Tuesday, August 6, 2013

Le Petit Journal sur l'insurrection en Macédoine


Un graphique du "Petit Journal" (du 26 Juillet 1903), illustrant un combat lors de l'insurrection en Macédoine.

Monday, August 5, 2013

Таму е Мојата Земја

Во сребрени мугри зората каде руди
и петел со пев селата каде буди
и сонцето в пурпур каде се раѓа
и намуртено зад Шара кај заоѓа -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Таму кај Струма матна вода лее
и кај Вардар комитски песни пее,
охридски браној каде немирни јачат
и каде мајки над пресни гробја плачат -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Орачот каде в ѕевгар протега бразди
и за данок кај го соблачат туѓинци - газди
и развратни учители туѓинско слово сејат
и в црквите каде не наши попови пејат -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Таму кај на нива жетварката страдна
проколнува в песна робијата гадна
и со гајда овчар кај разбива тага
и кај борци гинат за родина драга -
таму  е мојата земја - таму е Македонија.

Таму прангите кај ропски химни пеат
и во нив храбри борци без жал мрејат,
Ел Тепе каде Јанево знаме вее
и Баница каде за Делчев солзи лее -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Таму на Илинден народ кај востанал
во крвава битка држава да гради
и таму јас беден селанец кај вкусив
попара од пелин на години млади -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Денес каде мајка син емигрант чека
и порои солзи се слеваат во река
и биднала од жал црна кукавица
и живее како мајка - маченица -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Драган Богдановски