Friday, January 24, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од триод крај на 14 век



Хартија: 28,4 х 21,5 см; 7 листови. Листовите се конзервирани и реставрирани. Од нив се сочувани само фрагменти. Нема ниту еден сочуван цел лист. Конзервацијата е извршена во 1994 година во лабораторијата на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.
Писмо: Во две колони по 29 реда во полна колона. Убаво полууставно писмо од XIV век. Едноеров безјусов правопис. Употребен е само малиот ер. Се среќаваат акценти, но недоследно. Од интерпункцијата се употребува само точка. Насловите и почетните букви со црвено мастило, останатиот текст со црно.
Водени знаци: „Три рида“
Орнаментика: На л. 7 почетната буква „Т“ голема и иницијална украсена со ливчиња и цветчиња со црвена боја.
Повез: Нема. Се чува во папка.
Содржина: Фрагмент од триод.
Потекло: Ракописот е најден во Марковиот манастир до Скопје. На НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје го подари уметникот и конзерватор Ставре Аврамовски во 1993 година.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Wednesday, January 22, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од литургиски текст втора половина на 14 век



Хартија: 31,5 х 22,2 см., 1 лист. Листот е конзервиран и реставриран во НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје во 1991 година.
Писмо: По 29 реда во две колони, убаво полууставно писмо со форми од XIV век.
Акцентот ретко се среќава. Од интерпункциските знаци употребена е точката. Почетните букви се поголеми и црвени.
Водени знаци: Нема.
Орнаментика: Нема.
Повез: Се чува во папка.
Содржина: Фрагмент од литургиски текст (содржи 8 и 9 песни од канонот).
Потекло: Фрагментот е најден во Охрид како подврзие на печатена книга.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Tuesday, January 21, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од четвороевангелие прва половина на 14 век



Пергамент: 19,5 х 16,5 см., еден оштетен лист со отсечена долна и десна маргина. На долната страна освен маргината се отсечени и по два реда од колоните од текстот, а на десната страна само маргината и неколку букви од текстот. Има извадено парче и од левата маргина веројатно при извлекувањето од подврзието.
Писмо: Во две колони по 18 реда, устав, српска редакција, едноеров правопис. Се употребува само малиот ер. Се среќаваат акценти но не систематски, се употребува и кендемата. Од интерпункцијата има точка и запирка но недоследно. Воведението и упатниот текст, како и почетната буква се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со црно.
Водени знаци: Не се запазени.
Орнаментика: Нема.
Повез: Нема.
Содржина: Фрагмент од Четвороевангелие (од Лука глава 14 зачало 74)
Потекло: Ракописот е најден во Куманово.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Tuesday, January 14, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Два листа од триод втора половина на 14 век



Хартија: 28,5 х 21,5 см., 2 конзервирани листови. Листовите се тешко оштетени. Недостасуваат повеќе делови, а од л. 2 целиот долен дел. Листовите се конзервирани и реставрирани во лабораторијата на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје во 1993 година. Хартијата е од XIV век.
Писмо: Во две колони. На л. 1 зачувани се само 29 реда, а на л. 2 19 реда. Писмото е уставно од XIV век. Правописот е безјусов, едноеров. Акцентски знаци ретко се употребени. Интерпункцијата е со точка. Насловите и почетните букви се црвени.
Водени знаци: Не се запазени.
Орнаментика: На л. 1‛ голема иницијална буква „В“.
Повез: Нема. Се чува во папка.
Содржина: Фрагмент од триод - во недела наутро, песна 6.
Потекло: Ракописот е најден во Марковиот манастир кај Скопје, а на НУБ „Св. Климент Охридски“.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Monday, January 6, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Четвороевангелие крај на 14 век и почеток на 15 век (трет дел)



Хартија: 21,5 х 14 см., 152 листа. Во почетокот недостасуваат неколку листа, по л. 139 недостасуваат повеќе листови, на крајот исто така недостасуваат повеќе чистови т.е. дел од евангелието од Лука и целото евангелие од Јован. Освен тоа, многу листови се тешко оштетени, недостасуваат големи парчиња од истите. Ракописот е конзервиран (ламиниран) во лабораторијата при Народната библиотека на СР Србија во 1972 година.
Писмо: По 23 реда, во една колона, уставно писмо со полууставни елементи.
Акцентски знаци има но несистематски, се среќава и кендема. Интерпукцијата е со точка. Насловите и заглавните букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со црно мастило.
Водени знаци: „Ножици“
Орнаментика: Насловите на евангелијата со поголеми букви и со скромно иницијални почетни букви.
Повез: Нема.
Содржина: Фрагмент од четвороевангелие (од Лука глава 14 зачало 74).
Потекло: Ракописот е најден во Куманово.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје