Friday, June 17, 2011

Кралевите на Македонија

ФИЛИП ТРЕТИ - АРИДЕЈ

Филип ТРЕТИ Аридеј ( 359 п.н.е - 25 декември, 317 п.н.е) бил владетел на Македонија (10 јуни, 323 п.н.е - 25 декември, 317 п.н.е) и незаконски син на Филип ВТОРИ Македонски од Филина од Лариса, тесалиска танчерка, и полубрат на Александар Македонски. Првобитно името му било Аридеј, а потоа се нарекол Филип ТРЕТИ Македонски кога дошол на власт.
Според Плутарх по обидот на Олимпија да го отруе, сакајќи да го елеминира секој потенцијален соперник на Александар, Аридеј станал умствено немоќен и епилептичен
Заради неговата нелегитимност, Аридеј всушност никогаш не бил опасност за Александровото наследување на Филип ВТОРИ, иако биле на иста возраст; сеедно, кога сатрапот на Карија, Пиxодар ја предложил ќерка си за брак со Филип ВТОРИ, кој го понудил Аридеј за маж, Александар сметал дека е мудро да ја блокира операцијата и покрај значителните приговори од страна на Филип (337 п.н.е). за време на тринаесетте години во кој Алексадар владеел (336 п.н.е–323 п.н.е).
Кога Алаксандар умрел Аридеј бил во Вавилон на 11 јуни 323 п.н.е. Тука настанала криза за наследството: Аридеј бил најочигледниот кандидат, но тој бил ментално несоодветен за таа задача, а покрај тоа и бил незаконски син на Филип . Конфликт настанал помеѓу Пердика, водач на придружната коњаница и Мелеагер, кој бил коамндант на фалангата: првиот сакал да види дали Роксана, трудната жена на Александар, ќе роди машко дете, додека вториот велел дека Аридеј е најблискиот жив роднина и затоа треба да биде владетел. Дури и во случај Мелеагер да бил убиен, бил смислен компромис: Аридеј ќе станел владетел под име Филип и ќе им се придружи на Роксана и синот ако биде машко. Така и направил и му се придружил на вујко си под име Александар. Веднаш било решено дека Аридеј треба да назначен за владетел , но не и да владее: ова бил прерогатив на новиот регент Пердика.
Кога вестите за изборот на Аридеј стигнале во Македонија, Олимпија,ја понудила ќерката на Филип ВТОРИ, смислила план да премине во Aзија и да му ја понуди својата ќерка Клеопатра ТРЕТА на Пердика . Овој потег бил очигледна навреда врз Антипатар, кого Олимпија тотално го заобиколила: за да го спречи ова Антипатар го пратил својот брат Алкета да ја убие Олимпија, но заради реакциите на војската ова не се случило и регентот морал да го прифати бракот. Одтогаш Филип Аридеј бил под влијание на неговата жена која упорно се обидувала да ја докаже моќта на мажот си.
Евридика добила можност за време на првата војна на дијадоcите и така му ја запечатила судбината на Пердика, со тоа што направиле нов договор (Договор на Трипардис) во Сирија во 320 п.н.е. Евридика успеала да ги отстрани првите два планирани регенти, Пејтон и Аридеј, но неможела да го запре премногу моќниот Антипатар: тој станал новиот регент, а Филип Аридеј и Евридика морале да го следат во Македонија.
Регентот умрел од природна смрт следната година, не назначувајќи го за наследник својот син Касандар, туку неговиот пријател Полиперхон. Касандар одбил да ја почитува волјата на татка си и ова ја предизвикало втората дијадошка војна, во која Евридика повторно увидела шанса да го ослободи Филип од контролата на регентот. Шансата дошла во 317 п.н.е кога Касандар го прогонил Полиперхон од Македонија: Евридика веднаш се сојузила со него и го натерала да го номинира нејзиниот маж за новиот регент, со тоа што би ставила полна власт во Македонија a кога Касандар е во поход во градовите држави. Тогаш Еумен бил назначен како новиот командант на македонските сили во Азија и на овој начин оттргнувајки го најсилниот сојузник на Полиперхон, Антигон Едноокиот.
Но истата година (317п.н.е ) Полиперхон и Олимпија, во сојуз со кралот на Епир Еакид, извршил инвазија на Македонија, додека македонските единици одбиле да се борат против синот на Александар, кого напаѓачите го повеле со себе. Филип и Евридика немале друг избор освен да избегаат, но биле фатени во Амфиполи и фрлени в затвор. Наскоро станало јасно дека Филип бил преногу опасен за да живе, бидејќи многу непријатели на Олимпија го гледале како корисна алатка против неа, и на 25 декември 317 п.н.е таа наредила Филип да се погуби, додека неговата жена, Евридика била присилена да изврши самоубиство.
Следната година, кога Касандар ја освоил Македонија и се осветил за Филиповата смрт, ги преместил телата на Филип и Евридика во владетелската гробница во Егејa и прославил погребни игри во нивна чест.
Во 1977 најдена е гробницата на Филип ТРЕТИ Аридеј близу Егеjа.


