Maximilian Brandeisz |
Роден на 03.VII.1894 год. во Виена. По завршувањето на средното училиште заминал во странство каде што останал две години. Потоа се вратил во Виена и работел како трговски службеник.
Бил тешко ранет во војната. Од 1920 год. е Претседател на Здружението на воените инвалиди на Виена и Претседател на Централното Здружение на воените инвалиди на Австрија.Од 05.XII.1930 год. до 17.II.1934 год. бил пратеник во Австрискиот Бундесрат и активно учествува во политичкиот живот на Австрија до нејзината анексија од хитлерова Германија. Неможејќи да ја поднесе анексијата од страна на хитлерова Германија, Брандајс емигрира во САД но е непозната годината на смрт таму зашто со други податоци засега историчарите не располагаат.
Во својот одговор на прашањата во анкетата од в. “Балканска федерација” Брандајс меѓу другото вели:
“...Зашто сегашното решение на македонското прашање не само што е спротивно на принципите на правдата и на слободата, туку е и иронизирање на принципите на вистинската хуманост. Владеачката реакција ги презема најисконските права на малцинствата (невидените страдања на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД се доказ за тоа) и крваво ги задушува сите нивни барања.“
Или во оргиналот на француски јазик:
“Car la solution actuelle de la question macedonienne est non seulement contraire aux principes de la justice et de la liberte, mais aussi une ironie aux principes de vraie humanite.
La reaction dominante est toujours desireuse de mepriser les droits les plus primitives des minorities (les souffrances inouies du PEUPLE MACEDONIEN en sont les prauves) et de reprimer d`une facon sanglante toutes leurs revendications.“
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.