешки договор, 1913

Букурешкиот договор од 10 август 1913 година бил договор потпишан помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна.
Во оваа војна Бугарија била принудена на отстапки, бидејќи била притисната од другите завојувани страни. Имено Кралството Романија со својата војска вршело постојан притисок од север. Здружените војски на Србија и Грција напаѓале од запад. А Отоманската војска вршела напади од исток.
Со овој договор исто така била извршена повторна поделба на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 km2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 km2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 km2 и бил даден на Бугарија а Албанија добила 1.115 km2 во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 8000 km2 со 303.000 жители. Од страна на Бугариjа договорот бил потпишан од Симеон Радев од Ресен, водечки бугарски дипломат.

Македонско гледиште за решавање на Македонското прашање:

На 1 март 1913 година, седум месеци пред потпишувањето на договорот, претставниците на Македонската колонија во Петроград, Георги Константиновиќ, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков потпишале меморандум за независност на Македонија и му го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Едвард Греј, и на амбасадорите на големите сили во Лондон. Со меморандумот Димитрија Чуповски изработил и карта на Македонија во колор со сите специфичности што аргументирано ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија. Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на било какво чувство за реалност и за Македонскиот народ, големите сили судбината на Македонија ја оставиле да ја решат завојуваните Балкански држави.

Македонија поделена

Македонија поделена


Македонија во Втората балканска војна

Меѓусојузничката балканска војна — Втора балканска војна, започнала на 17 јуни 1913 година, меѓу Србија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција од една страна и Бугарија од друга.
Македонија по завршувањето на Првата балканска војна
Најголемиот товар и најбројните жртви во Балканските војни ги поднел македонскиот народ. Македонскиот народ на различни начини и во разни вооружени формации учествувал во војните, самостојно или во составот на бугарската, на српската или на грчката војска. Силната пропаганда на соседните држави дека војната против турската војска имала за цел ослободување на христијанското население од петвековното османлиско владеење и големата омраза против султановиот режим била мотив македонскиот народ да се вклучи во таа војна.
По завршувањето на Првата балканска војна, односно по Битолската битка, кога еден полк на српската војска влегол во Охрид, во кој веќе три дена функционирала месната власт воспоставена со помош на македонските чети, при обидот да се воспостави српска власт, остро се спротивставил војводата Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО. Во таа расправија, командантот на српскиот полк се пофалил дека според Српско-бугарската спогодба од 13 март во 1912 година, Македонија е поделена меѓу Србија и Бугарија и според тоа во Охрид треба да се воспостави српска власт.
Сличното чувство го доживеал и Јане Сандански, кога во Солун бугарските офицери му се заканиле дека за зборовите автономија за Македонија јазици ќе сечат. Немањето единствена национална и политичка програма и меѓусебната недоверба, биле најголема пречка за обединување на разединетите и спротивставени сили во македонското револуционерно движење непосредно пред Балканските војни. По завршувањето на Првата балканска војна, на ВМРО и на Јане Сандански им станало јасно дека нивните меѓусебни кавги оделе во полза на соседите и дека токму тие ја пропуштиле можноста да се обединат и да го предводат народот во борбата за ослободување и за создавање самостојна држава Македонија.
Во Првата балканска војна учествувале околу 100.000 Македонци, не земајќи ја предвид помошта од целото население што им ја укажувало на сојузниците. Можеби оваа бројка е преголема, но ако се знае дека постоеле самоформирани македонски единици, како што биле оние на Јане Сандански, четите на ВМРО, четите на МВК, Доброволниот полк, Ополченските дружини, Српските месни одреди и чети, селските чети, месната милиција, четите и дружините формирани од македонската емиграција и сите други Македонци мобилизирани самоволно или насилно во српската, бугарската и грчката војска, тогаш бројката од 100.000 луѓе веројатно ќе биде надмината.
Се смета дека во Првата балканска војна загинале неколку десетици илјади Македонци, а неколку стотици илјади Македонци емигрирале од Македонија поради теророт што го доживувале и од турската и од ослободителните војски. Општата политичка положба во освоените земји не станала подобра, туку полоша, отколку под Турците.
Ревизија на договорите:

Бугарија не се сметала обврзана да направи територијални отстапки во Македонија по повлекувањето на српската војска од Албанија, поради тоа што Србија тоа го направила по одлука на големите сили, а не во спогодба со Бугарија. Според бугарското гледање на договорените обврски, Србија била должна да испрати помош кај Одрин. Тогаш дошло и до различни гледања на таканаречената спорна зона ( Српско-бугарска спогодба).
За Бугарија таа зафаќала дел од Македонија, што според договорот требало да и се отстапи на Србија, а Србите за спорна зона ја сметале цела Македонија.



Во Бугарија, покрај веќе ангажираното македонско население кое во Првата балканска војна се борело во состав на бугарската војска, непосредно пред Втората балканска војна во новоослободените земји, односно во Македонија, била извршена мобилизација на младинците од 20 до 26-годишна возраст, од кои биле формирани Серската, Драмската и Одринската бригада. Бројната состојба на новомобилизираните младинци изнесувала 40.000 души. Од нив биле формирани 12 и 13 пешадиска дивизија и една самостојна бригада. Во секој новоформиран полк имало по еден баталјон искусни борци од Првата балканска војна.

Присилна мобилизација во српската војска:


Причината за формирањето на Доброволниот полк е отфрлувањето на Српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година, со која била договорена поделбата на Македонија на спорна и неспорна зона, како и воспоставувањето нови граници. Со создавањето на државата Албанија, на Србија и бил оневозможен излез на Јадранското Море, па таа барала можност да се прошири на територијата на Македонија и да излезе на Егејското Море.
Масовната мобилизација на македонското население во бугарската војска и префрлувањето на македонските доброволни дружини (баталјони) од Тракискиот на Македонскиот фронт биле силен мотив српската влада на окупираната територија на Македонија да изврши присилна мобилизација. На тој начин биле формирани четири таканаречени крстосувачки одделенија, под команда на командантот на граничните единици. Од овие одделенија, две дејствувале на левата страна на реката Вардар, а две од десната страна, меѓу Кавадарци и Гевгелија. Последниве две крстосувачки одделенија го формирале Вардарскиот одред, со кој командувал Василие Трбиќ. Во реонот на Кратово-Овче Поле-Кочани бил формиран Крстосувачкиот одред на Јован Бабунски.

Слично како бугарската, и српската влада ги мобилизирала Македонците од својата окупациона зона и ги концентрирала во првите редови. На тој начин, Македонците се нашле во првите редови на српската и на бугарската војска, а тие војувале за поделбата на Македонија. Со оглед на тоа што според Хашките конвенции окупаторите немале право да го мобилизираат окупираното население, македонските единици биле наречени Доброволен полк, односно Ополченски дружини. Присилната мобилизација била спроведувана под изговор за запишување на доброволци.


