Friday, July 22, 2011

Бугарски лаги: Македонците имале исто потекло со „Бугарите„ историографија ги прикажува како турко-монголи

Хан Кубрат и Хан Аспарух, основачите на Бугарија, бугарската историографија ги прикажува како турко-монголи

Знаејќи дека Македонците не можат да бидат дел од „бугарското племе“, модерниве бугарски „историчари“ почнаа да измислуваат како во Керамиското Поле (прилепското поле) се населил ханот Кубрат, користејќи еден цитат од „Животот на Св. Димитрија Солунски“ кој вели дека некој си Коурват дошол од Панонија со ромејски (византиски) пленици и ги населил во Керамиското Поле. Во Чудесата на Св. Димитрија се говори за извесен Коувер- водач на Аварите и за некој бунт кој избувнал во аварско племе, воден од Коувер ( L'Abbé A. Tougard, De l’histoire profane dans les actes grecs des Bollandistes (Paris, 1874), pp. 186 ff. ). Подоцна тој Коувер, го нападнал и заробил Коринт (Пелопонез) и не останал во Керамиското Поле, Тракија (Ibid., pp. 521 f.). Но, пак тој Коувер и во останатите историски извори е представен како водач на Аварите, кој населил Словени во Коринт, најверојатно поради малубројноста на Аварите (see Peter Charanis, 'The Chronicle of Monemvasia and the Question of the Slavonic Settlements in Greece,' Dumbarton Oaks Papers, No. V (1950), 158-159). Сега тој Кувер некој ни го претставува како Бугар. Но, како што вели народов, на лагата и се кратки нозете, па има доста византиски извори за тој Хорбатос. Кубер никогаш не се населил во Македонија. Според Солунската Легенда, Кувер, вазал на аварскиот хаган, востанал против својот претпоставен и протеран е од Аварија (денешна Војводина) и заедно со негови пленици од словенско-ромејско потекло, во областа на словенското племе Драговити, наречено Керамијско Поле (A. Tougard, De l'histoire profane, Paris, 1874, p. 187—204. — H. Gelzer, Die Genesis der byzant. Themenverfassung, Leipzig, 1899, S. 47—50. — Ф. Ив. Успенский, О вновь открытых мозаиках в церкви св. Димитрия в Солуни, в ИРАИК, т. XIV (1909), стр. 50—59). Бугарите тврдат дека тоа Керамијското Поле е битолското поле, но битолското поле од антички времиња, преку средновековието, па се` до денес го носи исклучиво само името Пелагонија. На солунчаните добро им било познато името Пелагонија, а и Керамијското Поле, кое се наоѓа во Смолјанската област. Впрочем, Драговитите ја населувале територијата на исток од Солун, од Солун до р. Бистрица, Бер (Петров, П. Образуване на българската държава. С., 1981, 64-65), па византискиот пишувач на "Солунската Легенда" точно го лоцира местото каде Кувер ги населил словено-ромејците т.е. источно од Солун; но, тој направил само една грешка, Керамијското Поле не е во областа на Драговитите, туку во областа на Смолјаните (Тракија), кои се населени уште поисточно од Драговитите. Тоа е сосема нормално за тоа време, византискиот свештеник -писател знаел дека на исток од Солун живеело словенското племе Драговити, но не бил добро запознал точно со народот во смолјанската област, појугоисточно од Драговитите.

Најстарата бугарска историја "Џафкар Тарихи", во превод "Бугарски Летописи", која ја опфаќа историјата на правите Бугари (турки народ) од нивното создавање па се до средниот век, вели дека Кувер ги населил своите пленици ромео-словени во Турун, каде тамошната река (најверојатно денешна Црна Река) била наречена Кувердара (Бахши Иман, ДЖАГФАР ТАРИХЫ (ЛЕТОПИСИ ДЖАГФАРА), ГАЗИ-БАРАДЖ ТАРИХЫ, (ЛЕТОПИСЬ ГАЗИ-БАРАДЖА),1229 - 1246 годы"О БУЛГАРСКИХ ЦАРЯХ ВСЕХ ДИНАСТИЙ"). Турун се наоѓа во смолјанската област, на стотина километри источно од границата меѓу пиринска Македонија и права Бугарија. Денеска Турун (бугарски Търън) е село со 800 жители. Во 7 век, Турун се наоѓал во византиската тема Македонија, инаку етногеографска територија Тракија, па оттаму може таква забуна дека Кувер ги населил своите пленици во Македонија. И двата историски извори го тврдат истото, дека Кувер се населил во смолјанската област, Тракија, на исток од Солун, а не на запад, особено не во "битолското поле" кое отсекогаш го носело истото име- Пелагонија.

Вистинските Бугари знаеле најдобро и најточно каде се населиле, во Турун, кој не припаѓа дури ни во границите на пиринска Македонија, туку е уште понаисток, во Бугарија, во смолјанската област.

Дури еден македонски археолог, со немакедонско презиме, Иван Микулчиќ, базирајки се Чудесата на Св. Димитрија измисли приказна како Кубрат населил Ромеи (Византијци) во Македонија, па дури и тврди дека материјалните остатоци (пред се` керамика и останати метални предмети) на овие луѓе се бугарски! Притоа, споменатиот господин заборавил да отиде до денешен Татарстан, од каде што потекнуваат правите Бугари и да најде материјални докази за нив, од едноставна причина што Бугарите биле номади и немале никаква култура во тоа време. Треба господинот Микулчиќ да си ја земе и прочита бугарската најстара историја, напишана од самите вистински Бугари кои сосема јасно имаат напиШано дека Кубрат се населил во Турун, денешна смолјанска област, инаку област Тракија. Нема белким сега ние да ги учиме старите Бугари каде се населиле.

