Сребрено ковчеже за подароци (за чување на светиот леб) од манастирот „Свети Наум Охридски“
Направено е во 1833 година во форма на трикатна ротонда и на него се претставени ликови на светите Седумчисленици: Св. Кирил и Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Во долниот ред е напишано на грчки:
“Се украсува овој свети кувуклиј за светиот леб на светиот и богоносен отец наш Наум Чудотворец со трудот и иждивението на себлажениот катигумен господин во Христа Дионисиј од Анадолија и епархијата на Теодосиопол во година 1833, први јануари. Од раката на мене смирениот златар Георги Статис. Спомни ги Господи сите благочестиви и православни христијани, кои се помазуваат во овој свет манастир. Во деновите на сесветиот митрополит на светите Преспи господин Калиник “.
Сребрено ковчеже за мошти
Одземено е, исто така, од манастирот „Свети Наум Охридски“, а датира од 1837 година. Изработено е од сребро во елипсоидна форма со главен мотив на „Оплакувањето на Христос“.
Полилеј од св. Богородица Перивлепта – Охрид
Бронзен полилеј составен од 19 дела. Сега е за првпат реконструиран неговиот целосен изглед.
Две Царски двери, едната од св. Богородица Перивлепта – Охрид
Во Музејот изложени се две царски двери, од која едната е спомената дека потекнува од иконостасот на катедралната црква св. Богородица Перивлепта – Охрид
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.