Tuesday, April 21, 2015

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од цветен триод трета четвртина на 17 век



Хартија: 27,5 х 17,5 см., 5 листови. На листовите има и стара фолијација.
Писмо: По 34 реда на полна страница, педантен полуустав со уставни елементи, српска редакција. Правописот едноеров (Ъ), но сосема ретко се употребува и малиот ер (ь) на крајот од зборот, на пр. сЪнь, крЪвь, сЪмрЪть, пѣснь. Се среќава десетерично ї пред вокалите. Африкатот ѕ го нема. Од недредните знаци застапен е акцентот и поретко кендемата. Интерпункцијата е со точка, две точки и запирка. Насловите и почетните букви се напишани со црвено мастило.
Водени знаци: „Круна со ѕвезда и полумесечина“ и фрагмент од контра марка (се гледа само „Р“ со тролист).
Орнаментика: На л. 5‛: мала плетеница, со црни линии и црвени точки. Од почетните црвени букви има неколку со мала доза на иницијалност.
Повез: Нов, картон завиткан во кожа.
Содржина: Фрагмент од цветен триод (од втората недела по Велигден во четврток на вечерна, до трета недела по Велигден во сабота на вечерна - Св. Жени Мироносици и Јосиф Праведен).
Потекло: Фрагментот е најден во Кратово.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Wednesday, March 25, 2015

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од четвороевангелие прва четвртина на 17 век



Хартија: 20,5 х 29,5 см. (12,5 х 21 см. текст), 14 листови. Од л. 1 останата е само горната половина, а од л. 14 долната половина. Ракописот е конзервиран, реставриран и подрзан во 1980 година, во НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.
Писмо: По 27 реда во полна страница, полууставно писмо - мешана македонско-српска редакција. Се среќаваат двата јуса. Во повеќето случаи големиот јус е преминат во ОУ. Се среќаваат двата ера без некое правило. Употребена е на неколку места и фонемата ѕ. Од надредните знаци се среќаваат три вида акцент (акут, графис и циркомфлекс). Се среќава поретко и кендемата. Употребено е црно и црвено мастило. Со црвено мастило се напишани насловите, зачалата и почетните букви, а останатиот текст е напишан со црно мастило.
Водени знаци: „Двоглав орел“.
Орнаментика: Нема.
Повез: Нов, платно и црн скај (подврзан во 1980 година).
Содржина: Фрагмент од евангелијата на Матеј и Марко
Потекло: Ракописот е најден во Историскиот архив во Битола, како подврзие на грчка книга од XIX век. На л. 10 и 14‛ се наоѓа печат од Осторискиот архив во Битола.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Tuesday, February 24, 2015

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Зрзевско четвороевангелие крај на 16 век и почеток на 17 век (петти дел)



Хартија: 29,5 х 19 см., 228 листови. Во почетокот недостасуваат повеќе листови. На л. 1 недостасува долниот лев агол. По л. 1 недостасува 1 лист (искинат поради знаменцето во почетокот на Евангелието од Марко). По л. 227 недостасува 1 лист. На крајот недостасуваат 2 листа.
Писмо: По 23 реда, калиграфски полуустав со облици од XVI век. Српска редакција со траги од ресавски правопис: ъ во предлозите и префиксите, ь на крајот од зборот. Употребува ѕ (ѕѣло, мнѡѕїи,кнеѕь). Од надредните знаци употребен е акцент доследен во целиот ракопис и кендема. Интерпункцијата е изразена со точка и запирка. Насловите и почетните букви се црвени, но има на некои места измешано црвена и сина боја.
Водени знаци: „Сидро во круг со тролист одозгора“ и контрамарка I-C со тролист во средина, „сидро во круг со тролист одозгора“ со контрамарка З-Р со тролист во средина.
Орнаментика: На л. 100: Големо квадратно знаменце со исплетени гранчиња и други флорални елементи внатре и со три цветни елементи надвор од рамките на квадратот на горната страна, со црвена, жолто-златна и сина боја. Во ист стил и колорит се наоѓа голем плетен иницијал од буквата „П“. На л. 202: Големо квадратно знаменце со испреплетени гранчиња и цветчиња внатре и со флорални елементи надвор од рамките на квадратот, со црвена, жолто-златна и сина боја. Во ист стил и колорит се наоѓа голем плетен иницијал од буквата „В“.
Повез: Сочуван е во оригинална форма, само предната корица - даска завиткана со орнаментирана кафена кожа на која има втиснат натпис „ТРИФОЛОГИОН“. Има остатоци од копчиња за закопчување. Задната корица е додадена од друга книга, исто така даска завиткана со кафена орнаментирана кожа со многу црвојадини по неа.
Содржина: Четвороевангелие.
Потекло: Ракописот е најден во градот Велес.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.