Friday, June 17, 2011

Олимпија - Василевна на Македонија




Олимпија била принцеза од Епир, жена на македонскиот владетел Филип BТОРИ Македонски,ВАСИЛЕВНА НА МАКЕДОНИЈА и мајка на Александар ТРЕТИ Македонски.
Олимпија е ќерка на епирскиот владетел Неоптолемеј ВТОРИ, кои се сметале за потомци на Ахил.Првичното име и било Поликсена, но во детскиот живот го носела името Миртала, а по свадбата, Филип ВТОРИ Македонски и го дал името Олимпија во чест на спортските игри. Сепак на крајот од нејзиниот живот името повторно и е сменето, овојпат во Стратоника.
Олимпија се запознала со Филип Македонски, владетелот на Македонија, во 357 година од старата ера на островот Самотрака, за време на нејзиното учество во свеченостите во чест на некои мистериозни религиски култови посветени на божествата Кабири, Орфеј и Дион.
Била ќерка на поранешниот молоски (епирски) владетел Неоптоломеј и внука на тогашниот владетел Ариб. Стапиле во брак истата година. Во наредната 356 г. ст.е. е роден Александар, а во 355 г. ст.е. е родена и ќерката Клеопатра.
Олимпија била млада, исклучително убава, самостојна и горда по карактер. Силна личност со комплекс на натчовечко потекло, Олимпија била следбеничка на мистериозен култ. Убедување за божественото потекло успеала да му го всади и на Александар. Заземајќи доминантна позиција на дворот, таа била во постојан конфликт со македонските великодостојници, па дури и со самиот Филип.
Имало легенда во која се велело дека таткото на Александар ТРЕТИ не бил Филип ВТОРИ Македонски, бидејќи тој ја одбил љубовта на Олимпија поради змиите, туку ИЛЕ - богот на Cонцето кој спиел со Олимпија за време на невремето. Самиот Александар Македонски ја подржувал легендата поради политички причини, но го сметал за свој татко Филип ВТОРИ.Македонски.
Непостојанството на Филип ВТОРИ Македонски и љубомората на Олимпија довело до смрзнување на нивната врска и развод, најкритичен момент бил кога Филип ВТОРИ Македонски се оженил со млада Македонка аристократка по име Клеопатра во 337год. п.н.е. Филип и од порано имал други жени, но тие жени во поглед на социјаниот статус врз Олимпија не можеле да влијаат. Mеѓувреме Олимпија се вратила во својата родна земја Епир. Година дена подоцна Филип ВТОРИ е убиен.
За време на Македонскиот поход, Олимпија упорно му пишувала на својот син Александар, таа претставувала авторитет и големо влијание имала врз Александар, дури и врз македонскиот претставник Антипатер. Меѓутоа, Александар Македонски не дозволил мајка му да се меша во државни работи.
По смртта на Александар Македонски во 323 год. п.н.е., Македонија била оставена на Антипатер, а Олимпија владеела со Епир, се додека нејзиниот внук Неоптоломеј, син на ќерката на Олимпија не пораснал.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.