Во борба Македонци против Македонци

Учествувајќи во првите борбени редови на завојуваните страни, Македонците меѓусебно се биеле во полза на бугарските и на српските команди на позициите на Осоговските Планини, во битката на Брегалница и на многу други места.

На фронтот на 1 српска армија биле спротивставени единиците на Македонско-одринското ополчение (ок. 14 000). Бугарските единици ја поминале Злетовската Река, ги одбиле претстражните одреди на Шумадиската од првиот и на Моравската од вториот повик и во текот на денот ја зазеле линијата село Дренак-Кала (кота 798). За тоа време, Шумадиската прва ги запоседнала позициите: село Барбарево-Горни Стубел-Црни Врв, а Моравската дивизија од вториот повик: Пониква-село Близнаци-Мушково. На Осоговските Планини, третиот баталјон на Македонско-одринското ополчение ги зазел Ретки Буки. Во меѓувреме, бугарската Врховна команда решила битката да се засили во правецот на третата. српска армија, а не на порано утврдените позиции на Светиниколската Река.

Поради тоа, српската Врховна команда наредила: првата. српска армија да премине во напад во правецот на Рајчански Рид-Кочани, обезбедувајќи ја левата страна кон Ќустендил; третата. армија да остане во одбрана на достигнатите позиции, а во противнапад да помине кога првата. армија ќе ги започне дејствата. Црногорската дивизија да се префрли од Скопје во Куманово, а Шумадиската дивизија од првиот повик да се упати како засилување на третата. армија.


Во борба Македонци против Македонци

Учествувајќи во првите борбени редови на завојуваните страни, Македонците меѓусебно се биеле во полза на бугарските и на српските команди на позициите на Осоговските Планини, во битката на Брегалница и на многу други места.

На фронтот на 1 српска армија биле спротивставени единиците на Македонско-одринското ополчение (ок. 14 000). Бугарските единици ја поминале Злетовската Река, ги одбиле претстражните одреди на Шумадиската од првиот и на Моравската од вториот повик и во текот на денот ја зазеле линијата село Дренак-Кала (кота 798). За тоа време, Шумадиската прва ги запоседнала позициите: село Барбарево-Горни Стубел-Црни Врв, а Моравската дивизија од вториот повик: Пониква-село Близнаци-Мушково. На Осоговските Планини, третиот баталјон на Македонско-одринското ополчение ги зазел Ретки Буки. Во меѓувреме, бугарската Врховна команда решила битката да се засили во правецот на третата. српска армија, а не на порано утврдените позиции на Светиниколската Река.

Поради тоа, српската Врховна команда наредила: првата. српска армија да премине во напад во правецот на Рајчански Рид-Кочани, обезбедувајќи ја левата страна кон Ќустендил; третата. армија да остане во одбрана на достигнатите позиции, а во противнапад да помине кога првата. армија ќе ги започне дејствата. Црногорската дивизија да се префрли од Скопје во Куманово, а Шумадиската дивизија од првиот повик да се упати како засилување на третата. армија.


Во борба Македонци против Македонци

Учествувајќи во првите борбени редови на завојуваните страни, Македонците меѓусебно се биеле во полза на бугарските и на српските команди на позициите на Осоговските Планини, во битката на Брегалница и на многу други места.

На фронтот на 1 српска армија биле спротивставени единиците на Македонско-одринското ополчение (ок. 14 000). Бугарските единици ја поминале Злетовската Река, ги одбиле претстражните одреди на Шумадиската од првиот и на Моравската од вториот повик и во текот на денот ја зазеле линијата село Дренак-Кала (кота 798). За тоа време, Шумадиската прва ги запоседнала позициите: село Барбарево-Горни Стубел-Црни Врв, а Моравската дивизија од вториот повик: Пониква-село Близнаци-Мушково. На Осоговските Планини, третиот баталјон на Македонско-одринското ополчение ги зазел Ретки Буки. Во меѓувреме, бугарската Врховна команда решила битката да се засили во правецот на третата. српска армија, а не на порано утврдените позиции на Светиниколската Река.

Поради тоа, српската Врховна команда наредила: првата. српска армија да премине во напад во правецот на Рајчански Рид-Кочани, обезбедувајќи ја левата страна кон Ќустендил; третата. армија да остане во одбрана на достигнатите позиции, а во противнапад да помине кога првата. армија ќе ги започне дејствата. Црногорската дивизија да се префрли од Скопје во Куманово, а Шумадиската дивизија од првиот повик да се упати како засилување на третата. армија.



Самоуништувачка војна

Во текот на Втората балканска војна, во армиите на двете завојувани страни, покрај масовните дезертерства, имало и бунтови во одредени единици. Особено незадоволство поради меѓусојузничката војна покажало македонското население кое се наоѓало главно во првите борбени редови на двете завојувани страни, водејќи самоуништувачка борба во корист на сопствените окупатори. За време на битката на Брегалница избувнале повеќе бунтови во четвртата. бугарска армија, а во српската трета. армија имало масовни дезертерства.
На некои делови на фронтовската линија биле забележани и братимења меѓу српската и бугарската војска. Се работи за Македонци кои се познавале од порано и кои ги сфатиле целите на војната, па не сакале да учествуваат во борбата за распарчување на сопствената татковина. Во 22 полк на 7. Рилска дивизија, што дејствувал на правецот кон Солун, избувнала побуна затоа што во времето на првото примирје бил префрлен во Источна Тракија. Околу 70 војници не сакале да заминат од Македонија, по што биле тепани со стапови. Појавата на колерата на Македонскиот фронт, исто така, предизвикала масовни дезертерства.
Во битката на Брегалница, загубите биле мошне големи и на двете страни. Во српската војска имало 16.200 мртви и ранети, од кои 11.350 во третата. армија.
Во бугарската војска имало 25.000 загинати. Само на српската страна имало околу 5.000 кои умреле од колера. Во бугарската војска од колера умреле многу повеќе луѓе, со оглед на тоа дека таа болест била пренесена од борбата против Турците во Тракија. Македонското население на двете страни на фронтот, исто така било, заразено од колерата. Освен тоа, многу села биле опожарени, храната однесена, недостасувала облека, па се водело грижа само за гол опстанок.
По битката на Брегалница, дејствата во Македонија се претвориле во исцрпувачка рововска војна. Меѓусебното исцрпување траело до 31 јули 1913 година, кога било потпишано примирјето, кога балканските војни официјално завршиле.
Големите сили решиле да ја прекинат Втората балканска војна, особено поради злосторствата што сите војски ги вршеле врз недолжното македонско население.-И натаму поединечни и здружени меѓусебни воени судрувања
Борбата за територии во Македонија се водела со сите сили и средства и во сите области. По повлекувањето на турските сили, српската, грчката и бугарската војска ја распуштале во меѓувреме воспоставената месна власт и воспоставиле свои органи на власта. Како претставници на своите држави, тие го принудиле македонското население да се прикажува како да е од иста националност со органите што ја воспоставиле власта и како такви да испраќаат писма, анкети и апели, оти наводно сакале нивниот град и околијата да бидат присоединети кон соодветната држава.
На пример, селаните од Негорци, Гевгелиско, во текот на една недела трипати ја менувале својата национална и државна припадност. Тие биле принудени да испратат телеграма до бугарскиот цар Фердинанд дека се Бугари и дека бараат тој да ги присоедини кон Бугарија. Откако се повлекла бугарската, дошла грчката власт, па следела телеграма до грчкиот крал Ѓорги и на крајот била испратена телеграма со соодветна содржина до српскиот крал Петар.

