Хартија: Л. 1: 16,5 х 12 см. Листот на десната
маргина е оштетен, недостасува горниот десен агол каде што се оштетени
првите четири реда. Л. 2: 19 х 12,2 см. На двата листа нема сочувани
водени знаци.
Писмо: По 19 реда во полна страница (л. 2‛ има 13 реда бидејќи не е допишан до крај), во една колона, полуустав. Ъ и Ѣ се напипани со високи стебла, т троного, употребува две форми на е (обично и широко) и ж со три потеза соединети на горниот дел. Редакцијата е српска , од ресавската правописна школа, употребени се двата ера, големиот ер обично се употребува во предлозите и префиксите, а малиот ер на крајотод зборот. Од надредните знаци употребен е акцентот и кендемата. Интерпункцијата е со точка. Употребено е темно црвено мастило во насловите и почетните букви, а останатиот текст е со темно кафено мастило.
Водени знаци: Нема.
Орнаментика: Нема, освен две почетни букви што се напишани со црвено мастило и се поголеми, со мала доза на иницијалност.
Содржина: Фрагмент од псалтир
Потекло: Ракописот е најден во с. Клепач - Прилепско.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.