КАСАНДАР
 
КАСАНДАР - НАРАЧИТЕЛОТ НА УБИСТВОТО НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ , УБИЕЦОТ И УНИШТУВАЧОТ НА ДИНАСТИЈАТА АРГЕАДИ.
Касандар владетел на Македонија (305—297 п.н.е.), бил најстариот син на Антипатар, и основач на краткотрајната династија Антипатриди.
За прв пат се појавува на дворот на Александар Македонски во Вавилон, каде го бранел татка си, Антипатар, регент на Македонија, од обвиненијата на неговите непријатели (главно мајката василевна Олимпија). Антипатар наклеветен од василевна Олимпија за арогантно ренгенство (владеење во име на владетелот во отсуство) на Антипатар. Поради тоа на Антипатар му било наредено од страна на Александар Македонски да дојде во Вавилон за да се одбрани од тие клевети. За лошото владеење од страна на македонските благородници со сигурност се знае дека Александар ги погубувал ПА ЗАТОА АНТИПАТАР го праќа неговиот син Касандар како негов бранител.Касандар кога стасал во Вавилон увидел можност: МУ НАРЕДУВА НА СВОЈОТ ПОМАЛ БРАТ кој служел како паж (слуга од доверба) кај Александар да го отруе Хефестион со тоа и да го проба ефектот на отровот што го донел со себе. Причината за смртта на Хефестион не се утврдила ,..ТАКА ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ КОГА СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ СМРТТА НА ХЕФЕСТИОН БИЛА СТИВНАТА и Александар бил ОТРУЕН НА ИСТИОT НАЧИН КАКО И ХЕФЕСТИОН ОД СТРАНА НА ПОМАЛИОТ БРАТ НА КАСАНДАР , по наредба на истиот. Касандар ВЕШТО успеал да го прикрие неговиот план околу убиството на Александар Македонски.
Бидејќи татко му го прескокнал ЗНАЕЈЌИ КАКОВ ЧОВЕК Е , му го дал регентството на Полиперхон, Касандар се сојузил со Птоломеј и Антигон Едноокиот и објавил војна против регентот. Речиси сите градови држави се здружиле со него, меѓу кои и Атина. Тој направил и сојуз со Евридика, амбициозната жена на василеос на Македонија - Филип Аридеј.Меѓутоа Евридика и Филип ТРЕТИ, заедно со Касандровиот брат Никанор биле погубени од Олимпија. Касандар веднаш измарширал кон Олимпија, и принудил да се предаде кај Пидна, па ја погубил (316 п.н.е.). Во 310 п.н.е./309 п.н.е., тој ја отрул и Роксана и номиналниот владетел Александар ЧЕТВРТИ, жената и синот на Александар Македонски во 323 п.н.е.. Исто таска го потплатил Полиперхон да го отруе вонбрачниот син на Александар Македонски , Херакле.

Тоj веќе бил поврзан со владетелското семејство по пат на брак со Тесалоника, полусестра на Александар Македонски, и со сојузот со Селевк, Птоломеј и Лизимах против Антигон, со поразот и смртта на Антигон 301 п.н.е, станал неоспорен владетел на Македонија.
Умрел од едема во 297 п.н.е. Според Павзаниј: „Беше преполн со едема, и од неа излегоа црви додека сеуште беше жив.
Филип, неговиот насјтар син, наскоро по доаѓањето на престолот се разболе и умре. Антипатар, следниот син, ја уби својата мајка Тесалоника, ќерката на Филип и Никасепола, под обвинение дека премногу го милувала Александар, најмладиот син.“ Александар се осветил за мајка си со тоа што го убил брат му Антипатар, но пак тој самиот бил убиен од Деметриј ПРВИ Полиоркет, син на Антигон. Така отишло сето Касандрово семејство.
Касандар бил човек од книжевноста, но бил насилен и амбициозен. Ја преградил Теба по нејзинито уништување од Александар Македонски, ја претворил Терма во Солуника, и изградил нов град по име Касандреја врз рушевините на Потидеја.





ФИЛИП ЧЕТВРТИ:
Филип ЧЕТВРТИ (умрел 297 п.н.е.) бил син на Касандар. Го наследил такта си, но владеел само накратко пред неговата смрт.


АЛЕКСАНДАР ПЕТТИ:
Александар ПЕТТИ (умрел 294 п.н.е.) бил син на Касандар кој заедно со неговиот брат Антипатар втори владеел како владетел на Македонија од 297 до 294 п.н.е. Подоцна брат му го истерал, па овој побарал помош од Деметриј ПРВИ за да го поврати престолот. Деметриј успешно го победил Антипатар, но наместо да го врати Александар, наредил да го убијат.


АНТИПАТАР ВТОРИ:
Антипатар ВТОРИ бил син на Касандар. Владеел како владетел на Македонија од 297 п.н.е. со 294 п.н.е. заедно со неговиот брат Александар ПЕТTИ. Подоцна тој го истерал брата си од престолот. Александар се обратил кон Деметриј ПРВИ за помош, и Деметриј ПРВИ го соборил Антипатар, но и го убил Александар. Самиот Антипатар преживеал, и во 279 п.н.е. повторно станал владетел по смртта на Птоломеј Гром- Керавн. Владеел само неколку месеци пред да биде убиен од неговиот братучед Состен.Антипатар ВТОРИ умрел 279 п.н.е.

ДЕМЕТРИЈ ПРВИ ОПСАДНИКОТ

Деметриј ПРВИ ОПСАДНИКОТ (337-283 п.н.е.), син на Антигон ПРВИ Едноокиот и Стратоника, бил владетел на Македонија (294 - 288 п.н.е.) Припаѓал на династијата Антигониди.
На 22-годишна возраст татко му му дал задача да ја брани Сирија од Птоломеј, синот на Лаг; бил сосема поразен во битката кај Газа, но набргу делумно ги повратил загубите со победа кај Миј.
По неуспешниот поход на Вавилон и неколку походи против Птоломеј на крајбрежјето на Киликија и Кипар, Деметриј запловил со флота од 250 брода кон Атина. Таму го ослободил градот од власта на Касандар и Птоломеј, го истерал гарнизонот поставен од Деметриј Фалерски, и ја опседнал и зазел Мунихија (307 п.н.е.) По овие победи атињаните го славеле како заштитно божество под титулата Сотер („Запазувач“).