Македонија поделена на окупациски зони од соседните држави

Македонија поделена на окупациски зони од соседните држави

Српската окупациска власт:

Српската влада започнала да ги остварува политичките цели веднаш по победите во првите битки. По Кумановската битка, на освоената територија бил воспоставен режим на специјална управа. На 12 октомври 1912 година, штабот на првата. армија се обратил до Врховната команда со молба што е можно побрзо во Куманово да се испрати еден полициски комесар со потребен број службеници за одржување на редот во градот и во околијата.
Покрај тоа, се барало, на овој комесар да му се испрати на служба еден жандармериски одред од 25 души и 10 коњаници со командир на одредот. Во истата молба се барало и, во случај српските сили да го заземат Скопје, исто така, да се испрати еден полициски комесар со потребен број службеници и поголема полициска жандармерија, кои на барање на овој штаб ќе се упатат веднаш во Скопје. Следниот ден, странските конзули предводени од рускиот конзул Хартвиг го спречиле повлекувањето на турските сили во Скопје, по што тие се повлекле кон Битола, а градот Скопје и бил предаден на српската војска. Веднаш по преземањето на градот, била воспоставена српска воена привремена администрација.



Административно уредување:

Српската државно-административна власт во Македонија била под Управата на цивилниот комесар на кралската влада при Врховната команда на српската војска, односно инспекторот на нејзиното Полициско одделение Милорад Вуичиќ, кој му бил директно потчинет на началникот на Штабот на Врховната команда, војводата Радомир Путник и индиректно на Владата, односно на ресорните министри. Првите акти на таа управа биле наредби, а власта била воспоставена со Привремената уредба за уредување на власта во новоосвоените земји. Оваа уредба била донесена на 14 декември 1912 година, а во сила останала до воведувањето на новата Уредба за воспоставување на власта на ослободените територии од 18 август 1913 година, што била формално укината со Кралскиот указ од 20 ноември 1913 година, со што било извршено присоединување на Вардарска Македонија кон Кралството Србија. Со тоа се сметало дека Македонија ја добила својата национална управа.
Наведениве акти имале воено-полициски карактер, каков што всушност бил и српскиот режим во Македонија. За одржување на редот биле формирани жандармериски и полициски единици. Според инструкциите, секој окружен началник требало да има еден жандармериски одред од 20 души, а околиските началници одреди од по 30 души. Во почетокот, жандармеријата имала околу 1.000 души, од кои 600 биле од старите краеви на Србија, а 400 од лојалните граѓани од новоосвоените земји.
Полициските сили биле задолжени да одржуваат постојана врска со воените команданти по местата. При недостиг на полициски и на жандармериски сили, окружните и околиските началници имале право да се обратат за помош до воените команданти. Во исто време била извршена и паричната реформа, со што наместо турските биле воведени српски пари. Една турска лира се проценувала на 22,60 златни динари, една четвртина сребрена меџидија на 1 динар, 1 грош на 20 пари и 1 металик на 5 пари. По донесувањето на уредбите и соодветните наредби, била организирана власта. Кандидатите за најодговорните места биле доведувани од Србија, а потоа биле избирани поранешните учители, свештеници и други агенти на српската пропаганда и оние од српските чети кои во Македонија дејствувале до Балканските војни.
Првата привремена административно-територија​ лна структура на новоосвоените територии била изработена на 15 октомври 1912 година. Проектот го подготвиле претседателот на владата Никола Пашиќ, полицискиот комесар Милорад Вуичиќ и други министри. Со овој документ бил согласен и генералот Радомир Путник, односно Врховната команда. Документот не ги опфаќал само освоените, туку и оние територии што биле во план да се освојат. Се предвидувало создавање осум окрузи со 28 околии.
Од овие, три округа со 11 околии се во Косово, еден округ со четири околии во Албанија и четири округа со 13 околии во Македонија. Овој проект во Македонија ги опфаќал: Кумановскиот округ со Кумановската, Прешевската, Кратовската и Кривопаланечката околија; Скопскиот округ со Скопската, Качаничката и со Велешката околија; Тетовскиот округ со Бродската, Гостиварската, Горнополошката (со центар во Кичево), и Долнополошката (Тетово) околија; Дебарскиот округ со Дебарската и со Радомирската околија. Од наведениве две околии (Качаничката и Радомирската) не припаѓаат во етничките граници на Македонија, туку на Косово и на Албанија.
Оваа територијална поделба била соодветна со достигнатата етапа на воените освојувања. Таа граница речиси се поклопува со границата во тајниот анекс на Српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година. Меѓутоа, со воените освојувања растеле и апетитите на српската Врховна команда, па се проширувале и интересите во Македонија. По победата во Битолската битка и со навлегувањето на српската војска во Западна Македонија и во Средното Повардарје, биле создадени два нови округа Битолскиот и Неготинскиот, што подоцна бил преименуван во Кавадарски.
Во почетокот на 1913 година, административно-територија​ лната структура на српскиот окупациски систем била организирана во шест округа: Кумановски, Скопски, Дебарски, Тетовски, Битолски и Неготински (Кавадарски) и во 23 околии. Во составот на Битолскиот округ влегувала и Леринската околија, што била ослободена од страна на македонските чети, а потоа преземена од српската војска.
Меѓутоа, на 3 јуни 1913 година со спогодбата за одредување на демаркационата линија меѓу српската и грчката војска, што всушност ја претставува идната српско-грчка граница (и денешната јужна граница на Република Македонија), на Грција и биле предадени 132 села, од кои во Гевгелиската околија осум села, во Леринската 20, во Битолската седум, во Преспанската 38 и во Охридската околија 59 села. Од Леринската околија останале четири села: Бач, Добровени, Долни и Горни Кремен, кои биле приклучени кон Битолската околија, поради што била укината Леринската околија.
 