Сите сериозни историчари кои ја проучувале историјата за Кувер, па дури и реалните бугарски историчари се согласни дека Кувер ја населил Бугарија, а не Македонија (Ф. Ив. Успенский, О вновь открытых мозаиках в церкви св. Димитрия в Солуни, в ИРАИК, т. XIV (1909), стр. 50—59. Н. Милев, Кубрат от историята и Кубер в чудесата на св. Димитрия Солунски, в ПСп, кн. 71 (1910), стр. 556 и сл.).

Византискиот историчар Глигора вели дека Хроватос бил водач на Хрватското племе (Grégoire, op. cit., pp. 91, 104 ff.). Познатиот византски историчар и император, Константин Порфиногенет вели дека Хробатос навистина се населил во темата Македонија, инаку етногеографска област Тракија, која нема ништо заедничко со нашата вистинска Македонија , бил Хрват, а подоцна заминал во Далмација, каде станал водач на далматинските Хрвати (Constantine Porphyrogenitus, De Administrando Imperio, edited by G. Moravcsik and translated into English by R. J. H. Jenkins (Budapest, 1949), pp. 146 ff.). Дури и хрватската историографија тврди дека селото Арвати во Преспа е основано од Хрвати, при словенизирањето на Македонија (M. Vasmer. "Die Slawen in Griechenland." Abhandlungen der Preussischen Akademie der Wissenschaften. Phil.-hist. Kl. No. 12. (Berlin, 1941), p. 123, 127, 175.). Поп Дукљанин, авторот на најпознатото словенско дело „Царството на Словените“ од 12 век вели дека цел Илирик до Валона во денешна Албанија е населен со црвени (јужни) Хрвати (Извор: POP DUKLJANIN, 9, according to Codex Vat. lat. 6958, fol. 57r in the Vatican archives / P. Lessiak, op. cit., p. 84 ff., понатаму види кај AMARI-SCHIAPAELLI, стр. 90, 108 / ). Цела денешна западна Македонија и западна егејска Македонија припаѓаа на Илирик, па попот Дукљанин смета дека западните Македонци се Хрвати. Не само Поп Дукљнин, туку и современата хрватска историја смета дека заедно со македонските словени, доаѓале и хрвати, кои го запоседнале цел Илирик! (V. Mošin, op. cit., p. 43, 54. / L Hauptmann, "Albanija, Povijest," Hrvatska Enciklopedija (Zagreb), vol. I (1941), p. 177-79).

Но, дали се точни тврдењата на бугарската историографија дека настанало мешање на вистинските туркобугари со Словените? Историјата вели дека немало мешање на правите Бугари (турки) со Антите (Словените) од Бугарија, освен со Антите од Добруџа, за што постојат многу докази како посебен фолклор, посебни народни песни, ора, игри. Всушност, само во Добруџа и источна Тракија покрај црноморието се населиле правите Бугари (турки). По отоманската окупација на Бугарија во 14 век, правите Бугари поради културната, етничката и јазичната сличноста со турците селџуци, масовно преминуваат во ислам и целосно се претопуваат во Турци. Така, денешните милион турци во Бугарија и оние уште толку насилно преселени "Турци" од Бугарија во Турција за времето на Тодор Живков, се оригиналните Бугари, наследниците на Хан Аспарух. Но, дел од вистинските Бугари (турки) не се исламизирал и денеска уште ги носат своите турски карактеристики- тоа се Гагаузите. Името Гагауз доаѓа од изворните бугарски (турки) зборови гаг-гуг што значи никако; имено, кога мнозинството вистински Бугари (турки) преминувале во 14 век во верата на своите побројни и посилни турки браќа, Селџуците, имало Бугари кои се опирале на исламизацијата со зборовите НИКАКО, па тој збор Гаг-Гуг станал синоним за вистинските Бугари кои останале доследни на христијанството.

Гагаузите се туркомонголски народ, припадници на жолтата раса, со изразити монголски особини. Јазикот кој го говорат припаѓа на турки јазиците, а го нарекуваат туркче или гагаузче (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Гагаускиот јазик е јазикот на вистинските Бугари, оние на Хан Аспарух кој ги донел во денешна Добруџа. Гагаузите потекнуваат од Добруџа, Варна и источна Тракија, токму онаму кај што се населиле правите Бугари, турките. Денеска, историчарите од од Бугарија, за да ја одбранат својата хипотеза дека се мешавина на Буагри и Словени, одат дотаму дека Гагаузите се остатоци на Куманите и Печенезите, но во местата на Гагаузите, Варна, источна Тракија и Добруџа се населиле правите Бугари. Културата на Гагаузите е иста со онаа на добруџанските славенофони Бугари, така што можеме да речеме дека мешање на Бугари и Анти (Словени) имало само во Добруџа. Танците и народните песни, како и целиот фолклор на Гагаузите се идентични со Бугарите од Добруџа (Коларова 1998, објавено во Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176).

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.