Во походот во 306 п.н.е. против Птоломеј го победил Менелај, Птоломеовиот брат, во поморската битка кај Саламина, сосема уништувајќи ја поморската моќ на Египет. Во 305 п.н.е., носејќи ја титулата дадена од татко му пошол да го казни Родос за тоа што го напуштиле; заради неговата генијалност во обмислување на опсадна машинерија ја добил титулата Полиоркет („Опсадникот“). Меѓу неговите изуми се вбројуваат и опсаден овен долг 60 м, со кого морале да управуваат не помалку од 1000 војници, како и опсадна кула на тркала - „Градозаземач“ , 40 м висока и 20 м широка, со тежина над 163 тони.
Се вратил повторно во градовите држави како ослободител. Но Деметриј бил толку развратен и екстравагантен, што атињаните посакале да се врати Касандар. Исто така предизвикал љубомора кај Александровите дијадоси; Селевк, Касандар и Лизимах, кои се обединиле да го уништат него и неговиот татко. Противничките војски се сретнале кај Ипс во Фригија (301 п.н.е.), и во конфликтот бил убиен Антигон, а Деметриј, по претрпените големи штети се повлекол во Ефес. Оваа промена на околности предизвикала непријателски сентимент против него, атињаните одбивале дури и да го примат во градот. Но накратко потоа тој ја пустошел територијата на Лизимах и се помирил со Слелевк, за кого ја омажил ќерќа си Стратоника. Атина во ова време била под опресивна власт на тиранинот Лахар, но Деметриј, по подолга блокада, го зазел градот (294 п.н.е.) и им простил на жителите за претходниот лош однос. Истата година седнал на македонскиот престол по убивање на Антипатар ВТОРИ, синот на Kасандар. Но оваа нова позиција била во постојана опасност од Пир Епирски, кој го користел неговото повремено отсуство за да пустоши по беспомошните делови од Македонија (Плутарх, Пир, 7); at length,, заедничките сили на Пир, Птоломеј и Лизимах, помогнати од делот од народот кој не го сакал Деметриј, го натерале да ја напушти Македонија во 288 п.н.е.
Преминал во Азија и ги нападнал некои од провинциите на Лизимах со различен успех. Поголемиот дел од војската му умрела заради глад и болест, па така побарал помош од Селевк. Но пред да дојде до Cирија избиле немири, и по здобивањe со некои предности над неговиот зет, Деметриј бил сосема запоставен од неговите единици на бојното поле, па морал да му се предаде на Селевк.
Син му Антигон понудил се што има, па дури и сам себе, само за да го ослободи татка си. Но сето ова било залудно.
Деметриј умрел по три години лежење затвор (283 п.н.е.) Неговите останки му биле предадени на Антигон, и му бил приреден раскошен погреб во Коринт.
ЛИЗМАХ


Лизимах ( 360 п.н.е.–281 п.н.е. бил Македонски офицер и „наследник“ (дијадох) на Александар Македонски, подоцна и владетел (306 п.н.е.) на Тракија и Мала Азија.
Се родил во Пела, Македонија како син на Агатокле. За време на походот на Александар во Персија бил еден од неговите непосредни телохранители и се истакнал во Индија.
По смртта на Александар во (323 п.н.е.) бил назначен да управува со Тракија и Херонез. Долго време главна преокупација му била борбата со одрискот крал Севт 3- ти.
Во 315 п.н.е. им се придружил на Касандар, Птоломеј и Селевкид против Антигон, кој меѓутоа му го свртел вниманието со подбуцнување на траките и скитските племиња против него. Во 309 п.н.е., ја основал Лизимахија во командна позиција кон грлото каде Херонез се врзува со главното копно.
Го проследил примерот на Антигон, па се прогласил за владетел. Во 302 кога бил направен вториот сојуз помеѓу Касандар, Птоломеј и Селевкид, Лизимах, потпомогнат од единици на Касандар, навлегол во Мала Азија, каде не нашол на отпор. При доаѓањето на Антигон тој се повлекол да презими во Хераклеја, па се оженил со вдовицата Амастрида, персиска принцеза. Селевк му се придружил во 301 п.н.е., и во битка кај Ипс Антигон бил поразен и убиен. Неговите територии си ги поделиле победниците, со тоа што Лизимах го добил поголемиот дел од Мала Азија.
Насетувајќи дека Селевк станал опасно голем, Лизимах сега се сојузил со Птоломеј, оженувајќи ја неговата ќерка Арсиноја 2- ра. Амастрида, која се развела од него, се вратила во Хераклеја. Кога синот на Антигон, Деметриј го повторил непријателството (297 п.н.е.), за време на неговото отсуство во градовите држави, Лизимах ги зазел неговите градови во Мала Азија, но во 294 п.н.е. склучил мир каде Деметриј бил признаен за владетел на Македонија. Се обидел да ја прошири својата власт преку Дунав, но бил поразен и заробен од гетскиот крал Дромихет кој по пријателски договор, го ослободил. Деметриј потоа се заканувал на Тракија, но морал да се повлече заради ненадејно избивање на востание во Беотија, како и од напад од Пир Епирски.
Во 288 п.н.е. Лизимах и Пир извршиле инвазија на Македонија, и го избркале Деметриј oд земјата. Најпрвин на Пир му било дозволено да ја држи Македонија со титула владетел, но во 285 п.н.е. бил истеран од Лизимах.
Домашните проблеми ги загорчиле последните години од животот на Лизимах. Амастрида била убиена од нејзините двајца синови; Лизимах предавнички ги погубил. При неговото враќање Арсиноја ја побарала Хераклеја како подарок, а тоа тој го одобрил, иако ветил дека ќе го ослободи градот. Во 284 п.н.е. Арсиноја, во желба за наследство за нејзините синови наместо Агатокле (најстариот син на Лизимах), почнала со интриги против него со помош на нејзиниот брат Птоломеј Керавн; го обвиниле дека тој со Селевк заговарал да го заземе престолот, па бил погубен.
Оваа свирепа постапка на Лизимах предизвикала голема огорченост. Многу од градовите во Азија се побуниле, а неговите најверни пријатели го напуштиле. Вдовицата на Агатокле пребегала кај Селевкид кој веднаш извршил поход на територијата на Лизимах во Азија.
Во 281 п.н.е., Лизимах го преминал Хелеспонт и влегол во Лидија. Ma бил убиен во решавачката битка кај Курупедион. По неколку дена било најдено неговото тело, чувано од верен пес, било најдено на полето, и предадено на син му Александар, кој го погребал во Лизимахија.