Бугарската воено-административна власт во Македонија:

Бугарските воени сили до примирјето на 4 декември 1912 година, ја зазеле и се утврдиле на територијата на Македонија источно од линијата: Царев Врв - Гевгелија-Нигрита-Орфански​ Залив-Егејско Море. Во оваа област била воспоставена воено-политичка власт на чело со губернатор. Оваа територија окупирана од бугарската војска официјално била наречена Македонска област, што административно била уредена според системот на управата на бугарската држава. Меѓутоа, фактички во оваа област била воспоставена воено-полициска власт и била наречена Македонско воено губернаторство на чело со губернаторот генералот Михаил В'лков и главниот секретар Михаил Зелков.
Воспоставувањето на бугарската воено-административна власт во Македонија започнало веднаш по освојувањето на населените места и реони. На 10 октомври 1912 година, началникот на 7. Рилска дивизија, генерал-мајорот Георги Тодоров, издал специјална наредба со која се утврдувале значењето и улогата на новосоздадените административни органи во новоосвоените области. За таа должност уште истиот месец се испраќале луѓе од старите краеви на Бугарија.



Административно уредување:

Со наредба од 2 декември, а која стапила на сила на 7 декември 1912 година било формирано Македонско воено губернаторство. Тоа веднаш било организирано во четири окрузи: Серскиот, Драмскиот, Штипскиот и Солунскиот, кој од 12 декември 1912 година бил преименуван во Кукушки. Окрузите биле поделени на околии, чии граници се поклопувале со турските кази. Драмскиот округ ги вклучувал Драмската, Кавалската, Правишката, Саршабанската и Рупчоската околија. Серскиот округ ги вклучувал Серската, Зилјаховската, Нигритската, Демирхисарската, Петричката, Мелничката, Горноџумајската, (Благоевградската), Разлошката и Неврокопската (Гоцеделчевската) околија. Солунскиот (Кукушкиот) округ се состоел од Солунската, Лагадинската, Кукушката, Дојранската и Гевгелиската околија, и Штипскиот округ ги вклучувал Штипската, Кочанската, Пехчевската, Радовишката и Струмичката околија.
За окружни управници биле доведувани луѓе од Бугарија или биле поставувани лица кои од порано ја спроведувале бугарската пропаганда. Во почетокот на 1913 година генералот В'лков формирал комисија во состав: д-р Богдан Филов и проф. Атанас Иширков, што ќе ги посети македонските градови и села за да се запознае со културните и со историските знаменитости. Потоа, голем дел од овие мошне значајни експонати од македонската историја се пренесени во Бугарија.
Со оглед на бројните спорни прашања, во февруари 1913 година била формирана мешана бугарско-грчка, а нешто подоцна и бугарско-српска комисија за да се решат особено територијалните прашања. Тие комисии не успеале да се договорат поради стремежите на сите три војски да заземат поголеми делови од Македонија. Во Солун на 24 февруари во 1913 година бил одржан таен состанок меѓу Грција и Србија, на кој била постигната спогодба за поделба на Македонија и за заедничко настапување против Бугарија.
Тоа претставувало крај на нивното лојално однесување кон Бугарија. По тој состанок започнале непријателствата кон Бугарија. Од своја страна, бугарската Врховна команда го започнала предислоцирањето на бугарската војска од Тракија во Македонија. Прво било префрлено Македонско-одринското ополчение од тракиското на македонското боиште со цел да се бори против српската и против грчката војска, против поделбата на Македонија и за нејзино целосно присоединување кон Бугарија, надевајќи се дека од неа ќе ја добие ветената автономија на Македонија.
 
Грчката окупациска власт:

Грчката воено-административна власт во Македонија била воспоставувана на истите принципи како бугарската и српската. Правото на силата бил единствениот фактор што одлучувал чија власт ќе се воспостави во кој дел од Македонија. Потчинувајќи ја својата воена стратегија целосно на политичките цели, грчката Врховна команда им наредила на своите вооружени сили што побрзо да влезат во Солун и таму да воспостават своја власт, со оглед на тоа дека Јужна Македонија веќе била окупирана од грчката војска уште во почетокот на војната, односно до првите денови на ноември 1912 година. Грчката воено-административна власт му била потчинета на Главниот штаб на грчката војска, кој се стационирал во Солун. На чело на штабот бил престолонаследникот Константин, кој ја вршел и функцијата врховен управник на окупираната област.
Локалната власт ја претставувале командантите на гарнизонските и на помалите единици стационирани во градовите и во селата. Во Солун постоела фиктивна окружна управа на чело со П. Артиропулос. Таквото уредување на грчката окупаторска власт се задржало до крајот на октомври, а на 31 октомври 1912 година, грчкиот крал Ѓорѓи на предлог на претседателот на владата Елефтериос Венизелос го поставил министерот за правда Константин Рактиван за врховен раководител и управник-гувернер во Македонија, која била заземена од грчката војска.
Истовремено, со специјалниот брод Аркадија, од Пиреја кон Солун била упатена новоформираната грчка управа засилена со десетина конзулски службеници и со 168 критски жандарми на чело со потполковникот А. Момфератон. Солунското пристаниште било ставено под француско знаме и затворено за грчките бродови. Со турските и со другите бродови во солунското пристаниште командувал францускиот конзул. Поради тоа, Рактиван со бродот Аркадија, како и со други бројни бродови, меѓу кои и бродот на кралицата, бил присилен да се укотви во малото пристаниште Елефтерхорион.
Рактиван се обидел на разни начини и по обиколни патишта да влезе во Солун, но откако бил оневозможен, претседателот на владата Венизелос го известил во Солун да влезе со моторен брод под француско знаме. Под француска заштита, на 30 октомври 1912 година Рактиван пристигнал во Солун. Веднаш, со помош на англискиот конзул било овозможено влегувањето на грчките бродови во Солун, односно воспоставување на административниот апарат и ангажирање на критската жандармерија, што била позната по своето антимакедонско расположение и по свирепоста во извршувањето на задачите.



