Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш , Криворечка Паланка , ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен , за 1800 гроша годишно . Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како седмо дете од дванаесетте деца , пет машки и седум женски . Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски , кој така се вика зашто сме Маќедонци а не Грци а неговиот татко се викал Јосиф , свјаштеник а неговиот дедо Стоиман , свјаштеник . И ја прекарот си го зедов Маќедонски а не по татко ми и по дедо ми , за да се знае оти сме Славјани од Мaќедонија .
Ден Голема Богородица на 1846 година .
Ѓорѓија Мкедонски
Учителот Ѓ.Македонски , родум од с.Радибуш (Кривопаланечко) по повод на стапуцањето на учителска должност во родното с.Радибуш , го оставил овој запис со фразата вообичаена за тоа време : "Да се знае" (Знано будет...)
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.