Wednesday, October 30, 2013

Учеството на македонскиот народ во антифашистичката и граѓанска војна во Грција (1941-1949) - Ристо Кирјазовски


La participation du peuple macédonien dans la guerre antifasciste et civile en Grèce (1941-1949) - Risto Kirjazovski


“ОХРАНА“ во Егејска Македонија (1942-1944) Компаративна анализа

Во периодот 1942-1944 г. во десетина села во Костурско и Воденско (како и во самиот град Воден) оперира паравоената организација “ОХРАНА“. Вооружените припадници на “ОХРАНАТА“ себе си се нарекуваат комити или комитаџии, а амблеми им се знамињата од Илинденското востание во Костурско. Центарот на “ОХРАНА“ за Костурско е селото Загоричани, а за Воденско е градот Воден. Организатор на “ОХРАНАТА“ е Костурчанецот Андон Калчев. После создавањето на НОФ на Македонците од Егејска Македонија, скоро 90% од бившите Охраниоти се приклучија во редовите на НОФ-ДАГ.Официјалната Македонска историја ретко ја спомнува “ОХРАНАТА“, и ја смета за реакционерна, антиреволуционерна организација која војува против ЕЛАС и му служи на германскиот и италијалнскиот окупатор, а комитите ги смета за орудие на бугарската воена агентура. После 1992 дел од Македонските борци во Граѓанската Војна во Грција започнаа да пишуваат на таа тема и понудија друга гледна точка, која ги окфалификува комитите на “ОХРАНАТА“ како борци против грчкиот гнет и заштитници на достоинството на Македонскиот народ во Егејска Македонија.