Административно уредување:

Со Указот од 31 октомври 1912 година, кралот Ѓорѓи го ослободил престолонаследникот Константин од врховното управување, а за гувернер во Македонија го поставил Рактиван, кој веднаш ја објавил својата Прокламација до населението на територијата заземена од грчката војска, со што ја објавил својата врховна власт во Македонија. Територијалната поделба била извршена на три окрузи: Солунски, Берски и Серски, со вкупно 18 околии. Главните раководители на окрузите и на околиите биле доведени од Грција, а пониските службеници биле поставени од месното патријаршиско население, односно биле задржани поранешните службеници на казите. Нешто подоцна и тие биле заменети со Грци. Основна сила и гарант на грчкиот окупациски систем во Македонија била војската, полицијата и особено критската жандармерија.
 
Спорни територијални прашања меѓу сојузниците:

Дел од македонското население кон крајот на 1912 и во првата половина на 1913 година немало конкретни сознанија на која држава и припаѓа и каде се границите. Во Лерин и во околните села, откако биле протерани македонските чети, дошло до вооружени судири меѓу претходниците на грчката и на српската војска. Меѓутоа, нешто подоцна во Лерин навлегле една српска и четири грчки дивизии. Тие биле главен аргумент српската војска спогодбено да се повлече, а грчката војска да ја воспостави својата власт.
Во Прилеп власта ја воспоставила српската војска. Неколку селани од Витолишта и од Палчишта дошле кај командантот на градот, мајорот Михајло Ненадовиќ, да бараат објаснување на која држава им припаѓаат селата во Мариово преку Црна Река. Командантот Михајло Ненадовиќ и началникот Ж. Брајовиќ не знаеле на која држава и припаѓаат овие села, па ги препратиле селаните во Воден. Грчките власти, кои, исто така, не знаеле чии се овие села, на селаните им рекле дека се грчки и веднаш испратиле еден баталјон војници кои зазеле неколку села во Мариово и се доближиле на 10 километри до Прилеп. Српските власти веднаш ги активирале четниците на Василие Трбиќ кои ги пресретнале грчките војници и во жестока борба ги протерале преку Црна Река кон Меглен.


Состојбата во Гевгелија била мошне неизвесна. Сите три сојузнички војски српската, бугарската и грчката претендирале да воспостават своја власт. Секоја војска истакнувала дека прва влегла во градот. Поради тоа бил воспоставен специфичен тристран кондоминиум, односно тројна власт српска, бугарска и грчка. На 2 април 1913 година Гевгелиската и Дојранската околија влегле во состав на Србија.

Балканските држави 1913 година

Балканските држави 1913 година


На 30 мај 1913 година, Отоманската империја го потпишала мировниот договор во Лондон, според кој се откажала од териториите западно од линијата Енез-Мидија во корист на балканските сојузници, со тоа што било одлучено да се создаде албанска држава, чии граници требало да се утврдат дополнително. Загубите во загинати, ранети и заробени изнесувале: Отоманска Империја 153.000, Царство Бугариjа 73.000, Кралство Србија 30.000, Кралство Грција 28.671 и Кралство Црна Гора 10.000 луѓе.
Материјалните загуби на Царството Бугариjа изнесувале една милијарда и 300 милиони франци, на Кралството Србија 590 милиони, на Кралството Грција 467 милиони и на Кралството Црна Гора околу 100.000 франци. Загубите на Македонија, човечки и материјални, не се наведуваат, ниту во еден извор, иако војната се водела и во Македонија, а од глад и болест умирале најмногу деца и стари. Македонија загубила сé што имала: територијата распарчена, народ и имотот национализирани, историјата погребана, и затоа Сандански рекол дека за Македонија ќе било подобро да остане под турско ропство, оти тие што ќе ја ослободат, ќе ја распарчат и повторно ќе ја поробат.
Окупациски режими во Македонија по Првата балканска војна:
Сојузниците во Првата балканска војна како што ги ослободувале македонските територии, така веднаш почнале да работат и на воспоставување своја власт врз нив. Македонското население се до првата половина на 1913 година не знаело на која држава и припаѓа и каде се границите.

Македонско-одрински одред

Воjници од Македонско-одринскиот одред

Македонско-одринското ополчение , била македонска доброволна воена формација формирана од македонската имиграција од Бугарија за време на Балканските војни.
Генералот Иван Фичев, со наредба од 26 септември 1912 година сите македонски чети и одреди формациски ги вклучил во составот на Македонско-одринското ополчение. Со тоа македонските и одринските одреди и чети станале дел од бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура - одделенија, водови, чети. Со истата наредба, Штабот на партизанските одреди бил преименуван во Штаб на ополченските дружини, односно во Штаб на доброволни баталјони. За главен командант на Штабот е поставен генерал-мајор Никола Генев. Негов помошник е потполковник Александар Протогеров, а мајорот Петар Дрвингов е поставен за началник на Штабот. До 26 септември во 1912 година, Штабот на доброволните баталјони располагал со 6.500 доброволци и само со шест офицери.
Формацијата на доброволните баталјони ја изработил Дрвингов. Бројната состојба на баталјонот требало да изнесува 1.079 лица. Во еден баталјон имало четири чети од по 215 луѓе, една неборбена чета и органи за опслужување. Борбените чети се состоеле од четири вода по 49 луѓе и органи за опслужување. Водот се состоел од шест одделенија со по осум луѓе. До крајот на септември во 1912 година, од македонската емиграција биле формирани пет баталјони: Дебарски, Скопски, Битолски, Охридски и Солунски. Од вкупниот број на формираните чети во Бугарија при крајот на септември во 1912 година, во Македонија биле префрлени 52 партизански чети, од кои 17 во Битолскиот округ, полковник Стефан Николов, на втората потполковник Антон Пчеларов и на третата бригада потполковник Александар Протогеров. Во целост, Македонско-одринското ополчение се состоело од штаб, од три бригади од по четири баталјони, музика, воена болница, интендантска чета, огненострелачки парк, снабдувачки транспорт и инженерско-технички дел.
Вкупната бројна состојба на Македонско-одринското ополчение во пролетта 1913 година изнесувала 14.670 луѓе, од кои 11.470 од Македонија, 1.215 од Одринска Тракија и 2.512 од Царство Бугарија. По добивањето оружје од бугарската армија, Македонско-одринското ополчение веднаш бил префрлен на фронтот во Тракија. На Тракискиот фронт Штабот на Македонско-одринското ополчение бил распуштен, а бригадите препотчинети. Првата бригада е ставена под команда на Хајреболскиот одред, втората добила задача да се концентрира југоисточно од Мустафапаша (денес Свиленград) и да настапува кон Димотика и Дедеагач. Третата бригада влегла во состав на Ѓумурџинската група, односно во Крџалискиот одред. На 7 ноември 1912 година започнале борбените дејства. Македонските доброволци, се покажале мошне борбени и успеале уште во првиот налет да ги принудат силите на Јавер-паша на повлекување, при што Турците имале бројни загуби. Во меѓувреме биле формирани уште три доброволни баталјони: Кукушкиот, Воденскиот и Штипскиот. Со нив била засилена секоја бригада со уште по еден баталјон.

