Tuesday, December 31, 2013

Ај! В Македонија глас се чует

Ај! В Македонија глас се чует
Ај! В Македонија глас се чует
од нејзини сираци.
Ај! Душманите побеснале
колат, бесат се на ред.
Ај! Вие браќа Македонци
Вие славни јунаци.
Ај! Крв'о знаме да развејме
в македонски долини.
Ај! На знаме е напишано
„слобода или смрт”.
Ај! Нека чует и Европа
да робот се пробуди.
Ај! Македонија не се плаши
од нивниот јатаган.
Ај тој се фрлат како тигар
среде војски, јатаган.

Заплакало е Мариово


Заплакало е Мариово, заплакало,
за тој ми, Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев:
Каде си, Ѓорѓи, сега да дојдиш, леле,
да дојдиш, од душманите да нè куртулиш.
 

Тогај извикна, Ѓорѓи Сугарев, провикна
од демирхисарските балкани:
Еве сум, народ, народ поробен, леле,
измачен, сега за скоро јас ќе дојдам. 

Сега за скоро јас ќе дојдам, леле,
ќе дојдам, со триесет млади момчиња.
Кога ми тргна Ѓорѓи заврви, заврви,
за тоа село Паралово.
 

Бог да ги бие шпионите, Параловци,
Ѓорѓија што ми го предадоа.
 

Слушај бре, Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев, послушај,
ако да сакаш жив да куртулиш,
накачи горе кај чукарите, кај манастирот,
ако да сакаш жив да куртулиш.
 

Тогаш се Ѓорѓи, Ѓорѓи излага, се прелага,
накачи горе кај чукарите.
Кога ќе види, што ќе види, Ѓорѓи Сугарев,
од сите страни Ѓорѓи сардисан.
 

Тогај извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна
на неговата верна дружина:
Клавајте гуните пусии, леле, пусии,
зошто се камен тешко најдува.
 

Згрмеја пушки, пушки аскерски, крвави,
сета дружина му ја избијаа.
Тогај извади нагант револвер Ѓорѓи Сугарев,
самиот крвта си ја пролеа.
Самиот крвта си ја пролеа Ѓорѓи Сугарев,
жив на душмани не се предаде!

Абер ми иде од Могила

Абер ми иди од Могила,
низ поле Пелагониско,
право ми оди Битола
Битола кај валијата.

Валијо бре Селим-ефенди
Могила е полна комити
таму е Димче Могилче.

Налутил се Селим-ефенди,
боднал си коња дорија
утре ќе оди Могила
собрал си аскер најсилен
низ прстен јајце да боде.

Ај од тука Димче Могилче
ај од тука куче каурско,
жената ќе ти ја украдам
далеку ќе ја однесам
во сарај ќе ја потурчам.

Ај од тука Селим-ефенди
ај од тука куче касапско,
кожата ќе ти ја одерам
на плевна ќе ја обесам
тапан ќе ја направам.

Monday, December 30, 2013

Абер дојде Донке


Абер дојде Донке, абер дојде.
Абер дојде Донке од кулата,
од кулата Донке од агата.

Да ги збереш Донке аргатите.
Аргатите Донке невестите,
ергените Донке, девојките.

Ќе жнееме Донке, ќе жнееме.
Ќе жнееме Донке куси јачмен,
куси јачмен Донке до колена.

Ти ќе јадеш Донке, рудо јагне.
Со агата Донке, на кулата,
аргати ќе јадат лук и оцет.

Sunday, December 29, 2013

А бре, Македонче

А бре Македонче, за каде се спремаш?
Борба те чека, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Момци наредени, моми накитени,
борба ќе одат, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Нека разберат клетите фашисти,
македонско име нема да загине!

Wednesday, December 25, 2013

Macedonia - Thammy Evans


Macedonian History and Politics


 Geography and Climate


 People and Culture of Macedonia


Basic Macedonian


Thursday, December 19, 2013

ВМРО - ПРАВДА

Членови на централниот кординационен одбор на ВМРО - ПРАВДА (1949-1950): Глигор Крстевски, Дане Поповски, Костадин Смичковски и Љубен Костоски

ВМРО - ПРАВДА била конспиративна политичка организација во НР/СР Македонија формирана од припадниците на ВМРО-СДРМА во Прилеп со политичка програма: обединета самостојна држава Македонија со парламентарно уредување по угледот на парламентарните држави на Запад, надополнета со заложби за остварување социјалнаправда. Дејноста ја проширила мрежата во Битола, Охрид, Ресен, Скопје, Свети Николе, Штип, Берово, Струмица и во селата, во Малешевско и во Дебарца. Членовите на Организацијата се декларирале како следбеници на Претседателот Методија Андонов-Ченто т.н. „чентовци“. И по честите апсења опстојувала. Организацијата ја проширила својата мрежа и дејноста ( во периодот 1970–1971) во Пиринскиот и во Егејскиот дел на Македонија. Преку студентската група во Загреб, одржувала врски со Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) во Европа. Дејствувала во периодот од 1948 до 1985 година.

