Sunday, September 4, 2011

Тодор Циповски - Мерџан


Тодор Пецов Циповски (16 ноември 1920 19 септември 1944) познат со прекарот „Мерџан“ е македонски национален деец и народен херој на Македонија.
Роден е во 1920 година во Тетово. Потекнува од мошне сиромашно занаетчиско семејство. Заради тешката економска состојба морал да го напушти својот дом дванаесетгодишен и да појде на печалба. Тешкотиите и неприликите на тогашниот живот го изградиле како силна и борбена личност.
Во 1941 година како член на СКОЈ е уапсен од белградската полиција. Од затвор е пуштен по капитулацијата на Југославија, април 1941 година. Од Белград одма доаѓа во Тетово и стапува во врска со партиската организација учествувајќи активно во Народно-ослободителната борба. Извесно време работел и во Скопје како член на месната скоевска организација, а во 1942 година преминал да работи во Тетово. Јули 1942 година станал член на Околискиот комитет на Партијата во Тетово, а подоцна и негов секретар. На оваа должност останал се до смртта. Во текот на 1942-43 година Околискиот комитет на КПЈ за Тетово бил долго време без врска со Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Но благодарение на Циповски револуционерите од овој крај, иако одсечени од покраинското раководство, останале доследни на револуционерната борба. Тогаш се покажал како добар организатор и одличен раководител. Делегат е на првото заседание на АСНОМ.
Загинал херојски при нападот на балистите над селото Беличица, Мавровско, на 19 септември 1944 година.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.