Friday, July 22, 2011

Врховен Македонски Комитет

Печат на Врховниот Македонски Комитет

Македонски комитет, Врховен македонски комитет, Врховен македоно-одрински комитет  е раководно тело на македонските емигрантски друштва. Оваа асоцијација во 1900 година ќе го промени своето име во Македоно-одринска организација. Организацијата е создадена од страна на македонската емиграција, од Бугарија и Романија, всушност за време на нејзиното создавање била повикана сета македонска емиграција, и од таму каде што немало организирани друштва. Во неа членувале Македонци, а помалку Бугари. Официјалната цел на организацијата била автономија на Македонија и Одринско, врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес. Комитетот е забранет во Бугарија по одлуката за негово растурање на Министерскиот совет на Бугарија од 31 јануари 1903 година, а се распушти во 1905 година, по Рилскиот конгрес.

знаме на Мелничкото востание

Трајко Китанчев како претседател на Братскиот сојуз на 19.02.1895 година ја повикал македонската емиграција да испрати свои делегати на конгресот кој требало да се одржи на 19 март 1895 во Софија.
Целта на собирот бил организирање за да може да се преземе дејност преку која би се подобрила положбата на Македонија, и тоа дејност врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес, а требало да се искористи меѓународната положба на Турција искомплицирана со Ерменското прашање. На конгресот свои делегати требале да испратат македонските друштва од Бугарија и Романија но требало да присуствуваат и македонци и од таму каде што немало организирани македонски друштва.
Конгресот своето заседание го започнал на 19 март, а со својата работа завршил на 28 март 1895 година во Софија. На него присуствувале 60 преставници на македонските друштва, братства и колонии во Бугарија и Романија. Конгресот, останал во историјата познат под името І македонски конгрес на кој дошло до обединување на македонската емиграција и до обединување на македонските друштва на чело со Македонскиот Комитет.
Во првиот комитетот влегле: претседател Трајко Китанчев, потпретседател Наум Туфекчиев, Ил. Георгов - Касиер и двајца советници Д. Матов и Андреј Љапчев.

Сметка за членски внос на ВМОК

Сите македонски емигрантски друштва во Бугарија претставувале единствена организација чие седиште се наоѓало во Софија. На чело на организацијата стоел еден Kомитет кој бил составен од претседател, потпретседател, касиер, секретар и неколку советници. Бројот на членовите не бил фиксен и се менувал со текот на времето. Ако во првиот комитет на чело со Трајко Китанчев имал 15 члена, комитетот под претседателство на Данаил Николаев се состоел од 12 члена. Комитетот ја координирал и предводел дејноста на македонските друштва.
Над самиот Комитет како законодавно тело стоел Конгресот кој се состоел од делегатите на македонските друштва. Комитетот би должен да ги спроведува одлуките на конгресот. Со уставно-статутарните акти било предвидено дека конгресот треба да заседава еднаш годишно.
Организацијата била пооставена врз централистички основи, а македонските друштва како дел од општата организација морале да ги извршуваат инструкциите на Комитетот, доколку тие не ги почитувале обврските и правилата зацртани со уставно-статутарните акти или се спротивставувале на комитетот, тогаш друштвата можеле да бидат исклучени од самата организација.
Македонскиот комитет за разлика од ТМОРО била легална организација која својата дејност ја извршувала јавно и честопати со знаење на бугарските власти.Решенијата на І македонски конгрес добиле форма на устав. Во уставот биле регулирани: целта, средствата, организацијата и задолженијата на друштвата, комитетот, бирото, на конгресот и делегатите. Потоа следеле општите решенија.

"Цел на македонските друштва е придобивање за населението во Македонија и Одринско полна политичка автономија автономија, приложена и гарантирана од Големите сили"

"(а тоа можело да се постигне преку: б.н) влијание врз бугарската влада и општествено мнение во Бугарија и Европа преку: а) Печатно слово, б)агитација во другите балкански држави за заедничко дејствување во корист на автономија, в) агитација и митинзи, г) подржување на избор за пратеници во Народното собрание на лица кои се обврзуваат да дејствуваат за постигање на целта на македонските друштва, д) испраќање на делегати и меморандуми до Големите сили, е) воопшто преземање мерки диктирани од силата на условите."

