Thursday, June 26, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Службен минеј за јули со пролози од св. прохор пчински прва четвртина на 15 век (петти дел)



Хартија: 28 х 21 см., 212 листа. Ракописот е цел. Реставриран бил во XVII век, кога на одделни места се лепени маргините, а на л. 49 се допишани долните и 5-те долни редови од текстот.
Писмо: Во почетокот по 28 реда, почнувајќи од л. 83 - по 27 реда; на л. 190 - писмото е во две колони со по 30 реда. Полуустав со форми од крајот на XIV - XV век, од две раце. Српска рецензија со влијание од Ресавската школа: има ѕ (ѕвѣремь, л. 182‛) и з со чеканче (го означуваме со z-(дроуzѣи) л. 163). Првата рака употребува тврдо ъ во предлозите (недоследно), а често и на крајот од зборот. Акцентите се ретки. Интерпункцијата е без запирка. Насловите и заглавните букви се црвени.
Водени знаци: „Ножици“, „ѕвонче“ и „еднорог што стои“. На хартијата употребена при реставрацијата има „круна со ѕвезда и полумесечина“ од XVII век без зачувана контрамарка.
Орнаментика: Знаменца нема. Има црвени иницијали со извивки.
Повез: Од XV век (реставриран 1665 година) - штици со жлеб по рабовите во црвеникава кожа. Орнаментот е ист од двете страни: концентрични рамки со дијагонали во средниот правоаголник и со крст од палмети.
Содржина: Литургиски зборник.
Потекло: N/A
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје




Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Службен минеј за јули со пролози од св. прохор пчински прва четвртина на 15 век (четврти дел)