Thursday, September 22, 2011

Грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

грчки злосторства над македонците

Во 1941 година, веднаш по распаѓањето на грчката држава, четворица националистички генерали на тогашниот квислиншки диктатор, генерал Чолакоглу, во Атина ја распнале картата на Балканот и на собраните офицери, од типот на џелатот Зервас, им ги дале своите упатства: Зад Олимп е Македонија и вие морате да го дадете животот за да ни ја вратите повторно таа земја во нашите пазуви, ако одбивате да го дадете животот во името на Елада, тогаш останете во Атина и живејте како просјаци!
Откако Грција во 1941 е окупирана од Италија, Германија и Бугарија, на територијата на Северна Грција се формираат неколку организации на отпорот. Некои од нив се борат против фашистичките окупатори, како ЕДЕС (десна организација водена од Наполеон Зервас), додека други се колаборационистички - но заедничко за сите нив е што сите го напаѓаат невиното македонско население во северна Грција, гледајќи ги Македонците како потенцијална опасност.
Овој терор е продолжение на теророт за време на режимот на Метаксас, но со многу поѕверски средства. Тука е и ЕЛАС, партизанска армија водена од Комунистичката партија на Грција (КПГ). Иако ЕЛАС во неколку наврати навлегува во македонските села и врши присилна мобилизација, Македонците ја симпатизираат заради позитивниот став на КПГ кон етничките малцинства во Грција.
Најзлосторната вооружена група која врши репресалии над Македонците е колаборационистичката „Тагмата Асфалиас“ (Батаљони за сигурност), која обвинувајќи ги за автономисти, буквално врши физичко истребување на македонското население во западна Егејска Македонија. Конфискации, силувања на девојки и егзекуции извршени од страна на тагматистите се секојдневна појава за Македонците.


грчки злосторства над македонците
грчки злосторства над македонците
грчки злосторства над македонците
грчки злосторства над македонците



No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.