ПИР

Пир (318-272 п.н.е.) бил еден од успешните војсководци . Бил владетел од родот Молосијци - Епир (306-301, 297-272 п.н.е.) и Македонија (288-284, 273-272 п.н.е.), и еден од најсилните противници на раниот Рим. Дел од неговите битки, иако успешни, резултираат со големи загуби во редовите на неговата војска, што е и непосреден повод за создавањето на изразот Пирова победа.
Пир бил син на Еакид Епирски и Фтија, и втор братучед на Александар Македонски. Како принц на една од државите-наследнички на Александар, детството и младоста му поминале бурно. Имал само две години кога татко му бил симнат од престолот и семејството пребегало кај Главкиј, кралот на Тавлантите, еден од најголемите илирски родови .
Подоцна Епирот го повикал, но повторно бил симнат на 17 годишна возраст, кога го напуштил кралството за да присуствува на свадбата на синот на Главкиј во Илирија. Во војните на дијадосите Пир се борел заедно со неговиот зет Деметриј ПРВИ на губитничката страна во важната битка кај Ипс (301 п.н.е.). Подоцна земен е за заложник од Птоломеј ПРВИ според мировниот договор помеѓу Птоломеј и Деметриј.
Пир се оженил со паштерката (посинета ќерка) на Птоломеј ПРВИ, Антигона и во 297 п.н.е., со негова помош, Пир си го повратил кралството. Потоа завојувал со неговиот некогашен сојузник Деметриј. До 286 п.н.е. го тргнал својот зет и завладеал со Македонија. Пир бил истеран од Македонија од Лизимах, негов некогашен сојузник, во 284 п.н.е.
Во 281 градот Тарент во јужна Италија, ги влошил односите со Рим, па така требал да се соочи со напад и сигурен пораз. Рим веќе бил голема сила, и римјаните биле решени да ги покорат сите градовите држави. Тарентинците побарале од Пир да ги води против римјаните.
Пир бил инструиран да прифати во светилиштето во Делфи. Меѓутоа неговите намери не биле несебични. Тука тој увидел прилика да си создаде свое царство во Италија. Се сојузил со Птоломеј Гром, владетел на Македонија и негов најсилен сосед, па пристигнал во Италија во 280 п.н.е.Во Италија влегол со војска од 3,000 коњица, 2,000 стрелци, 500 прачкаџии, 20,000 пешадија и 19 бојни слонови со цел да ги покори римјаните
Заради надмоќта на неговата коњица и слонови ги победил римјаните под водство на конзулот Публиј Валериј Левин во битката кај Хераклеја во 280 п.н.е.. Хероним Кардиски вели дека римјаните загубиле околу 7,000, додека Пир загубил 3,000 војници, меѓу кои многу од најдобрите. Дионисиј пак, вели дека загинале 15,000 римјани и 13,000 Пирови војници. На Пир му се придружиле неколку родови Лукани, Брутии, Месапијци, и колониите Кротон и Локри. Пир им понудил примирје на римјаните, но тие го одбиле. Зимата ја провел во Кампанија.


Во (279 п.н.е.) Пир навлегол во Апулија, и двете војски се сретнале во битката кај Аскул, каде Пир победил, но по многу висока цена. Римскиот војсководец бил конзулот Публиј Декиј Мус, и неговата силна војска, иако поразена, нанела огромни штети на Пировата војска, па така ја загарантирала безбедноста на самиот град.
Оваа битка ги наговестила подоцнежните победи над Рим, над побројни и подобро вооружени земји-наследнички и дала повод за изразот „Пирова победа“, со значење на победа по катастрофална цена. На крајот римјаните изгубиле 6,000 души, а Пир само 3,500 , но иако разбиена, неговата војска била опасен противник.
Во 278 Пир истовремено добил две понуди:
- Bо Сицилија му побарале да дојде и да ги истера картагинците, една од двете најголеми сили на западното Средоземје.
- Едновремено, македонците, чиј владетел Птоломеј Гром бил убиен во инвазијата на Галите, побарале од Пир да дојде на престолот на Македонија.
Пир решил дека Сицилија била поповолна опција, па затоа ја преместил својата војска таму.
Пир бил прогласен за владетел на Сицилија, па наскоро веќе правел планови како син му Eлен би ја наследил Сицилија, а другиот син Александар би ја добил Италија. Во 277 Пир го зазел Ерикс, најсилната картагинска тврдина во Сицилија.
Во 276 Пир влегол во преговори со Картагина. Иако картагинците сакале да се спогодат со Пир, да му дадат пари и да пратат бродови по примирјето, тој барал Картагина да ја напушти сета Сицилија и да повлече граница во Либиското Море. Во меѓувреме почнал да се однесува деспотски кон населението во Сицилија, па набргу бил замразен. Иако ги победил карагинците во друга битка, бил приморан да ја напушти Сицилија и да се врати во Италија.
Додека Пир водел поход против картагинците, римјаните си ги повратиле силите со регрутирање. Кога Пир се вратил од Сицилија, увидел дека е соочен со огромна, многу посилна војска. По нерешената битка кај Беневент во 275 п.н.е. Пир решил да ги заврши походите во Италија и да се врати во Епир, со што ги изгубил италијанските територии.
Иако неговиот поход на запад причинил големи штети за војската и ризницата, Пир повторно завојувал. Овој пат го нападнал Антигон ВТОРИ Гонат и извојувал лесна победа, па го зазел македонскиот престол.
Во 272, Клеоним, спартанец со кралска крв, кој бил омразен меѓу спартанците, побарал од Пир да ја нападне Спарта и да го стави него на власт. Пир се согласил со овој план, со намера да го заземе Пелопонез, но неговиот напад на Спарта се соочил со неочекувано силен отпор. Веднаш потоа му се дала прилика да се вмеша во граѓанските немири во Аргос. Со војската влегол во градот крадешкум, но се нашол во збркана битка по тесните градски улици. За време на бркотницата некоја старица, качена на покрив, му фрлила ќерамида врз глава, што го зашеметило, давајќи му прилика на непријателскиoт војник кој при тоа e убиен од Зопур еден војник на Антигон .
Додека бил жив и немирен водач и не секогаш мудар владетел, Пир се сметал за еден од најголемите војсководци на своето време, за кого Ханибал сметал дека е втор најдобар во светот, по Александар Македонски. Пир бил познат и по својата добротворност. Како генерал, неговите најголеми политички слабости биле неможноста да одржи силна ризница дома (многу од неговите војници биле скапи платеници).
Неговото име е овековечено во изразот „Пирова победа“, што се однесува на биката кај Аскул. Како одговор на честитките за оваа победа, се вели дека Пир рекол: „Уште една ваква победа и пропаднав!“
Пир напишал Мемоари и неколку книги за војувањето. Овие денес не се зачувани, но се знае дека извршиле влијание врз Ханибал, а за нив пофално се изразил и Цицерон.