Некои од позначајните членови:
 
Член 3: Сите македонски друштва во Бугарија претставуваат единствена организација на чело со 2-член комитет со седиште во Софија.
Член 4: Македонските друштва во Бугарија да се именуваат како македонски, а во Романија како Македонско Благотворително друштво.
Член 13: Член на македонските друштва можел да биде секој што сочуствува  со нивната цел доколку е препорачан од 3 членови на друштвото кон кое сака да се запише.
Член 14: Секој член од македонските друштва по прашањето за автономија на Македонија и Одринско се задолжува да ја подржува секоја бугарска влада, која дејствува за постигање на на таа цел и да настојува да влијае врз онаа влада која би ја игнорирала.
Член 36: Комитетот бил ополномошен од Конгресот да влегува во односи и договори за заеднички дејства со асоцијации од други народности, коj проследуваат слична цел македонските друштва.Организирањето на четите кое го започнал Трајко Китанчев во својство на претседател на Братскиот сојуз, продолжило и по формирањето на МК но сега со подршка на бугарската влада и бугарскиот кнез, а особено со подршка на воениот министер Рачо Петров. Спонзори и организатори на четите биле браќата Иванови, познати лиферанти со оружје, тие ги доопремувале четите и ги препраќале во Дупница. Офицерите од бугарската армија исто така учествувале во движењето. Бугарските погранични сили ги пропуштале четите да ја минуваат границата, а понекогаш им оставале и сандуци со муниција, на местата кaде четите минувале.
Истовремено со оваа дејност, Комитетот започнал и со дипломатска активност, имено во Лондон, нејзините преставници Константин Колчов и Васил Диамандиев имале средба со Вилјам Гладстон, а во Виена со рускиот дипломатски преставник Алексеј Борисович Лобанов. На преставниците на Македонскиот Комитет им било истакнато дека не треба да дејствуваат со чети и востание, туку со културно работење меѓу населението во Македонија и само на таков начин македонската интелигенција вистински би работела за себе, а не за Австрија која сакала да излезе на Егејското море. Тоа во Софија му било пренесено и на Трајко Китанчев.
Во меѓувреме МК и Трајко Китанчев имале контакти со бугарскиот кнез и бугарскиот премиер Константин Стоилов. Притоа Стоилов се обидел да ја контролира активноста на МК и нејзината дејност да ја искористи во интерес на бугарската политика.

