Saturday, August 31, 2013

Смртната казна - The death warrant


Толку многу се има кажано за силата на Организацијата да отстрани било која личност или личности кои се непријатели на нејзините стремежи, така што беше со голем интерес кога го читав листот на тие што беа осудени на смрт. Неколку веќе беа и убиени и Александров ме убедуваше дека редот и на другите сигурно ќе им дојде. Начинот употребен е ист како и во другите тајни општества. На човекот со должноста за извршување на убиството му е дадено одредено време за да ја заврши задачата. Ако не успее, тој самиот ќе биде убиен. Смртната казна обично следува после најмалку едно писмо со предупред, но во посебни случаи е извршена веднаш. Македонците по природа се таенствени, резултат од макотрпниот живот што го проживеале, но сепак е необично што никогаш не промашуваат да ја извршат својата одмазда. Можеби нивниот успех е во исклучителната форма на идеализмот кој го поттикнува членството на Организацијата. Секој поединец има задача и потпишувањето на смртна казна од Тодор Александров е сигналот за целата машинерија да проработи. Наредби, дури и најобичните, секогаш се предаваат преку рака. Редовен синџир на курири се протега преку Македонија денес. Бев сведок на делувањето на еден синџир и видов колку е прекрасно ефикасен. Секој курир има свој терен и пошто е од регионот низ кој патува, сите дупки му се познати. Понекогаш смртната казна, како во случајот со Даскалов, треба да се изврши во странство. Тогаш неофицијалните претставници кои Организацијата ги има во Софија, Цариград, Будимпешта и други Европски градови, се повикуваат да ја одиграат својата улога. Организацијата е фактички огромен октопод кој ги има разгрането своите краци преку повеќето од Југо-источна Европа. Стремежот на Александров е да еден ден таа има официјално акредитирани претставници во секоја европска држава. Сепак, дури и денес постои фактор во Револуционерната Организација кој ни голема ни мала Европска Сила можи да го запостави.

Зимскиот ден наидуваше при крај и дојде време да го напуштам Александров. Вечера од кокошка и ориз и да се полее, чај од липа, ни беа ставени пред нас. Александров јаде малу и набрзо ја фати својата омилена поза, седејќи со скрстени нозе, со главата навалена назад, очите полузатворени и рацете истегнати напред кон огнот. Мрачна суровост наидува на неговото лице и да се види таков е да се однеси со себе незаборавлив впечаток од извонреден човек. Целата посета изгледаше како сон. Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со самото излегување од куќата. Паѓаше снег и комитска група беше построена за смотра. Нејзиниот водач се одликувал во недамнешен судир против властите и Александров во кус говор го награди со Орден за Заслуга. Комитите, сите млади мажи, шест стапала и повеќе високи, го поздравија својот водач и после тивко си заминаа во строј. Неколку минути покасно напуштив со мојот не малку значителен телохранител. Александров ме испрати и истовремено тргна на 20-километарски пат до друго селце да го продолжи својот проповед “Македонија на Македонците”.

Роден Борец - A born fighter


На поканата да го посетам Александров, признавам дека најпрво помислив за мојата лична безбедност. Во минатото Македонија има добиено репутација за бандитство и беззаконитост за којашто Револуционерната Организација можеби изгледала наклонета да ја развива. Но точно спротивното е во случајов. Со моторно возило, коњ и пешки преминав неколку стотини километри преку дива и планинска земја. Насекаде напредно селско население кажуваше дека кражбата и криминалот се нешта од минатото. Сепак сезоната и условите за патување ме натераа да здивнам воздишка на олеснување кога едно замаглено утро курирот, кој за време на целото патување беше апсолутно рамнодушен, шепотна “Сега ќе го видите Старио”.