ПТОЛОМЕИ ВТОРИ - ГРОМ:
Птоломеј ВТОРИ ГРОМ-Керавн ( 279 п.н.е.) бил владетел на Македонија од 281 п.н.е. до 279 п.н.е.
Бил најстар син на Птоломеј ПРВИ (владетел на Египет) и неговата трета жена Евридика (ќрка на Антипатар). Неговиот помлад брат, исто по име Птоломеј, станал престолонаследник и во 282 п.н.е., седнал на престолот како Птоломеј ВТОРИ.
Птоломеј Керавн го напуштил Египет и пристигнал на дворот на Лизимах, владетел на Тракија, Македонија, и дел од Мала Азија. Неговата полусестра Арсиноја ВТОРA била жена на Лизимах.
За време на престојот на дворот на Лизимах, Керавн се здружил со сестра си во дворска интрига, и ја придружувал до дворот на Селевк на исток да бара помош од него. Гледајќи можност за интервенција во своја полза во политиките на Лизимахова Тракија и Птолемаидски Египет, Селевк набргу се приготвил за поход против Лизимах.
По поразот на Лизимах и неговата смрт во битката кај Курупедион во 281 п.н.е., против Селевк ПРВИ , Птоломеј Керавн го убил Селевк ПРВИ. Во 281 п.н.е. и се сојузил со Пир Епирски. Птоломеј Гром побарал од неговата полусестра Арсиноја ВТОРА, вдовицата на Лизимах, да се ожени за него. По церемонијата ги убил двајцата помлади синови на Арсиноја a самата Арсиноја ВТОРА пребегала во Египет и се омажила за сопствениот брат Птоломеј ВТОРИ.
Птоломеј Керавн бил убиен во војните против Галите од страна на Болгиј и Брен, кои мигрирале кон подоцнежна Галатија.
Керавн значи „грмотевица“ или „гром“.
МЕЛЕГЕР:
Мелегер, брат на Птоломеј Кервaн, а син на Птоломеј ПРВИ , бил владетел на Македонија. Дошол на власт во 279 п.н.е., но владеел само два месеца пред да биде тргнат од престолот.


АНТИПАТАР:
Антипатар ВТОРИ бил син на Касандар. Владеел како владетел на Македонија од 297 п.н.е. со 294 п.н.е. заедно со неговиот брат Александар ПЕТТИ. Подоцна тој го истерал брата си од престолот. Александар се обратил кон Деметриј ОПСАДНИКОТ за помош, и Деметриј го соборил Антипатар, но и го убил Александар. Самиот Антипатар преживеал, и во 279 п.н.е. повторно станал владетел по смртта на Птоломеј Гром. Владеел само неколку месеци пред да биде убиен од неговиот братучед Состен.
Антипатар ВТОРИ умрел 279 п.н.е.



COCTEH:
Состен бил владетел на Македонија и генерал од династијата Антипатриди. Владеел како владетел од 279 п.н.е. - 277 п.н.е. За време на владеењето на Лизимах бил гувернер на Мала Азија. Во 279 п.н.е. го убил неговиот братучед Антипатар ВТОРИ, кој тогаш бил владетел на Македонија. Состен уживал огромна популарност бидејќи ги поразил келтите во многу крвава битка кај Делфи.
Бил убиен само две години по крунисувањето. Потоа на престолот дошол Антогон ВТОРИ Гонат.



