Sunday, September 30, 2018

Македонски скапоцености во Бугарските музеи 5 дел







Сребрена кутија и опкова за мошти (реликвијар)
Се чувале во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“. Сребрената опкова е наменета за черепот на светителката Матрона и има несекојдневни филигрански работи. Датира од 1789 година. Таа е изложена во музејот заедно со сребрената купија од подоцнежен период – 1811та со сцени од житија.




Икона на Исус со врзани раце
Оваа икона е одземена од охридската црква „Света Богородица Перивлепта“, и таа била дел од иконостасот.








Фрагменти од брознен полилеј (лустер) од Марков манастир
Полилеј со повеќе мотиви направен во 14 век, како подарок на кралот Волкашин за манастирот. На него се врежани имињата на Кралот Волкашин.










Реликвии од црквата „Света Богородица Kосиница“, во близина на Kавала, Егејска Македонија
– Икона на Богородица Одигитрија, работена во техника темпера на дрво со сребрена опкова,
– Крст од 1786 година со позлатено сребро, разнобојни стакла, корали. Двострано украсена со крштевањето на Исус, и Распетието христово од другата страна.
– друг крст од 18 век,
– ковчеже за мошти од 1630 година…Убавата резба се гледа на крстовите кои бугарската војска ги земала од црквата „Света Богородица Илокали“ од Серес, Грција и на кои доминира мотивот на распнувањето. Меѓу десетина крстови тешко е посетителот да се определи за најубав, но по своја убавина и оригиналност се одликуваат оние од манастирот „Света Богородица Kосиница“ од Егејска Македонија. Изложени се и повеќе кутии за мошти, рипиди од неколку манастири во Грција – „Свети Јован Kрстител“ и „Свети Теодор“крај Серес, сребрени кадилници, садови за светење вода… Од овие манастири била собрана и разна свечена облека на црковните достоинственици.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.