Хартија: 21,5 х 15,5 см. 152 листови. Листовите
2, 3, 7‛, 75‛, 100‛, 114‛, 149‛,151‛ не се испишани. Има остатоци од
оригинална кирилска пагинација со кватерниони, но со подврзувањето е
пореметена и е недоследна.
Писмо: На 22-23 реда на полна страница. Полууставно писмо со облици од XV-XVI век. Двоеров правопис, со траги од ресавската правописна школа. Големиот ер обично се употребува во предлозите и префиксите, а малиот на крајот. Употреебено е Ѕ (нose, sвѣзда, ѕиждителю и др.) Од надредните знаци се среќава кендемата, акценти и спиритуси, но доста ретко. Од интерпункцијата употребена е точка и две точки. Насловите и иницијалите се црвени.
Водени знаци: „Ракавица со петолист одозгора“, од првата третина на XVI век; круг со петокрака одозгора со иницијал внатре „ВМ“ од истиот период.
Орнаментика: Скромна. Нема знаменца. Насловите и почетните букви се поголеми со извесна мала доза на иницијалност.
Повез: Оригинален од XVI век; штици завиткани во црна кожа - орнаментирани со рамови, ромбови во коишто се наоѓаат розети и палмети. На аглите и на средината се наоѓаат метални топчиња. Има остатоци ок копчиња и ременчиња за закопчување.
Содржина: Литургиски зборник
Потекло: Ракописот е најден во црквата во с. Бенче - Поречие во 1988 година.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.