АНТИГОН ВТОРИ ЖЕЛЕЗНА ГЛАВА-Гонат

Антогон ВТОРИ ЖЕЛЕЗНА ГЛАВА - Гонат. Гонат по местото од каде потекнува неговата мајка од Тесалија ,Гоној(318 п.н.е.-239 п.н.е.) бил владетел на Македонија од 277 п.н.е. до 274 п.н.е, а повторно е од 272-239 п.н.е. припаѓал на династијата Антигониди.
Антигон е роден 319 година п.н.е. во Гонои ,Тесалиjа од тука и неговото име Гонат . ОД ЕДНА ЖЕЛЕЗНА ЧИНИЈА КОЈА ГО ЗАШТИТУВА КОЛЕНОТО .
Таткото на Антигон бил Деметриј Опсадникот кој бил син на Антигон Едноокиот кој тогаш контролирал голем дел од Мало Азија .Неговата мајка била Фила ќерката на Антипатар.
На 18 годишна возраст веќе бил генерал под команда на неговиот татко Деметриј и во 292 година п.н.е. додека татко му водел војна во Беотија добил вести дека Лизмаx го заробиле во Тракија така Деметриј се надевал дека ќе ги заземе неговите територии во Тракија и Азија .Tака Димитриј веднаш марширал на север , ма Беотјаните се дигнале на бунт , кој бунт бил задушен од Антигон и ја ставил Теба ( Теба предходно била уништена од Александар Македонски ма обновена од Касандар)под опсада.
Кога се вратил татко му од Тракија и Деметриј се вклучил во опсадата на Теба. Деметриј не водел многу грижа за војниците па Антигон па го прашал татко му зошто се однесува така кон своите војници .Деметриј одговорил : ''НЕМА ПОТРЕБА ДА НАЈДЕМЕ ПРИЧИНА ЗА СМРТ''.А исто така не се грижел ни за неговиот живот кој бил ранет на вратот при опсадата.
Bо 291 година п.н.е. конечно ја зазеле тврдината со помош на воени машини И ги ставил поголемиот дел од градовите држави под македонска контрола.
Потоа направил 500 воени бродови за понатамошни освојувања. Тоа ѓи потикнало Селевк ,Птоломеј,Лизмах и Пир да се здружат и да кренат војна против него.
Во 288 година п.н.е. Птоломеј со својата морнарица го нападнал од море а Лизмаx и Пир ја нападнале Македонија од запад и исток . Деметриј го оставил Антигон да ги контролира градовите држави и марширал на север во Македонија. Ма македонците се кренале против Деметриј.
Во 287 година п.н.е. Пир го зазел македонскиот град Вероја и многу од македонските војници дезертирале и се приклучиле на страната на непријателот.Тогаш Фила мајката на Антигон се отрула со отров.Во тоа време Атина се дигнала на бунт.Оставајќи го Антигон да се справи со овој град државa .
Деметриј со 11.000 војници и целата негова коњаница со бродови ги нападнал Kарија и Лидија(во Мало Азија) територии кои биле под контрола на Лизмах .Ма таму бил поразен и бил принуден да биде гонет по ридовите на Таур .
Антигон успеал да ја стави под контрола Атина и морнарицата на Птоломеј била уништена така Aтина се предала.
Во 285 година п.н.е. Деметриј бил заробен од од Селевк.Деметриј напишал на синот му Антигон и неговите команданти во Атина и Коринт веќе да не ги слушаат неговите наредби . Меѓу време власта во Македонија била поделена меѓу Лизмах и Пир .Ма потоа како две бесни кучиња се скарале за власт во која борба победил Лизмаx.
Антигон напишал писмо до Селевк и друѓите дека ако го ослободи татко му, ќе му ја дал целата територија и му се нудел како негов заробеник само да гo ослободи неговиот татко,..Ма сето тоа било залудно Деметриј Во 283 година п.н.е. умрел во заробеништво на 55 годишна возраст.Телото на Деметриј било предадено на Антигон во Халкидик.Антигон го пресретнал со сета своја флота таму. Антигон потоа му приредил раскошен закоп нa на татко му Деметриј во Коринт.
Во 282 година п.н.е.Селевк му објавил војна на Лизмах кој Лизмаx бил победен и убиен во битката на Kорупедиум во Лидиjа .Така што ја нападнал Тракија и Македонија со цел да ги освои. Ма Птоломеј така наречен Гром синот на Птоломеј ''спасител'' ПРВИ го спрачил ,така Птоломеј го зазел тронот на Македонија. Антигон пробал да се бори против Птоломеј ма бил победен.
Но власта на Птоломеј Гром била кратка . голема војска на Галите во зимата 279 година п.н.е. ја нападнале Македонија од Север и го убиле Птоломеј Гром во битка, така што започнале две години на апсолутна анархија во Македонија.
После грабежот во Македонија , Галите ги нападнале градовите држави . Антигон соработувал во одбрана на градовите дражави против Галите ма Етолите во 278 година п.н.е. ги победиле Галите во битка .Еден голем воен контингент од здружените градови држви под водство на Етолиа ги победиле Галите прво на Термобили па потоа во Делфи и ги принудиле на повлекување.



ПОБЕДАТА НАД ГАЛИТЕ:
Следната година 277 година п.н.е.Антигон пловејќи преку Хелиспон-Дарданелите навлегол во Лизмахија на вратот на Тркискиот Керонес . На тоа место се појавила Галската војска . Антигон и направил стапица така што тој го оставил својот логор и неговите бродови .Галите тргнале да го оплачкаат логорот ма кога сакале да ги оплачкаат и бродовите, Антигон и неговите војници ги опколиле Галите и ги нападнале од зад грб не даваќи и спас и ги победиле.Така Антигон ставил крај на Галското разбојништво во Македонија и го побарал трнот на Македонија .
-Тогаш му се родил и неговиот син Деметриј ВТОРИ
По смртта на Птоломеј Гром Македонците го молеле Пир да дојде да биде владетел на Mакедонија и да ги ослободи од Галите ма Пир решил да стане владетел на Сицилија , а македонците ги одбил .Кога Пир бил во Сицилија и нападнат од римјаните побарал од Антигон помош ,но таа помош била одбиена од Антигон, така Пир бил победен и бил принуден да се врати во Епир.
Пиp враќajќи се во Епир и со нова војска од 8 000 војници и 500 коњаника го нападнал Антигон за освета. Ја нападнал Македонија , пустошеjќи и пљачкајќи ја ,при тоа му се придружиле и 2000 дезертeри од македонската војска .Пир го нападнал Антигон во ена тесна клисура кој се повлекол во паника .Самиот Антигон бил фанат како заробеник,..ма се спасил бришејќи го неговиот идентитет...потоа избегал.Така Пир ја зазел источна Македонија и Тесалија .На Аантигон му остамнале приморските градови .Пир ја зазел и древната македонска престолнина Егеа каде стационирал Гали.Галите веднаш почнале да ги копаат македонските гробови на македонските владетели во потрага на злато. Македонците биле многу лути за ова.
Во 272 година п.н.е. Пир ја нападнал Лаконија - Спарта, по барање на Kлеономус . Антигон тоа го искористил и ја ослободил Македонија и тргнал на помош на Спарта ма со многу претпазливост. Пир му пратил и едно писмо на Антигон нарекувајќи го страшливец ,ма Антигон му одговорил дека:
''тој веќе најдел момент кога ќе го нападне и Ако Пир сака да умре има многу начини да го направи тоа'' ,...
При решавачкиот напад на Спарта во борбата по улиците на Спарта Пир бил удерн од една ќерамида од една старица при тоа и убиен од Зопур, еден војник на Антигон.Неговиот син Алкон ја земал пресеечната глава на Пир и ја донел на Антигон пред нозе пресечeната глава на Пир. За Овој гест Антигон го нарекол својот син барбар и го изгонил.А потоа ја завиткал главата на Пир во својата наметка. Судбината на Пир го сеќавала на неговиот дедо и татко кои имале иста трагична судбина.
Така телото на Пир било кремирано и закопано со чест.После победата врз Пир војската на Пир се предала на Антигон така се воздигнала моќата на Антигон уште повеќе.
Алкон синот на Антигон го фатил ранетиот син на Пир, Eлен , го негувал и го предал на неговиот татко Антигон,за тоа Алкон бил пофален од Антигон.
''ОВА Е МНОГУ ПОДОБРО ОД ТОА ШТО ГО ИМАШ НАПРАВЕНО ПОРАНО СИНКО МОЈ''
Го примил синот на Пир , Eлен и сеоднесувал со него со чест и како гостин и го испратил пак во Епир.
Веднаш потоа синот на Пир, Александар ВТОРИ ОД ЕПИР како неговиот татко ја нападнал Македонија.Ма после неколку години и тој бил изгонет од Македонија од Деметри ВТОРИ синот на Антигон и не само, бил изгонет и од Епир и бил во прогонство во Акараниа.
Хремонидска Војна:
Војната е испровоцирана од Атина,поточно од атинскиот владетел Хремонид (според него е и наречена војната). Хремонид потикнат од спартанците решил да се спотистави на македонската доминација .Па така во 267 пред.н.е Спарта и Атина и објавуваат војна на Македонија
Македонскиот владетел Антигон Гонат испровоциран , возвратил со тоа што со својата војска стигна до Мегара разурнувајќи го храмот на Посејдон до земја Така Антигоновата моќ растела . Hеговиот египетски соперник Птоломеј Филаделф сакал сопствена доминација на Егејот со што решил да и помогне на Атина и испратил флота на Егејот.Египетската војска се утврдила кај Лауриум (место веднаш под Атина) .
Но Антигон изненадно ја опсадил Атина,и ја држел под опсада дури и кога Александар Епирски ја нападнал Македонија, а исто и спартанците се обиделе да го победат Антигон но губат при што загинува и спартанскиот крал. По долго време Антигон ја освојува Атина со што Хремонид пребегува во Египет.
Така иаку повеќе држави се бореле против Македонците ,тие успешно победиле по што aтињаните уште еднаш биле посрамени од Македонците (дури и погадно од онаа кај Хајронеја) . Историчарoт Полиб за војната напишал :
''Никој човек досега не поставил толкава хегемонија во Атина и другите градови држави како Антигон - македонскиот василеос'' .



