Tuesday, July 26, 2011

Атанас Кршаков

Атанас Кршаков

Атанас Кршаков бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Четата на Атанас Кршаков 

Атанас Кршаков е роден во с. Косинец, Костурско. Учествувал во револуционерните борби уште пред Илинденското востание. Еден месец пред Востанието бил потешко ранет во една борба со турскиот аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание. По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчките андарти.

Четите на Атанас Кршаков и Митре Влаот

Четата на Атанас Кршаков сo одсечената глава на војводата на 4 јули 1907г.

Грчкиот андартски капетан Пердикас, кој извршил бројни злодела врз месното население, бил ликвидиран токму од овој македонски војвода. Во една од тие борби, во 1907 година, кај с. Грче, Костурско, загинува и војводата Кршаков. Неговите четници му ја отсекле неговата глава за да му ја зачуваат и тие биле фотографирани од Леонидас Папазоглу.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.