Thursday, April 12, 2012

САД сакале независна Македонија уште во 1783 година

Џон Адамс, еден од татковците на САД и нивниот втор претседател, правел јасна разлика и дистинкција помеѓу Македонија и Грција и се залагал со американска помош и двете земји да се ослободат од турското владеење и да создадат независни републики (демократии). Тоа може да се забележи и од писмото, од 14 јули 1783 година, зачувано во неговата кореспонденција, упатено до Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт департментот.


„Проектот за ослободување на целата земја на античка Грција, Македонија и Илирик и подигање независни републики во тие славни столици, колку сјајно и да изгледа како шпекулација, најверојатно нема да добие должно внимание од двете империи (Австрија и Русија, н.з.), затоа што е непрактичен. Грците денеска, иако се зборува дека имаат имагинација и генијалност, се корумпирани во своите морални начела до таков степен што се претвориле во неверна перфидна раса, бедна со храброст, како и со оние принципи на чест и доблест без кои нациите не може да имаат доверба помеѓу себе, ниту да им се верува од другите“, пишува во еден пасус од писмо зачувано во кореспонденцијата на вториот претседател на САД, Џон Адамс, упатено до Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт департментот, од далечниот 14 јули 1783 година. Како куриозитет може да се спомене дека шест години подоцна, токму на тој ден ќе почне еден од најважните настани во европската, а по своето подоцнежно влијание и во светската историја - Француската револуција.
Џон Адамс е вториот претседател на САД, а Роберт Ливингстон е човекот што во историјата ќе остане запишан како првиот секретар на Стејт департментот, односно шеф на дипломатијата на САД.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.