Tuesday, April 9, 2013

Теракотни Икони од Виничкото Кале


Корените на христијанството се наоѓаат во Виница изразени преку ТЕРАКОТНИТЕ ИКОНИ пронајдени од Виничкото кале.Виничките теракотни икони се вбројуваат во редот на најавтентични археолошки откритија и претставуваат драгоцен дел од целокупното Христијанско наследство. 
Интересот за неговото истражување се појавува во 1978 година, кога археологот Ц. Крстевски донесол во Музејот на Македонија пет фрагменти од теракотни релјефи со иконографски претстави, дотогаш непознати, особено интересни за проучувањето на старохристијанскиот период. Така, од 1985 година се започнува со археолошки ископувања кои непрекинато ќе продолжат до денес. На почетокот како заштитни, а подоцна систематски, со овие ископувања е констатирана релативната стратиграфија на локалитетот. Според археолошките наоди, особено керамичките, животот во населбата се одвивал во долг континуитет, од неолитското време сè до полниот среден век, со таа разлика што се најмногубројни архитектонските остатоци од доцноантичкото време (4-5 век). Откриени се остатоци од ѕидови на неколку објекти од профан карактер, со организирани тремови, „клупи“ за седење, магацински простории, ѕидани од камен и варов малтер, кои на одделни места се зачувани во висина дури до 4 м. Во едни се најдени писцина, префурниум, водоводни инсталации и друго.  
Објектите биле подигнати покрај одбранбениот бедем, од кој е откриен еден дел заедно со една полукружна кула. Бедемот е ѕидан од кршен камен и варов малтер, а неговата ширина изнесува 3 м. Значајно е да се спомене дека во шутот меѓу ѕидовите е најден голем број на цели и фрагментирани реплики од теракотни икони, со непроценливи археолошки, уметнички и теолошки вредносни димензии. 
Околу црквичката е откриен голем број примероци од архитектонска пластика, и тоа колони, бази, капители, делови од канцел, транзени, подни плочи и сл., а од подвижниот материјал фрагменти од керамички садови, предмети од бронза, железо и коска, потоа накит, монети и друго. Откриен е и истражен богат женски гроб од 12 век во кој се најдени 9 стаклени и 4 бронзени позлатени белезици, 11 бронзени прстени (неколку позлатени) и еден предмет од коска (игленица).
Овие теракотни рељефи содржат иконографски претстави со христијанска тематика, како и латински натписи со литургиска содржина. Датирани се во V - VI век и веројатно служеле како апликација на ѕидовите на гробните објекти во доцноантичкиот период во виничкиот градежен комлекс. Теракотните икони од Виничкото Кале кои биле откриени од археологот Цоне Крстевски претставуваат единствени од ваков тип со непроценливо богатство од археолошка, уметничка и теолошка вредност. 
Теракотните икони од Виница се вбројуваат меѓу најексклузивните наоди во историјата на македонската археологија.
Досега биле изложувани во повеќе градови: Ватикан (1986); Загреб (1987); Љубљана (1989); Москва (1989); Белград (1991); Минхен (1993); Рим (1995); Варшава (1996); Анкара (1997); Париз (1999).

Во Р. Македонија теракотните икони беа презентирани во Виница (1986); Охрид (1990); Скопје (1991), а во повеќе градови презентирани се копии од истите. 
 Теракотните икони (иако не соодветен, сепак термин кој се покажа како ,,најблизок,, до пошироката популација) по својот облик претставуваат плочи изработени од глина, моделирани со помош на калап, со кој на предната страна се изведени релјефни претстави со одредена иконографска содржина, прикажани во повеќе реплики.
Плочите се изведени во два формата, со некои помали отстапувања:

квадратен – со димензии : 31 х 29 х 4,5 см и 30 х 28 х 4 см
правоаголен – со димензии : 32 х 20 х 4,5 см и 33 х 29 х 4 см

Св.Теодор

Св.Теодор

Датирање: Од крајот на VI до крајот на VII век.
Димензии: 32,5 x 23 x 3,6 см.
Тежина: 5.820 гр.

