Хартија: 23 х 16 см., (со додадената хартија при
конзервација, оригиналната хартија 16,5 х 10,5 см.); 3 оштетени листови.
На л. 1 оштетена е десната страна. На л. 2 горната и десната страна и
на л. 3 горната страна. Листовите служеле како пополнување на корица за
печатена книга.
Писмо: По 18 реда. Полууставно писмо со форми карактеристични за XV и XVI век. Правописот е со силно влијание од ресавската школа, Ъ во предлозите и префиксите, а ь обично на крајот од зборот. Од интерпункцијата употребена е точка и запирка. Од надредните знаци се среќаваат акцентот и кендемата. Употребено е црно и црвено мастило.
Водени знаци: Не се запазени.
Орнаментика: На л. 2 голема буква „В“ орнаментирана со црни плетеници. На л. 1 и л. 3‛ иницијални поголеми букви „Г“ и „В“.
Повез: Нов.
Содржина: Фрагмент од псалтир.
Потекло: Фрагментот е најден во с. Зубовци - Гостиварско.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.