Минута покасно го сретнав Александров - висок, јако граден 42-ве годишен маж, облечен во темно кафеава униформа, со белези на Организацијата. Со цврсти очи и усни, кои во разговор можат да бидат весели, но во одмор се многу строги, полна воена опрема, која што ретко ја вади од себе, пушка потпрена на ѕидот и Александров почна да ми раскажува зошто вака го живее неговиот живот. Тој има само една идеја, а тоа е евентуалната прокламација на автономна Македонија, со свој главен град Солун. Тој изјавува дека народот нема да одобри да биде владеан од Србите, Грците, Бугарите и затоа што првите две држави одбиле да му дадат на народот слобода во говорот или религијата, само вооружена борба ќе им донесе на Македонците тоа што посакуваат. Во врска со неговото располагање со муниција и луѓе, тој рече дека пошто целта на Македонците не е да одземат територија, туку да им го направат животот на властите невозможлив, повремени напади се нивниот начин на борба. Така не им била потребна било каква артилерија. Пешадиски би ја воделе борбата & ако планински коњи можи да се употребат по потреба. Тие беа добро снабдени со пушки бомби и амуниција, пошто последните неколку војни доведоа до наоружување на секој селанин.

Оружје и војска - Arms and men


Во врска со јачината на неговите сили, Александров вели дека само во Македонија можи да мобилизира 150,000 луѓе. Но нагласи дека голем дел од овие луѓе сега биле цивили и дека само неколку илјади Комити сега биле во воена состојба. Тој не спомна за Македонци надвор од границите, но се очекува во случај на востание повеќе илјади кои сега живеат во Бугарија ќе се приклучат на неговите бои. Запрашан за можната дата за револуција, одговори дека состојбите не биле доволно згодни. Со ова подразбирам дека Организацијата сеуште ги нема направено сите подготовки. Освен ова разбрав дека поголеми резерви на оружје и муниција ќе биле собрани. Александров продолжи да раскажува дека тој се надева Хрватите, Словенците и Црногорците евентуално ќе ги отфрлат законските со незаконски начини против Србија, можеби тогаш ќе има заедничко востание.

На прашањето дали компромис не е можен меѓу Организацијата и властите, тој одговори дека многу Срби сега населени во Македонија видоа дека сегашната ситуација е крајно неподнослива, но партијата на Пашиќ, главниот државник во Србија, изгледала непопустлива во нејзиното посакување да ја поништи Македонија. Но, тој објасни, “Турција проба да не поништи во безбројни години, ама не успеа и е важно да се запамти дека тогаш значителното турско население беше против Револуционерната Организација. Сега Турците се со нас и јас безпрекорно ви кажувам дека сме посилни од кога и да било претходно.” Александров призна дека има односи со Турција, но лесно се гледа дека не става многу доверба во надворешна помош. Неговото е Македонско движење, кое тој се надева да го здружи со другите народи кои сега се дел од Триуналното Кралство. Истовремено тој искажа волја од Организацијата да се покори на било која независна испитувачка мисија за ситуацијата во Македонија, од Големите Сили, Лигата на Нациите или група од независни журналисти. Додатно рече, ако не се успее да се добие автономија, Организацијата ќе го добредојде ставањето на Македонија под покровителство на Голема Сила, првенствено Англија.

За односите на Организацијата со Бугарија, се радуваше на падот на Стамболиски и неговите пратеници, кои, со цел да створат Федералистичко Македонско движење, беа првата Бугарска влада што отворено жестоко се спротистави на аспирациите на Македонскиот народ. Ги опиша Македонските Федералисти како група од две или три стотини луѓе платени од Србија, кои немаат влијание или важност. Нагласи дека македонското движење во никој случај не е упрвувано од Софија и категорично одби дека бил во Бугарија или да учествувал во Јунскиот “kуп д’Етат”.

Зборувајќи за смртта на Стамболиски, ја одби идејата дека неговата Организација е одговорна за неа, но додаде дека е можно неговата смрт била извршена од еден или повеќе Македонци кои имале жалби против него. Од друга страна, призна дека убиството на Даскалов, кого го опиша како демагог на демагозите, било работа на Организацијата. Во врска со ова ми покажа протестно писмо што Организацијата го адресирала до Чехославачката влада околу новото апсење на Николов, убиецот. Александров смета дека штом Николов бил еднаш ослободен од Чешкиот Правен Суд, немало случај против него, но бидејќи Српскиот печат завзел толку непријателски и претечки став, така што Чесите “нашле” причини за неговиот повторен притвор.