ДЕМЕТРИЈ ВТОРИ:
Деметриј ВТОРИ, син на Антигон ВТОРИ Гонат, владеел co Македонија од 239 до 229 п.н.е. припаѓал на династијата Антигониди.
Уште додека татко му бил жив, Деметриј се истакнал поразувајќи го Александар ВТОРИ Епирски во Дaрдија, и така ја спасил Македонија ( 260 п.н.е.). Кога станал владетел морал да се соочи со сојузот на двете големи лиги против Македонија: Eтолската и Ахајската, кои обично биле спротиставени. Успеал да му нанесе големи порази на сојузот, и ја извадил Беотија од сојузот. Револуцијата во Епир, во која републиканската лига била заменета со монархија, многу ја ослабнала неговата позиција.
Деметриј исто така морал да ја брани Македонија од дивите народи од северот. Битката со дарданците се покажала катастрофална, и тој умрел наратко потоа, оставајќи го синот Филип, од жената Крисеја, кој се уште бил дете.
Поранешни негови жени биле Стратоника, ќерка на селевкиот владетел Антиох 1- ви , Фтија, ќерката на Александар Епирски и Никеја, вдовицата на братучед му Александар.
Хронологијата на овие бракови е се уште спорна.



АНТИГОН ТРЕТИ ДОСОН

Антогон ТРЕТИ Досон (263 п.н.е.-221 п.н.е.) бил владетел на Македонија од 229 п.н.е. до 221 п.н.е. припаѓал на династијата Антигониди.
Антигон бил внук (од брат) на Антогон ВТОРИ Гонат. Со смртта на Деметриј ВТОРИ (229 п.н.е.), Антигон станал старател на синот на Деметриј ВТОРИ, Филип. Во 227 п.н.е. Антигон се оженил со вдовицата на Деметриј ВТОРИ, Фтија, со тоа тргнувајќи го младиот Филип, и станал владетел на Македонија.
Антигон го подржувал Арат од Сикион во Ахајската лига против Eтолската лига и Клеомен 3, кралот на Спарта. Антигон го поразил Клеомен 3 во битката кај Селасија, 222 п.н.е.
ЗА ПРВ ПАT ТОГАШ ВЛЕГУВА ЕДНА НЕПРИЈАТЕЛСКА ВОЈСКА ВО СПАРТА а Пелопонезот станува македонски протекторат .
Умрел за време на битка против илирците, со тоа што му пукнала вена додека викал бодрејќи ги своите војници.



ФИЛИП ПЕТТИ

Филип ПЕТТИ е владетел на Македонија од династијата на Антигонидите. Син е на Деметриј ВТОРИ . Роден е околу 238 п.н.е. и имал едвај 9 години кога татко му умрел.
Во раните години бидејќи Филип бил премногу млад за да извршува владетелската функција,бил заменет од неговиот роднина Антигон Досон кој владеел како регент. Кога умрел регентот тој станал владетел.Кога станал владетел првин тој успешно ги одбил нападите на Дарданците и со тоа ја обезбедил северната граница на Македонија

Социјална војна:
Главна карактеристика на социјалната војна е тоа што Филип успешно ги разделил Eтолската и Ахајската лига со тоа што ги завојувал Спартанците со претставниците на Ахајската лига која што ги штитела интересите на Македонија, а со самото тоа што ги разделил ја зголемил својата доминација во градовите држави .




