Friday, June 21, 2013
Sunday, June 16, 2013
Ethnic map showing where Albanian was spoken in the Peloponnese, 1890
Source: Ethnographische karte des Peloponnes (ethnographic map of the Peloponnese), by Dr. Alfred Philippson, Petermanns Mitteilungen, 1890.
The Legend translated into English:
PURPLE – Newgreek language.
BLUE – Tzakonian dialect.
RED - Albanian language (current spreading).
RED – Greek and Albanian mixed.
RED - territory of Hellenized Albanians in the last generation.
Underlined in yellow ELIS,MELINCER,Vatika,Giannitsa - Slavic tribes and by Slavs inhabited regions and
places from the 9th to the 12th century.
Guvaes: Popular region names, Geronthron: Names of Dimen,
—— Traditional border of the Mani
—— The approximate border of the Albanian territory by the 15th century
I-X Enclaves of the Albanian people
Friday, June 14, 2013
Манифестот на Јане Сандански од 18 јули 1908 година
Драги сотатковници,
Толку долго чеканиот зрак на слободата изгреа. Нашата измачена татковина се прероди. Срамниот апсолутизам е во агонија. Против него стана целиот народ во лицето на сите нации што го составуваат. Револуционерниот повик на нашата братска Младотурска револуционерна организација се намери на радостен одѕив во душата на толку измачениот народ. И народот – роб стана господар. Неговата света пресуда е:
Смрт на апсолутизмот!
Смрт на угнетувачите!
Драги сотатковници,
Денешниот момент е голем. Во него ќе се реши големото прашање: да биде или да не биде нашиот народ? Кој ќе биде победник – тоа зависи исклучиво од вас, од вашата волја и готовност да умирате за слободата. И зарем вие, граѓани, што веќе вкусивте од слатките плодови на слободата, ќе се поколебате да ја исполните својата пресуда и да не го закопате злосторничкиот апсолутизам?
Сотатковници Турци,
Вие го составувате големото мнозинство од народот, но заедно со тоа вие најмногу ги почувствувавте сите злостор-ства на нашите заеднички непријатели. Во своето турско царство, вие не бевте помалку робје од вашите сотатовници, христијаните. Нашите управници лажеа досега дека христијаните биле ваши непријатели. Сега вие разбирате кои е ваши браќа, а кои ви се непријатели. Вие први излеговте во борбата за слобода и рамноправност. Заедно со вас се сите. Вашиот проглас: „Народите се браќа и како браќа треба да живеат” – ги загреа срцата на христијанското население и го олесни во мачното прашање: по кој пат може да стигне до слободата. Затоа: да живее започнатата борба против тиранијата за да заживее целокупниот народ?
Драги сотатковници христијани,
И вие бевте не помалку заблудувани и верувавте дека вашите маки произлегуваат од тиранијата на целиот турски народ. И таа заблуда падна. Сега вие си подавате братски раце и само со тој сојуз вие ќе ја извојувате толку досега саканата и скапо платена слобода. Зацврстувајте го тој сојуз. ДА ги закопаме заедно со апсолутизмот и создаваните од него национални самоистребувачки борби.
Сонародници,
Вие, кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Сегаa вие не сте сами (и) ете зошто вашата борба станува уште понадежна и полесна. Co заедничките усилби на сите народности ние ќе ја извојуваме нашата полна слобода. He подавајте им се на престапните агитации кои можеби ќе се поведат од официјалните власти во Бугарија против нашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода.
Драги сотатковници,
Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата атмосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија? Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на светата слобода пред гнасниот јарем на ропскиот живот.
Смрт на тиранијата – да живее народот! Да живее слободата! Да живее солидарноста меѓу народите! Да живее големата народна борба! Да живее народот!
Солун, 18 јули 1908 год.
Сандански
Wednesday, June 5, 2013
Subscribe to:
Posts (Atom)