Облигација на ВМОК од 1903 година

По неуспешното Мелничко востание, бугарската влада на чело со Стоилов ја откажале својата подршка за Македонскиот комитет, а во самиот Kомитет дошло да раздор и внатрешни обвинувања за неуспехот.Поради тоа бил свикан ІІ македонски конгрес кои траел од 3 до 16 јануари 1895 година. На овој конгрес организацијата го менува своето име во Врховен Македонски Комитет, а за претседател бил избран генералот Данаил Николаев кои бил во врска со кнезот Фердинанд I, подоцна Николаев ќе поднесе оставка на претседателската функција и ќе стане аѓутант на кнезот.
На 28.12.1895 година комитетот испратил писмо Централниот комитет на Македонската револуционерна организација во кое се насетуваат првите стремежите на Комитетот да биде главен раководител на целото македонско револуционерно дело.
Ова ќе биде потврдено во февруари 1896 година, кога ваквото стојалиште, генералот Николаев го пренел на Гоце Делчев. Конечно комитетот својата политика кон МРО ја изразува отворено во писмото од 20.03.1896 година во кое било посочено дека организацијата без дозвола на ВМК не смее да презема било каква активност во Македонија.
Даме Груев остро протестирал против оваа писмо, бидејќи меѓу другото стоело дека Груев дал подршка за таквото стојалиште на ВМК и веројатно било лага со цел да се предизвика раздор во Централниот комитет. Како и да е Комитетот не се откажал од намерата да ја потчини организацијата.Кон крајот на февруари 1896 година поради бугарско-турските преговори, Врховниот комитет изработил еден проект за реформи во Османлиската империја.
Проектот  во март му бил претставен на бугарскиот премиер Константин Стоилов и македонските друштва, а со писмото од 23.2.1896 година бил известен и Централниот комитет на Македонската револуционерна организација. Во писмото било побарано Организацијата преку своите комитети да даде гласност на реформите.Не е познат ставот на Организацијата кон овој предлог. По Солунскиот конгрес на ТМОРО, ВМК и понудил на организацијата една мистериозна понуда во која од организацијата се бара да испрати свој претставник во Софија за да биде организиран канал за пренесување на пушки од Англија. Во Софија заминал Ѓорче Петров, притоа тој имал средба со генералот Николаев и тој на Ѓ. Петров, му пренел дека Комитетот од англиската влада добила пушки за Македонија и дека тие ќе ги дадат на организацијата. Николаев не понудил никакви конкретни докази за пушките, а од своја страна Ѓ. Петров го известил Централниот комитет во Солун и тој започнал со подготовки за пречек на оружјето, но сета работа излегла како блеф. Според некои историчари тоа било обид за потчинување на организацијата од страна на Комитетот.Врховниот Македонски Комитет на чело со генералот Николаев, својот последен обид за потчинување на организацијата го направил кон крајот на 1896 година кога во Солун се нашол полковникот Анастас Јанков. Тој имал средба со членовите на ЦК и нудел пари и оружје, а исто така предложил, ТМОРО и Врховниот Комитет да бидат единствена организација, но неговиот предлог бил одбиен. Јанков пред луѓето од ЦК требал да покаже дека Врховниот Комитет ја има подршката на кнезот Фердинанд и дека има свои офицери во армијата.Во текот на Грчко-турската војна во 1897 година офицерите Јордан Венедиков и Морфов го организирале вториот врховистички продор. Имено тие во Бугарија успеале да убедат одреден број на македонци да навлезаат во Македонија. Била формирана чета под команда на Крсто Захариев, а во четата се нашол и Јане Сандански. Во април 1897 година чатата се нашла во Македонија, таа најпрво поминале низ Кресна, а кај селото Пирин имале судир со аскерот по што се упатиле кон Неврокоп и Банска река, каде што имале уште едена борба. Последниот судир со турскиот аскер, четата го имала кај с. Љапово притоа загинал четникот Никола, а Јане Сандански бил ранет. По овој судир четата се повлекла кон Бугарија. Сета акција немала реална шанса за успех, имено бугарската влада повеќе не го подржувала комитетот, а од друга страна пак таа била неутрална во Грчко-турската војна со цел за да добие отстапки од Високата порта во корист на бугарската пропаганда во Македонија.