На поканата да го посетам Александров, признавам дека најпрво помислив за мојата лична безбедност. Во минатото Македонија има добиено репутација за бандитство и беззаконитост за којашто Револуционерната Организација можеби изгледала наклонета да ја развива. Но точно спротивното е во случајов. Со моторно возило, коњ и пешки преминав неколку стотини километри преку дива и планинска земја. Насекаде напредно селско население кажуваше дека кражбата и криминалот се нешта од минатото. Сепак сезоната и условите за патување ме натераа да здивнам воздишка на олеснување кога едно замаглено утро курирот, кој за време на целото патување беше апсолутно рамнодушен, шепотна “Сега ќе го видите Старио”.
Минута покасно го сретнав Александров - висок, јако граден 42-ве годишен маж, облечен во темно кафеава униформа, со белези на Организацијата. Со цврсти очи и усни, кои во разговор можат да бидат весели, но во одмор се многу строги, полна воена опрема, која што ретко ја вади од себе, пушка потпрена на ѕидот и Александров почна да ми раскажува зошто вака го живее неговиот живот. Тој има само една идеја, а тоа е евентуалната прокламација на автономна Македонија, со свој главен град Солун. Тој изјавува дека народот нема да одобри да биде владеан од Србите, Грците, Бугарите и затоа што првите две држави одбиле да му дадат на народот слобода во говорот или религијата, само вооружена борба ќе им донесе на Македонците тоа што посакуваат. Во врска со неговото располагање со муниција и луѓе, тој рече дека пошто целта на Македонците не е да одземат територија, туку да им го направат животот на властите невозможлив, повремени напади се нивниот начин на борба. Така не им била потребна било каква артилерија. Пешадиски би ја воделе борбата & ако планински коњи можи да се употребат по потреба. Тие беа добро снабдени со пушки бомби и амуниција, пошто последните неколку војни доведоа до наоружување на секој селанин.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.