ВМРО-СДРМА

ВМРО - СДРМА била македоснка конспиративна младинска организација создадена на иницијатива и под водство на Глигор Крстески, со цел да се бори за отцепување на НР Македонија од Југославија, ослободување на неослободените делови и обединување во Самостојна Држава Република Македонија (СДРМ) со поддршка од САД и од другите западни сили, под покровителство на Америка. Тоа било вградено во името на Организацијата - СДРМА. Обединета Македонија се предвидувало да биде граѓанска држава од типот на западните демократии. До средината 1947 година, организацијата изградила организациска мрежа по систем на тројки, во Прилеп и во Прилепско. Организацијата пред крајот на 1947 година била разоткриена, а водечките личности биле уапсени и биле осудени и нејзината дејност прекината.

Tuesday, December 17, 2013

Наум Туфекчиев


Наум Туфекчиев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на неколку македонски емигрански друштва и организации, учествувал во дејноста на Младата македонска книжевна дружина, Братскиот сојуз и Македонскиот комитет. Неговото име се поврзува со трговијата на оружје како и со неколку атентати меѓу коe е и убиството на бугарскиот премиер Стефан Стамболов.

Во Белград заедно со Димитар Ризов, Крсто Ножаров, Михаил Ставрев (Хаљо) и со своите браќа Никола и Димитар (Денчо) Туфекчиеви го организирал убиството на Стефан Стамболов.
Но на 15 (27) март 1891 година наместо Стамболов бил убиен министерот за финансии Христо Белчев, а Димитар Туфекчиев бил уапсен и подоцна убиен.

Телото на Белчев по атентатот

По убиството Туфекчиев избегал во Одеса, каде со знаење на руските власти го подготвувал убиството на дипломатскиот претставник на Бугарија во Османлиската империја, доктор Георги Влкович. Туфекчиев подготвил два терориста, кои го убиле докторот на 12 февруари 1892 во Цариград.Потоа Наум и Никола Туфекчиеви биле осудени во Русија како потикнувачи на атентатот, на по 15 години затвор, но пресудата не им е извршена.
Туфекчиев на кратко бил испратен во заточеништво во Симбирск и користел месечна плата од руската држава.Туфекчиев потоа се вратил во Бугарија и се вклучил во дејноста на Младата македонска книжевна дружина.На 27 декември 1894 Туфекчиев заедно с Димитар Ризов, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Никола Наумов и Трајко Китанчев го основаат Братскиот сојуз, а подоцна влегол во Македонскиот комитет.
На І македонски конгрес Туфекчиев е избран за потпредседател на Македонскиот комитет, а додека ја извршува оваа дејност во Македонија доаѓа до Мелничкото востание.
Мелничкото востание од страна на бугарската влада било искористено за признавање на Фердинанд I за кнез на Бугарија, а во годишната протурка на весникот Право од јануари 1896 година, Туфекчиев бил посочен како владин агент, во протурката меѓу другото било истакнато:

"Додека беше жив Китанчев, ние не само што не се посомневавме во ништо, но дури не допуштавме мисла дека идеалниот Китанчев ќе допушти нашето свето дело да го експлатираат нечистите раце на денешните управници... и покрај строгото внимание на Китанчев делото да се држи подалеку од партизанските гнасотии, денешната влада успеала да има во делото еден свој ревносен агент... имено Н. Туфекчиев."

Меѓутоа, треба да се истакне дека не е јасно зошто тоа било објавено во весникот Право, дали поради тоа што Туфекчиев бил владин агент или поради дневнополитички цели, бидејќи тој застанал на чело оцепениот комитет. Вистина е дека Туфекчиев имал врски со бугарската влада, но имало и други.

"Повеќе македонски политиканти од МК, подоцна играле видна улога во бугарската политика, како трговски агенти, пратеници, дипломатски преставници, министри, премиери итн. Интересна е кариерата на Д. Ризов, Т. Карајовов, А. Љапчев и други."