По оставката на генералот Данаил Николаев, претседателствувањето со Комитетот го презел Јосиф Ковачев, но голем дел од членовите на Комитетот дале оставка и моралo да се свика нов конгрес. Притоа ослабнувањето на ВМК се гледа во неможноста да ги собере сите македонски друштва, или барем поголем дел од нив. Тоа влијаело врз бројот на делегатите и друштвата кои присуствувале на конгресите. На IV македонски конгрес од предвидените 38 друштва требало да присуствуваат 40 делегати, меѓутоа на конгресот имало само 22 делегати од 20 друштва. Слично се случило и на V македонски конгрес, а новите раководства што биле избрани на овие конгреси не можеле да ја извршуваат својата дејност. Позициите на Комитетот биле уште повеќе ослабени со одлуката на бугарската влада за трговски агенти во Македонија да бидат поставени видни членови на Врховниот Комитет. Меѓу нив се нашле: Тома Карајовов, Никола Наумов, Димитар Ризов и др, а тие биле поставени за трговски агенти во летото 1897 година.Увидувајќи ја ослабената положба на Врховниот комитет, ТМОРО решава индиректно да го стави ВМК под своја контрола. Затоа Ѓорче Петров започнал силна агитација во Бугарија и сакал да најде лице кое ќе има силен авторитет да застане на чело на Комитетот и да ја зацврсти неговата позиција.
Сарафов и Антон Бозуков се понудиле но тие не биле по мерка на ТМОРО, а Петров барал лице кое имало поголема улога во бугарското општеството. Притоа тој имал средби со голем број на македонски интелектуалци од Бугарија и се сретнал со учителот Паунчев во Варна, адвокатот Панов и адвокатот Иван Иванович. Исто така имал средба и со Димитар Благоев но сите го одбиле. Работат премногу им изгледала опасна.
На крајот Ѓ. Петров морал да се задоволи со Борис Сарафов. Задграничните преставници на ТМОРО направиле договор со Сарафов и неговите приврзаници, односно ТМОРО ќе ја поддржи кандидатурата на Сарафов за претседател на Комитетот, а за возврат Врховниот комитет нема да презема никакви дејства без знаење и согласност на задграничните преставници.На 1 мај 1899 година во Софија започнал VІ македонски конгрес на кој Борис Сарафов бил избран за претседател на Комитетот, со поткрепа на Ѓ. Петров и Гоце Делчев. Затоа не треба да зачудува изјавата на Сарафов: Ние сме фирмата, а Ѓорче е комитетот, Ѓорче Петров во своите спомени тоа и го потврдува со зборовите: Ние го уредивме Сарафовиот комитет, тој беше наш продукт. Како и да е Сарафов во својот прв мандат давал голема материјална и финансиска поткрепа за ТМОРО. За време VІІ македонски конгрес било констатирано дека за потребите на ТМОРО биле дадени 11.990 златни левови и 23.327, 20 левови во сребро.
Меѓутоа, Сарафов бил од далеку од тоа да биде послушник на ТМОРО. Уште од самиот почеток тој почнал со заткулисни игри, неговата цел било да ја преземе токму тој ТМОРО во свој раце и тоа било евидентно за време на преговорите помеѓу ТМОРО и Бугарското тајно револуционерно братство кога Сарафов се наметнал како посредник и претендирал да биде раководител на целото македонско револуционерно дело, поради што ќе дојде до судир со ЦК и ЗП на ТМОРО.По самото составување на Комитетот, Сарафов финансиски и морално ја помагал ТМОРО, меѓутоа уште додека се составувал комитетот Сарафов планирал да го заземе ЦК на ТМОРО. Имено, тој направил договор со полковникот Иван Цончев и потполковниците Атанас Јанков и Стефан Николов. Според овој договор Цончев требало да даде оставка на офицерската должност и да го зазеде претседателското место во Комитетот, а Борис Сарафов со 14 до 16 офицери требало да навлезе во Македонија да го преземе Централниот комитет и потоа да се крене востание. Било предвидено територијата на Македонија да се подели на 14 востанички окрузи на чело со по еден офицер, а полковникот И. Цончев со големи сили да навлезе од Бугарија. За планот не требало да дознаат Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Подоцна кога Сарфов и Иван Цончев ќе дојдат во судир, за овој договор преку Сарафов ќе дознае Ѓ. Петров.