Степен на зачуваност: Искршена по вертикала на два дела. До денес е откриен само левиот дел. Приближно неговата  големина е околу две третини од претпоставуваниот формат.  
Во процесот на изработка, видливо, иконата била потешко оштетена. Еднаш, кога биле притиснати релјефните букви од натписот на левата вертикална рамка при што згмечените букви станале одвај читливи, а се искривило и копјето на кој се наоѓа прободен победничкиот трофеј претставен како змиест аждер(змеј). Втор пат, кога иконата била притисната по вертикала,што предизвикало набирање на се уште меката глина кон средината,оштетувајки ја на тој начин сигнатурата испишана врз фонтот.
Иконографија: Св.Теодор е претставен како јава на коњ,како победник над силите на злото,односно змиестиот аждер(змеј)и победениот непријател,паднат на грб под нозете на коњот.
Св.Теодор е облечен во војничка облека,што се состои од посебна панцирна кошула исплетена од испреплетени ,,кожени" каиши.Панцирот има долги ракави,а на рамењата и околу појасот широк украсен каиш.Достига до над колената.Панталоните се тесни и припиени до телото.Лицето и рамениците на светителот се предадени во an face,додека долниот дел од телото е во профил.
Св.Теодор има бујна, кадрава коса, која покрива дел од челото и е куса, на крајот малку зашилена брада.
Коњот врз кој јава светителот има ,,кожено"седло,со висок штитник во предниот дел.За зацврстување на седлото служи и широкиот,со кичанки украсен каиш околу задниот дел од телото на коњот.

Архангел Михаил
 
Архангел Михаил

Датирање: Од крајот на VI до крајот на VII век
Димензии: 32,5 x 20 x 4,5 см.
Тежина: 820 гр.

Степен на зачуваност: Со исклучок на левиот горен агол, иконата е зачувана во целина. Полесно оштетување на горниот дел од левото крило на архангелот и долните делови на двете букви од сигнатурата.
Иконографија: Архангелот Михаил е претставен во цел раст,во гронтална поза.Во десната рака држи скиптар а со левата благословува.Малку подигнатите крила се склопени покрај телото со изразито назначени пердуви.Лицето е младолико со фризура врзана со врвца над челото зачешлана.Од двете страни на лицето косата паѓа во кадри.Архангелот е облечен во долг хитон и химатион.Хитонот во долниот дел од двете страни има украсни ленти.Под архангелот има правоаголен постамент,меѓутоа не се добива впечаток дека тој цврсто стои на постаментот,повеќе би можело да се смета дека лебди над него,лесно допирајќи го со прстите.Не може да се заклучи дали на нозете има сандали.За разлика од другите икони оваа нема рамка.
Натписи: Над крилата на архангелот испишана е сигнатурата SCS (SANCTUS).На левата страна вертикално MIHAEL.  

Даниел меѓу лавови
 
Даниел меѓу лавови

Датирање: Од крајот на VI од карјот на  VII век.
Димензии: 29 x 31 x 4 см.
Тежина: 6.000 гр.