Прватa Македонска Војна со Рим:

Во Првата Македонска војна со Рим ,Филип сакал Македонското влијание да го прошири и на Jадранското крајбрежје.Првин ги нападнал Римските поседи во Илирија од морето,а потоа од копно,по што успешно го освоил градот Лисус.По минималните успеси што ги направил во Илирија, тој направил сојуз со Ханибал каде што се договориле Филип на Ханибал да му испрати помош. Римјаните пак ја осетиле опасноста од Филип и нивниот одговор бил нападот на Етолската лига и на римскиот сојузник Атал од Пергамон врз Македонија,со што Филип бил спречен да испрати помош на Ханибал,по што потоа Рим и Македонија потпишале мировен договор во Фојника град во Епир.




Вторатa Македонска Војна со Рим:

Откако Скипио Африканус го поразил Ханибал кај битката кај Зама,Рим веќе станал господар на Средоземјето,па така се спремале за реванш со Македонија.Македонија пак значително зајакната и проширена особено кај Егејот и Хелеспонт.
Така Македонија првин била нападната од Западот,но македонската фаланга успешно го одбила нападот.Потоа Римјаните заедно со сојузниците маршираат од Етолија се до Тесалија каде што дошло до решавачка битка кај Кинокефале , каде што Македонците биле поразени,а со самото тоа Македонија била принудена на отстапи од својата флота,војската да ја намали на 5000 луѓе,но најболно им било тоа што биле принудени да се откажат од доминацијата на градовите држава .

БИТКАТА НА КИНОKЕФАЛИ:

Битката на Кинокефали се случила 197 година п.н.е. во јужна Тесалија помеѓу Македонската фаланга и Римската легија
Mакедонците предводени од Филип ПЕТТИ а римјаните од Титус Куинцитус Фламиниус.
Фламиниус со своите сојузници од Легата Етола била сместена во Теба и марширала накај Ферае во потрага на Филип .Филип тогаш бил во Лариса кога Фламиниус започнал марш кон Лариса со околу 32.500 до 23.400 војници под негова команда потоа војници од Легата Етола ,пешадија од Атхаманиа, платеници стрелци од Крт , слонови и коњица од Нумбиа од кралот Масиниса од Нумидиа.
Филип имал тешка пешадија околу 16.000 во фалангиска формација, 2000 пелтасти 5.500 пешадија од Илирија ,Тракија , Крт и 2000 коњаница, се на се околу 25 000.
Двете војски се сретнале близу Ферае на многу не рамен терен , многу не погоден за македонската фаланга.
Пред битката паѓало имногу дожд и утрото потоа имало густа магла на ридовите и на низината и помеѓу двата противнички логори . И покрај тоа Филип ги започнал своите подготовки .Ma неговите трупи се збуниле и дизорентиранo марширајки надоре накај ридовите на Кинокефале
Фламиниус ја пратил својата коњаница накај логорот на Филип .Фламиниус пратил 500 коњаници и 2000 пешадија како засилување така што Филип се повлекол погоре на ридот .Командантот на Филип и платениците ги гонеле римјаните надвор од ридовите мислејки дека бегаат не ординирано ,да го присилат Филип да ги вклучи и преостанатите 8.000 фалангисти во кампот под ридот .
Фламиниус ги позиционирал своите трупи на кампот . На десната страна резервите со своите слонви од напред и лично ја повел од левата страна платената пешадија така наречена ''бела'' против Филип.
Фламинус подржан од резервите се судрил со македонската фаланга под водство на Филип.После по тоа кога фалангата го одбил нападот, првиот пат ,фалангата била натерана да се повлече по нагоре и да се раздвои,..така се судрилр и со мечови . Фламинус ја препозиционирал својата легија во два реда a платеничката пешадија така наречена ''бела'' и коњаница ја ставил на десно .
Така да сега Филиповата десна страна била повисока од земјата од Римската лева страна.Поради нерамниот терен централниот дел од 8000 фалангисти не можеле да се состават во фалангиска формација .
Фламиниус наредил напад со слоновите така што ги ја разединил и така не компактната фаланга . Еден трибун со една мала група успеал да ја нападне македонската фаланга дури и од позади десната страна.Така нападнати од две страни и неможејќи да се организират македонците почнале да бегаат.
После едно кратко гонење Фламиниус дозволил Филип да побегне
Според Polybius и Livy 5000 македонски војници биле убиени .Фламиниус зазел и 1000 заробеници .Римјаните загубиле 2000 војници.
Со оваа битка македонците ја губат моќта создадена од Александар Македонски и сега ја презема Рим .
- Филип ја изгубил контролата врз Илирија и градовите држави, Eтолија и Акаранија ,
- морал да плати 1000 таленти од злато и да го прати неговиот син Дeмитриj како заложник во Рим.

ФИЛИП ПЕТТИ


Крајните години:
Моќта на Филип била уништена,но тој сепак не се откажувал.Тој своите 5000 луѓе ги заменувал по здобиениот војнички тренинг со што така ја зголемил својата војска без да го прекрши договорот со Рим.
Тој исто така го отрул својот син Деметриј бидејќи бил обвинет за проримска политика, а неговиот син Персеј го наследил.



ПЕРСЕЈ

Персеј бил последниот Владетел на Македонија од 3-та генерација.
Во 179 п.н.е. починал Филип ПЕТTИ. Претходната година Филип наредил да се погуби неговиот проримски настроен син Деметриј. Персеј бил љубоморен на успехот на Деметриј како амбасадор во Рим и го убедил татка си да го отруе како потенцијален узурпатор. Римјаните го поддржувале Деметриј, па така убиството на брата си не се покажало позитивно кај римјаните.
Една од првите одлуки по доаѓањето на престолот било обновувањето на мировниот договор со Pим. Но сепак останатите постапки на Персеј им задавале потешкотии на римјаните. Ова било неговото мешање во работите на соседните држави, вооружената посета на Делфи, избегнувањето на римските амбасадори во Македонија, како и неговите династички бракови.
Наскоро Рим завојувал со Персеј во т.н. Трета македонско-римска војна (171-168 п.н.е.). Иако Персеј отрпвин бил успешен, војната завршила по неговото предавање на римскиот генерал Луциј Емилиј Павле Македоник по решавачкиот пораз во битката кај Пидна и тој бил затворен во Рим.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.