Законот и Моралот - Law and morals


Александров после се обрна на начинот со кој неговата Организација е одржувана и нејзините односи со цивилното население. Никој од неговите војници се платени. Наоружани се и облечени од Организацијата, а населението им дава бесплатно храна и престој. Народот плаќа прогресивен данок на заработка, кој е наменет само за купување на оружје и облека. На луѓето им е од полза да ја подржуваат Организацијата, бидејќи, како што Александров нагласи, “мнозинството од посиромашното население потполно не ја познава борбата за слобода, но сите знаат каде лежат нивните интереси”. Бидејќи Организацијата им носи големи придобивки. Има свои законски служби, на кои, така Александров кажува, луѓето им се жалат наместо на Српските или Грчките законски судови. Има и многу строг закон за моралноста на своето членство и иморалност во акција или говор е тешко казнета.

Освен репресирањето на сите врсти криминал, Организацијата направи реформи кои водат кон воопшто подобрување на животот. Има земено интерес во семејниот живот и го има прекинато системот со кој машките ги одбираа девојките кои им се допаѓаа, после земајќи ги за сопруги. Сега секоја девојка е слободна да си одбери сопруг кого го сака. Односите меѓу вработувачот и вработениот се наблудувани од Организацијата и пред извесно време важно прашање во тутунската индустрија беше регулирано. Во еден регион беше откриено дека откупувачите им плаќале на производителите70 лева за килограм, кадешто вистинската цена била 120 лева. Организацијата интервенира и им запрети на откупувачите, резултирајќи во поволна откупна цена и обештетените селани постанаа нејзините верни партизани.

Поседувањето на земја е исто така средено. Ако поседувачот посака да ја продаде својата земја, Организцијата инсистира на нејзината поделба меѓу селаните што работаат на неа, со номинална цена. Овие примери од активностите на Организацијата докажуваат дека убиствата и планирањето на револуции не и го одземаат целосно времето. Заснована на демократски принципи, Организацијата не зависи само од подршката на селаните. Побогатите класи го ценат нејзиното постоење, бидејќи претходно тешко се осмелуваа да патуваат, толкав беше ризикот да сретнат наоружани бандити. Сега ова е средено, и Александров наведува дека, со, како што изгледа е со голема доза на праведност, “Организацијата е населението, а населението Организацијата”.


Thursday, August 29, 2013

Атанас Христов Џолев - Спомени

Атанас Христов Џолев – Насо бил македонски револуционер, четник во ВМРО (Aвтономистичка).
Роден е во 1898 година во село Моноспитово, Струмичко, во семејство на земјоделци.Татко му Христо Џолев и дедо му Велко Џолев се ВМОРО револуционери. Завршува седми клас и во револуционерното дело се вклучува како член на селската милиција на ВМРО, во 1923 година пребегнува во Бугарија. Таму е четник во четата на Георги В‘ндев, а по препорака на Александар Василев - Алеко пашата, тој е назначен и за секретар на Штерјо Влахов.
Во своите Спомени кои ги пишува подоцна во Софија, Џолев вели дека идеалот на ВМРО во времето на Тодор Александров бил автономна самостојна Македонија, и дека со масовното ликвидирање на главните носители на тој национален идеал Серчаните, од страна на Иван Ванчо Михајлов, се ставило крај на таа борба.
По крвопролевањата во Горна Џумаја, септември 1924 година постепено раскрстува со ванчомихајловистичката ВМРО, бидејќи таа:

“...паднала во рацете на бугарскиот врховизам, преку Иван Михајлов, Кирил Дрангов, Александар Протогеров и други послушници на бугарската влада на Александар Цанков...”.

Во Спомените, Атанас Џолев јасно ја нагласува својата македонска национална свест.Спомените се чуваат во Бугарските државни архиви, а се издадени во Македонија во 2006. Тука Џолев подробно ги опишува случувањата околу убиството на Тодор Александров и потоа. Пишува и за решеноста на Ванчо Михајлов да се пресмета со “Серчаните”-Санданисти во ВМРО, но и со сите неистомисленици и соперници кои биле убиени по негова наредба.


