Saturday, July 23, 2011

Иван Хаџи Николов

Иван Хаџи Николов

Иван Хаџи Николов (24 декември 1861, Кукуш – 9 јули 1934, Софија) бил македонски револуционер, книжар, трговец и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.
Хаџи Николов е роден на 24 декември 1861 година во Кукуш, Македонија, тогаш во Османлиската империја, денес Килкис, Грција.
Во Кукуш завршил егзархиско класно училиште, а во 1888 година - трговска академија во Линц, Австро-Унгарија.
Под влијание на политичките настани, од втората половина на 70 година од 19 век, на Балканскиот полуостров, кај Хаџи Николов се јавило едно револуционерно настроение и тој со неколки свој другари намислил да формира една револуционерна организација со цел да се орагнизира едно востание во Македонија и да се отфрли османлиската власт.
Во почетокот на 90 години на 19 век се нашол во Софија и зел учество во формирањето и дејствувањето на Младата македонска книжевна дружина и списанието Лоза, но поради македонските национални идеали , ММКД била растурена од страна на бугарските власти, а Лоза била забранета. Но набргу Хаџи Николов се нашол во Солун.
Меѓу 1879-1892 година бил учител во Костенец, а по поканата на Кузман Шапкарев, се вратил во Македонија и учителствувал во Воден, Кукуш, Лерин и Солун. ОД 1888 до 1892 година предавал аритметика и сметководство во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“
Во 1893 година бил принуден да се откаже од професијата. Во Солун отворил своја книжарница.
Книжарницата на Хаџи Николов станала една од првите револуционерни жаришта во Солун и преку неа агитирал меѓу учителите и учениците и допринесувал да се шири револуционерната идеја.
На 21.10/2.11. 1893 година покрај солунскиот брег се сретнале Даме Груев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров, притоа тие разговарале за ослободување на Македонија. Паднал предлогот тие тројца да формираат револуционерна организација. И. Х. Николов понудил во основањето да учествуваат и Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев.
Се договорил за два дена да имаат нова средба. Била договорена средбата на која била формирана: МРО (Македонска револуционерна организација). Состанокот се одржал во сабота навечер на 23.10/4.11.1893 година, во станот на Христо Батанџиев.
На овој состанок присуствувале Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и секако домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско.
Во текот на Јануарската средба за претседател бил избран Христо Татарчев и Даме Груев за секретар, а било одлучено Хаџи Николов во отсутсво на Татарчев да го зазема неговото место. Меѓу другото на оваа средба му била доверена задача на Петар Поп Арсов да напише една брошура под името Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници , а од самата брошурата се дознава ставот на Организацијата кон бугарската пропаганда, а воедно и борбата која Организацијата ја започнала против таквата дејност.
Хаџи Николов брошурата ја испечатил во Софија по што таа била растурена низ Македонија и меѓу Македонската емиграција во Бугарија. Во понатамошната дејност Хаџи Николов продолжил да агитира преку својата книжара, но наишол на пречки.
На 23 јануари 1901 година (стар стил) започнала Солунската афера. Таа ноќ турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев - Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија.
По нивното апсење турските власти започнале со претреси и апсења кој се прошириле во поголемиот дел на Солунскиот вилает во текот на аферата биле уапсени голем број на лица, a последен на слобода од Централниот комитет останал Иван Хаџи Николов. Тој очекувајќи го своето апсење и опседнат со мислата дека се пропаѓа ги повикал Иван Гарванов и Спас Мартин и им го соопштил начинот на комуникација со внатрешноста и Врховниот комитет.
На втората средба тие решиле да издадаат 5 бланко потврди за офицерите во случај на евентуално кревање на востание, а овие потврди во Софија ги однел Софрониј Стојанов.
Во овој момент на очај, Иван Х. Николов Централниот комитет го предала на идејните противници на Организацијата, односно на членовите на поранешното Револуционерно братство.
Подоцна Хаџи Николов пред Татарчев се правдал дека на Иван Гарванов, Спас Мартин и Димитар Мирчев им ги предал само печатот на ЦК, шифрите и списоците и дека Спас Мартин го задолжил да им пише на задграничните преставници во смисла: Држете ја вие од таму здраво ситуацијата.
Меѓутоа Хаџи Николов веројатно ја разбрал својата грешка и поради грижа на совест посегнал по својот живот односно си ја пресекол радијалната артерија и поради тоа подолго време се нашол во болница.
На 7 мај 1901 година Хаџи Николов бил осуден на вечен затвор. Поради пренатрупаност во солунскот затвор на 6 јули 1901 година, Хаџи Николов зедно со 38 затвореници, меѓу кој биле Христо Матов, Христо Татарчев, Пере Тошев и др., во придружба на 20 џандари под придружба на еден поручник, бил спроведен до парабродот Марија во сопственост на компанијата Хаџи Даут и испратен за Подрум Кале каде требало да ја издржува својата казна зедно со своите другари.
Во Подрум кале останал до август 1902 година. Во почетокот на септември пристига во Солун и учествува на состанкотот на кој биле разгледани случувањата во Македонија, на оваа средба според Татарчев било решено да му се пренесе на Врховниот комитет да не ги форсира настаните за востание во Македонија.
По оваа средба Хаџи Николов заминал за Софија, а таму учествувал во советувањата по прашањето за востание во Македонија. Меѓутоа по Солунската афера и враќањето од затвор Хаџи Николов го немал она поранешно значење во Организацијата и потиснат од младиот револуционерен кадар постепено се повлекол од учеството во македонското револуционерно дело.
Во Софија продолжил да се занимава со книжартсво и издавачка дејност. Во тој период ги напишал своите Спомени, а неговите публикации биле вметнати во алманахот „Македонија“ на Илинденската организација под псевдонимот Основач. Спомените на Хаџи Николов се објавени во периодот меѓу 1935-1937 од страна на Христо Шалдев во списанието Илустрација Илинден.
До крајот на својот живот живеел во Софија. Бил тешко заболен и душевно растроен и самоубил на 9 јули 1934 годин.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.