Придонес на македонските доброволци

македонски доброволци

По Кумановската битка, македонските доброволни чети, селската милиција и другите вооружени формации се движеле пред претходницата на Првата. српска армија. На тој начин, ги зазеле градовите и селата неколку дена пред да пристигнат српските сили. Така, македонските сили ги ослободиле Велес, Свети Николе, Штип, Кочани и сите села во околиите. Откако претрпеле пораз кај Калиманци и Кочани, неколку илјади турски војници воделе борба со македонските доброволци за да го спречат нивниот пробив од Штип кон Криволак, штитејќи ја комуникацијата Скопје-Велес -Солун. Движејќи се пред српската војска, кај сртот Мукос на Бабуна, дошло до обединување на македонските доброволни чети со кои командувале српските војводи Воин Поповиќ-Вук, Василије Трбиќ и Јован Бабунски. На овие чети им се придружила селската милиција и бројни доброволци од околните места, со што бил создаден силен одред, кој четири дена водел борба со една турска коњаничка бригада и со еден жандармериски баталјон. Покрај тоа, македонските доброволци ја известувале српската војска за распоредот и движењето на турските сили, па на тој начин дале силен придонес во протерувањето на турската војска кон Битола. Во борбата на Мукос и Присад, од македонските доброволци загинале 30 борци, а бројот на ранетите не е познат.

Во некои српски извори пишува:
''Поробените народи на Балканот со своите вооружени акции во рамките на сојузничката војна против Турција значајно придонеле во победата на сојузниците.''


Српските, бугарските и грчките историчари го прикривале учеството на македонскиот народ во Балканските војни, неговата воена помош и успеси. Овие чети ги нарекувале српски, бугарски, односно грчки.

Кумановска битка

Српска артилерија на Кумановска битка

Во битката кај Куманово на 23 октомври 1912 година 2.000 македонски доброволци, собрани од месното население, од утринските до попладневните часови сами се бореле против турската војска на фронтот кај местото Стревице близу Младо Нагоричане. Така, го спречиле опколувањето на српската војска на која потоа и пристигнало засилување. Во таа борба меѓу Македонците загинале или биле ранети шест војводи и 200 доброволци, но позициите не ги напуштале.
Потоа, околу 10.30 часот на помош на Дунавската дивизија од првиот повик и пристигнала Дунавската дивизија од вториот повик. Дринската дивизија го продолжила настапувањето и со поддршка на артилериски оган ја принудила 17. низамска дивизија на отстапување. Околу 12.30 часот, Дринската дивизија го зазела Ѕебрњак и го продолжила настапувањето кон Големиот Рид, загрозувајќи го левото крило на 5. корпус. Со овој напад бил пробиен фронтот на турската Вардарска армија. Околу 15 часот почнале да се повлекуваат сите турски дивизии, што значело дека Кумановската битка била завршена. Таквиот исход српската Врховна команда не го знаела. Таа и понатаму претпоставувала дека главниот судир ќе се води на Овче Поле. Поради тоа, наместо да го продолжат гонењето, српските сили напредувале само до караулата Бучар Хан кај село Бучинец, на околу 15 км од Куманово кон Скопје, каде што се сместил штабот на Првата. армија и подготвувала план за опколување и освојување на Скопје.
Во исто време и командантот на коњаничката дивизија (Арсен Караѓорѓевиќ) го упатил 3. коњанички полк кон Ѕебрњак, а 2. полк кон Голубица за да ја извидат состојбата. Тие се судриле со силна турска војска и се повлекле зад позициите на Дунавската дивизија од Првиот повик. Вториот баталјон на 18. полк ненадејно поради маглата се судрил со претходницата на 17. Низамска дивизија и бил целосно разбиен. Командантот на 4. баталјон од 18. полк самоиницијативно тргнал на помош, но и тој бил разбиен од 13. низамска дивизија. Тоа создало тешка криза кај Дунавската дивизија, бидејќи на позициите јужно од Куманово, кај Страцин се наоѓал само еден баталјон од 18. полк, а против него напаѓале две турски дивизии. Меѓутоа, турските сили не ја искористиле својата надмоќ.
Зеки-паша ги прекинал натамошните напади и наредил Штипската редифска дивизија (од армиската резерва) да је премине Пчиња и да изврши опфат на левото крило на Дунавската дивизија преку Сртевица, а 7. корпус да изврши посилен демонстративен напад кон десното крило на Првата. армија. Српската команда ги насетила намерите на Зеки-паша и навреме упатила соодветни сили да ги спречат турските пробиви. Ноќта на 23-24 октомври двете страни останале на позициите близу едни до други. Додека на левото крило се воделе жестоки борби, истиот ден на десното крило коњаничкиот полк на Моравската дивизија од Првиот повик при извидувањето на правецот село Ваксинце-село Слупчани бил нападнат со силен оган од артилеријата на турскиот 7. корпус, па морал да се повлече. Поради тоа, Моравската дивизија ги зазела позициите. Таа добила наредба да остане во одбрана, меѓутоа околу 16 часот самоиницијативно извршила противнапад.

Во острата борба во долината на Којнарската река, каде што имало големи загуби на двете страни, турските сили биле присилени да се повлечат. Поради слабите врски, штабот на Првата. армија не располагал со точни информации за состојбата на фронтот. Затоа во духот на директивата на Врховната команда, штабот на Првата. армија издал заповед на 24 октомври во 6.00 часот дивизиите да го продолжат движењето, да го заземат Куманово и да избијат до линијата Булачани-Ново Село-Биљановце-Слатина, а ноќта кога добил извештај од Дунавската дивизија од првиот повик, веќе било доцна нешто да се промени. Додека штабот на Првата. српска армија воопшто не сфатил дека, всушност, започнала битката, Зеки-паша имал впечаток дека таа се развива поволно, па им наредил на корпусите да го продолжат нападот и на 24 октомври. Така завршил првиот ден на битката, во кој Турците ангажирале 50.000 луѓе и 150 топови, а Србите 26.000 луѓе и 60 топови.
На 24 октомври 1912, односно на вториот ден од Кумановската битка, српската Прва. армија тргнала во офанзива. Дринската дивизија од првиот повик го започнала настапувањето во 6.00 часот на правецот Ѕебрњак-Бизлим (Красте кота 530). Шестиот корпус се обидел да ја запре, но не успеал, па таа избила со предните делови до Биљановце и ја принудила Битолската редифска дивизија да се повлече, при што на позициите оставила 9 топа. Моравската прва. дивизија го одбила нападот на 7. корпус и веднаш преминала во противнапад во содејство со Тимочката дивизија од вториот повик. Двете дивизии го принудиле 7. турски корпус да се повлече на утврдените позиции северно од Куманово.Меѓутоа, околу 13 часот тој бил принуден и од овие позиции да се повлече кон Скопје. На левото српско крило околу 6 часот, 5. и 6. корпус ја нападнале Дунавската дивизија од првиот повик и ја довеле во тешка состојба.
Во пресудните моменти, кога 5. и 6. турски корпус ја презеле иницијативата и кога постоела реално опасност српската војска да биде разбиена, ненадејно се појавиле околу 6.000 македонски четници кои со бомби в раце и силни извикувања ја нападнале турската војска во тил. Турците избегале во паничен страв, оставајќи им ги оружјето и опремата на македонските четници. По таа силна победа на македонските четници, српската војска поминала во противофанзива. За оваа силна победа на македонските сили и придонес од стратегиско значење во конечната победа на сојузниците врз турската војска досега не пишувале ни Србите, ни Бугарите.
Во Кумановската битка на српската страна имало 723 загинати, 3.441 ранет и 603 исчезнати. Биле заробени 2.000 турски војници и запленети 61 топ, 6 митралези и големо количество муниција и друг воен материјал.