„Нашите македонски револуционери, во чии редови бев како обичен војник на Македонија, бевме прво за нејзино национално ослободување, зашто времето течеше и не можеше да се чека во Егејска Македонија нашите браќа Македонци да станат Грци, во Србија да станат Срби и во Пиринска Македонија да станат Бугари. За Македонците тогаш, национално поробени од трите балкански држави, беше важно слободно да се викаат Македонци, да говорат и да пишуваат на својот мајчин македонски јазик, а дали националистичките или социјалистичките раководители ќе им ја донесат слободата, не беше толку важно пред 50 години. Со тоа сакам да подвлечам дека историјата на македонскиот народ од пред 50 години треба да ѝ претходи на онаа од 1941 година до денес, за да се разбере и од идните поколенија на македонскиот народ дека нивните татковци, дедовци и прадедовци не живееле во летаргичен сон од 1903 до 1941 година.“

„Во рамките на целокупна Македонија, ВМРО се бореше подеднакво против трите завојувачки балкански држави, за целосно автономна и самостојна Македонија… Cо ликвидирањето на Санданистите, се стави крај на таа борба, а бугарскиот врховизам го приграби ВМРО, преку Иван Михајлов, Кирил Дрангов и други послушници на бугарската влада на Александар Цанков.”

„Вековнaтa желба и замисла на сите бугарски политички буржоаски партии до 1944 година беше Македонија да биде бугарска, дека не постои одделна македонска нација и дека ние Македонците сме биле само еден дел од бугарскиот народ. Тоа ние, вистинските Македонци, го сметаме за бугарска буржуаска лакомост за завладување на туѓи територии и за асимилирање на други, одамна поробени народи.“ 

Спомените на Виктор Серж

Виктор Лвович Кибалич, руски револуционер, писател и публицист.
Victor Serge, born Victor Lvovich Kibalchich (December 30, 1890 – November 17, 1947), was a Russian revolutionary and writer. Son of Russian - Polish parents, was born in Belgium in 1890. His father, an officer in the Imperial Guard, was a member of the Land and Liberty group and was related to Nikolai Kibalchich of the People's Will. Serge was originally an anarchist, he joined the Bolsheviks five months after arriving in Petrograd in January 1919 and later worked for the Comintern as a journalist, editor and translator. He was critical of the Stalinist regime and remained a revolutionary Marxist until his death.



Wednesday, August 28, 2013

3а ВМРО и Мајскиот Манифест

3а ВМРО и Мајскиот Манифест (Стефан Цанев, Български хроники, том 3, 2009)
3а Мајскиот Манифест (Стефан Цанев, Български хроники, том 3, 2009)

Тодор Александров - Кратка биографија,мисла и смртта

Кратка биографија на Тодор Александров
Мисла на Тодор Александров
За смртта на Александров

Тврд Македонец


Став на еден „тврд Македонец“, како што сам себе се нарекува oвoj обичен македонски националист.Ова покажува дека македонскиот народ го сметал Тодор Александров за свој заштитник и посветен борец за независна македонска држава и нација.
 

Весник “Maкeдoния”, Софија, 1927 г.

Tuesday, August 27, 2013

Таму


Поема посветена на жртвите од Илинденското востание, достојните потомци на Великиот
Александар.

Петар Загоров, весник „Автономна Македония“, I, 10.9.1903, стр. 4.

Monday, August 26, 2013

Српската колонизација во Вардарска Македонија 1920 - 1941


Во 1920 година, владата во Белград донесува уредба за колонизација на Вардарска Македонија и Косово. На територијата на денешна Репиблика Македонија паралелно со српската колонизација, се спроведува и аграрна реформа. Од целата обработлива земја која потпаѓа под аграрната реформа, македонските селани добиваат само 35%, додека останатиот поголем дел е доделена на српските колонисти - жандарми, резервни офицери, солунски ветерани, четници и др. Поранешни војводи на Српскиот четнички Покрет во Македонија добиваат како подарок цели села во Тиквешко и Велешко.

Паралелно со конолизацијата, великосрпскиот хегемонистички режим врз македонското население врши физички терор. Теророт во Вардарска Македонија го спроведуваат 8 000 жандарми (од вкупно 12 000 во цела Југославија). Заради тоа што македонското население било доста револуционерно настроено во тој период, теророт бил посебно суров. Според официјални податоци, од 1920 до 1926 од страна на српската власт без никакво судење се убиени над 1 700 Македонци и Албанци. Во тој период низ затворите минуваат над 30 000 Македонци, а по 1927 во затвор остануваат над 8 000 од нив.