Во текот на ІІ македонски конгрес дошло до поделба на Комитетот од кој се одвоиле офицерите на чело со Туфекчиев и формирале друг комитет, а го задржале и старото име Македонски комитет.Туфекчиев имал редовни средби и контакти со бугарскиот премиер Константин Стоилов. Бугарската влада за да ги држи конците во своите раце давала подршка за отцепениот комитет и Туфекчиев.Во Софија создал бомболеарница, каде ги произведувал гранатите македонки, а со нив ја снабдува Македонската револуционерна организација. Во текот на аферата со Дончо Штипјанчето биле пронајдени токму овие бомби.Откако владата оценила дека не и е потребна нова акција за 1896 година, ја откажале поддршката по што следела наредба за растурање на Туфекчиевата бомболеарница, а офицерите биле поставени на нови служби и отцепениот комитет постепено згаснал.На 6 јули 1895 година е извршен атентатот врз Стефан Стамболов, кој починал по три дена од задобиените рани, а неговото убиство се смета за едно од најбруталните политички убиства во Бугарија.

Телото на Стамболов по атентатот

Таа вечер Стефан Стамболов излегол во 19:50 часот од Јунион клуб со Димитар Петков (друг политичар, премиер и идна жртва на атентат).
Ги качил пајтонџијата Мирчо Ацов и го терал пајтонот бавно по ул. Раковски. Меѓутоа кон пајтонот се нафрлиле тројца души и едниот почнал да стрела, а коњите тогаш застанале. Од десната страна седел Стамболов. Кон него се насочил човек со јатаган, но Стамболов успеал да скокне и да се упати кон улицата Стефан Караџа.
Стамболов извадил револверот, но пред да го насочи еден од атентаторите му ја пресекол раката со јатаган. Во меѓувреме го пристигнале и другите двајца кој започнале да му ги сечат рацете, со кои тој се обидувал да се заштити.
По нападот, Стамболов се уште бил жив, иако тешко повреден со исечени раце и глава. Брзо го пренесле во неговиот дом, лекарите му ги ампутирале двете раце, но сепак не можеле да го спасат. Додека се уштее бил при свест, ги изговорил имињата на тие што мислел дека го ликвидирале. Убијците се Туфекчиев и Хаљо... Кнезот ме уби, Белчев, Белчев! ... Принц Кобург, принц Кобург!, биле неговите последни зборови.
По атентатот, била поведена истрага која траела цела година. Врз основа на сознанијата било поднесено обвинение, Наум Туфекчиев бил посочен како организатор на атентатот, а директни извршители Боне Георгиев и Михаил Ставрев – Хаљо со учество на Атанас Цветанов – Таљо и Мирчо Ацов, кој го возел пајтонот во кој се качил Стамболов.
По завршување на судскиот процес на 1 февруари 1897 година, Туфекчиев бил осуден на три години затвор за помош и превоз на оружје. Една година подоцна пресудата била преразгледана и изменета, а Туфекчиев бил ослободен.
Кој го нарачал убиството и кој го платил Туфекчиев за атентатот не се утврдило. Дали дворецот учествувал во егзекуцијата? Дента кога бил извршен атентатот, Фердинанд бил надвор од Бугарија и се вратил во Софија, потресен и гневен.
Со посредство на Димитар Љапов, Туфекчиев влегол во контакт со Ерменците Бедрос Паренјан и Армен Гаро, а тие со неговото оружје се подготвувале да ја нападнат Отоман банката во Цариград.Во 1900 година Туфекчиев и Спас Шангов го издаваат весникот Вечерна пошта, а подоцна со Борис Сарафов подготвил план за киднапирање на синот на богатиот политичар Иван Евстатиев Гешов, но до реализација на киднапирањето не дошло.Во текот на 1905 година Туфекчиев влекол во контакт со болшевиците на кој им продавал бомби, а во 1906 година Туфекчиев бил вмешан во меѓународен скандал при пренесување на оружје за Русија.
По Младотурската револуција се вратил во Македонија и се зближил со водачите на младотурците Нијази-бег и Енвер бег.Тајната турска полиција се поврзала со Туфекчиев со цел тој да организира атентат во Бугарија. Атентатот бил извршен во градското казино во Софија, спроти новата 1915 година, кога од подметната експлозија загинале ќерката на воениот министер, синот на началникот на Штабот на армијата и уште неколкумина. Тогаш биле тешко повредени и осум лица. Неколку минути пред експлозијата бил забележан Туфекчиев  во една од ложите.Подоцна е утврдено дека е користена иста бомба како и бомбите со кои била снабдувана бугарската армија со негово посредство. Уапсени биле три лица, еден од нив познат терорист и член на организацијата Црвени браќа што ја формирал Туфекчиев.

Некролог за Наум Туфекчиев

По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна, Наум во името на неговиот син Александар Туфекчиев дал дарение од 5.000 златни лева за возбновување на Бугарската егзархија во Македонија.
Судбината на Туфекчиев не му била благонаклонета. Тој го загубил единствениот син Александар, а на 25 февруари 1916 година бил ликвидиран на една софиска улица од луѓе на ВМРО, а по наредба од Тодор Александров.