Saturday, August 18, 2012

Славејко Арсов


Славејко Арсов е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Тој е роден во (Штип на 17 август 1878 и починал на 22 август 1904). Школувањето го усовршувал во Штип, Скопје (1895) и Софија (1897/98).

Четата на Арсов
Во 1899 стапува во редовите на ТМОРО. Во 1900 година лежи во затвор во Кичево, а потоа во Битола. По 14 месеци со откуп успеал да излезе од затворот.
Во првите години тој бил обичен борец во четата на војводата Марко Лерински, а потоа бил избран за околиски војвода во Битолско, па во Ресенската околија.
Учествувал активно на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во борбите што се воделе во Ресенско.

Четата на Арсов
Кога востанието било задушено, тој отишол на лекување во Бугарија, но набрзо се враќа дома во Македонија заедно со своја чета.
Идејќи за Ресен, на 22 август 1904 година, близу до с. Ѓуѓанци (Светиниколско), заедно со четата на Стојан Донски, биле опколени од турски аскер.
Цели 6 часа имале тешка и крвава борба. Тој бил тешко ранет и за да не падне жив во рацете на турскиот аскер се самоуби.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.