Tuesday, February 26, 2013

Evening Post, Macedonians noted in newspaper, 1895

Evening Post, Volume L, Issue 20, 23 July 1895
Evening Post, Volume L, Issue 22, 25 July 1895
Evening Post, Volume L, Issue 26, 30 July 1895
Evening Post, Volume L, Issue 28, 1 August 1895
Evening Post, Volume L, Issue 37, 12 August 1895


Wanganui Herald, Macedonians beheaded by Turks, 1903

Wanganui Herald, Volume XXXVII, Issue 11053, 15 September 1903, Page 5

Friday, February 15, 2013

Химна на Република Македонија - Денес над Македонија

Денес над Македонија е национална химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии- денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.


          Оригинална верзија испеана од В. Илиева, Н. Бадев и А. Сариевски
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее!
Македонија слободна,
слободна ќе живее!


Верзија на химната по аранжман на Тодор Скаловски од 1989

Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата,
Македонците се борат
за својте правдини.

Не тажи Македонијо мајко мила
крени глава гордо високо
Македонија слободна
слободна ќе живее.

Одново сега знамето се вее
над Крушевската Република
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански.

Горите македонски шумно пеат
бојни песни, нови весници
Македонија слободна
слободно живее.


Денешна верзија усвоена во 1991

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!

Thursday, February 14, 2013

Химна на Македонија - Зора на слободата

Изгреј зора на слободата (позната и како Марш на македонските револуционери) е македонска револуционерна химна. Оваа химна е користена од страна на неколку македонски организации кои биле дел од македонското национално движење и од МПО во САД и Канада. Во 1948 година била забранета во НР Македонија и со тој чин тогашните македонските власти се откажале од оваа химна.
Текстот и музиката на химната се на бугарскиот композитор од Стара Загора Александар Морфов.Повеќе извори тврдат дека текстот е напишан на бугарски јазик.Според музичката историчарка Јелица Тодорчевска песната е напишана во 1923 година.Владимир Перев, продуцент во МТВ и истражувач на химната, тврди дека „Изгреј зора“ била направена по порачка на Тодор Александров.Во една стихозбирка од 1974 година се наведува дека таа најверојатно потекнува од источна Македонија.
Во текот на НОВ, во 1943 година е препеана на посовремен македонски јазик од Кочо Рацин и е објавена како прва песна во стихозбирката „Македонски народноослободителни песни“.
Химната била интонирана во почетокот на Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински:

"Иницијативниот одбор за свикуењето на Првото заседание на АСНОМ, бурно поздравен, си го завзима своето место на бината. По тишината која после тоа настапи, громогласно одекна химната „Изгреј зора на Слободата“. Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор, со тих и дрхтав глас го отвори заседанието."

"...Пре негу што започна конференцијата со својата работа, хорот на Младинскиот сојуз, под раководство на другарот Гајдов ги испеа химните „Хеј Словени" и „Изгреј зора", кој бева стојејеки изслушани..."

"...Меѓувремено музиката засвирва „Изгреј зора на Слободата" и другарот Турунджиев го дава знамето со повик: Ова знаме на Илинденското востание Ви го предавам и верувам дека ќе го чувате (силни ракоплесканија)..."

Химната е напишана на бугарски јазик, од бугарски композитор, автор на околу 30 воени маршеви и тој факт се користи од страна на бугарските научници за тврдењето дека Изгреј зора на слободата е бугарски воен марш. Меѓутоа химната никогаш не била користена од страна на некое бугарско друштво или организација, Изгреј зора на слободата била исклучиво користена од страна на македонските револуционери и патриоти кои се залагале за Независна Македонија, односно Самостојна македонска држава, во текот на нивните собири, митинзи или други јавни или приватни случувања.
Во 1948 година властите на НР Македонија ја забраниле Изгреј зора на слободата со изговор дека таа се користи од страна на оние Македонци кои сметаат дека македонскиот народ има бугарски корен. Меѓутоа тогашната политика истовремено ги жигосувала Македонците кои биле приврзаници на бугарската идеја, но и македонските патриоти, кои биле нарекувани како националисти.
Забраната од 1948 година придонесла Изгреј зора на слободата повеќе да не се интонира во Македонија, а во свеста на македонскиот народ останало сеќавањето дека таа химна е бугарска или пробугарска песна.


          ИЗГРЕЙ ЗОРА НА СВОБОДАТА
          (верзија од 1923 година)
Изгрѣй, зора на свободата,
Зора на вѣчната борба.
Изгрѣй въ душитѣ и въ сърдцата
На всички роби по свѣта!
Тирани, чудо ще направимъ,
Ний чуждо иго не търпимъ,
Съ юнашка кръвь ще ви удавимъ,
И пакъ ще се освободимъ!
Юнаци смѣли пакъ развиха
Окървавени знамена,
Комити нови забродиха
Изъ македонската земя.
Тирани, чудо ще направимъ...
Ечатъ гори, поля, балкани
Отъ бойни пѣсни и ура,
Сноватъ борцитѣ-великани:
Напредъ, готови за борба.
Тирани, чудо ще направимъ...
Насъ нищо вечъ не ще уплаши,
И тъй живѣемъ день за день...
Свещени сѫ горитѣ наши,
Изъ тѣхъ свободни ще измрѣмъ!
Тирани, чудо ще направимъ...


ИЗГРЕJ ЗОРА НА СВОБОДАТА
(верзија од 2 август 1944)

Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!
Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!
Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена,
Комити нови забродиха
Из македонската земја.
Тирани, чудо ште направим...
Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура,
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!
Тирани, чудо ште направим...
Нас ништо веч не ште уплаши,
И т'ј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши,
Из тех свободни ште измрем!
Тирани, чудо ште направим...


ИЗГРЕJ ЗОРА НА СЛОБОДАТА
(препев на стандарден македонски јазик)

Изгреј зора на слободата,
зора на вечната борба!
Изгреј в душите и срцата
на сите робови по светот!
Тирани чудо ќе направиме,
ние туѓо ропство не трпиме,
со јуначка крв ќе ве удавиме
и пак ќе се ослободиме!
Јунаци смели пак развија
окрвавени знамиња.
Комити нови зашетаа
низ македонската земја.
Тирани чудо ќе направиме...
Одекнуваат шуми, полиња, планини
од бојни песни и "Ура"!
Одат борците - великани,
напред, готови за борба!
Тирани чудо ќе направиме...
Нас ништо веќе не ќе нè исплаши
и така живееме ден за ден.
Свети се горите наши,
во нив слободни да умреме.
Тирани чудо ќе направиме...