Thursday, July 28, 2011

Македонија во срспката историја за средно од 1871 год.

Македонија во срспката историја за средно од 1871 год. откриено од писателот Стеван Симски

Битолска битка

распоред,позиции и правци на дејства

Околу 110.000 Срби биле поттиснати на север и на запад од Битола наспроти 80 или 90.000 турски војници. По три дена борби, во кои загинале 12.000 Срби и 17.000 Турци, турските сили капитулирале на 18 ноември. Речиси 45.000 мажи биле заробени од страна на Србите; други 30.000 избегале во планините на македонско-албанската граница. Со ова му било ставено крај на турското владеење во Европа.
Битката кај Битола во текот на Првата балканска војна се водела од 16 до 19 ноември 1912 година. По Кумановската битка, турската Вардарска армија, повлекувајќи се кон Битола организирала заштитни боеви кај Присад и Алинци, со цел да добие време за собирање, средување и повторно комплетирање на своите единици, како и за привлекување на други трупи во својот состав. Планот на Зеки-паша бил да ја задржи првата. српска армија додека не се расчисти состојбата на Тракиското боиште. Борбениот распоред за одбрана го поставил од десниот брег на Црна Река и на реката Шемница преку Киромарица-Кочиште и Бел Камен. На таа линија биле утврдени турските позиции, а некои села биле организирани како отпорни точки. Зеки-паша дошол до погрешен заклучок дека српската војска ќе ги избегнува ридскиот и планинскиот терен и дека ќе напаѓа само долж патните правци Прилеп-Битола и Кичево-Битола.
Врз основа на таа процена го поставил следниот распоред: петтиот корпус (13. и 15. дивизија) на позициите од сливот на реката Шемница до село Кукуречани да го затвори правецот Кичево-Битола; шестиот корпус (16. и 17. дивизија) бил во резерва на просторот село Оризари, село Поешево. Предните одреди биле поставени кај село Древник, Мраморци и кај манастирот Св. Петар, а страничните одреди кај село Логоварди и кај Бел Камен. Во тоа време, два полка биле на марш од Охрид кон Битола. За Битолската битка Турците ангажирале вкупно околу 35.000 луѓе. На правецот кон Лерин била ангажирана 18. дивизија од 6. корпус.
Српската прва армија по битката кај Алинци се задржала на заземените позиции и тука ги чекала Дунавската прва и Тимочката дивизија од вториот повик. За тоа време, штабот го анализирал распоредот на турските сили, со оглед на тоа дека точните податоци ги добиле од македонските месни чети. Штабот утврдил дека главниот удар треба да се изврши на Киромарица, со што ќе се урне целата турска одбрана. На 13 ноември го започнале движењето, а на 15 ноември 1912 година го зазеле следниот распоред: Моравската дивизија од првиот повик била на падините на Дрвеник, Дринската дивизија од првиот повик во рамницата од двете страни на патот Прилеп-Битола; Дунавската прва на левиот брег на Црна Река, а Коњаничката дивизија лево од неа. Тимочката втора пристигнала на 16 ноември, била разместена зад Дринската и ја образувала армиската резерва. Моравската втора од 3. армија што и била потчинета на првата, тргнала од Кичево и се стационирала во реонот на Чагор. Српската војска ангажирала вкупно 68.000 луѓе.
Командантот на турскиот 5. корпус по повлекувањето од Прилеп ги распоредил единиците на позициите кај селото Алинци. Идејата на командантот на турската Западна војска била 5. корпус од позициите кај Алинци да изврши противнапад и повторно да го освои Прилеп. Позициите кај Алинци доминирале во однос на Прилепското поле што овозможувало добар преглед и успешни дејства. Во близината пред турските позиции тече Штавичка река (Беровица), што кај селото Чепигово се влива во Црна Река.
Со оглед на тоа дека не постоеле можности за противнапад на Прилеп, командантот на Вардарската армија наредил 5. корпус да ги брани позициите кај Алинци и да го спречи пробивот на српската војска и македонските доброволци кон Битола. Штавичка Река и Црна Река биле надојдени, па поради тоа и од силните дождови земјата станала каллива, а се зголемиле и мочуриштата, што го отежнувало движењето на војските. Во случај на повлекување, турската војска можела да помине само преку мостовите кај селата Тополчани, Трн и Новаци.
На позициите кај Алинци можело да се напаѓа од три правци: преку селата Галичани и Веселчани, кон Чепигово. Овој правец овозможувал опфат на турското лево крило. Вториот правец започнувал од Прилеп преку Кобел, водел кон Алинци и Тополчани и излегувал до центарот на турските позиции. Третиот правец минувал преку западните падини на Селечката Планина преку селата Лагово, Рувци и Канатларци, излегувал на десното крило на турските позиции. Турските сили на средниот, т.е. главниот правец, ги распоредиле главните сили, односно 15. дивизија (три полка и 17 топови) во бројна состојба од околу 6.000 луѓе. Источните позиции ги бранела 13. дивизија (три полка, 10 топови, т.е. 6.300 луѓе), а западните позиции кај селото Галичани ги бранела Самостојната коњаничка бригада (600 луѓе). Резервата на 5. корпус во состав од 5. стрелечки полк (2.349 војници), 26. коњанички полк (433 војници) и две полски батерии биле разместени во реонот на селото Тополчани. Покрај наведениве сили, во составот на 5. корпус била вклучена жандармеријата со 655 луѓе и заднинските единици со 1.332 војника. Бројната состојба на 5. корпус за одбраната на позициите кај селото Алинци изнесувала вкупно 18.172 војници од кои 1.033 коњаници и 27 топови.

