Димко Сарванов - Могилчето
Роден е во 1879 година во селото Могила (Битолско), од каде го добива и својот прекар Могилчето со кој ќе стане познат и популарен помеѓу народот. По завршувањето на основното училиште Димко Сарванов, станува член на ВМОРО и активно се вклучува во борбата за ослободување на Македонија и македонскиот народ од неподносливата положба во Отоманската империја. Набрзо влегува во четата на Ѓорѓи Сугарев со која дејствува во битолскиот крај и Мариово. За време на Илинденското востание дејствува во реоните на Пелистер и Преспа. Во 1904 година станува војвода на самостојна чета. На 4 јануари 1908 година, со својата чета паѓа во заседа на турскиот аскер во селото Ношпал (Битолско), каде што се самоубива за да не падне жив во рацете на турскиот аскер.
 |
Гркомани убиени од Димко |
 |
Гркоман убион од Димко |
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.