Степен на зачуваност: (Се состои од две парчиња. Откопани во 1985 и 1986 год.)
Десниот долен агол искршен.Тешко оштетена е десната  вертикална рамка.Слабо отиснато во калапот е лицето на  лавот десно од Даниел.
Иконографија: Св.Даниел е претставен во цел раст во средината на иконата. Рацете се подигнати во став на орант.Облечен е во туника препашана со каиш  на половината,а на градите закопчана со украсна тркалезна фибула.Туниката е куса, одвај допира до колената, а во долниот дел има невообичаена кројка со три испуштени парчиња во вид на листови.На тој начин нозете остануваат голи и боси. Лицето е заоблено  со тркалезни,издадени очи.Косата  е  претставена со многу кадри. Од двете страни на светителот, со телата свртени со грб и со глави свртени кон светителот, претставени са два лава. Лавовите се со отворени челусти и со грива изведена  во прамени. Еден од лавовите изгледа поголеm,а другиот нешто помал. Во квадратното поле, опкружено со широка рамка во која е испишан текстот, нема никакви други елементи кои би го сугерирале просторот.
Натписи: Во квадратното поле од двете страни на главата на светителот испишана е сигнатурата: SCSW DANIEL.На горната хоризонтална рамка текстот започнува со мал крст ADDOMINOG.Бидејќи крајот на овој дел од рамката е доволно искршен овде се гледа дека е испишана уште една буква чија што вертикална хаста е зачувана.На вертикалната рамка текстот започнува под малиот крст од хоризонталната рамка и гласи: SUSHOMI.На долната хоризонтална рамка која е оштетена во десниот агол би можела да се смести уште една буква како продолжение во десната хоризонтална рамкаекстот гласи: GIGUMTUR.На десната вертикална рамка останале буквите: NI и една половина од буквата D.
Изложби: Загреб-1987; Москва-1989; Љубљана-1989; Охрид-1990; Скопје-1991; Белград-1991/92; Минхен-1993/94.

Четириесет и први псалм Давидов
 
Четириесет и први псалм Давидов


Датирање: Од крајот на VI до крајот на VII век.
Димензии: 27 x 30 x 4,5 см.
Тежина: 5.630 гр.

Степен на зачуваност: (Се состои од четири парчиња, откопани во1985 год.)   
Иконата е искршена на четири парчиња, но по состсвувањето е добиена целина.Потешко се оштетени задните нозе на еленот.
Иконографија:Во квадратното поле претставен е крупен елен со разгранети рогови чие тело е предадено во профил со главата кон десната страна.Гранките на две разлистени дрвја го исполнуваат фонот во заднината.Под нозете на еленот-извор од којшто водата истекува во млазеви управувајки се кон кантаросот што се наоѓа пред него.Околу квадратното поле,широка рамка на која е испишан текстот сврзан со Давидовиот псалм. 
Натписи:На горната хоризонтална рамка натписот почнува со мал крст и гласи: SICUTCERVUSDE. Потоа продолжува на левата вертикална рамка: SIDERAT, за да се префрли на десната вертикална рамка со: ADFONTES, а да заврши на долната хоризонтална рамка со: AQVARIUM и повторно мал крст што го означува крајот на текстот.
Изложби: Загреб-1987; Москва-1989; Љубљана-1989; Охрид-1990; Скопје-1991; Белград-1991/92; Минхен-1993/94.

Шеесет и петти псалм Давидов
Шеесет и петти псалм Давидов

Димензии: Од крајот на VI до крајот на VII век.
Димензии: 29 х 31 х  4см.
Тежина: 6.950 гр.

Степен на зачуваност: (Се состои од две парчиња ископани во 1985 год.)
Распукната во вертикала на два дела.Десните горни и долни агли искршени.Главата на бикот оштетена така што не се видливи сите детали.
Иконографија: Во правоаголното поле поставен е бик со телото во профил,свртено кон лево и со главата лесно свртена кон гледачот.Под телото на бикот има разгрането стебло чиишто гранки се видливи врз фанот на телото.Под телото на бикот има разгрането стебло од листови.
Околу правоаголното поле се наоѓа широка рамка со испишан текст.Текстот сугерира дека станува збор за илустрација на 65-ти псалм Давидов.Во 15-тиот стих на овој поопширен псалм
се вели:"Ќе ти принесам жртва паленица со дим од овни,ќе ти жртвувам волови и јариња."
Натписи: Натписот во целина зачуван.На хоризонталната горна рамка почнува со HOLOCAUSTA MEDU,продолжува на левата вертикална рамка: LATA OFER, преминува на десната вертикална рамка: TIBICIUM IN и завршува на долната хоризонтална рамка,каде што некои од буквите морале да бидат помали и збиени поради недостаток од простор: AMCENSO ET ARIETIBUS.
Изложби: Ватикан-1986; Виница-1986; Загреб-1987; Москва-1989; Љубљана-1989;Охрид-1990;
Скопје-1991; Белград-1991/92; Минхен-1993/94.