По речиси четиридневни тешки борби, на 19 ноември 1912 година, српските пешадиски сили влегле во Битола, а Коњаничката дивизија влегла во Лерин.-На тој начин била завршена Битолската битка, во која покрај српската војска, голем придонес за победата дале и македонските чети,месната милиција и особено народот
На 14 ноември по пристигнувањето на Моравската од вториот повик кај селото Жван, командантот на дивизијата добил извештај дека на правецот на Војувалиштенската Река се наоѓаат извесни турски единици. За осигурување на десната страна бил упатен Вториот. прекуброен полк (во чиј состав главно биле Македонци) со ридската батерија како десна колона по Војувалиштенската Река, а со главнината го продолжил движењето согласно наредбата на Штабот на армијата. Десната колона наишла на турска колона кај село Војувалиште, каде што се задржала, а дивизиската претходница преноќила кај село Мургашево.
Во текот на ноќта командантот на армијата наредил главниот дел на дивизијата во текот на 15 ноември да ги запоседне позициите село Црноец-село Лисолај кон Бел Камен, а десната колона да го пресече патот помеѓу Битола и Охрид. По забележувањето на движењето на турските трупи од Охрид кон Битола, командантот на дивизијата ја засилил десната колона со еден пешадиски полк. Таа ги совладала ослабените турски единици кај манастирот Св. Петар и тука преноќила. Левата колона го продолжила движењето и во текот на денот избила кај село Мраморица. Нејзиниот 2. пешадиски полк ги протерал турските сили и преку Самарница ја преминал река Шемница и до квечерината пристигнал кај село Облаково. Тука се задржал, подготвувајќи се во текот на ноќта на 15-16 ноември да го нападне Бел Камен. Командантот на дивизијата се согласил со таквата одлука и му испратил засилување од еден баталјон.


Српска војска во Битола

Кога го известиле за српските движења по Војувалиштенска Река и кон Бел Камен, Зеки-паша донел погрешна процена, па на 15 ноември му наредил на Џавид-паша со 6. корпус веднаш да појде зад Бел Камен и со единиците што пристигнувале од Ресен да го разбие десното крило на првата. армија. Пред вечерта, корпусот стигнал кај сртот Превалец и Џавид-паша и наредил на 16. дивизија да го запоседне Бел Камен. Но, поради ноќните услови и планинскиот терен, било решено наредбата да се изврши следното утро.
На 16 ноември 1912 година започнала Битолската битка, односно еден ден порано во однос на планот. Изутрината на 16 ноември, десната колона на Моравската дивизија од вториот повик ги нападнала турските позиции кај селото Гопеш и ги зазела. Истата колона вечерта го освоила преминот кај Ѓавато и ја пресекла отстапницата на турските единици за Ресен и Охрид. Левата колона во утринските часови ги нападнала позициите на Бел Камен и во борбата гради в гради и со студено оружје успеала да го заземе. На достигнатите позиции Моравската дивизија се утврдила и барала помош за да може да ги продолжи настапувањата. На другиот дел на фронтот, единиците ги вршеле последните подготовки за утрешниот напад. Зеки-паша извршил прегрупирање на своите сили, така што 13. низамска дивизија ноќта меѓу 16-17 ноември била префрлена во состав на 6. Корпус, за да ги засили напаѓачката можности, но со тоа ја ослабнал одбранбената линија.
Вториот ден, т.е. на 17 ноември 1912 година, битката започнала со општ напад на првата. српска армија. Десната колона на Моравската втора од линијата Ѓавато-Гопеш нападнала во правецот кон Превалец. Меѓутоа, поради противудар на турските сили, српската војска морала да се врати на почетните позиции. Левата колона на Бел Камен водела тешка борба гради во гради. Џавид-паша се обидувал по секоја цена да го освои ова стратегиско место. Моравската дивизија од првиот повик и Дринската од првиот повик нападале преку падините на Древеник, секоја во два борбени ешалони. Приближувајќи се кон река Шемница тие биле изложени на митралески оган. Артилеријата на двете војски, поради брзината на движењето и земјишните услови, не била употребувана. Надојдената Шемница и турскиот митралески оган го оневозможувале натамошниот пробив на српската војска. Тогаш ненадејно отвориле оган две српски батерии од Моравската дивизија од вториот повик, што се наоѓале кај Бел Камен. Тие ја неутрализирале и турската артилерија, што се наоѓала кај село Габалавци и село Секирани. Веднаш потоа, единиците на првиот ешалон ја прегазиле Шемница. По преминувањето на Шемница, започнала блиска борба, при што српската војска до вечерта избила на линијата село Габалавци-Секирани-село Драгожани. Турците отстапувале на планинскиот терен на позициите Киромарица-Кочиште. Во текот на ноќта двете дивизии ги префрлиле своите ешалони преку Шемница и се подготвувале за продолжување на нападот.
Дунавската дивизија од првиот повик напаѓала во две колони. Десната преку Црна Река и Шемница извршила напад на село Трн. Минувајќи преку мочуришното земјиште, околу 10 часот го зазела село Трн. Со тоа бил пробиен фронтот на 5. турски корпус. Меѓутоа, предноста не била искористена за продолжување на нападот, па Турците успеале да ја организираат одбраната кај село Карамани. Левата (главната) колона не успеала да изврши напад врз турската десна страна. Поради уривањето на мостот на Црна Река, таа останала кај село Новаци. Коњаничката дивизија упатила еден полк кон село Брод за да ги заземе премините преку Црна Река, а главнината била кај село Биљаник. Тимочката дивизија од вториот повик била во армиската резерва. Турската 13. дивизија до вечерта стигнала во село Доленци. Меѓутоа, Џавид-паша, командантот на 6. корпус, бил принуден да ја врати 13. дивизија во Битола поради активноста на македонските месни чети што почнале да ги напаѓаат турските сили. Со тоа ја ослабнал фронтовската линија, која на српската војска и овозможило прегрупирање и полесно пробивање на фронтот.

Во реонот на Битола во војната против турската војска земале учество месните чети, три вода на ВМРО и српски чети. Нивното содејство особено било впечатливо во борбата за селата Гопеш и Ѓавато. Месните чети дале силен придонес во борбите за селата Прибилци и Смилево, а особено во заземањето на Битола. По влегувањето на српската војска во Битола, месните чети биле распуштени, а потоа била воспоставена српска власт.