Во периодот 1942-1944 г. во десетина села во Костурско и Воденско (како и
во самиот град Воден) оперира паравоената организација “ОХРАНА“.
Вооружените припадници на “ОХРАНАТА“ себе си се нарекуваат комити или
комитаџии, а амблеми им се знамињата од Илинденското востание во
Костурско. Центарот на “ОХРАНА“ за Костурско е селото Загоричани, а за
Воденско е градот Воден. Организатор на “ОХРАНАТА“ е Костурчанецот Андон
Калчев. После создавањето на НОФ на Македонците од Егејска Македонија,
скоро 90% од бившите Охраниоти се приклучија во редовите на НОФ-ДАГ.Официјалната Македонска историја ретко ја спомнува “ОХРАНАТА“, и ја
смета за реакционерна, антиреволуционерна организација која војува
против ЕЛАС и му служи на германскиот и италијалнскиот окупатор, а
комитите ги смета за орудие на бугарската воена агентура. После 1992 дел
од Македонските борци во Граѓанската Војна во Грција започнаа да
пишуваат на таа тема и понудија друга гледна точка, која ги окфалификува
комитите на “ОХРАНАТА“ како борци против грчкиот гнет и заштитници на
достоинството на Македонскиот народ во Егејска Македонија.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.