Цар Константинов крст
 
Цар Константинов крст


Датирање:Од крајот на VI до карјот на VII век.
Димензии: 32 x 20 x 4,5см.
Тежина: 4.750 гр.

Степен на зачуваност: (Се состои од едно парче,  откопано во 1987 год.)
Иконата многу добро зачувана. Само во долниот  лев агол отчепено е мало, поврашинско парче. 
Натписи: Врз крстот, на хоризонталните краци: VIN/ CE †. Врз крстот, на вертикалните краци: CRUX/CRISTI. Врз фонот натписот е испишан во шест реда: ETVINCERE PRE/STA OM/NI BUS/SPE RA/NTI BUSINTE †. 
Изложби: Ватикан-1986; Загреб-1987; Љубљана-1989; Охрид-1990; Скопје-1991; Белград-1991/92; Минхен-1993/94.

Јошуа и Калеб
 
Јошуа и Калеб

Датирање: Од крајот на VI до крајот на VII век.
Димензии: 28,5 х 30 х 4см.
Тежина: 7,595 гр.

Степен на зачуваност:( Се состои од едно парче откопано во1985 год.)
Иконата релативно добро е зачувана со исклучок на горниот дел до десната вертикална рамка каде се притиснати буквите од сигнатурата на Калеб.Помали оштетувања на нозете на Јошуа-Исус Навин и Калеб,облечени во војничка облека со шлемови на главата.Јошуа-Исус Навин во десната рака држи копје а со левата подигната во висина на главата покажува на сонцето кое е претставено со 12 крака,од кои 6 долги и 6 покуси крака.
Јошуа Навин е облечен во панцирна кошула која е до колената.Панцирната кошула препашена е на половината со широк каиш.Преку рамењата и градите префрлен е плашт закопчан со фибула а еден негов дел е видлив и под десната рака на воинот.Телото е предадено во an face а главата е лесно свртена на лево.
Калеб кој во левата рака држи копје со десната придржува голем штит украсен со розета.Облечен е исто како и Јошуа,во панцирна кошула до колената и огрнат со плаштзакопчан со фибула на градите.Кожените каиши од кои е изработен панцирот имаат сосем друг облик од тој на Јошуа.Телото е предадено во an face а главата е малку подигната и свртена на десно.На шлемот на Калеб претставена е полумесечина.На нозете Калеб има кондури прицврстени со ремени до колената.
Натписи: Лево од главата на Јошуа Навин:H IESU. На левата вертикална страна обратно поставен се наоѓа натписот FILIUS NAVE. На десната вертикална страна испишана е сигнатурата KALEEB.
Изложби: Ватикан-1986; Загреб-1987; Москва-1989; Љубљана-1989; Охрид-1990; Скопје-1991; Белград-1991/92; Минхен-1993/94.

Три коњаника и еден стрелец

Три коњаника и еден стрелец

Датирање: од крaјот на VI до крајот на VII век
Димензии: 27 h 31 h 3см.
Тежина: 3.840 гр.

Степен на зачуваност:  (Се состои од шест парчиња, откопани во 1985 и 1986 год.)
Иконата е тешко оштетена и раскршена на парчиња. Шест од овие парчиња досега се пронајдени. Недостасува мало парче од средината на иконата, помеѓу првиот и вториот  коњаник, горниот десен и долниот лев агол.
Натписи: Во првиот ред: SCS, а во вториот ред видливи се само остатоците од три букви,од кои двете крајни би можеле да се сметаат како горни делови од буквата Y.Овој дел од натписот е несомнено клучен и без неговото правилно дешифрирање не е можно со поголема сигурност да се дефинира претставената композиција. 
Изложби: Виница-1986; Загреб-1987; Москва-1989; Охрид-1990; Скопје-1991; Белград-1991/92; Минхен-1993/94.

