Thursday, August 28, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Литургиски зборник прва половина на 16 век и втора половина на 17 век



Хартија: 15 х 11 см.; без почетокот и крајот, со повеќе изгубени листови во средината. На почетокот недостасуваат веројатно 42 листа (до 3 лист од VI свеска); по л. 1 нема 10 листа; по л. 7 нема 9 листа; по л. 8 нема 10 листа; по л. 10 веројатно недостасува 1 лист; по л. 13 нема 11 листа; по л. 26 веројатно нема 1 лист; по л. 29 веројатно поголем прекин; по л. 31 веројатно нема 2 листа. Основниот дел на ракописот т.е., листовите 9 - 15, 17 - 18 и 24-29 пишуван е во втората половина на XVI век, а останатиот дел т.е., 1 - 8, 16, 19 - 23 и 30 - 33 е надополнет во втората половина на XVII век при реставрација на ракописот.
Писмо: Во основниот дел по 14 - 15 реда, од две раце, полуустав од XVI - XVII век. Правописот е од Ресавската школа, со ъ на фонетско место во предлозите, префиксите и во коренот, а ь на крајот од зборот. Се употребува Ѕ, акцентите се ставани систематски; интерпункција со запирка. Во додадениот дел писмото е по 15 реда со полуустав од XVII век. Л. 30 - 33 се со ситен немарен устав по 16 - 18 реда. Насловите и заглавните букви се со црвено мастило. Има црвени иницијали со украсни извивки.
Водени знаци: Во основниот дел, на л. 9 - 15, 17 - 18 и 24 - 29 има „сидро во круг со ѕвезда одозгора“, без контра марка - тип од првата половина на XVI век. Во додадениот дел: „три полумесечини“ со контра марка „V-G“ на л. 1 - 8 и 30 - 33, „круна со ѕвезда и полумесечина“ на л. 21 - 22.
Орнаментика: Орнаментот на двете корици од ист тип - широка рамка со украси од палмети во централниот правоаголник.
Повез: Штици со жлеб по рабовите.
Содржина: Литургиски зборник.
Потекло: N/A
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Sunday, August 17, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од псалтир средина на 16 век



Хартија: 20,5 х 14 см.; 2 листа. Листовите се оштетени. Недостасуваат мали делови од нив. Извршена е конзервација и реставрација во лабораторијата на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје во 1990 година.
Писмо: По 18 реда, убаво полууставно писмо од XVI век. Македонска јусова редакција, двоеров правопис. Интерпункцијата е изразена со точка. Ретко се употребува акцентот. Се среќава ретко и кендемата. Насловите, почетните букви и точките со црвена, останатиот текст со црно мастило.
Водени знаци: Само мал фрагмент од „Сидро во круг“ од срединаат на XVI век
Орнаментика: На л. 2 почетната буква „Б“ е поголема и иницијална.
Повез: Нов. Црно платно.
Содржина: Фрагмент од псалтир.
Потекло: Фрагментот е најден во корица на печатена книга во Крушево.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од псалтир прва половина на 16 век



Хартија: 23 х 16 см., (со додадената хартија при конзервација, оригиналната хартија 16,5 х 10,5 см.); 3 оштетени листови. На л. 1 оштетена е десната страна. На л. 2 горната и десната страна и на л. 3 горната страна. Листовите служеле како пополнување на корица за печатена книга.
Писмо: По 18 реда. Полууставно писмо со форми карактеристични за XV и XVI век. Правописот е со силно влијание од ресавската школа, Ъ во предлозите и префиксите, а ь обично на крајот од зборот. Од интерпункцијата употребена е точка и запирка. Од надредните знаци се среќаваат акцентот и кендемата. Употребено е црно и црвено мастило.
Водени знаци: Не се запазени.
Орнаментика: На л. 2 голема буква „В“ орнаментирана со црни плетеници. На л. 1 и л. 3‛ иницијални поголеми букви „Г“ и „В“.
Повез: Нов.
Содржина: Фрагмент од псалтир.
Потекло: Фрагментот е најден во с. Зубовци - Гостиварско.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од празничен минеј прва половина на 16 век



Хартија: 29 х 19,5 см.; 2 листа.
Писмо: По 27-30 реда во една колона. Писмото е полууставно. Српска рецензија, со форми и правопис од 16 век. Обично големиот ер е употребен во предлозите и префиксите, а малиот ер на крајот. Од надредните знаци употребени се акцентот, кандемата и паерок. Од интерпункцијата употребена е точката и запирката. Насловите и почетните букви се со црвено мастило, а останатиот текст со црно мастило.
Водени знаци: Не се запазени.
Орнаментика: Почетните букви се поголеми и иницијални.
Повез: Нов, од црно платно.
Содржина: Празничен минеј.
Потекло: Фрагментот е најден во с. Бешиште - Мариовско.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од октоих крај на 16 век или почеток на 17 век



Хартија: 14,5 х 13 см., 1 лист. Долната половина од листот недостасува. Горната лева страна од листот е оштетена. Недостасуваат неколку букви од првиот до петтиот ред. Хартијата е дебела.
Писмо: Л. 1 има 20, а л.1‛, 11 реда. Убаво полууставно писмо во една колона од XVI век. Употребени се двата ера ,но без правило. Обично големиот ер се употребува во предлозите и префиксите, а малиот ер на крајот. Од надредните знаци се среќава акцентот и кендемите. Интерпункцијата е изразена со точка и две точки. Насловите и почетните букви се црвени.
Водени знаци: Нема.
Орнаментика: Нема.
Повез: Нема. Се чува во папка.
Содржина: Фрагмент од октоих (четврток наутро на глас четврти).
Потекло: Фрагментот е најден во црквата во с. Зубовце - Гостиварско. Во НУБ „Св. Климент Охридски“ на чување е донесен од Бранко Матоски.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Saturday, August 16, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од цветен триод лазаревац крајот на 16 и почетокот на 17 век



Хартија: 27,5 х 19 см., 10 листови. Л. 1 му е искината десната половина. На л. 2 искинат му е долниот десен агол.
Писмо: Во една колона по 26 реда, освен првата страница која има 20 реда. Писмото е полууставно. Редакцијата е српска. Правописот под влијание на Ресавската школа, Ъ се употребува во предлозите и префиксите, а ь многу ретко обично на крајот од зборот, ї пред вокали. Акцент има, но ретко и недоследно. Се среќава и кендема. Од интерпункцијата се употребува точка и две точки. Насловите и почетните букви се црвени.
Водени знаци: „Сидро во круг со тролист одзгора“, контра марка „В со тролист“ и „Сидро во круг без тролист“.
Орнаментика: На л. 1 знаменце со плетенки од балкански тип, нацртано со црвено и црно мастило. Од орнаментот е зачувана само едната половина, бидејќи листот е оштетен. Почетните букви се поголеми.
Повез: Нов, картон завиткан во скај.
Содржина: Фрагмент од Цветен триод Лазаревац, почетокот од Лазаревата седмица.
Потекло: Фрагментот е најден во с. Стенче - Тетовско.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје