Оригинална верзија испеана од В. Илиева, Н. Бадев и А. Сариевски
- Денес над Македонија се раѓа,
- ново сонце на слободата!
- Старо младо машко и женско,
- на нозе се кренало!
- Старо младо машко и женско,
- на нозе се кренало!
- Горите Македонски шумно пеат,
- нови песни, нови весници!
- Македонците се борат,
- за своите правдини!
- Македонците се борат,
- за своите правдини!
- Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)
- на Крушовската република!
- На Гоце Делчев, Питу Гули,
- Карев, Влахов, Сандански
- На Гоце Делчев, Питу Гули,
- Карев, Влахов, Сандански
- Не плачи Македонијо мајко мила,
- Крени глава гордо високо,
- Македонија слободна,
- слободна ќе живее!
- Македонија слободна,
- слободна ќе живее!
Верзија на химната по аранжман на Тодор Скаловски од 1989
Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата,
Македонците се борат
за својте правдини.
Не тажи Македонијо мајко мила
крени глава гордо високо
Македонија слободна
слободна ќе живее.
Одново сега знамето се вее
над Крушевската Република
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански.
Горите македонски шумно пеат
бојни песни, нови весници
Македонија слободна
слободно живее.
Денешна верзија усвоена во 1991
Денес над Македонија се раѓа,- ново сонце на слободата!
- Македонците се борат,
- за своите правдини!
- Македонците се борат,
- за своите правдини!
- Одново сега знамето се вее,
- на Крушевската република!
- Гоце Делчев, Питу Гули,
- Даме Груев, Сандански!
- Гоце Делчев, Питу Гули,
- Даме Груев, Сандански!
- Горите Македонски шумно пеат,
- нови песни, нови весници!
- Македонија слободна,
- слободнo живее!
- Македонија слободна,
- слободнo живее!
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.