Лозова пенушка-седумдесет и девети псалм Давидов
Лозова пенушка-седумдесет и девети псалм Давидов

Датирање: Од крајот на VIвек до крајот на VII век.
Димензии: 35 х 28 х 4,5см.
Тежина: 6.120 гр.

Степен на зачуваност: (Се состои од две парчиња откопани во 1986 год.)
Искршена ,веројатно во три дела,од кои досега се откриени двата поголеми што сочинуваат повеќе од три четврти од иконата.Досега не е откриена левата долна четвртина.
Иконографија: Иконата ја нема вообичаената рамка во која е издвоен натписот но распоредот на буквите сепак создава рамка на правоаголниот простор ви кој е претставена лозовата пенушка која потоасе раздвојува во другите две еднакви по дебелина и должина гранки на коишто се наоѓаат големи лисја,ластери и гроздови.На самиот врв во средината помеѓу гранките претставена е птица која личи на гулаб а во долниот дел од двете страни на пенушката еден лав прогонува срна.
Натписи: Натписот почнува на горната хоризонтална рамка со вообичаениот крст †VI NEAM.На левата вертикална страна видливи се четири букви од натписот: TOTR.На десната вертикална страна: EXAEGYP.На долната хоризонтална страна видливи се: ISTI и мал крст  †.
Изложби: Загреб-1987; Москва-1989; Охрид-1990; Скопје-1991; Белград-1991/92; Минхен-1993/94.    

Св. Христифор и Св. Ѓорѓи
 
Св. Христифор и Св. Ѓорѓи

Датирање: Од крајот на VI век до крајот на VII век.
Димензии: 27,5 х 31 х 4см.
Тежина: 9.930 гр.
(На задниот дел од иконата останал зачуван дебел слој од малтер со кој таа била прицврстена на ѕид.Во тежината е искажан и малтерот.)

Степен на зачуваност:(Иконата е откриена во 1985 год.)
Иконата е зачувана во целина.Десниот долен агол малку искршен.Двете линиишто ја затвораат хоризонталната рамка во десниот долен агол лесно се оштетени при што отпаднатиот дел од рељефот на буквата Y и еден крак на малиот крст.Лицата и телата на светителите имаат мало оштетување,веројатно при вадењето на иконата од калапот.
Иконографија: Св.Христифор и Св.Ѓорѓи претставени во сел раст,облечени во туники кои достигаат до над голента а над туниката имаат префрлено речиси исто толку долги плаштеви што паѓаат во набори.Плаштевите се прицврстени со тркалезни фибули на левото рамо.Св.Христифор со десната рака држи копје,со врвот свртено надолу со кое ја прободува човеколиката глава на змијата свиткана пред неговите нозе.Во десната рака тој држи голем крст.Неговата глава е глава на куче претставена во профил.Св.Ѓорѓи во левата рака држи копје со кое прободува исто таква змија а со десната придржува голем штит поставен во средината помеѓу двајцата светители.
Натписи: Натписот отпочнува со мал крст на горната хоризонтална рамка: DNS DS UIR TUTUM.На левата вертикална рамка е испишана сигнатурата на Св.Христифор: HPOFORUS.На десната вертикална рамка е испишана сигнатурата на Св.Ѓорѓи: GEORGIUS.На долната хоризонтална рамка е испишан текстот: EXAUDINOS.За да се означи крајот на текстот повторно е изведен мал крст.
Изложби: Ватикан-1985; Виница-1986; Загреб-1987; Москва-1989; Охрид-1990; Скопје-1991; Белград-1991/92; Минхен-1993/94.

Лав од племето Јудино

Тобија

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.