Wednesday, July 27, 2011

Методија Патчев


Методија Патчев е роден на 14 мај 1875 година во Охрид. Во родниот град завршил прогимназија, а потоа отишол да работи како чирак кај еден свој сограѓанин – кожар во Пловдив . Во 1896 година се вратил во Охрид и се занимавал со учителска дејност. Истата година влегол во редовите на ТМОРО. Тој добивал специјални задачи – ликвидирање на непријателите на ослободителното дело, како и на предавниците. Во 1898 година, откако убил еден предавник во Охрид, бил фатен и затворен од турската власт. Во затворот бил до 1901 година. По излегувањето бил назначен за учител во Прилеп, но турската власт не му дозволила да се занимава со учителска дејност. Преминал во илегала и стапил во четата на војводата Марко Лерински. По извесно време бил назначен за Прилепски војвода. На 7 април 1902 година со шестмина четници во Кадино Село бил предаден кај турската власт, и бил опкружен од турскиот аскер. После 24 часовна борба, со последните куршуми извршиле саможртва.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.