Врховниот комитет на чело со Сарафов

Офицерите и покрај договорот со Сарафов не се осмелиле да дејствуваат без согласност на задграничните преставници и затоа им предложиле во Централниот комитет да влезаат двајца офицери како претставници ВМК, а истовремено околу 16 офицери да бидат распоредени по окрузите на ТМОРО во Македонија. Гоце Делчев и Ѓорче Петров во принцип не го отфрлиле предлогот. Отука призлегла компромисната мајската спогодба. Таа била потпишана на 1 мај 1900 година, ТМОРО бил преставен од Гоце Делчев и Ѓорче Петров додека Врховниот комитет бил застапуван од полковникот Иван Цончев, потполковниците Јанков и Стефан Николов, поручникот Стојчо Гаруфалов и Атанас Мурџев. Спогодбата предвидувала:

"а) да му се предложи на ЦК во својот состав да прими 2 членови , во кои ВМК има полна доверба;
б) по нивниот прием во ЦК, ВМК станува клон на ЦК, а ЦК ќе има решавачки збор по сите прашања за делото;
в) да му се предложи на ЦК за раководители на реоните да прифати воени лица испратени од Софија;
г) тие даваат клетва според Правилникот на ТМОРО, го почитуваат тој Правилник и ги прекинуваат сите врски по делото со Бугарија. Во таа смисла исклучок се прави само по наредба на ЦК;
д) ЦК да ја прекине приватната коресподенцијапо делото со задграничните прествници и раководителите на реоните, а исто важи и за членовите на ВМК со Македонија;
ѓ) при какви било околности лицата од сегашниот состав на ВМК остануваат неразделно поврзани со ТМОРО;
е) со овој протокол се понништуваат старите писма за регулирање наодносите помеѓу ТМОРО и ВМК."

По потпишувањето на спогодбата Врховниот комитет се обидел да ги протурка предлозите. Тие го предложиле капетанот Димитар Венедиков за член на ЦК на ТМОРО, а за Битолскиот револуционерен округ бил предложен поручникот Софрониј Стојанов. Меѓутоа Венедиков одбил да замине за Солун, додека пак Софрониј поради Поп Ставревата провала не можел да замине за Битола и затоа било решено тој да оди во Солун. Софрониј Стојанов во Македонија пристигнал во декември 1900 година, во Солун престојувал под името Хаџиасенов како претставник на друштвото Бугарија, и таму се задржал до Солунската афера, и откако му биле издадени од страна на Иван Хаџи Николов пет бланко потврди за офицерите во случај на востание, се вратил во Бугарија.

Облигација со подпис на Сарафов

Одлуката за промена на уставно-статутарните акти била донесена VІІ македонски конгрес. Во промената на Статусот на ВМК учествувала 5-члена комисија која била предводена од П. Генадиев. Бугарскиот историчар Константин Пандев дозволува дека Ѓорче Петров учествувал во работата на комисијата при изработката на главните членови. Промените во статутот биле под влијание на ТМОРО.

"член 1. Целата на организацијата е полна политичка автономија за Македонија и Одринско, која ќе биде приложена и гарантирана од големите сили.
член 2. Организацијата ќе дава морална и матерјална поткрепа за македоно - одринскиот роб и во тој дух организацијата била преименувана во ВМОК."

Статутот од 1900 год.

