Thursday, December 13, 2012

Самуил - Поема

II
... Елате мои црни мажишта
сите векови и сите колена
Елате
да се збереме
да се видиме...
III

Или пак елате
Објалџии,опинчари,рибари
Брсјаци мијаци
Елате
По сите ориди и по сите преспи
Да тргнеме
да се изброиме

Малку ли сме
Мнолгу ли сме

Ќе правиме царство
Да видиме колку векови ќе царуваме
Кој ќе ни биде цар
Кој бог
И шпион кој ќе ни биде,

Елате
Да се изброиме!

Анте Поповски

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.