Колонизацијата трае се до почетокот на Втората Светска Војна, кога Вардарска Македонија е окупирана од страна на Бугарија и Италија и српските колонисти се депортирани во Србија. Во 1944 година Народна Република Македонија ги прогласува српските колонисти во Македонија за реакционерни елементи и орудие на великосрпскиот шовинизам и го одбива нивното повторно населување во Македонија. За враќање во Македонија им е дозволено само на оние колонисти кои имаат склучено брак со Македонец.


Кто такие Македонцы? - Кои се Македонците?

Кои се Македонците? Александар Ф. РиттихГ. Георгиев


Кто такие Македонцы? Александр Ф. Риттих Г. Георгиев

 

Sunday, August 25, 2013

An excerpt from the Resolution of the Fifth Plenary Session of the Communist Party of Greece (KKE)

An excerpt from the Resolution of the Fifth Plenary Session of the Communist Party of Greece (KKE) on
the Macedonian People

On its Fifth Plenary Session, the Greek Communist Party agreed that the heroic struggle and sacrifice of the ethnic Macedonian people in Greece, earned them the right to decide themselves on the way of resolving their national question.

The position of this site’s editors is that the ethnic Macedonians and Greeks can and will be friendly nations when they start respecting each other for what they are. The editors believe that the unity of the two people which was present during the Greek Civil War will be repeated one day, while fighting for a new common ideal.

Monday, August 19, 2013

По неблагодарноста следи бесрамноста

По неблагодарноста следи бесрамноста Статија на Германос Каравангелис во грчкиот весник "Неа Имера" од 1904 г.

 

Friday, August 16, 2013

Македонија

2.
На овој даб името ќe ти го напишам
дождовите да го симнат
жедните в земја
да ги напоиш.

На оваа нива грутка од тебе ќe посеам
класатка да никне
со неа внучињата да ни ги храниш.

На овој рид ќe те оставам
и кога ќe заминам
пак да те гледам

Голема.

Анте Поповски

Monday, August 12, 2013

Извадок од Резолуцијата на Вториот пленум на НОФ

Извадок од Резолуцијата на Вториот пленум на
НОФ на Македонците од Егејска Македонија
(15 февруару 1949)

На својот Втор Пленум, одржан на 15 февруару 1949 година, главниот одбор на НОФ (Народно Ослободителен Фронт на Македонците од Егејска Македонија) издава Резолуција во која објавува дека решавањето на македонското прашање го гледа во создавање на обединета, независна и рамноправна македонска држава во рамките на Балканската федерација.

Sunday, August 11, 2013

Апел на ТМОРО


Апел на ТМОРО до македонските емигранти во Атина за објавувањето на Илинденското Востание во Македонија.

Tuesday, August 6, 2013

Le Petit Journal sur l'insurrection en Macédoine


Un graphique du "Petit Journal" (du 26 Juillet 1903), illustrant un combat lors de l'insurrection en Macédoine.

Monday, August 5, 2013

Таму е Мојата Земја

Во сребрени мугри зората каде руди
и петел со пев селата каде буди
и сонцето в пурпур каде се раѓа
и намуртено зад Шара кај заоѓа -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Таму кај Струма матна вода лее
и кај Вардар комитски песни пее,
охридски браној каде немирни јачат
и каде мајки над пресни гробја плачат -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Орачот каде в ѕевгар протега бразди
и за данок кај го соблачат туѓинци - газди
и развратни учители туѓинско слово сејат
и в црквите каде не наши попови пејат -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Таму кај на нива жетварката страдна
проколнува в песна робијата гадна
и со гајда овчар кај разбива тага
и кај борци гинат за родина драга -
таму  е мојата земја - таму е Македонија.

Таму прангите кај ропски химни пеат
и во нив храбри борци без жал мрејат,
Ел Тепе каде Јанево знаме вее
и Баница каде за Делчев солзи лее -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Таму на Илинден народ кај востанал
во крвава битка држава да гради
и таму јас беден селанец кај вкусив
попара од пелин на години млади -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Денес каде мајка син емигрант чека
и порои солзи се слеваат во река
и биднала од жал црна кукавица
и живее како мајка - маченица -
таму е мојата земја - таму е Македонија.

Драган Богдановски