Во пролетта 1900 година под раководство на Христо Саракинов, Димитар Венедиков и Петар Дрвингов била отворена школа за поготовка на луѓе кој требало да се испратат во внатрешноста на Македонија. За потребите на школата во нември била формирана т.н касарна за момчиња, под раководство на Дрвингов. Со дозвола на бугарската влада меѓу македонската емигарција биле формирани доброволни чети во кои требало да влезаат и одреден број на официри и војници. За овие чети бил задолжен Христо Саракинов. Откако се усложнила ситуацијата на комитетот, четите биле преименувани во стрелачки дружини. На 23.01.1901 година во Солун започнала Солунска афера која била една од најтешките за ТМОРО. Имено целиот Централен комитет бил затворен додека пак оваа провала го исфрла Бугаринот Иван Гарванов, со што ТМОРО зазема друг правец на дејствување. Дел од историчарите при расветлувањето на причините за Солунската афера сметаат дека е можно учество на Врховниот комитет на чело со Борис Сарафов во провалата, притоа се истакнува дека Комитетот имал свој човек кој го поткажал ЦК на турските власти. Се става под знак прашање улогата на Софрониј Стојанов , како можен предавник, меѓутоа за тоа нема конкретни докази, а еден од најголемите предавници за време на провалата, Милан Михајлов бил човек на Борис Сарафов и како таков тој пристигнал во Солун. Гоце Делчев и Ѓорче Петров во окружното од март 1901 година испратено до револуционерните комитети во Македонија, било истакнато дека Солунската афера е внатрешен удар против ТМОРО, а обидот за востание на Врховниот комитет е надворешен удар против ТМОРО. По провалата, Сарафов се обидел да се наметне над Делчев, но тој ги одбил сите предлози и барања на Сарафов.Набргу по Солунската афера паднал и Комитетот на Борис Сарафов. Сарафов од своја страна дошол во судир со Задграничните претставници на ТМОРО, со новоизбараната бугарска влада на чело со Петко Каравелов, но и со Иван Цончев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров ја знаеле амбицијата на Сарафов за преземање на целото македонско револуционерно дело во свои раце, и затоа тие во согласност на ЦК на ТМОРО намерно го одолговлекувале спроведувањето на Мајската спогодба. Тоа допринело да дојде до влошување на односите помеѓу двете организации. Гоце Делчев бил обвинет дека сака да стане врховен командант на сите востанички сили , и дури бил физички нападнат во просториите на врховниот комитет од страна на Христо Саракинов. Биле влошени односите и со Ѓорче Петров кој спротивно на Мајската спогодба ја продолжил дирекната коресподенција со ЦК. Сарафов пак од своја страна успеал да го придобие Никола Зографов кој бил пунктов началник на ТМОРО во Ќустендил. Поради оваа постапка биле прекинати односите помеѓу двете организации кон крајот на 1900 година , а од своја страна Врховниот комитет од почетокот на 1901 до мај 1902 година не даваал никаква помош за ТМОРО. Помошта била обновена кога на чело на ЦК на ТМОРО ќе застане Иван Гарванов.Повод за судир со бугарската влада бил теророт кој Сарафов го спроведувал. За самиот судир најмногу допринеле двете убиства во Романија, најпрво бил убиен Кирил Фитовски, а потоа Стефан Михаљану кој бил уредник на весникот Peninsula Balkanika, тој бил убиен поради натписи во весникот кои биле насочени против ТМОРО , но овие убиства ги влошиле односите помеѓу Бугарија и Романија . Бугарската влада го предупредила Сарафов дека ќе му покаже каде му е местото, но тој од своја страна истакнал дека има подршка меѓу војниците и офицерите и дека ќе се спротивстави.Влошената положба го принудила Сарафов да го повика Иван Цончев да застане на чело на Комитетот според претходно постигнатиот договор, од своја страна Цончев во Софија се нашол во јануари 1901 година. Меѓутоа во меѓувреме доаѓа до Солуската афера и Сарафов под влијание на своите блиски и пријатели го менува решението сметајќи дека ќе може да владее и со Врховниот и со Централниот комитет. На тој начин Цончев бил измамен и ќе дојде до поделба на Врховниот комитет на две крила: Сарафисти и Цончевисти. Меѓутоа, судирот меѓу двете крила бил решен од страна на бугарската влада кога 23 март 1901 година Борис Сарафов бил уапсен со дел од комитетот и бил обвинет за двете убиства. Апсењето и судењето на членовите на Комитетот било политичка фарса со цел да им се овозможи на Цончевистите да го преземат Комитетот во свој раце, а Иван Цончев успеал во тоа на VІІІ македонски конгрес, односно на IX македонски конгрес .



Претседатели:

Трајко Китанчев (1895) - првиот претседател на Македонскиот Комитет
Данаил Николаев (1895-1897) - вториот претседател на Врховниот Македонски Комиет, оваа функција ја напуштил за да стане аѓутант на кнезот Фердинант
Јосиф Ковачев (1897) - третиот претседател на Врховниот Македонски Комитет, не бил избран од когресот, туку го заменил Данаил Николаев кои дал Оставка
Христо Станишев (1897-1898)
Алексанадар Радев (1898-1899)
Борис Сарафов (1899 -1901)- шестиот претседател на Врховниот Македоски Комитет, на оваа функција дошол со помош на ТМОРО и агитацијата на Ѓорче Петров
Стојан Михајловски (1901-1903) - последниот претседател на Врховниот Македоско-Одрински Комитет.


Потпретседатели:

Наум Туфекчиев
Јосиф Ковачев
Тома Давидов
Владимир Димитров
Иван Цончев - има погрешни податоци дека тој бил претседател на ВМОК, вистина е дека Цончев ја контролирал организцијата но преку С. Михајлов кој бил избран за претседател на комитетот на 8 македоски конгрес, а повторно реизбран 10 македоски конгрес .


No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.