Tuesday, January 21, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од четвороевангелие прва половина на 14 век



Пергамент: 19,5 х 16,5 см., еден оштетен лист со отсечена долна и десна маргина. На долната страна освен маргината се отсечени и по два реда од колоните од текстот, а на десната страна само маргината и неколку букви од текстот. Има извадено парче и од левата маргина веројатно при извлекувањето од подврзието.
Писмо: Во две колони по 18 реда, устав, српска редакција, едноеров правопис. Се употребува само малиот ер. Се среќаваат акценти но не систематски, се употребува и кендемата. Од интерпункцијата има точка и запирка но недоследно. Воведението и упатниот текст, како и почетната буква се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со црно.
Водени знаци: Не се запазени.
Орнаментика: Нема.
Повез: Нема.
Содржина: Фрагмент од Четвороевангелие (од Лука глава 14 зачало 74)
Потекло: Ракописот е најден во Куманово.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.