Thursday, October 23, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Псалтир втора половина на 16 век (втор дел)



Хартија: 12 х 8,5 см., 68 листови. Недостасува почетокот и крајот. Ракописот е поделен на свески од кои фалат листови. Почнува со свеска с (4 листови), а завршува со свеска вi (9 листови). На л. 1 недостасува горната десна половина
Писмо: На 20 реда ситно и убаво полууставно писмо. Правописот е двоеров и јусов. Употребата на ъ и ь е механичка, а не фонетска. ъ се употребува во префикси, предлози и во средина на зборот на местото на ь. Се вокализира о (когда, тогда, начетокь). Слабиот ъ не се чува. ь се употребува исклучиво на крајот од зборот.
Водени знаци: Запазена е само една половина од „Сидро во круг со тролист“.
Орнаментика: Орнаментиката е изразена преку почетните големи црвени иницијални букви, украсени со гранчиња и цветчиња.
Повез: Нема.
Содржина: Пслатир
Потекло: Ракописот е најден во Кратово.
Локација: Манастир „Св. Јован Бигорски“

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Псалтир втора половина на 16 век (прв дел)