Friday, May 4, 2012

Мислите на нај големиот син на Македонија - Гоце Делчев

"Ќе удри утринската зора и за нас."

"Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите."

"Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население."
  
"Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива."

"Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија."

"Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце."

"Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите."

"Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот услов за нашиот успех!"

"Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух."

"Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница."

"Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците."

"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа."

"Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?"

"Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци.Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија,Грција или Србија,тој може да се смета за добар Бугарин,Грк или Србин но не и за добар Македонец."

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.